КАФЕ ПАУЗА

Tag: теорија

  • На мажите им се доволни само 4 минути да се заљубат!

    На мажите им се доволни само 4 минути да се заљубат!

    Сите ние, мажи и жени, можеме да ги почувствуваме истите емоции кога станува збор за љубовта, но самиот процес на заљубување е различен. Кога жените се заљубуваат, тие чувствуваат изливи на среќа измешана со други емоции кои мажите не можат да ги сфатат. Од друга страна пак, мажите кога се заљубуваат минуваат низ друг процес.rnrnНа мажите им се доволни само 4 минути да се заљубат!rnrnВо 1997 година, еден психолог од Њујорк направил истражување во кое испитаниците морале да одговорат на 36 претходно подготвени прашања, а потоа 4 минути да се гледаат во очи. Дали успеале овие странци да се заљубат? Да! Не само што се родила љубов помеѓу некои од нив, туку тие и се венчале по 6 месеци.rnrnТеоријата на Артур Арон била документирана на Јутјуб, во која паровите имале за задача да се гледаат во очи 4 минути. Погледнете како реагирале испитаниците:rnrnhttps://youtu.be/ONYlKmdylXgrnrnКако што е прикажано во видеото, за 4 минути странците изградиле врска. Тие ги откриле своите чувства кон личноста која седи спротив нив и за 4 минути почнале да чувствуваат емоции кои воделе кон заљубување. Таквото интимно искуство може да ја разбуди страста и желбата. Главната идеја на оваа студија била да докаже дека две личности треба да се отворат и да сакаат за изградат врска.rnrnКлучниот предуслов за заљубување бил одговорите на 36-те прашања, од кои се дознаваат многу работи за странецот за кои не може да се дознае дури и по повеќегодишна врска. Прашањата ги опфатиле сите сфери од нивниот живот, од семејството до омилениот филм.rnrnПоминало повеќе од 20 години откако Артур го направил ова истражување, но тоа не го менува фактот дека паровите кои ја тестираат оваа теорија, се заљубуваат. Тоа покажува дека теоријата на заљубување од 4 минути навистина функционира!rnrnДоколку сте во долга врска, испробајте го овој тест со вашиот партнер. Можете да дознаете нешто што не сте го знаеле. Ако се спроведе оваа студија на вистински партнери кои се во долга врска, резултатите можат да бидат уште подобри. Затоа, ова е добар начин за да ги разбудите вашите чувства и да ја освежите романтиката во врската. Во секојдневниот живот често забораваме колку е важен разговорот, затоа вреди да се одвои малку време и да се одговорат прашањата кој ги подготвил психологот Артур.rnrnПогледнете и кои се физичките карактеристики кај жените што им се најпривлечни на мажите.

  • Ново истражување ја предизвикува теоријата за еволуција на Дарвин

    Ново истражување ја предизвикува теоријата за еволуција на Дарвин

    Ако редовно ги следите истражувањата во областа на генетиката од минатите неколку децении, можеби сте почнале да се сомневате во Дарвиновата теорија. Едно ново масивно генетско истражување водено од Марк Стоекл од Универзитетот Рокфелер во Њујорк и Дејвид Талер од Универзитетот Басел во Швајцарија ја отвораат вратата кон нови теории за нашето потекло и механизмите зад еволуцијата на животинските видови на нашата планета.rnrnНово истражување ја предизвикува теоријата за еволуција на ДарвинrnrnЕволуцијата напредува преку преживување на најсилните и адаптирање на новата околина преку разни генетски мутации. Поради ова нормално е да се очекува дека видовите со поголема популација ќе станат генетски поразновидни за разлика од другите видови. Но, дали ова е точно?rnrnСпоред Марк, одговорот е не. Всушност, генетската разновидност на повеќето видови на планетата е речиси иста, без разлика на нивната историја на миграција, релокација или размножување.rnrnНајневеројатниот резултат на истражувањето е тоа дека 9 од 10 од денешните видови на Земјата, вклучувајќи ги и луѓето, настанале пред 100.000 до 200.000 години.rn

    „Овој заклучок е навистина изненадувачки и се борев против него колку што можев“, изјавил Дејвид Талер.

