КАФЕ ПАУЗА

Tag: танго

  • За танго се потребни двајца

    За танго се потребни двајца

    „Во тангото телата мора да создадат поле со спротивни набои. Раката мора да биде цврста но не и да турка. Нозете се во контакт, но не смеат меѓусебно да се ограничуваат, ниту да си пречат во движењата…“rnrnКнигата чии последни неколку страници ги завртев пред некој ден, ме поттикна да размислувам на мошне интересна тема. Нели тангото е како љубовните врски? Сите сме ја чуле онаа реченица: „Танцот е вертикално изразување на хоризонталните желби.“ И тоа е добро кажано.rnrnЗа танго се потребни двајцаrnrnМоите мисли ме одведоа до таму што дури по гледањето куп клипови на интернет, пробав да го изиграм сама. Едно време знаев, земав часови по танц. Па претпоставувам проблемот е или во тоа што поминало доста време откако последен пат сум го играла, или пак бидејќи играв сама?rnrnЗаклучив дека тангото не само што наликува, туку и на некој начин претставува цела дефиниција за љубовта. Прво, мора да танцуваш со повеќе партнери дур не најдеш таков со кого чекорите просто ќе ти одат лесно како вода и со кого ќе почувствуваш дека сте родени да танцувате заедно. Вие двајца ќе бидете навидум спротивни но ќе научите да си давате простор. И баш кога ќе ви се причини дека партнерот ќе ви се излизга од рака, тој ќе ве повлече кон себе. При несогласувања ќе мора да научите да балансирате и да си давате рамнотежа.rnrnЗа да се танцува, како и за да се љуби, мора да најдете партнер кој ќе ве разбира, ќе знае да ви ги прочита мислите и емоциите преку движењата, да ви го наслушне пулсот на срцето и да ве придржи за да не паднете. Тангото зрачи со сензуалност, две навидум спротивни енергии толку блиску една до друга. Неговата мажественост и нејзината женственост. И кога ќе се спојат настанува вистинска експлозија. Телесен и љубовен дијалог. На секое движење другата страна ќе одговори соодветно. Ѝ пркоси на математика. Тоа се двајца кои стануваат една целина. Тоа е танго. И доста се преокупирате да му ја најдете смислата, само танцувајте.rnrnНајважно од сè, танцот, како и љубовта, не е теорија туку пракса.rnrnЕлиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 причини да ја посетите Аргентина

    7 причини да ја посетите Аргентина

    Јужна Америка е дом на дел од најстарите светски цивилизации во светот како и на една неверојатна држава – Аргентина. Таа се наоѓа во долниот дел на Јужна Америка и е осма по големина во светот. Исто така таа е домот на тангото, високата трева пампас, едно од најдобрите говедски меса како и на пингвините. Да не заборавиме и дека таму се наоѓа еден од најдобрите светски градови – Буенос Аирес.rnrn7 причини да ја посетите АргентинаrnrnСе верува дека поради своите климатски и географски екстреми, Аргентина била многу слабо населена пред да стане колонија на Шпанија. И покрај тоа што пред многу години таа не била најпријателското место за населување, сепак тоа не значи дека не е одлично место за одмор. Кога станува збор за разновидност и можности, Аргентина има сè. Погледнете ги наредниве неколку причини поради кои, доколку имате шанса, дефинитивно би требало да ја посетите.rn

    1. Буенос Аирес, родното место на тангото

    rn7 причини да ја посетите АргентинаrnrnБуенос Аирес е домот на голем број танго-клубови, како и на разнобојните домови на улицата Каминито. Покрај тангото, во овој град можат да се видат најразлични видови улични танци и други активности кои целосно го оживуваат градот, особено во населбата La Boca. Буенос Аирес поседува сè што може да се очекува од еден светски град – мода, одлични ресторани, луд ноќен живот, музеи, зоолошки, паркови, театри и многу повеќе…rn

    2. Водопадите Игуасу

    rn7 причини да ја посетите АргентинаrnrnВодопадите Игуасу се наоѓаат на самата граница помеѓу Бразил и Аргентина во северниот дел од државата и се една од најголемите туристички атракции. Постојат од 273 до 300 индивидуални водопади со мали острови кои ги одделуват. Оние кои се поголеми авантуристи имаат можност со хеликоптер или со брод да се доближат многу блиску до ова природно чудо.rn

    3. Националниот парк Талампаја

    rn7 причини да ја посетите АргентинаrnrnНационалниот парк Талампаја е црвена пустина која се наоѓа во северозападниот дел од државата. Оваа пустина постои многу одамна и токму поради тоа таму можат да се најдат неверојатни камени формации за кои се верува дека датираат од пред милиони години. Дали знаевте дека најстарите коски од диносауруси биле пронајдени во Аргентина? Исто така постојат и многу цртежи од антички култури кои некогаш живееле во оваа област. Не е ни чудо што овој национален парк е под заштита на УНЕСКО.rn

