КАФЕ ПАУЗА

Tag: The Queen’s Gambit

  • Шишките од серијата „The Queen’s Gambit“ стануваат голем тренд, но зошто треба да размислите двапати пред да ги направите?

    Шишките од серијата „The Queen’s Gambit“ стануваат голем тренд, но зошто треба да размислите двапати пред да ги направите?

    Откако пристигна на Нетфликс, мини-серијата „The Queen’s Gambit“ не ја напушти листата на тренд сериите, па дури и го постигна статусот на една од најгледаните серии во историјата на овој стриминг сервис. Неверојатно автентичната Бет Хармон остави трага кај публиката ширум светот, а тоа брилијантно го потврдува растечкиот тренд на убавина во светот на фризурите.rnrnШишките од серијата „The Queen’s Gambit“ стануваат голем тренд, но зошто треба да размислите двапати пред да ги направите?rnrnВо текот на зимските месеци, чувствуваме потреба да експериментираме најмногу, особено кога станува збор за нашиот изглед, кој навистина сакаме да го освежиме. Сè поголем број жени се инспирирани од фризурата на Бет Хармон, односно нејзините микро шишки со кои се појави во првите епизоди од серијата. Ова се остро исечени шишки, еден сантиметар над веѓите, што и дадоа на оваа млада актерка еден посебен шарм, но од друга страна, сепак треба да размислите двапати за оваа фризура!rnrnШишките воопшто, а особено кога станува збор за ваква специфична форма, не се за секого, бидејќи тоа е стил што треба да се прилагоди на вашите црти на лицето, како и на типот на косата. Овално лице и права коса, лесна за стилизирање – идеални за оваа фризура. Во зима има многу влага, па ако имате шишки ќе биде тешко да ги стилизирате. Исто така, овој период најчесто ќе ја „криеме“ косата под зимската капа, а ова е уште една причина зошто е најдобро да се прескокне оваа фризура.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de THE QUEEN’S GAMBIT (@thequeensgambitnetflix)

    rnrn

    rnrnrnПонатаму, бидејќи станува збор за навистина специфична фризура, многу е важно да обрнете внимание дали одговара на вашиот целокупен стил, како и да се помирите со фактот дека со оваа фризура ќе треба многу почесто да седите на фризерски стол за да ја одржувате должината. Колку што за ликот на Бет Хармон може да се каже дека направи мала женска револуција и ги надмина границите на убавината, можеби наместо слепо да го копирате, поважно е да пронајдете свој стил и да го негувате како таков на најдобар можен начин!rnrnМожеби ве интересира и како би изгледале познатите личности со шишки?

  • Која е серијата што ги зголеми продажбите на шаховски комплети и онлајн часови по шах?

    Која е серијата што ги зголеми продажбите на шаховски комплети и онлајн часови по шах?

    The Queen’s Gambit e нова мини серија за девојката по име Бет Хармон која е професионалец во шах. Ова е една од најпопуларните драми на Нетфликс во моментов, но не е тоа така бидејќи приказната е интересната, туку серијата стана многу попларна, бидејќи предизвика многу гледачи да започнат да играат шах. Всушност, eBay објави 273 проценти зголемување на пребарувањата за шаховски комплети во рок од 10 дена по објавувањето на шоуто, додека зборот шах скоро двојно се зголеми во пребарувањата на Google од претходната година.rnrnКоја е серијата што ги зголеми продажбите на шаховски комплети и онлајн часови по шах?rnrnПокрај љубопитните корисници кои пребаруваат статии поврзани со шахот преку Интернет, тие се насочуваат и кон видео платформи за да научат како да играат. Како што објави мајсторот за шах – Леви Розман, тој премина од просечно 70 000 прегледи на ден на неговиот канал GothamChess Twitch на 500 000 набргу по излегувањето на шоуто. Неговото најпопуларно видео? – „“How to Play the Queen’s Gambit.“.rnrnАко Queen’s Gambit ве инспирирал да му дадете шанса на шахот, можете да најдете бесплатни часови на Skillshare или MasterClass и да ги усовршите своите вештини. Откако ќе научите да ги именувате сите фигури на шаховска табла, подготвени сте да започнете да играте. Инвестирањето во класична табла е секогаш најдобрата опција која може да послужи и како убаво парче за декорација во домот. Како што вели Бет Хармон: „Шахот не е секогаш конкуренција. Шахот може да биде и убав“.rnrnМожеби ќе сакате да ја погледнете и првата божиќна серија на Нетфликс!