    rnОва е против верувањето дека еволуцијата на планетата била бавна, линеарна и непрекината. Други недостатоци се појавуваат поради недостиг на физички докази. Па сега сме навистина присилени да ги гледаме нештата на нов начин.rnrnИстражувањето се потпира на изучување на митохондриската ДНК наместо на нуклеарната.rn

    „Сите животни имаат ДНК во нивната митохондрија, која пак е структурата во секоја клетка што ја претвора храната во енергија за клетките. Митохондријата има 37 гени, a еден од нив е познат како COI и се користи за означување на ДНК. За разлика од гените во нуклеарната ДНК кои можат многу да се разликуваат од вид до вид, сите животни имаат иста митохондриска ДНК, што е добро за споредување. Околу 2002-ра година молекуларниот биолог Пол Херберт од Канада открил начин да ги идентификува видовите анализирајќи го генот COI.“

    rnОвој ген е сличен кај сите животни и е лесен за споредување. Од друга страна гените се доволно различни за да се прави разлика помеѓу секој вид. Со анализирање на баркодовите на 100.000 видови, истражувачите откриле знак кој покажува дека сите животни се појавиле во ист период со луѓето. Она што го забележале е недостаток на таканаречени „природни“ мутации кои се најмалите промени во ДНК низ генерациите и кои ниту ги зголемуваат ниту ги намалуваат шансите за преживување. Сличностите на овие „природни“ мутации помагаат да се одреди приближната возраст на видот.rn

    „Популацијата, без разлика на нејзината сегашна големина или сличност со фосилите од кој било период, се проширила од митохондриската еднообразност во текот на изминатите 200.000 години. Фосилните докази од еволуцијата на цицачите во Африка укажуваат дека повеќето видови започнале со мала популација и потоа се прошириле. Анализите покажаа дека ледената доба создала услови за проширување.“

    rnОва значи дека некој период во минатото, не пред повеќе од 200.000 години, повеќето од животинските видови „започнале“ со митохондриски часовник наместен на нула. Постојат докази дека овие видови започнале со мала популација која подоцна се ширела. Екстремните услови како ледената доба, се одговорни за последователната експанзија.rnrnСценариото наликува како арката на Ное. Катаклизмична поплава ги уништува сите животни и луѓе на планетата, освен мал дел од секој вид кои почнува да се множи штом Земјата станува погодна за живот.rnrnНо, митохондрискиот часовник на животните пред катастрофата не би бил наместен на нула. Па ова треба да се гледа како „посевање“ на видовите на планетата по катастрофата. Прашањето е кој би ги посеал. Можеби станува збор за некоја напредна вонземска раса. Денес идејата дека вонземските цивилизации имале влијание во нашата физичка, ментална и духовна еволуција е навистина распространета. Постојат и многу теории на заговор кои тврдат дека можеби постојат експерименти со цел да се забрза нашата еволуција.rnrnДали навистина е возможно човечката еволуција да е последица на „посевање“ од вонземска цивилизација пред речиси 200.000 години? Одговор нема, но барем некои научни докази нè тераат да размислуваме и во оваа насока.rnrnДознајте и кои се следните можни чекори во еволуцијата на човекот.

  • Како би изгледал животот на Земјата ако таа навистина беше рамна?

    Како би изгледал животот на Земјата ако таа навистина беше рамна?

    Идејата за рамна Земја навистина се прослави овој период. Денес многу познати личности, како и цели групи луѓе навистина веруваат дека Земјата е рамна. Иако идејата е смешна, навистина ве тера да размислите како би изгледал нашиот живот ако ова беше вистина. Научниците се обиделе да дадат неколку одговори.rn

    1. Гравитацијата постојано ќе ве влече кон север

    rn10 нешта што би се случиле ако Земјата би била рамнаrnrnГравитацијата ги влече предметите на Земјата кон нејзиниот центар. Поради ова ние не паѓаме од планетата. На рамна Земја, гравитацијата нема да функционира на ист начин, па таа нема да ве влече кон центарот на топката, туку кон она што би било центар на Земјата. На повеќето мапи за рамна Земја, овој центар е Северниот пол. Ова значи дека секоја личност на Земјата ќе чувствува постојано влечење кон север. Водата би се излеала од океаните, а дрвјата и растенијата би растеле дијагонално.rn

