КАФЕ ПАУЗА

Tag: темпо

  • 5 работи кои треба да ги знаете доколку се забавувате со фитнес инструкторка

    5 работи кои треба да ги знаете доколку се забавувате со фитнес инструкторка

    Професијата на една жена или девојка многу зборува за нејзиниот карактер. Нејзината работа во голема мера влијае врз нејзината слобода, креативност и комуникативност. Фитнес инструкторките, како и сите останати девојки и жени, си имаат свои карактеристики и одреден начин на живот. Доколку сакате да се забавувате со фитнес инструкторка или веќе имате партнерка која се занимава со оваа професија, добро би било да ги знаете следните работи. Она што е важно е дека со неа нема да ви биде здодевно.rnrn(1) 5 работи кои треба да ги знаете доколку се забавувате со фитнес инструкторкаrn

    1. Таа е секогаш гладна

    rnБуквално секогаш. Само што ги завршила овесните снегулки со јогурт и овошје, има 96,5 проценти шанса веќе да размислува на ручекот и 68 проценти шанса низ главата да ѝ поминала слика од чинијата полна со храна што ја планира за вечера.rnrnТаа не е девојка која во ресторан ќе нарача само салата, туку ќе нарача обилен оброк, а можеби ќе земе и некое компирче од вашата чинија. Поради тоа, кога одите на вечера, имајте на ум дека на масата треба да има поголем избор на јадења.rn

    2. Наутро станува многу рано

    rnНејзиниот часовник не ѕвони во 5 часот наутро само понекогаш, туку секој ден. Затоа, кога излегувате со фитнес тренер, не се разочарувајте доколку сака да замине дома уште во 21 часот. Тоа не е поради вас, дека сте и здодевни или оти не ѝ е интересно. Таа едноставно сака да оди дома и да си легне, за да ги отспие осумте часа, кои ѝ се потребни утрината да биде свежа и подготвена за работа.rn

    3. Таа ќе го извлече најдоброто од вас

    rnКај оваа девојка нема да ви помогнат изговорите дека не сте доволно способни за нешто или дека некоја работа не можете да ја направите и постигнете. Размислете, таа е платена да го вади максимумот од луѓето со кои работи секојдневно. Без оглед дали станува збор за физички активности, планови во кариерата, финансиски прашања, таа секогаш ќе ве тера да си поставувате повисоки граници и да ги постигнувате целите. Затоа е добро да се има ваква девојка покрај себе.rn

    4. Никогаш нема да ви суди

    rnИ покрај огромниот број квалитети што ги поседува, не заборавајте дека и таа е човек. Професионалните фитнес тренери никогаш не ги заморуваат своите најблиски и околината со својата професија. Свесни се дека тоа што тие го работат не треба да го наметнуваат на сите останати. Затоа, нема да ви суди доколку понекогаш се излежувате пред компјутер и ја гледате омилената серија или по вечерата изедете неколку слатки повеќе. Можеби дури и ќе ви побара да гризне од вашиот прекрасен избор на десерт (земајќи го предвид фактот број 1)rn

    5. Таа има секојдневна рутина и строг распоред

    rnЈадење, спиење, вежбање, па повторно истото. Нејзиниот распоред е најчесто строго определен и сè се одвива по некаков редослед. Бидејќи мора да внимава на исхраната, таа има секојдневни обврски околу набавката на продукти и подготовка на здрави оброци. Потрудете се да бидете флексибилни во однос на нејзиниот распоред. Таа не го губи времето со луѓе кои не ѝ значат, а кога ќе најде време за вас, тоа е затоа што искрено сака да ве види.rnrnКога сте во врска со фитнес тренер бидете подготвени на едно брзо темпо, бидејќи таа девојка е активна без прекин. Потрудете се да следите барем мал дел од нејзиниот ритам, можеби ќе забележите подобрување во вашето расположение и физичката кондиција.

