КАФЕ ПАУЗА

Tag: Тифани

  • Книга: „Нешто од Тифани“ – Мелиса Хил

    Книга: „Нешто од Тифани“ – Мелиса Хил

    Сонот на секоја девојка е да добие нешто од Тифани, скап накит во сина кутија, но дали тоа е единствен услов за подарокот да биде совршен?rnrn„Нешто од Тифани“ – Мелиса ХилНаслов на оригиналот: Something from Tiffany’s – Melissa HillrnrnУште откако ја започува кариерата како писател во 2003, Мелиса Хил станува една од најпопуарните автори на женска литература. Нејзините книги се продавани во милиони копии ширум светот и се преведени на 23 јазици. Италијанската верзија на „Нешто од Тифани“ цели осум недели остана на врвот меѓу бестселерите во Италија со продадени 300.000 копии. Нејзините романи совршено го опишуваат животот на една модерна жена. И покрај тоа што најголем број од нејзините дела спаѓаат во чик лит, Мелиса заедно со својот сопруг пишува трилери под псевдонимот Чејси Хил.rn
    rn

    Синопис

    rnНа петтата авенија во Њујорк се сретнуваат двајца мажи со сосема спротивни карактери, и за многу кратко време нивните животи се испреплетуваат. Од едната страна, Гари е себичен човек кој единствено мисли на самиот себе. Неговата девојка Рејчел е внимателна и грижлива. Гари цел ден го поминува купувајќи за себе, па застанува во „Тифани“ за да купи нешто за својата девојка, и не сакајќи да троши многу време на одбирање подарок, купува бразлетна.rnrnОд другата страна, Итан е сосема поинаков човек кој има наумено да купи многу посепецијален подарок од „Тифани“ за својата девојка. Тој одбира свршенички прстен. Ванеса е првата девојка која го направила среќен по смртта на неговата голема љубов. Затоа овој подарок треба да биде посебен.„Нешто од Тифани“ – Мелиса ХилНо, пред „Тифани“, поради случајност или пак, игра на судбината, ќесите на Гери и Итан ќе се измешаат, па така и нивните подароци си ги менуваат местата. Рејчел е пресреќна, верувајќи дека подарокот од Гари за неа е свршенички прстен. За тоа време, постојано се случуваат некои работи кои го попречуваат Итан да си го земе свршеничкиот прстен….rnrnКолку оваа случка ќе влијае на судбината на паровите? Дали некој ќе се промени или извлече поука? Дали навистина сè се случува со причина? Мелиса Хил е позната по совршените краеви на своите дела, но крајот на ова дело е еден од најдобрите.rn
    rn

    Лична критика

    rnМожеби не е нешто кое веднаш ќе го прогласите за ваше омилено дело, бидејќи и мене не ми остави толку голем впечаток за да го оценам со десет од вкупно десет бода. Но, во секој случај, станува збор за навистина интересна, романтична приказна, која сепак е подобра опција од романтичен филм. Во зимските денови кога сакате да се опуштите без да размислувате на некои сериозни теми, кафето во рака и релаксирајте се со слатка книга која ќе ви ги ослободи мислите. Можеби спаѓа во чик лит, но тоа не значи дека и момците не треба да ја прочитаат, можеби ќе извлечат поука или ќе бидат инспирирани за следниот потег. Македонски превод на книгата нема, но бидејќи воопшто не е комплицирана, без проблем ќе ја прочитате оригиналната верзија во еден здив.Но, пред „Тифани“, поради случајност или пак, игра на rn

    Други дела на Мелиса Хил:

    rn
    rn

      rn011

    • The charm bracelet – „Бразлетната која шармира“
    • rn011

    • Before I forget – „Пред да заборавам“
    • rn011

    • Please forgive me – „Те молам прости ми“
    • rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најпознатите дијаманти низ историјата

    Најпознатите дијаманти низ историјата

    Дијамантите, како неуништливи скапоцени камења, претставувале мета за многу владетели, и за нив се воделе едни од најкрвавите битки низ историјата. Својата популарност ја добиваат во 19 век, кога техниките за нивно брусење биле усовршени, а постоеле и креативни кампањи за нивно рекламирање. Иако, за многу од дијамантите се поврзани трагични пророштва, тоа ни малку не ги поколебало големите императори да се борат за нив и гордо да ги поседуваат. Дијамантите, како безвременски скапоцени камења, се главна инспирација за многу филмови, книги, легенди.rnrnОвде ви ги претставуваме најпознатите дијаманти низ историјата и легендите поврзани за нив:rn