    2. Сонцето ќе ја испржи Земјата

    rn10 нешта што би се случиле ако Земјата би била рамнаrnrnРамната Земја би немала магнетно поле. Земјата е заштитена од космичките и соларните значења од магнетното поле кое постои само поради Земјината ротација. Ако Земјата е рамна, нема да ротира и постојано би била бомбардирана од соларна радијација. Ова ќе го уништи озонот и атмосферата и ќе нè направи ранливи на астероиди и метеори.rn

    3. Сите направи за навигација ќе престанат да работат

    rn10 нешта што би се случиле ако Земјата би била рамнаrnrnБез јадро или магнетен север, сите компаси би престанале да работат. Ова ќе биде уште полошо за животните бидејќи многу од нив го користат магнетното поле на Земјата за навигација. Исто така ѕвездите на небото постојано би биле истите бидејќи Земјата нема да ротира. Рамната Земја ќе има ефект и на ГПС системите. Ако нема гравитација, сателитите нема да останат во орбитата и би паднале на Земјата.rn

    4. Ќе можете да гледате многу далеку

    rn10 нешта што би се случиле ако Земјата би била рамнаrnrnНе би било сè толку лошо доколку Земјата беше рамна. Едно од добрите нешта е што би можеле да гледате што се случува и преку неколку земји. Нашите очи се посилни одошто ни изгледаат. Причината што не гледаме на голема далечина е тоа што земјата се искривува на околу 5 километри од нас.rn

    5. Тектонските плочи ќе престанат да се движат

    rn10 нешта што би се случиле ако Земјата би била рамнаrnrnТектонските плочи се искривени за да се совпаднат со формата на Земјата. Секогаш кога се мрда тектонска плоча, таа е во интеракција со плоча на спротивната страна на Земјата. Ако Земјата е рамна, ова не би функционирало. Не е сосема јасно како би функционирале тектонските плочи на Земјата, но најверојатно би прекинало секакво нивно движење. Ако нема движење на овие плочи, би немале планини или долини. Планетата би била совршено рамна.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Неверојатно откритие: Постои една работа која мажите ја сакаат повеќе од сексот, но не признаваат

    Неверојатно откритие: Постои една работа која мажите ја сакаат повеќе од сексот, но не признаваат

    Повеќето жени сметаат дека на мажите им е најважен сексот бидејќи не постои ништо друго на светот што им носи поголемо задоволство. Но, терапевтот Стив Хорсмон ги разбива овие верувања со неговата теорија.rnrnНеверојатно откритие: Постои една работа која мажите ја сакаат повеќе од сексот, но не признаваатrnrnХорсмон е успешен животен тренер и држи работилници за мажи кои сакаат да ги решат проблемите во нивните врски или бракови и да ги подобрат истите. По долгогодишно искуство со љубовните проблеми на различни мажи дошол до интересен заклучок кој ќе ги изненади жените.rn

    „Жените би се изненадиле кога би ги слушнале моите разговори со мажите. Тие се комплетно спротивни од женските мислења за нив. Мажите дефинитивно не сакаат само секс. Станува збор за потег кој е помоќен од сексот бидејќи во тој момент мажот се чувствува силно и прифатено“, вели терапевтот Стив Хорсмон.

    rnПоточно, постои нешто што им е подраго од сексот. Верувале или не, тој тврди дека се работи за нежен допир во комбинација со вербално или невербално одобрување. Кога жената нежно го милува партнерот со прстите и истовремено ја изразува нејзината доверба и поддршка, мажот се чувствува пријатно и сигурно.rnrnСигурно се прашувате зошто мажите не сакаат да признаат дека олку едноставна работа им е поомилена од сексот. Причината лежи во тоа што тие се сигурни дека жените никогаш не би им поверувале и само би ги превртеле очите. И покрај силната фасада, и мажите се ранливи битија кои имаат потреба од љубов и прифатеност.

