КАФЕ ПАУЗА

Tag: Тајван

  • Би го посетиле ли ова митско кафуле со сирени?

    Би го посетиле ли ова митско кафуле со сирени?

    Ништо не може да ви го стопли срцето како топла шолја кафе и вашето омилено митско суштество. Благодарение на кафулето Остров на сирените (Mermaid Island Cafe), вие сега можете да ги поврзете двата света без да одите на подводни авантури. Со други зборови, можете да бидете сирени на копно, да уживате во вкусни пијалаци и да ги одморате очите со прекрасните бои околу вас.rn

    Погледнете ги само боите што се преливаат пред вас!

    rn(1) bi-go-posetile-li-ova-mitsko-kafule-so-sireni-www.kafepauza.mkrn

    Зарем има подобар начин за пиење ванила фрапе?

    rn(2) bi-go-posetile-li-ova-mitsko-kafule-so-sireni-www.kafepauza.mkrn

    Дали овие колачиња во форма на школки со бисери ве привлекуваат повеќе од сè на светот?

    rn(3) bi-go-posetile-li-ova-mitsko-kafule-so-sireni-www.kafepauza.mkrn

    И зарем сте виделе повкусно послужен оброк од овој?

    rn(4) bi-go-posetile-li-ova-mitsko-kafule-so-sireni-www.kafepauza.mkrn

    Секако, за целосно да се впуштите во искуството, треба да ја носите опашката на сирената што ви ја даваат на влезот

    rn(5) bi-go-posetile-li-ova-mitsko-kafule-so-sireni-www.kafepauza.mkrnrnЕдинствената маана на овој ресторан е неговата локација – тој се наоѓа во Тајланд. Но ако патиштата ве водат натаму, или пак, веќе сте таму, тогаш имате среќа! Дури и да не планирате да го посетите Тајланд, не можеме да замислиме подобра причина од ова кафуле за веднаш да ги спакувате вашите куфери. Се согласувате?rnrn(6) bi-go-posetile-li-ova-mitsko-kafule-so-sireni-www.kafepauza.mk

  • Свеж и разигран дом во Тајван со детали во јаки бои

    Свеж и разигран дом во Тајван со детали во јаки бои

    Станува збор за семеен стан со површина од 265 метри квадратни во Тајван, дизајниран од страна на „House Design Co“. Видливо е дека нагласената употреба на светли бои на целиот простор му дава разиграна, жива и ведра атмосфера.rnrnСвеж и разигран дом со детали во јаки бои rnrnСо одлична распределба на ентериерот, дизајнерите успеале да го зголемат количеството на природна светлина во инаку темниот и депресивен простор. Исто така, распоредот на собите е така направен, што едноставно придонесува за лесна интеракција меѓу сите членови на семејството. Од сликите подолу може да забележите дека станува збор за животен простор кој зрачи со карактер и разиграност, предизвикана од елементите во живи, јаки и впечатливи бои.rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Во Тајван можете да пиете кафе со слика од вашиот лик

    Во Тајван можете да пиете кафе со слика од вашиот лик

    Let’s café e синџир од кафе-продавници во Тајван распространет на повеќе од 2.000 локации. За да им понудат на купувачите нешто поразлично од конкурентните продавници за кафе, тие смислиле навистина креативна идеја – им овозможуваат на посетителите да направат фотографија од себеси со мобилен телефон, да ја постават во машината за кафе и да добијат напиток со уникатно дизајнирана површина – нивното лице.Во Тајван можете да пиете кафе со слика од вашиот ликМожеби е малку застрашувачки да си го сркате сопственото лице, но идејата не ги ограничува муштериите во нивната креативност.Во Тајван можете да пиете кафе со слика од вашиот ликОва е дефинитивно интересна форма на кафе-уметност или лате арт, која срцињата и лебедите од млечна пена ги прави здодевни во споредба со уникатните принтови во Let’s café, кои им овозможуваат на сите посетители да пијат единствено и неповторливо кафе. Во Тајван можете да пиете кафе со слика од вашиот лик Во Тајван можете да пиете кафе со слика од вашиот ликПогледнете го видеото за да го видите процесот на работа на оваа интересна машина за кафе.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кањони и клисури – неоткриена убавина