  • Врели тајни за жежок орален секс (+18)

    Врели тајни за жежок орален секс (+18)

    Иако пружањето орален секс на маж изгледа како едноставна работа на прв поглед, сепак и тука постојат неколку трикови. Сигурни сте дека го правите тоа на вистинскиот начин? Прочитајте ги овие 3 совети и пружете му го најдоброто орално задоволство во животот.rnrnvreli-tajni-za-zhezhok-oralen-seks-18-kafepauza.mkrn

    Користете лубрикант

    rnСтавете на рацете поголема количина лубрикант, размачкајте ја и великодушно подмачкајте го неговиот алат. Мрдајте ги рацете наизменично горе-долу. Тоа сигурно нема да му пречи. По овој воведен дел кој ќе го возбуди, преминете на главната работа.rn

    Менувајте го темпото

    rnНемојте да го претворите оралниот секс во здодевна и предвидлива игра. Не е доволно само да го ставите неговиот пенис во уста и да се поместувате напред-назад. Повеќето мажи уживаат во орален секс во кој партнерката е целосно посветена на интимното подрачје. Тоа значи дека не треба да ги заборавате тестисите и коренот на пенисот. Со врвот на јазикот допирајте го по целата должина на пенисот и по целото интимно подрачје, малку забрзајте, потоа забавете и повторно од почеток.rn

    Дајте си време за одмор

    rnСекако дека вилицата и устата одвреме-навреме ќе ви се изморат и тоа е очекувано. Одморете се, но немојте тотално да престанете. Кога ќе бидете сигурни дека возбудата нема да му опадне, допирајте го на други места. Нежно грицнете го на внатрешниот дел на бедрата или на препоните. Или пак, префрлете ги бакнежите по вратот и градите додека со рацете продолжувате да го допирате долу.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вашиот работен ден прикажан преку кучиња

    Вашиот работен ден прикажан преку кучиња

    Работниот ден знае да биде многу напорен, дури и за овие кучиња. :)rnrn7.00 часот: Станавте порано за да имате лежерен појадок. Си помислувате: ова ќе биде убав ден!rnrn(1) Вашиот работен ден прикажан преку кучињаrnrn9.00 часот: Пристигате на работа и утринското кафе веќе го изгубило своето дејство.rnrn(2) Вашиот работен ден прикажан преку кучињаrnrn9.15 часот: Ги полните батериите со уште малку кофеин.rnrn(3) Вашиот работен ден прикажан преку кучињаrnrnВо 9.30 часот: Веќе не знаете како се чувствувате.rnrn(4) Вашиот работен ден прикажан преку кучиња.mkrnrn9.45 часот: Подготвени сте да се справите со секоја работна задача што ве чека.rnrn(5) Вашиот работен ден прикажан преку кучиња.mkrnrn11.00 часот: Не ви се верува колку брзо времето лета, вие навистина сте во форма!rnrn(6) Вашиот работен ден прикажан преку кучиња.mkrnrn11.45 часот: Ве повикуваат на состанок, ТОКМУ кога го достигнувате маскимумот од вашата ефикасност.rnrn(7) Вашиот работен ден прикажан преку кучиња.mkrnrnПладне: На сите им се допадна вашата презентација, но вие едноставно сакате само да ручате.rnrn(8) Вашиот работен ден прикажан преку кучиња.mkrnrn13.00 часот: Време е за ручек. Јупиии…rnrn(9) Вашиот работен ден прикажан преку кучиња.mkrnrn14.00 часот: Се вративте од ручек и подготвени сте за уште повеќе работа!rnrn(10) Вашиот работен ден прикажан преку кучињаrnrn14.15 часот: Храната почнува да ви се вари…rnrn(11) Вашиот работен ден прикажан преку кучињаrnrn14.30 часот: Ве фаќа опасна дремка и ви годи излежувањето.rnrn(12) Вашиот работен ден прикажан преку кучињаrnrn14.45 часот: Се одржувате будни со слатки видеа со животни.rnrn(13) Вашиот работен ден прикажан преку кучиња.mkrnrn15.00 часот: Тепате време додека ве повикаат на следниот состанок.rnrn(14) Вашиот работен ден прикажан преку кучиња.mkrnrn15.30 часот: На состанокот се смешкате за да изгледате свежо и заинтересирано.rnrn(15) Вашиот работен ден прикажан преку кучиња.mkrnrn16.00 часот: Се чувствувате некако инспирирани и сфаќате дека треба сериозно да се фатите за работа.rnrn(16) Вашиот работен ден прикажан преку кучињаrnrn17.30 часот: Сфаќате колку е часот!rnrn(17) Вашиот работен ден прикажан преку кучињаrnrnВо 17.45 часот…rnrn(18) Вашиот работен ден прикажан преку кучињаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Брзото возење велосипед го зголемува животниот век