  • Научниците конечно објаснија зошто понекогаш доживуваме дежа ву

    Научниците конечно објаснија зошто понекогаш доживуваме дежа ву

    На сите ни се има случено да се најдеме во одредена ситуација која ни се чини дека веќе сме ја доживеале во минатото. Досега дадени се еден куп теории зошто се случува тоа, но ниту една не е докажана со сигурност, па овој феномен сѐ уште останува една од најголемите мистерии на човечката психологија.rnrnНаучниците конечно објаснија зошто понекогаш доживуваме дежавуrnrnНо, научниците имаат ново објаснување за оваа чудна мозочна појава. Шкотскиот професор Акира О’Конор верува дека овој феномен е последица од проверката на фактите која ја прави нашиот мозок.rnrnЗа да ја докаже неговата теорија, доктор О’Конор спровел низа експерименти во кои тој вештачки ја предизвикал појавата на дежа ву. На испитаниците им биле кажувани одреден број зборови поврзани меѓу себе, но притоа бил изоставен главниот заеднички концепт за сите тие зборови. На пример, тие ги слушале зборовите „перница“, „кревет“, „ноќ“, но не го слушнале зборот „спиење“.rnrnПотоа, истражувачите ги прашале испитаниците дали чуле збор со буквата „с“ во него и одговорот бил негативен. Меѓутоа, подоцна, кога на испитаниците им било поставено истото прашање, поголемиот дел од нив рекле дека чуле „спиење“. Тие мислеле дека навистина го чуле зборот затоа што логички припаѓа на остатокот од низата зборови. Мозоците на учесниците почнале да ги преиспитуваат нивните сеќавања и како последица на тоа, токму во тој момент, се јавило силно чувство на дежа ву.rnrnНаучниците конечно објаснија зошто понекогаш доживуваме дежавуrnrnМагнетната резонанса покажала дека најактивните делови од мозокот во тие моменти биле оние што се одговорни за донесување одлуки, а не за сеќавања. Доктор О’Конор претпоставил дека овие области од мозокот создаваат чувство на дежа ву затоа што ги следат сеќавањата и бараат грешки во нив. Кога ќе најдат некоја недоследност, веднаш се активираат, а ние доживуваме морничаво чувство дека тоа веќе ни се има случено порано.rnrnСпоред еден друг истражувач, Стефан Келер од Канада, можно е да се случува и некој конфликт при донесувањето решенија во мозокот за време на овој феномен.rnrnПотребно е да се соберат уште многу податоци пред да се докажат овие теории, но ако некоја од нив е вистинита, феноменот дежа ву конечно ќе биде разоткриен. Тогаш со сигурност ќе знаеме дека мозокот само го проверува квалитетот на нашите сеќавања и бара недоследности помеѓу она што навистина го паметиме и она што мислите дека го паметиме.

  • За да ја пронајдете вашата сродна душа прво мора да разберете што значи тој поим