    Кањони и клисури – неоткриена убавина

    Кањоните и клисурите отсекогаш ги изненадувале посетителите со нивната длабока тишина, чувството на бегство од секојдневието и автентичните звуци. Затоа овие места се сметаат за природни засолништа.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Кањонот Антилопа во Аризона

    rnОвој комплексно извајан кањон во Навахо, во близина на Аризона, е вистински магнет за туристите. Кањонот Антилопа настанал така што водата создала длабоки и искривени ходници во песочникот, а од меката карпа произлегле форми во кои се испреплетени светлината и сенките. Најдобро време за да го доживеете овој феномен е периодот помеѓу март и октомври, кога сонцето е доволно високо на небото за да блесне директно во кањонот.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Клисурата Вердон во Франција

    rnКлисурата Вердон, која се наоѓа во областа Прованса, во Франција, не беше целосно истражена сè до почетокот на 20-от век. Клисурата длабока 2.000 метри го добила своето име според реката Вердон која поминува низ варовничките карпи покриени со зимзелени дрвја, создавајќи необична мешавина од камен и вода. Најдобар начин да ја истражите оваа клисура е да изнајмите кану, или да се движите по пешачките патеки низ специфичната флора и фауна.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Големиот кањон во Аризона

    rnГолемите карпести форми во црвена и кафеава боја се простираат во недоглед пред очите на посетителите, создавајќи една незаборавна глетка. Боите на Големиот кањон се менуваат во зависност од светлината, па така овие карпи може да добијат и темно виолетова боја. Овој кањон е создаден од водите на реката Колорадо и дава увид во историјата на Земјата.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Трите мали клисури во Кина

    rnТрите мали клисури во областа Вушан, во Кина, се лесно достапни за посетителите. Реката Данинг, позната по зелената боја, може да се помине и преку стариот мост направен од штици кој се наоѓа во најкратката од трите клисури. Сите три клисури се дом на смарагдно-зелениот бамбус и на ретки видови птици. Бродовите кои секојдневно минуваат низ овие клисури се најдобар начин да уживате во оваа природна формација.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Кањонот Брус во Јута

    rnФасцинантните карпести формации се главна карактеристика на прекрасниот пејзаж што го формира кањонот Брус во Јута, Америка. Црвено-розовите карпи од далеку изгледаат како стар, разрушен и напуштен град. Во овој кањон никогаш не течела река. Тој, всушност бил формиран со ерозија, надвор од платото, поради што, личи на огромен природен амфитеатар.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Клисурата Тароко во Тајван

    rnКлисурата Тароко е една од најпосетуваните дестинации во Тајван. Препознатлива е по стрмните карпи и бујната вегетација. Клисурата е дел од Националниот парк Тароко и е дом на многу животни, меѓу кои и црната мечка, разни видови мајмуни и над 100 видови птици. Оваа клисура, меѓу другото, изобилува и со многу топли извори, водопади, висечки мостови, храмови и светилишта.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Кањонот Вулингјуан во Кина

    rnКањонот Вулингјуан во Кина не е обичен кањон. Наместо карпи, овој кањон е составен од огромни и остри песочни столбови покриени со зимзелени дрвја. Вулингјуан, кој се наоѓа во провинцијата Хунан, стана првиот национален парк во Кина, а УНЕСКО во 1992 година го прогласи за светско наследство. Жичарницата на овој кањон води до неговата највисока точка од каде што може да уживате во прекрасниот поглед на пејзажот.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Клисурата Тодра во Мароко

    rnКлисурата Тодра во Мароко се смета за една од највисоките клисури во светот. Таа е вистинско чудо на природата, создадена од мароканските планини познати како Големи Атласи. Теренот овозможува качување по планините, но доколку повеќе сакате да пешачите, додека минувате низ клисурата може да забележите како нејзините ѕидови ја менуваат бојата, во зависност од положбата на сонцето.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Бакарниот кањон во Мексико

    rnБакарниот кањон го добил своето име според бојата на неговите ѕидови. Составен е од шест помали кањони во областа Чивава во Мексико, кои заедно сочинуваат еден голем кањон. Кањонот изобилува со тополи и со дабови шуми. За да се разгледа целиот кањон, потребни се околу 15 часа патување со воз.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Кањонот на реката Тара во Црна Гора

    rnКањонот на реката Тара во Црна Гора е најдлабокиот кањон во Европа. Формиран од реката Тара, варовничките ѕидови на овој кањон се издигнуваат над 1.600 метри над реката. Реката Тара се смета за една од најдобрите реки за рафтинг. Доколку поминувате по мостот Ѓурѓевица, може да уживате не само во бистрата вода на Тара, туку и во густите и зелени ридови покрај кањонот.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 најморничави напуштени градови

    10 најморничави напуштени градови

    Од секакви причини, со текот на времето, некои градови тотално умираат. Некои поради војни, други поради природни катастрофи, трети поради грешки на човекот. Сепак, нивните остатоци остануваат да сведочат за животот и историјата на местата, но мораме да се согласиме, сите тие делуваат многу морничаво.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