    Tiffany Yellow Diamond (Жолтиот дијамант Тифани)

    rnМожеби не сте знаеле, но легендарниот филм „Појадок кај Тифани“, освен по преслатката Одри Хепберн, е познат и по специјално дизајнираниот брош наречен „Птицата на каменот“, кој е изработен токму од дијамант од „Тифани“. Компанијата Тифани е таа која денес го поседува дијамантот, а го има купено во далечната 1879 година за само 18.000 долари. Тогаш, овој дијамант не бил многу популарен. Но, по само неколку години, добива огромна популарност, со изјавата на монархот на Кина Ли Хунг-Чанг, кога во 1896 година огласува дека единствено нешто што сака да види во животот е Жолтиот дијамант. До крајот на 1983-та година, дијамантот се проценува на 12 милиони долари.rnrnНајпознатите дијаманти низ историјатаrnrnЖолтиот дијамант Тифани е еден од најголемите дијаманти, со тежина од 287,42 карати. Откриен е во Јужна Африка, а точната година е непозната. Се претпоставува дека е откриен во 1877 или во 1878 година. Во 1957 година, госпоѓата Шелдон Вајтхаус, била првата дама која ја имала честа да го носи овој дијамант. После тоа, единствена друга жена која го носела овој голем дијамант, е Одри Хепберн во 1961 година, за снимањето на филмот „Појадок кај Тифани“.rnrnНајпознатите дијаманти низ историјатаrn

    Centenary Diamond (Стогодишен дијамант)

    rnСтогодишниот дијамант е пронајден во 1986 година, во Јужна Африка. Во тоа време, само неколкумина знаеле за дијамантот и биле заколнати на молчење. На јавноста дијамантот ѝ е откриен дури во 1991 година. Со 273,85 карати, претставува третиот по големина дијамант, откриен од страна на рудникот Премиер. Неговата специфичност е во тоа што, се вбројува во еден од најголемите дијаманти со перфектна боја. Според Толковски, еден од најпознатите брусачи и експерти за дијаманти, стогодишниот дијамант вчудовидува со својата јасност:rn
    rn

    „Вообичаено треба длабоко да погледнете во дијамантот, за да ја процените неговата боја, но кај стогодишниот дијамант тоа се забележува уште од самата површина.“

    rnНајпознатите дијаманти низ историјатаrnrnНе се знае дали дијамантот е продаден, ниту по која цена. Компанијата во чија сопственост е дијамантот, Групацијата Де Бирс, се повикува на својата полиса за чување информации на своите клиенти.rn

    Hope Diamond or Blue Diamond (Дијамантот на надежта или Синиот дијамант)

    rnДијамантот со исклучително сина боја, е еден од најпознатите дијаманти во светот. Се верува дека токму овој дијамант е еден од најпосетуваните експонати во светот, веднаш после Мона Лиза. За Синиот дијамант е интересно тоа што за него е поврзана легендата за пророштвото на дијамантот. Имено, според легендата, секој кој го поседува или само ќе го допре дијамантот, се соочува со несреќа и трагедија.rnrnНајпознатите дијаманти низ историјатаrnrnСиниот дијамант со 45,52 карати е пронајден во Индија од страна на крстителот Џон Таверниер, во 17 век. Потоа од него го купил францускиот крал Луј XIV, а го носела и познатата кралица Марија Антонета. По неговото исчезнување, повторното појавување и долгогодишната историја на различни сопственици, Синиот дијамант денес се наоѓа во Вашингтон, Америка.rn