    Брзото возење велосипед го зголемува животниот век

    Сите сме свесни дека возењето велосипед е одличен метод за слабеење и одржување на телото, но најновите истражувања докажале уште еден бенефит од овој вид вежбање. Имено, се докажало дека не се важни само поминатите километри, туку и интензитетот со кој возите.rnrnБрзото возење велосипед го зголемува животниот векrnrnИстражувањето е направено на велосипедисти од Данска, а покажало дека мажите кои возат брзо и со јак интензитет живеат 5,3 години подолго, додека пак мажите кои возат со нормална брзина живеат за скоро 3 години подолго од оние кои возат бавно. За женските велосипедисти истражувањата покажале дека оние кои возат брзо живеат скоро 4 години подолго од оние кои возат бавно, а оние кои возат нормално 2,2 години повеќе од нив.rnrnОва истражување го спровел професорот Питер Шнор од Европскиот совет за кардиологија, кој го споредувал здравјето на велосипедистите со нивните резултати од возењето. Велосипедизмот се покажал како спорт кој ја намалува смртната стапка во целина, најизразено намалувајќи ги коронарните срцеви заболувања. Според најновите препораки, најмалку 30 минути физичка активност секој ден, го намалува ризикот од срцеви проблеми. Брзите велосипедисти кои поминуваат не повеќе од еден час на ден на својот велосипед, имаат најголеми шанси да избегнат какви било смртни заболувања.rn
    rn

    „Овие истражувања покажуваат дека секојдневната физичка активност треба да е енергична, зависно од индивидуалната перцепција колкав интензитет е доволен. – вели професорот“

    rnБрзото возење велосипед го зголемува животниот векrnrnДобиените резултати биле презентирани на конгресот на Европската заедница за кардиологија одржан во Париз, а во истражувањето биле земени предвид и други фактори за велосипедистите, како што е пушачката навика, телесната тежина, консумирањето алкохол и медикаменти и крвниот притисок. Најдраматично сознание било намалувањето за 82% на ризикот за срцев удар кај двата пола, доколку секојдневно возат барем 30 минути со брзо темпо. Ризикот за смртни заболувања бил намален за повеќе од 50% за брзите велосипедисти кои возат од 30 до 60 минути дневно, додека оние кои возат со нормална брзина ризикот го намалуваат за 33%.rnrnСпоред Шнор невозможно е да определите колку време е потребно за да се помине одреден пат, кој ќе треба да се извози со брзо темпо.rn
    rn

    „Ние не очекуваме 80-годишен човек да вози како 20-годишен. Важно е вие самите да си го процените максималниот интензитет, кој малку ќе ве остава без здив.“

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Водич: Совладајте ја техниката на брзо читање

    Водич: Совладајте ја техниката на брзо читање

    Брзото читање не е способност со која се раѓаме, туку вештина која може да се стекне. Ќе ви посочиме неколку начини кои ќе ви помогнат да ја совладате оваа техника. Придобивката не се состои само во тоа што побрзо ќе читате, туку ќе ви ја зголеми и самата желба за читање книги.rnrnВодич: Совладајте ја техниката на брзо читањеrn

    1. Користете покажувач

    rnВашите очи не остануваат постојано фиксирани на едно место. Тие прават кратки отстапувања од центарот на фокусот со цел да соберат повеќе информации.rnrnКога вашето око ќе го оттргне погледот, потоа мора да се врати за да дојде на претходната позиција. За жал, додека читате, позицијата постојано се менува. Она што ви го одвлекува вниманието предизвикува намалување на темпото на читање бидејќи постојано треба да ја барате вашата позиција за читање. Затоа, решението е во користењето некаков покажувач. Тоа може да е и вашиот прст, показалецот. На почеток, ова можеби ќе делува на намалување на темпото на читање, но со тек на време, кога ќе се навикнете на движењето, ќе забележите значително подобрување.rnrnСовет за напредните брзи читачи: Додека го движите прстот, не доближувајте се сосема до маргините на страницата. Вашето око може да ги забележи зборовите во радиус од околу 2,5 см, така што на овој начин можете да го забрзате движењето.rnrnВодич: Совладајте ја техниката на брзо читањеrn