    4. Аргентинските винарски визби

    rn7 причини да ја посетите АргентинаrnrnАко сте љубители на виното, тогаш сигурно веќе знаете дека Аргентина со години наназад ја гради својата репутација како производител на деликатесни вина. Но, доколку сакате да пробате одлични аргентински вина уште веднаш, тогаш ви ги препорачуваме „Malbec“, „Syrah“, „Cabernet Sauvignon“, „Sangiovese“, „Chardonnay“, „Viognier“ и „Sauvignon Blanc“.rn

    5. Барилоче, главниот град на медените месеци во Аргентина

    rn7 причини да ја посетите АргентинаrnrnАтмосферата која владее во овој град наликува на село во Швајцарија, а самиот град е опколен со планини каде што има центри за скијање, жичарници и продавници за чоколадо. Во текот на летото можете да одите на плажа покрај езерата. Што се однесува до храната, доколку сакате да конзумирате нешто друго покрај чоколадите, тогаш можете да најдете голем број ресторани со традиционална аргентинска кујна.rn

    6. Глечерите во Јужна Аргентина

    rn7 причини да ја посетите АргентинаrnrnКолку често може да ви се отвори можност да одите некаде каде што има глечери? Точно, тие знаат да бидат многу студени, но тоа не значи дека не се едни од најневеројатните светски природни чуда. И покрај тоа што има голем број области во Аргентина од каде што можете да гледате глечери, едно од најдобрите места за посета е националниот парк Лос Гласиарес.rn

    7. Дивиот свет

    rn7 причини да ја посетите АргентинаrnrnАргентина има разновидна фауна, која е многу ретка и необична. Доколку сакате морски животни, тогаш ви препорачуваме да го посетите полуостровот Валдес каде што можете да видите голем број морски цицачи и птици, вклучувајќи ги јужните китови и пингвините. Нуркањето е исто така многу популарна активност во Јужна Аргентина, со којашто можете од многу близу да видите дел од неверојатниот морски свет, како и некои од најпопуларните бродоломи.rnrnЗа оние кои повеќе ги интересираат земните животни, оваа област исто така е и домот на реата (птица која наликува на ној) и гуанакото (роднина на ламите). Доколку сте во потрага по нешто малку поразлично, тогаш дефинитивно би требало да ги посетите мочуриштата Ибера. Тие се вторите по големина мочуришта со свежа вода во светот, како и дом на голем број фасцинантни животински видови.

  • Романтично танго на два балони во пустина

    Романтично танго на два балони во пустина

    Животот мора да е тежок, ако си куче од балони кое живее во пустина полна со бодликави кактуси. Но, во моментот кога ќе ја сретнеш својата совршена партнерка за танго, сè може да се смени.rnrnРомантично танго на два балони во пустинаrnrnОваа кратка забавна анимација е креација на Hydra, а продуцирана од Humble TV. Уживајте во прекрасниот танц на талентираните балони. :)rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Страсно танго под вода

    Страсно танго под вода

    Двојка страсно игра танго под вода во серијата фотографии „Подводно танго“ на самоуката руска фотографка Катерина Бодрунова. Таа во сите свои дела се обидува да ги сруши рамките на физиката, па така во овие фотографии танчерскиот пар своите елегантни и грациозни движења ги прави додека слободно лебди под водата.Страсно танго под водаБодрунова вели дека за неа е задоволство да работи во амбиент кој е неверојатно тешко да се создаде. Во врска со тоа таа објаснува:rn
    rn

    „Понекогаш го менуваме просторот онака како што нам ни одговара, но понекогаш просторот, местото или времето поставуваат свои правила. Можеме да се бориме против тоа или да го прифатиме, изборот останува на нас.“

    rnСтрасно танго под водаСтрасно танго под водаСтрасно танго под водаСтрасно танго под водаСтрасно танго под водаСтрасно танго под водаСтрасно танго под водаСтрасно танго под вода
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кучиња кои танцуваат на латино звуци

    Кучиња кои танцуваат на латино звуци

    Автор: Маја Владимирова rnrnНеодамна видовме дека кучињата реагираат на музиката, односно на звуците на гитарата. Овојпат ќе ви прикажеме неколку видеа со кучиња, кои не само што реагираат на музиката, туку и уживаат во неа. Посебно на латино звуците. Кучиња кои танцуваат на латино звуци
    rn

    1.Чивава која игра фламенко

    rn


    rn

    2. Француска пудлица која игра танго

    rn


    rn

    3.Чивава која игра на „Waka Waka“

    rn


    rn

    4.Чивава која игра салса

    rn


    rn

    5. Тибетски териер кој игра салса

    rn


    rn

    6. И за крај, дали сте за една салса со овој златен ретривер?

    rn


    rn


    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.