    За да ја пронајдете вашата сродна душа прво мора да разберете што значи тој поим

    Дали сродните души навистина постојат? За да можете да го одговорите ова прашање, прво морате да го дефинирате зборот „сродна душа“.rnrnПлатон се залагал за следнава теорија: Според грчката митологија, луѓето најпрво биле создадени со четири раце, четири нозе и глава со две лица. Зевс се исплашил од нивната моќ и ги разделил на два посебни дела, осудувајќи ги да го поминат нивниот живот во потрага по нивната друга половина… Љубовта се раѓа во секое човечко битие, ги повикува половините од нивната оригинална природа да се соединат повторно заедно. Се обидува да направи едно од две и да ги излечи раните на човечката природа.rnrnЗа да ја пронајдете вашата сродна душа прво мора да разберете што значи тој поимrnrnНекои луѓе веруваат дека сродните души доаѓаат во многу форми и исполнуваат различни потреби. Можеби верувате во идејата дека сродните души се под влијание на кармата. Луѓето кои доаѓаат во вашиот живот ви помагаат да научите важни животни лекции. Соединети сте заедно за да научите нешто еден од друг и потоа се разделувате исто толку брзо колку што сте се споиле веднаш штом ја научите лекцијата.rnrnИли можеби верувате во идејата за романтична сродна душа: Некој со кого имате одлична сексуална хемија, но што е уште поважно и интензивно, топло чувство на емотивна поврзаност, удобност и сигурност. Таа личност инстинктивно прави да се чувствувате како дома и сакате да бидете со неа што е можно повеќе.rnrnА можеби постојат сродни души кои доаѓаат во форма на вечни пријатели?rnrnСте запознале ли некогаш некого со кого веднаш сте се поврзале? Постои моментална поврзаност и се чувствувате како да ја познавате оваа личност целиот ваш живот. Тие го подигнуваат вашиот дух и уживате во нивното друштво без да вложувате труд. Тие остануваат ваши пријатели целиот живот. Тука сте еден за друг во добро и во лошо. Без разлика дали живеете блиску или далеку, секогаш кога ќе се видите ви се чини како да не поминало воопшто време помеѓу средбите.rnrnНекои, пак, веруваат во концептот на близнак по душа. Кога ќе ја запознаете оваа личност, ви се чини како да сте запознале дел од себе, вашата друга половина. Толку сте синхронизирани, што тоа понекогаш ве плаши. Разбирате веднаш сѐ што ќе ви каже и се смеете хистерично додека не снемате воздух. Никогаш не можете да се излажете бидејќи толку добро се познавате. Не мора да станува збор за личност со која сте во љубовна врска. Тоа може да биде некој ваш пријател, пријателка, колега од работа…rnrnБез разлика на тоа дали верувате во сродни души или не, веројатно постои некоја вистина во овој концепт бидејќи сигурно на сите ви случило да запознаете некоја личност со која веднаш сте почувствувале инстантна конекција. Бидете отворени кон нови познанства и бидете слободоумни. Вашата сродна душа можеби ве чека зад аголот!

  • Причината поради која овие 12 култни филмови нѐ фасцинираат уште од првата секунда

    Причината поради која овие 12 култни филмови нѐ фасцинираат уште од првата секунда

    Која боја ви е омилена? Која најмногу ви се допаѓа? Црвена или сина? Жолта или зелена? Не знаеме зошто, но сите од нас сакаат една боја повеќе од другата, и овој избор го правиме на длабоко, потсвесно ниво. Тимот кој стои зад профилот @CINEMAPALETTES на Твитер, има една интересна теорија која тврди дека боите кои ги преферираме влијаат врз нашите филмски вкусови.rnrn

    Причината поради која овие 12 култни филмови нѐ фасцинираат уште од првата секунда
    Крис Бак, „Замрзнатото кралство“ (2013)
    rnrnСекој ден, тие објавуваат добро позната сцена од различни филмови и палетата на бои која е употребена. Изгледа дека комбинацијата на одредени бои е доволна за да нѐ натера одново и одново да ги гледаме филмовите и да ни станат едни од омилените. Погледнете дел од филмовите и нивните палети на бои поради кои сигурно и ги обожавате овие приказни.rnrn

  • Науката на приврзаноста: Дали сте сигурни, анксиозни или ги избегнувате другите?

    Науката на приврзаноста: Дали сте сигурни, анксиозни или ги избегнувате другите?

