КАФЕ ПАУЗА

Tag: својства

  • Користете ја оваа билка за да ги исфрлите штетните материи од водата која ја пиете!

    Користете ја оваа билка за да ги исфрлите штетните материи од водата која ја пиете!

    Дали знаевте дека коријандерот може да ја прочисти водата? Прочитајте за неговите својства во продолжение!rnrnКористете ја оваа билка за да ги исфрлите штетните материи од водата која ја пиете!rnrnВо денешно време водата што ја пиеме е загадена со тешки метали и токсини. Кога ќе се земат предвид старите цевки низ кои оваа вода тече до нашите домаќинства, проблемот станува уште полош.rnrnВо таквата вода од чешма може да се најдат различни штетни и опасни материи, како што се флуор, жива, алуминиум, бакар и нитрати, како и хлор, кој се користи за прочистување на водата.rnrnБидејќи во летните денови имаме уште поголема потреба од хидратација, многу е важно да внимаваме на квалитетот на водата што ја пиеме, односно да ја консумираме прочистена.rnrnОд друга страна, со секојдневното консумирање загадена вода во организмот се таложат тешки метали и токсини кои со текот на времето можат да доведат до заболувања.rnrnПокрај вриењето и дестилирањето на водата, постојат и други природни начини за филтрирање или прочистување на водата од токсични материи.rnrnКоријандерот (лат. Coriandrum sativum) е суштинска состојка во азиските и мексиканските јадења. Изгледа како магдонос, но има многу поинтензивен вкус. Многу народи го ценат илјадници години, а денес е особено познат по моќните прочистувачки својства.rnrnОсвен тоа, го зајакнува имунитетот, поволно делува на варењето и ја намалува надуеноста, како и задржувањето на водата во организмот. Според студиите, по консумирањето на големи количини коријандер, значителни количини жива, олово и алуминиум се излачуваат во урината.rnrnОва растение има слично прочистувачко дејство кога го ставаме во вода. Истражувањата покажале дека грст коријандер е доволен за филтрирање на 2 литри вода.rnrnКога го потопувате коријандерот, без разлика дали е свеж или сув, во загадена вода, штетните честички, токсините и металите од водата се врзуваат или се лепат за него. Благодарение на ова, таквата вода станува многу побезбедна за пиење.rnrnОткриено е и дека ова растение најдобро ги врзува живата и оловото, два исклучително токсични и опасни тешки метали. Тајната на коријандерот се крие во структурата на надворешните ѕидови на микроскопските клетки на неговите лисја. Нивната порозна структура овозможува брза апсорпција на тешките метали од загадената вода во која се наоѓаат.rnrnМожете да ги исушите листовите од коријандер, а потоа да ги исечкате и да наполните ќесичка чај со нив. Потоа оставете ја ќесичката со коријандер да отстои неколку часа во вода за растението да ги впие тешките метали и другите нечистотии.rnrnОткако прочитавте за прочистувачките својства на коријандерот, можеби ќе сакате да прочитате и зошто коријандерот е суперхерој меѓу растенијата.rnrnИзвор: atma.hr

  • Сега е сезоната е ротквичките: Сè што треба да знаете за овој зеленчук кој освежува

    Сега е сезоната е ротквичките: Сè што треба да знаете за овој зеленчук кој освежува

    Ротквичките се вкусни, здрави и имаат малку калории.rnrnПоради содржината на хранливите витамини и минерали, тие го зајакнуваат имунитетот, ја поддржуваат работата на срцето и бубрезите.rnrnСега е сезоната е ротквичките: Сè што треба да знаете за овој зеленчук кој освежуваrn

    Каков гликемиски индекс имаат ротквичките?

    rnГликемискиот индекс на ротквичките е 15. Ова е низок индекс (под 55), што значи дека ротквичката полека се вари и не предизвикува ненадејно зголемување на гликозата во крвта. Може да биде дел од исхраната на луѓето кои имаат дијабетес и отпорност на инсулин. Покрај тоа, консумирањето на производи со низок гликемиски индекс помага во одржување на здравата тежина.rn

    Колку калории има ротквичката?

    rn100 грама ротквица има 21 kcal.rn

    Каква хранлива вредност имаат ротквичките?

