КАФЕ ПАУЗА

Tag: тетратка

  • Креативен артистички начин да ја запросите вашата девојка

    Креативен артистички начин да ја запросите вашата девојка

    Постојат многу начини да се постави едно од најважните прашања во животот на мажите и за среќа или за жал, одговорот на девојките не зависи од начинот на кој ќе го изведете тоа. Сепак, доколку се потрудите да бидете креативни, таа не само што ќе сака да ја потврди вашата љубов туку и ќе го запамети настанот за цел живот. Секако и вие.rnrnКреативен артистички начин да ја запросите вашата девојкаrnrnАртистот Бен Зуравски ги прави овие неодоливо слатки скицирани анимации во тетратка кои завршуваат со прстен или го поставуваат прашањето: „Ќе се омажиш ли за мене?“ Откако девојката ќе ја изгледа „живата“ анимација пред своите очи, несомнено дека во истиот момент ќе стане вереница на момчето спроти неа.rnrnБен неодамна, токму на овој начин ја запроси својата девојка, а доколку неговиот стил ве инспирира, погледнете го неговиот профил на Etsy.rnrnКреативен артистички начин да ја запросите вашата девојкаКреативен артистички начин да ја запросите вашата девојкаКреативен артистички начин да ја запросите вашата девојкаКреативен артистички начин да ја запросите вашата девојкаrnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фантастични тридимензионални цртежи кои скокаат надвор од листот на тетратката

    Фантастични тридимензионални цртежи кои скокаат надвор од листот на тетратката

    15-годишниот артист Жуо Карвајо, попознат како J Desenhos се занимава со една навидум едноставна, но всушност многу интересна уметност. Тој ги искривува сините линии кои ги исцртува на обичен бел лист во неговата тетратка, а потоа додава сенки за да ги комплетира цртежите. Резултатот се карактери и облици кои изгледаат како да скокаат надвор од листот, па дури и надвор од тетратката. Овој млад уметник поседува навистина голем талент. Погледнете ја галеријата со неговите необични, но моќни 3Д дела.rnrnrnrn

  • Прекрасни цитати за љубовта и животот од бестселерот „The Notebook“

    Прекрасни цитати за љубовта и животот од бестселерот „The Notebook“

    Речиси и не постои човек кој нема да заплаче или барем да се наежи читајќи дело на извонредниот американски писател, Николас Спаркс. Кога еднаш ќе прочитате негова книга, кој било друг љубовен роман ќе ви се чини недоволно добар. Живото раскажување, прекрасниот избор на зборови и неверојатните приказни, ги доближуваат читателите до случувањата, во секое од неговите дела. Токму поради оваа причина, многу од неговите дела се преточени во филмови. Задржувајќи се воглавно на теми кои ја опишуваат љубовта како основно чувство на секој човек, Спаркс е еден од најпозитивно критираните автори за изминативе пет години. Читајќи ги неговите книги, ќе се вљубите уште повеќе ако сте веќе вљубени, или ќе посакате да се вљубите доколку не сте.rnrnПрекрасни цитати за љубовта и животот од бестселерот „The Notebook“
    rn

    „Јас не сум воопшто посебен, во тоа сум сигурен. Јас сум обичен човек со обични мисли и водев обичен живот. Нема споменици кои ми се посветени мене, а моето име наскоро ќе биде заборавено. Но, имам љубено со целото мое срце и душа, а тоа мене секогаш ми било доволно.“

    rn

    „Те љубам. Јас сум она што сум поради тебе. Ти си секоја причина, секоја надеж и секој сон кој некогаш сум го имал, и без разлика што и да ни се случи во иднина, секој ден поминат со тебе, за мене е најдобриот ден од мојот живот. Секогаш ќе бидам твој.“

    rn

    „Се вљубивме еден во друг и покрај нашите разлики, и во истиот момент се создаде нешто ретко и убаво. Според мене, таква љубов се случува само еднаш и поради тоа секоја минута помината со тебе е врежана во мојата меморија. Никогаш нема да заборавам ни еден единствен миг.“

    rn

    „Ти си ми најдобар пријател, а воедно и љубовник. Не знам во кое од тие две нешта уживам повеќе. Ги вреднувам двете подеднакво, исто како што го вреднувам нашиот заеднички живот.“

    rn

    „Ти си одговор на секоја моја молитва. Ти си песна, сон, шепот, и не знам како сум можел толку долго да живеам без тебе.“

    rnПрекрасни цитати за љубовта и животот од бестселерот „The Notebook“
    rn

    „Не се согласуваа за многу работи. Всушност, не се согласуваа за ништо. Постојано се караа и препираа. Но, покрај сите разлики, имаа едно нешто заедничко. И двајцата беа луди еден за друг.“

    rn

    „Во време на тага и очај ќе те држам блиску до себе, правејќи сета твоја тага да биде моја. Кога плачеш плачам и јас, кога чувствуваш бол, боледувам и јас. Заедно ќе преминеме преку реките од солзи и очај и преку сите нерамни патишта во животот.“