    Често се среќаваме со совети кои нè поучуваат како треба да се однесуваме во врските: „Не барајте премногу“, „Не дозволувајте љубомората да ве обзема“ и „Имајте силно чувство на независност“. Но, ниеден од овие совети не е добар. Ние сме тоа што сме, а објаснувањето за начинот на нашето однесување лежи во теоријата за приврзаноста. Таа се заснова на идејата дека сите сме програмирани да ги двоиме луѓето и да избираме одредени индивидуи кои ќе ни значат. Иако ја имаме основната потреба да формираме посебен однос со луѓето, сепак начинот на кој се формираат тие врски варира. Секој припадник на општеството, независно дали тој или таа никогаш не биле со никого или биле 50 години во брак, припаѓа во еден од овие 3 стилови на приврзаност: сигурни, анксиозни или оние кои ги избегнуваат другите.rnrnНауката на приврзаноста: Дали сте сигурни, анксиозни или ги избегнувате другите?rnrnОколу 56% од луѓето во светот се сигурни, 20% се анксиозни, а 23% се луѓе кои ги избегнуваат другите. Преостанатиот 1% се онаа ретка комбинација на анксиозни луѓе кои ги избегнуваат другите. Секој од овие стилови постои со причина и ниеден не може да се нарече „здрав“ или „нездрав“. Тие се само еден вид описи на начините на кои сите ние се однесуваме во романтичните врски и не се никаква форма на осудување.rnrnЛуѓето кои се сигурни се чувствуваат удобно во и со интимноста и обично се љубезни и мили. Тие се директни, не играат игри и не се драматични.rnrnЛуѓето кои се анксиозни обично копнеат по интимноста. Често се преокупирани со своите врски и се грижат за тоа дали нивниот партнер е способен да ги сака. Се повлекуваат во расправиите, лесно стануваат љубоморни и премногу размислуваат. Тие ја поистоветуваат интимноста со губењето на независноста и постојано се обидуваат да ја минимизираат блискоста.rnrnЛуѓето кои ги избегнуваат другите се чувствуваат неподготвени да се поврзат. Се фокусираат на малите несовршености и забележуваат кога некој се обидува да им пререче за нивната независност. Тие сметаат дека врските вклучуваат обврзаност додека се обидувате да ги следите своите цели.rnrnИако сите овие стилови постојат со причина, тие сепак можат негативно да делуваат врз вашата среќа. Ако сте поанксиозни, природно ќе се наклонувате кон оние кои ги избегнуваат другите. Анксиозниот партнер ќе сака интимност, додека оној партнер кој избегнува ќе сака простор. Токму затоа ако сте анксиозни, тогаш треба да барате некој кој е сигурен. Истражувачите откриле дека најсреќните врски се оние во кои има барем еден сигурен партнер, а идеалните имаат двајца.rnrnОва е многу важно бидејќи значи дека секој треба да се стреми да биде тоа што навистина е. Амир Левин и Рејчел Хелер, во нивната книга „Приврзани: Новата наука на возрасното приврзување и како таа може да ви помогне да ја пронајдете и задржите љубовта“ велат:rn

    „Ние сме програмирани да се однесуваме ма предодреден начин во нашите романтични врски“.

    rnНо, тоа не значи дека треба да бидеме робови на нашата ДНК. Секогаш можеме да научиме да ги смениме деловите од нашиот стил на приврзување кои не ни одговараат или кои ни стојат на патот кон поуспешен однос.

  • Нови истражувања ни покажуваат дека патувањето низ времето е поблиску отколку што мислиме

    Нови истражувања ни покажуваат дека патувањето низ времето е поблиску отколку што мислиме

    Минатата недела, научниците од LIGO (Laser Interferometer Gravitational-Wave Observatory) откриле гравитациони бранови кои докажуваат еден клучен аспект на Ајнштајновата теорија за релативитетот. Овие бранови биле суштински резултат од судир на две гигантски црни дупки. Спојувањето се случило пред 1,3 милијарди светлосни години, во периодот кога Земјата била населена од едноклеточни организми.rnrnНови истражувања ни покажуваат дека патувањето низ времето е поблиску отколку што мислимеrnrnЕден од истражувачите сметал дека ова можеби и не е толку значајно и дека нема да нѐ донесе поблиску до патувањето низ времето, но теоретскиот физичар од Универзитетот Принстон, Дејвид Спергел, аргументирал дека тимот не го вреднува толку значењето на докажувањето дека теоријата за релативитетот е точна. Ајнштајновата теорија ја дава идејата дека големите објекти со масивна гравитациона сила го искривуваат материјалот на временско-просторната компонента, што може да се спореди со носењето на крајот поблиску до тркачот.rnrnПрофесорот Спергел вели дека докажувањето на теоријата на Ајнштајн ги открива и основите за патување низ времето.rn

    „Сѐ уште има многу работи за откривање, почнувајќи со постоењето на честички со негативна маса и стабилноста на црвјите дупки. Но, општите равенки на релативитетот, кои ни ги даваат црните дупки, ни кажуваат дека патувањето низ времето не е само возможно, туку и дозволено“, објаснува тој.

    rnЕдвин Тарнер, уште еден астрофизичар од Принстон, се согласува со претходното тврдење, но вели дека тоа е возможно само ако гравитационите полиња кои се анализираат се доволно силни, што обично е случај со објектите кои се масивни, како на пример црните дупки. Ефектот би бил сличен ако фрлиме потешко топче врз растеглив материјал. Топчето ќе го растегне материјалот до тој степен што двата краја ќе се допрат.rn