    Orlov Diamond (Орлов дијамант)

    rnОрловиот дијамант потекнува од Индија, а денес го поседува руската фондација „Kremlin Diamond Fund“. Годината кога е пронајден е непозната, а не се знае ниту првичниот сопственик. Со тежина од 189,62 карати и сино-зелена нијанса, претставува еден од најважните скапоцености во најголемата колекција на скапи камења и накит, Богатствата на дијамантскиот фонд, Гокран. Кралицата Катерина Велика го поседувала дијамантот, кој бил поставен во царскиот жезол, којшто го држи на фотографијата.rnrnНајпознатите дијаманти низ историјатаrnrnСпоред легендата, кога француските сили влегле во Москва во 1812 година, Наполеон наредил да се пронајде дијамантот. Во тоа време  дијамантот бил сокриен во гробот на еден свештеник во Кремлин. Кога Наполеон ја дознал точната локација, заедно со своите војници лично отишол да го земе дијамантот. Но, во моментот кога еден од војниците се пружил да го дофати, се појавил духот на свештеникот и ги проколнал. Така, Наполеон останал со празни раце и си заминал од Москва без дијамантот.rnrnНајпознатите дијаманти низ историјатаrn

    Spoonmaker’s Diamond (Касики)

    rnСпунмејкер-дијамантот, познат и како Касики, е највредниот експонат изложен во најпознатата турска кралска палата „Topkapi Palace Museum“. Во форма на круша и со тежина од 86 карати, го зазема четвртото место на најголеми дијаманти од својот вид. Иако постојат многубројни легенди за неговото потекло, сепак вистинското потекло и за тоа како се нашол во музејот Topkapi, се непознати.rnrnНајпознатите дијаманти низ историјатаrn

    The Sancy Diamond (Дијамантот Санси)

    rnДоколку се наоѓате во Париз, вистинско време е да го посетите музејот Лувр и да го видите дијамантот Санси. Токму овој скапоцен камен има една од најинтересните и најзаплетканите истории од сите познати дијаманти во Европа. Со бледо-жолтеникава боја и со 55,23 карати, претставува еден од првите големи дијаманти кои се брусени симетрично.rnrnНајпознатите дијаманти низ историјатаrnrnОд францускиот амбасадор Николас Халај во 1570, скапоцениот камен го поседувале Хенри III, потоа Хенри IV и францускиот крал Луј XIV. На почетокот на Француската револуција каменот исчезнува, за потоа повторно да се појави во 1828 година, и да биде продаден за 100.000 долари. Во 1906 година, дијамантот го купува Вилијам Волдорф Астор, како свадбен подарок на неговиот син. Денес дијамантот се наоѓа во познатиот музеј Лувр, во Париз.rn

    The Great Star of Africa (Големата ѕвезда на Африка)

    rnОвој дијамант уште е познат како и Кулинан I. Сo 530,20 карати го зазема второто место од најголемите сечени дијаманти во светот. Наречен е Кулинан I, бидејќи е најголемиот од деветте камења исечени од дијамантот „Кулинан“. Името Кулинан пак доаѓа од Томас Кулинан, кој го отворил рудникот каде бил пронајден самиот дијамант.rnrnНајпознатите дијаманти низ историјатаrnrnДијамантот Кулинан I спаѓа во наследството на Велика Британија и може да се види во кралската палата во Лондон. Дијамантот Кулинан II пак, е вграден во Кралската круна и исто така може да се види во Кралската палата во Лондон, како дел од кралските скапоцености. На многу од портретите на кралиците на Англија, Мери I и Елизабета I, може да се види овој преубав дијамант.rn

    Koh-i-Noor Diamond – „Mountain of Light“ (Планина на Светлината)

    rnKoh-i-Noor е откриен во Индија, а преведено од персиски јазик означува планина на светлината. Со своите 105 карати, претставувал вистинска мета за различни владетели низ историјата, кои воделе големи битки само за да го добијат. Поседува исклучително бела боја. Се вели дека кој го поседува овој дијамант, може да владее со светот.rnrnНајпознатите дијаманти низ историјатаrnrnЗа потеклото на скапоцениот дијамант нема единствено гледиште. Според легендата, дијамантот потекнува уште пред времето на Исус Христос. Теоријата посочува дека најверојатно се појавил на почетокот на 14 век. Додека историјата пак, тврди дека каменот постои последните два и половина века. Најпрвин, каменот го поседувале Монголите во 16 век, за потоа да го изгубат од Ирачаните, а Авганистанците пак да го земат од нив. Потоа, дијамантот го поседувале Индијците, а Британците се тие на кои им припаднал. Денес, каменот е вграден во круната на британската кралица Елизабета.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.