    rn

    „Мирно седиме и гледаме како светот се движи околу  нас. Потребно е многу време за човек да научи како да го прави тоа. Се чини дека само старите умеат да седат еден до друг во тишина и сепак да бидат среќни. Младите се нетрпеливи, наметлеиви и мораат секогаш да ја прекинат тишината. Штета, бидејќи тишината е чиста. Тишината е света. Таа ги зближува луѓето, бидејќи само оние кои се чувствуваат удобно еден покрај друг, можат да седат заедно без да зборуваат. Ова е еден голем парадокс.“

    rn

    „Причината поради која нашата разделба е толку болна е бидејќи нашите души се поврзани. Можеби секогаш биле и секогаш ќе бидат. Можеби сме живееле илјадници животи пред овој и секогаш сме се наоѓале еден со друг. Можеби секој пат поради исти причини сме се разделувале. Тоа значи дека ова збогум е збогум за последните десет илјади години, но и најава за она што допрва доаѓа.“

    rn

    „Таа беше мојот сон. Ме направи она што сум. Кога ја држам в раце, тоа за мене е нешто поприродно од отчукувањата на моето срце. Мислам на неа постојано. Дури и сега, додека седам овде мислам на неа. Никогаш не постоеше ниедна друга.“

    rnПрекрасни цитати за љубовта и животот од бестселерот „The Notebook“
    rn

    „Кога ја протресе нејзината рака и ги погледна тие впечатливи смарагдни очи, тој уште пред да го земе наредниот здив знаеше дека таа е онаа за која би го потрошил животот барајќи ја, дури и ако знае дека никогаш нема повторно да ја пронајде. Таа изгледаше толку убаво, толку совршено, додека летното ветре задува низ дрвјата.“

    rn

    „Ако ти си птица, и јас сум птица.“

    rn

    „Најголемиот страв кој го носи далечината е тоа што не знаеш дали ќе им недостигаш или ќе те заборават.“

    rn

    „Поезијата, си помисли таа, не е напишана за да биде анализирана. Составена е за да инспирира без причина, да допре до тебе без разбирање.“

    rn

    „Моја најдрага Али. Не можев да спијам минатата ноќ знаејќи дека меѓу нас е готово. Не сум огорчен повеќе, бидејќи знам дека она што го имавме беше вистинско. Ако некогаш во иднина се сретнеме, секој живеејќи го својот живот, ќе ти се насмевнам со радост и ќе помислам на летото кое го поминавме под дрвјта, учејќи еден од друг и сè повеќе вљубувајќи се. Најдобрата љубов е онаа која ја буди душата и нè прави да сакаме уште повеќе, која разгорува оган во нашите срца и ни носи мир во мислите, а токму тоа ти ми го даде мене.“


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • NoteSlate – е-табла за секој ден

    NoteSlate – е-табла за секој ден

    Порано животот беше поедноставен. Имавме тетратки во кои ги пишувавме лекциите што ги предаваа професорите на училиште, цртавме на големи хамери со молив и правевме шопинг-листи на ливчиња од тефтер. Пресретнувајќи ги сите технолошки иновации, дозволивме овие да станат дел од нашето секојдневие; на работната маса веќе одамна нема расфрлани тетратки и ливчиња, туку лаптопи, мобилни телефони, електронски табли, музички плеери, кабли, батерии…NoteSlate – е-табла за секој денКреаторите на NoteSlate веруваат дека го имаат производот кој ќе ја врати практичноста и едноставноста од неодамнешните времиња, додека истовремено ќе го држи чекорот со модерното и технолошкото. Тие создадоа 13 инчна табла на која може да се пишува, црта и чкртка, исто како со молив на хартија.NoteSlate – е-табла за секој денNoteSlate – е-табла за секој денNoteslate се базира на е-мастило кое го овозможува примањето на информациите кои ги внесува корисникот со втиснување на специјалното пенкало кое доаѓа со него. Тие на таблата можат да прават буквално сè, а сработената задача, цртеж или есеј ќе се зачуваат на мемориската картичка за да може таблата да се користи одново и одново.NoteSlate – е-табла за секој денNoteSlate – е-табла за секој денКреираните фајлови може подоцна да се прегледуваат директно на самиот уред, но постои и опција за нивно префрлање на компјутер поврзувјќи го преку мини-USB порта. Батеријата ќе издржи користење на уредот до дури 180 часа (3 недели секојдневна работа), пред да се појави потреба повторно да се наполни.NoteSlate – е-табла за секој денОсновните верзии од уредот се монохроматски, но се достапни во неколку различни бои, додека пак, мулти-колор варијантата овозможува користење на бела, зелена, сина и црвена боја како мастило на црната мат површина.NoteSlate – е-табла за секој денОвој интересен гаџет кој се очекува да биде наследник на незаменливата комбинација „тетратка и молив“, треба да се пушти во продажба во јуни оваа година.NoteSlate – е-табла за секој ден