    rnРотквичките се извор на многу вредни хранливи материи. Меѓу другото содржат и:rnrnВитамин Ц, витамини од групата Б и бета-каротенrnrnНивниот минерален состав е сочинет од: калиум, калциум, магнезиум, сулфур, бакар и фосфор.rn

    Какви карактеристики има ротквичката?

    rn

    Го зајакнува срцето

    rnРотквичката содржи диетални влакна кои спречуваат апсорпција на маснотии и холестерол од оброците и со тоа го намалуваат нивото на холестерол во крвта. Поради неговата содржина на калиум, може да помогне во намалување на притисокот. Затоа, 3-4 ротквички секој ден треба да бидат задолжителни на менито кај луѓето кои имаат кардиоваскуларни заболувања, хипертензија и висок холестерол.rn

    Ја подобрува еластичноста на телото

    rnДодавањето на ротквички во бело сирење или паста од туна ни дава солидна доза на витамини за појадок (особено Ц, Б1, Б2 и бета-каротен), како и минерали кои го зајакнуваат организмот и имунитетот.rn

    Помага во чистењето на телото од токсини

    rnЛадната супа од цвекло, се разбира со ротквичка, е една од главните јадења во диетите за чистење на телото од токсини. Ренданите ротквички ја подобруваат работата на црниот дроб и помага во детоксикација на телото, а исто така ги стимулира излачувањата од жолчката. Благодарение на ова, ваквиот зеленчук помага да се отстранат токсините од гастроинтестиналниот тракт и целото тело.rn

    Го подобрува варењето на храната

    rnЛутата, бела каша од ротквички е одличен додаток на сувото месо. Го поддржува варењето на масната храна, ја забрзува интестиналната перисталтика, спречувајќи дигестивни нарушувања и запек. Се верува дека малите ротквички, исто така, може да ги ублажат проблемите со желудникот.rn

    Ја зајакнува косата

    rnРотквичката е важна состојка во салатите. Содржи многу сулфур што го намалува опаѓањето на косата и го поттикнува нејзиниот раст. Исто така, спречува хиперпродукција на себум, т.е. мрсна коса.rn

    Спречува анемија

    rnСалатата од ротквички е идеална за вегетаријанци и бремени жени. Содржи фолна киселина и има уникатен состав од железо, бакар и манган. Овие супстанции имаат корисен ефект врз хематопоетските процеси, спречувајќи анемија.rn

    Ја регулира функцијата на бубрезите

    rnРотквиците треба да се консумираат и од луѓе кои имаат проблеми со бубрезите. Зеленчукот има диуретични својства, ја поддржува функцијата на бубрезите и спречува формирање на камен.rn

    Го поддржува губењето на телесната тежина

    rnРотквичките се одлични при држење диети и слабеење: тие имаат ниски калории и многу растителни влакна што го исполнуваат желудникот, обезбедувајќи чувство на ситост. Етеричните масла што ги содржат ротквичките го потиснуваат апетитот.rnrnПотрудете се ротквичките редовно да бидат дел од вашите салати оваа пролет!rnrnМожеби сакате да дознаете и дали консумирате здрава храна во погрешно време?

  • Здравствените придобивки од малините

    Здравствените придобивки од малините

    Малините спаѓаат во редот овошки кои се многу ценети поради своите лековити својства. Ова овошје е слатко и многу вкусно, а во себе не содржи голем број калории.rnrnЗдравствените придобивки од малинитеrnrnМалините се богати со растителни влакна, а се одличен извор на фруктоза, флавониди, витамини Ц и Е и минерали (особено калиум). Во себе содржи антоцијанини и полифенолни соединенија, кои се моќни антиоксиданси и имаат силна антиканцерогени својства.rnrnТие се многу здрави за нервниот систем и за крвните садови, а сокот од малини се користи и за лечење болести на желудникот и цревата. Покрај самиот плод и листот од малина може да се употреби како чај за зајакнување на срцето, лечење хемороиди и други работи.rnrnНекогаш овој чај се користел за лечење на стерилитетот кај жените бидејќи тој ги прочистува јајцеводите и има позитивно дејство на ѕидовите на матката.rnrnМалините се погоди и за исхраната на дијабетичарите бидејќи содржи многу мала количина јаглени хидрати.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тајните на водата