    „Траекториите низ време-просторот треба да бидат доволно искривени за да можат да се преклопат – силните гравитациони полиња го искривуваат материјалот на времето и просторот. Ако полето е доволно силно и комплицирано, може да постојат патишта низ искривената временско-просторна компонента, кои во различни моменти се сечат, што значи дека може да патувате на пат кој ги спојува точките од иднината со точките од минатото“, вели професорот Тарнер.

    rnСпергел вели дека ќе бидат потребни барем уште 50 години пред да се направи чекор напред во откривањето на патувањето низ времето. Ова е обично нормалното темпо во кое се движат откритијата поврзани со оваа тема, но кога се појавува еден голем напредок во астрономијата, наредниот следува веднаш после првиот. Независно какви клучни механики произведуваат тимовите кои ги спроведуваат ваквите истражувања за оваа цел, професорот Спергел вели дека немаше да има ниту успех, ниту напредок без големото откритие на LIGO.

  • 3 погрешни сфаќања за теоријата дека спротивностите се привлекуваат

    3 погрешни сфаќања за теоријата дека спротивностите се привлекуваат

    Теоријата дека привлечностите се привлекуваат стана една од најпопуларните верувања во модерниот начин на живеење и како што поминуваат генерациите, така луѓето стануваат сè позаинтересирани за овој феномен. Ние сакаме да гледаме необични комбинации на луѓе кои навидум не одговараат, но сепак функционираат беспрекорно. И да, вистината е дека спротивностите навистина се привлекуваат, но не на оној начин на кој вие верувате. Погледнете ги следниве најголеми митови на оваа тема и вистината која се крие зад нив.rnrn3 погрешни сфаќања за теоријата дека привлечностите се привлекуваатrn

    Мит 1: Оваа привлечност се случува за секунда, удирајќи ве како мистериозен љубовен гром

    rnИсто како што има големи шанси да ве удри гром кога сте поблизу до метален објект, исто така и привлечноста удира тогаш кога ќе најде ранлива точка. Под ранлива точка мислиме за однесувања кои не ги поседувате, но длабоко ги посакувате. Да претпоставиме дека сте срамежлива личност која за промена многу сака да биде во центарот на вниманието и одеднаш сфаќате дека ве привлекува екстроверт, кој е душата на секој собир. Оваа потреба за екстроверт во вашиот живот не ви се јавила одеднаш, за само една секунда. Таа полека се градела, без да ја забележите и потајно сте ја посакувале толку долго што одеднаш експлодирала, правејќи да ви се допадне онаа личност која ја поседува оваа карактеристика.rn

    Мит 2: Оваа привлечност се случува кога сакаме да искусиме нов вид партнер

    rnСтанува збор за делумен мит, бидејќи од една страна вие сакате да пробате нешто ново, но од друга страна сте привлечени од оваа личност бидејќи и вие самите сакате да се чувствувате и однесувате како него или неа. Па, зошто тогаш едноставно не го промените вашето однесување наместо да започнете нова врска? Бидејќи вториот избор е многу полесен. Кога ќе започнете врска со личност спротивна на вас, вие инстантно станувате како нив така што позајмувате некои нивни карактеристики. Ако сте со партнер сосема спротивен на вас, вашата желба ќе биде остварена и одеднаш ќе бидете доживувани како сосема нова личност. Брзо и ефикасно.rn

    Мит 3: Спротивностите се привлекуваат под влијание на хемијата

    rnВие веќе го знаете одговорот на овој мит според разрешувањето на претходните два. Не станува збор за хемија, туку за нешта поврзани со умот. Спротивностите се привлекуваат поради само една причина: Луѓето имаат потреба да бидат некој кој не се, но премногу се срамат или плашат да се променат себеси, па решаваат да го направат тоа на друг начин, преку внесувајќи сосема спротивна личност од нив во нивниот живот. Не е лесно да се признае дека сакате да искусите сосема нов свет, особено ако е против вашите ставови, но многу е лесно да се префрли вината на непобедливата сила наречена „спротивностите се привлекуваат“. Само имајте на ум дека зад оваа привлечност се крие само љубопитноста за какво е чувството да се биде во кожата на вашиот партнер.