    2. Контролирајте ја брзината

    rnНе значи дека луѓето кои брзо читаат, успеваат да процесираат помалку информации или дека сфаќаат помалку колку што читаат побрзо. Брзото читање се состои во контролирање на брзината на читање, не само во брзањето.rnrnПокажувачот е една алатка за контролирање на брзината бидејќи неа ја прилагодувате, не само со очите, туку и со движењето на раката. Ако ја движите побрзо, побрзо ќе читате, ако забавите, побавно ќе биде и читањето. Ова е важно зашто ќе ви овозможи да го забавите движењето на посложени и важни делови, а да го забрзате на очигледните или споредни парчиња текст.rnrnВодич: Совладајте ја техниката на брзо читањеrn

    3. Читајте без да ги изговарате зборовите

    rnПовеќето луѓе, кога ќе научат да читаат, читаат на глас. На поголема возраст, ќе забележат дека ваквата пракса им го забавува процесот, па почнуваат да читаат во себе. Но, и покрај тоа, не престануваат да ги изговараат зборовите внатре во нивната глава.rnrnИзговарањето на зборовите во себе не е секогаш лошо. Тоа помага да ја следиме и сфаќаме нарацијата. Но, тоа не е неопходно за да се разбере прочитано. Итсо ккао шот сеокј моеж да ја сфтаи оава рчееница, исто така повеќето луѓе не мора да го уловат секој збор за да го сфатат значењето на реченицата.rnrnОва е особено практична тактика за лесни текстови. Но, тоа не значи дека треба да се откажете од првиот чекор кон постигнување на крајната цел, вашиот показалец.rnrnСовет: Обидете се да поминувате со показалецот побрзо одошто би можеле да ги прочитате зборовите во себе. Ова ќе ве оддалечи од навиката да читате „на глас“ дури и кога читате во себе.rn

    4. Не читајте го секој збор поединечно

    rnЗа да го постигнете ова, пред сè, треба да ја поставите книгата на поголема оддалеченост (60 см). Целта е да не го читате секој збор поединечно, туку да фаќате по два-три со еден поглед.rn

    5. Не навраќајте се назад

    rnОва е чест проблем кој го кочи процесот на брзото читање. Многумина се навраќаат да препрочитаат збор или реченица, без воопшто да знаат дека го прават тоа. Најпрво треба да го осознаете проблемот доколку го имате, а потоа да се борите да не ù подлегнувате на лошата навика. Секако, на помош и овој пат доаѓа показалецот. Но…rn

    6. Читајте активно

    rnПовеќето луѓе читаат пасивно, очекувајќи дека информациите сами ќе се „залепат“ во мозокот. Ова е во ред додека разлистувате списанија, но не и доколку сакате да прочитате нешто важно.rnrnБрзото читање подразбира активно читање. Тоа значи дека треба да бидете љубопитни и истражувачки настроени. Пред да почнете да читате, подгответе го умот запрашувајќи се со какви нови знаења ќе се стекнете. Дури и ако не сте сигурни што ќе научите, оваа подготвителна вежба ќе му овозможи на мозокот да ги забележува релевантните детали многу побрзо.rn

    Брзото читање исто така подразбира подзапирање на специфичните места. Можеби оваа тактика не делува како да се однесува за брзо читање, но дефинитивно е начин на паметно читање. Кога ќе наидете на интересна информација, подзастанете за да ја повторите или дури забележете ја во книгата. Подобро е да ја запаметите информацијата додека ја читате сега, одошто да ја изгубите само ден потоа.