    Тајните на водата

    Автор: М. ДавидовскаrnrnСекој ден ја пиеме, а малкумина од нас знаат колку е таа моќна и значајна во нашиот живот. На 22 март се одбележа меѓународниот ден на водата. По тој повод, еве неколку познати и помалку познати факти за неа.rnrnТајните на водатаrnrnНашето тело има 80% вода, а исто толкав е процентот и на вкупната количина вода на Земјината топка. Толку многу вода, а уште повеќе тајни, кои таа ги крие во себе.rnrnНаучниците велат дека водата е мала молекула со крајно специфични својства. Не постои друга молекула, во која се откриени такви аномалии. Да не постоеше барем една од тие аномалии, немаше да постои животот на Земјава.rnrnВодата може да се наоѓа во три агрегатни состојби. Од сите течности, таа има највисок површински притисок и е најмоќниот растворувач.rnrnТајните на водатаrnrnРезултатите од експериментите изведени во многу држави, покажуваат дека водата го прима и помни секое дејство, кое се случува во нејзината околина. Доволно е да се допре до некој предмет, за да ги „разбере“ и меморира неговите својства.rn

    Помнејќи ја информацијата од околината, таа придобива нови својства, при што хемискиот состав не се менува. Досегашното гледиште беше дека за својствата на водата е важен единствено хемискиот состав. Сензационална новост е дека тоа претставува глупост. Структурата на водата всушност е многу поважна од хемискиот состав.

    rn

    Тајните на водата

    rn

    Структурата на водата се однесува на начинот на кој се организирани молекулите. Молекулите на водата се обединуваат во групи, наречени гроздови. Научниците претпоставуваат дека токму гроздовите се своевидни клетки на меморијата, во коишто водата запишува сè што гледа и чувствува.

    rnСо современи уреди е откриено дека секоја мемориска клетка содржи 440.000 информациони панели, од кои секој е одговорен за дадено взаемно дејство со околната средина.rnrnМолекуларната структура претставува „азбука на водата“. Со неа можете да создавате наредби и да ги менувате.rnrnТајните на водатаrnrnЕмоциите, позитивните и негативните делуваат најсилно. Во лабораторијата на прoф. Костантин Короткоф биле изведени многубројни експерименти за влијанието на човечките емоции врз водата. Водата реагирала на строго определен начин. Генерално, љубовта ја стабилизира, агресијата ја дестабилизирa.rnrnВо лабораторијата на д-р Емото се испитува водата подложена на различни делувања. „Впечатоците“ на водата се запазуваат со брзо замрзнување и со криогена камера.rnrn

    Тајните на водата
    Влијание на зборовите „Ти благодарам“ (лево), „Ми се лоши од тебе, ќе те убијам“ (десно)
    rnrn
    Тајните на водата
    Влијание од хеви метал музика (лево) и од Моцарт (десно)
    rn

    Современата технологија овозможува структурирање на водата. Обработувањето на земјата со структурирана вода навистина има ефект. Структурираната вода делува и на крвта на човекот. Терапија со таква вода го лечи организмот.

    rnФеноменот структурирана меморија и овозможува на водата да запамети сè наоколу, да биде врска меѓу сите живи системи. Секој од нас е внатре во информацискиот ланец. Секој од нас е извор на информација. Секое наше дејствие, мисла, емоција, збор се запаметува во водата.rnrnВодата ни дава живот, здравје и енергија. Разбудете ја свеста и користете ја водата на правилен начин.rnrnЛегендата вели: Ќе дојде ден кога целата вода на светот, освен онаа која ќе биде брижно сместена, ќе исчезне. А на нејзино место ќе се појави друга, од која луѓето ќе полудуваат.rnrnТајните на водатаrnrnСамо еден човек го сфатил сериозно пророштвото и си обезбедил резерви вода. Дошол претскажаниот ден кога сите извори пресушиле. Човекот пиел од своите резерви. Набрзо изворите се наполниле со нова вода. Луѓето пиеле жедно и сите полуделе, а тој човек продолжил да пие од својата вода и останал нормален. Тој бил единствениот „разумен“ сред „безумниците“. Сите луди го нарекувале луд. Тогаш тој ја излеал старата вода и се напил од новата и го загубил разумот. А безумниците сфатиле дека тој најпосле се здобил со разум…