      rn011

    • Локација: Припјат, Украина (100 километри оддалечен од Киев)
    • rn011

    • Напуштен од: 1986 година
    • rn

    rnПриказна: На 26 април, 1986 година се случи големата експлозија во Нуклеарната централа Чернобил, која се наоѓа на 14,5 километри северно од градот. Повеќето вработени во централата живееле во градот, кој бил изграден токму за таа намена. Иако се преземени сите соодветни мерки за изолирање на реакторот, сепак градот и понатаму останува несигурен за живот. Засега во градот се врати само дивиот свет. Волците ловат диви свињи помеѓу опустошените згради и во напуштениот забавен парк, кој за некое чудо беше отворен утредента после експлозијата, за време на евакуацијата.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rnПриказна: Оваа област наречена Сан Жи оригинално беше предвидено да биде одморалиште за американските војници, кое се наоѓа северно од Тајпеј. Местото е многу познато по неговата архитектура и често се вели дека има НЛО-шмек. Сепак, изведбата наиде на тешкотии уште на самиот почеток. За време на изградбата многу работници починале во сообраќајни и многу други невообичаени незгоди. Отприлика загинале околу 20 луѓе, а за секоја незгода се верува дека имало натприродна причина за нејзиното случување. Некои шпекулираат дека одморалиштето било изградено врз холандски гробишта, други пак несреќите ги препишуваат на статуата на змејот која била уништена за време на градењето. Во секој случај, местото никогаш не ги дочека своите први гости, а проектот беше напуштен.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rnПриказна: Изграден на еден карпест врв, целта на градот Крако била да биде тешко освоив. Сепак, поставувањето на градот на карпа, почнало да претставува опасност за неговиот интегритет. По неколку земјотреси и лизгања на земјиштето, Крако бил напуштен, а луѓето се симнале на пониско земјиште. Денеска градот е одличен за истражување, а во него можат да се најдат голем број интересни цркви, како што е „Санта Моника дела Стела“.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rnПриказна: Некогаш успешна рударска заедница за дијаманти, Колманскоп сега е пустински град на духови, каде што во куќите е добредојден само песокот. Пустинскиот град бил изграден кога Германци откриле големи минерални богатства во регионот. Тие го изградиле градот во германски стил, со театар, сала за балови, како и со трамвајски систем, прв во Африка. Пустината го проголтала градот, откако рударите се отселиле. Песокот ги преплавил куќите, ги покрил улиците и полека ги избришал знаците од цивилизација.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: За време на индустриската револуција во Јапонија, компанијата „Мицубиши“ го изгради овој далечен остров, околу едно големо наоѓалиште на јаглен. Островот станал дом на 5.000 жители, кои биле помеѓу првите, кои во Јапонија живееле во згради направени од бетон. Скоро еден век, рударите со своите семејства живееле на островот. Сепак, во 60-тите и 70-тите години од минатиот век, во Јапонија почнале да се затвораат сите рудници за јаглен, па така се случило и со овој. Денеска во градот владее една пост-апокалиптична атмосфера, со празни улици и трошни згради и една морничава индустриска тишина. Од 2009 година, островот е отворен за туристи, и сите можат да ги посетат напуштените театри, кина, продавници, згради и другите објекти на него.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: За време на Втората светска војна, нацистичките трупи дошле во градот и целосно го уништиле, притоа убивајќи 642 луѓе. Запалените автомобили и живеалишта останале замрзнати во времето за да посведочат за монструозноста на војната и за спомен на луѓето кои го изгубиле својот живот. Овој масакр е еден од најтешките моменти во човештвото. Сите посетители на местото се замолуваат да останат тивки додека шетаат по меланхоличните улици.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: Во 1962 година, избувнал пожар во една депонија во градот. Пожарот кој брзо се ширел ги потпалил и наоѓалиштата за јаглен кои се наоѓаат под градот и оттогаш до ден денеска, огнот не престанува. Чад излегува од дупките по улиците и огромни дупки ненадејно се отвораат насекаде по земјата испуштајќи пламени и топлина која достигнува до 1.000 степени. Градот пополека низ годините бил евакуиран, иако мал дел од жителите сè уште не сакаат да се иселат, верувајќи дека се случува заговор против нив од страна на државата, за да им бидат одземени имотите под кои се наоѓаат големи наоѓалишта на јаглен.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: Од 2005 година овој град е заштитен од УНЕСКО. Хамберстон бил рафинерија за шалитра и се наоѓал во пустина, северно од Чиле. Животот во Чилеанскиот пампас бил екстремно редок, а населбата како Хамберстон била живеалиште и место за работа на многу рудари. Сепак, непријателската животна средина се покажа како непријатна и заканувачка по животот на жителите.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: За време на златната треска и во неговите најдобрите времиња, Боди бил еден од најголемите градови во цела Калифорнија. Боди прераснал во место исполнето со карактеристики на голем град, како што се цркви, болници, пожарни, па дури и кинеска улица. Денеска градот е празен и посетителите можат да прошетаат по улиците на надежта и златото.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: Илјадници грчки христијани живееле неколку стотици години во овој град, јужно од Фетие, во југозападна Турција. Овој град останал празен по Грчко-Турската војна. Повеќе од 500 куќи и неколку цркви скапуваат во оваа градина на распаѓачки скулптури. Некои се надеваат на повторно оживување на овој град, како што се фармерите и занаетчиите кои почнаа да го населуваат, но во многу мал број.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.