    rn

    Водич: Совладајте ја техниката на брзо читање

    rnrn

    7. Знајте кога да го забавите темпото

    rnМногу луѓе се фалат колку брзо ја научиле техниката на брзо читање. Но, истите тие луѓе подоцна признаваат дека паметат многу малку од прочитаното. Исто како што е корисно да забрзате кога наидувате на парче текст со малку информации, така е важно да намалите со брзината за да ги фатите важните или збунувачки содржини. Читањето е како возење на отворено, можете слободно да стиснете на гаста кога се наоѓате на широк прав автопат, но кога се искачувате по планини со многу кривини, мора да ја намалите брзината за да го постигнете истото – едноставно да го извозите патот.rnrnБрзото читање се состои и во имањето свест за сопствената брзина. Повеќето луѓе читаат со две брзини: прелистување и читање. Но, со оваа техника треба да ги „одглавите“ сите брзини помеѓу: прелистување, читање без изговарање, брзо читање, читање, бавно читање и забавено читање при соочување со збунувачки и тешки делови.rn

    8. Направете си ја содржината поинтересна

    rnКнигата по статистика, здодевната историја или политичките системи на големите сили не можат да станат интересни со сила, но вашиот пристап кон книгата може да направи значајна промена. Ако тргнете со позитивен пристап, полесно ќе останете фокусирани на содржината.rnrnНаместо да си речете: „Лелееее, кој ќе ја фаќа книгава пак?“, помислете си на сите важни и корисни работи кои можете да ги научите од неа доколку си го дозволите тоа. Ако содржината ви стане интересна, ќе можете да читате со потполн фокус. Потполниот фокус ќе ви го скрати времето на читање за 1/3, без да губите на разбирање на содржината.rnrnВодич: Совладајте ја техниката на брзо читањеrn

    9. Брзината на читање се постигнува со вежбање

    rnИако показалецот и неизговарањето на зборовите во себе, многу ќе влијаат на брзината на читање, сепак најважно е да го практикувате читањето. Ако редовно читате книга на неделно ниво, вашата брзина ќе се подобри. Едноставно: читајте повеќе за да читате побрзо!rnrnАко не читате на вашиот мајчин јазик, секако дека ова ќе ви биде најголема пречка бидејќи ќе треба да подзастанувате на секој непознат збор на кој ќе наидете.rnrnНо, дури и ако читате на вашиот јазик, многу автори имаат стил кој се карактеризира со многу јаки зборови, за кои најдобро е да ги побарате во лексикон, но само доколку често се повторуваат. Ако читате на англиски, користете го Гугл впишувајќи „define: зборот“.rnrnДруга придобивка од вежбањето на оваа тактика е добивањето осет за брзината на читање која треба да се примени на одреден тип содржина. Колку повеќе читате, толку повеќе вашата интуиција за овие работи ќе се зајакнува.rnrnВодич: Совладајте ја техниката на брзо читањеrn

    10. Почнете пребрзо, па подзабавете

    rnНа почеток, поставете си пред себе тешка задача. Почнете да читате побрзо одошто можете да разбирате, а по 2 прочитани страници, сменете го темпото така за да ви одговара. Повторно споредба со автопатот: кога возите со 100 км на час и ќе намалите на 70, тоа ви изгледа бавно, но ако возите со 50 и потоа качите на 70, ви делува како многу брзо иако се работи за истата брзина.rn

    Обидете се!

    rnСакате да знаете колку изнесува вашата брзина на читање? Земете нова книга и направете го следново:rn

      rn011

    • Поставете го тајмерот на една минута
    • rn011

    • Означете ја линијата од која почнувате да читате
    • rn011

    • Почнете да читате и застанете кога ќе сигнализира тајмерот
    • rn011

    • Означете ја линијата на која сте запреле
    • rn011

    • Избројте ги линиите што сте ги прочитале
    • rn011

    • Избројте ги зборовите што сте ги прочитале – изберете ја втората линија и вклучете ги сите зборови, вклучително и сврзниците, кратките заменски форми, честичките…
    • rn

    rn

    Бројот на линии x Бројот на зборови во една линија = Брзината на читање

    rn

    Вежбајте повеќе пати и повторно измерете ја својата брзина. Сигурно ќе има подобрување.

    rn

    Водич: Совладајте ја техниката на брзо читање

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.