КАФЕ ПАУЗА

Tag: светулки

  • Светулките се пред губење на нивната способност за емитување светлина, но тоа може да се спречи

    Светулките се пред губење на нивната способност за емитување светлина, но тоа може да се спречи

    Светулките беа сеприсутни на ноќното небо како ѕвезди. Сега овие инсекти се соочуваат со истребување, и да, виновни се луѓето.rnrnСветулките се пред губење на нивната способност за емитување светлина, но тоа може да се спречиrnrnОд скоро 2.000 видови светулки ширум светот, 200 се наоѓаат во САД. Сепак, многу од нив коишто некогаш беа вообичаени, сега се исчезнати. Постојат две главни причини зошто овие инсекти се во истребување: загадувањето на светлината и развојот. Згора на тоа, пестицидите, хербицидите што се користат за уништување несакана вегетација и сечењето на шумите, исто така играат голема улога во истребувањето на овие инсекти.rnrnМочуриштата и ливадите што некогаш беа осветлени од оваа биолуминисцентна бубачка полека исчезнуваат, благодарение на развојот на околината што за нив претставува дом.rn

    „Проблемот е во тоа што во Америка и во целиот свет, низ шумите и полињата минуваат патишта што создаваат голема бучава, за што придонесува и развојот на водниот сообраќај. Како што нивното живеалиште исчезнува заради развој на станбени и комерцијални објекти, така бројот на светулките се намалува“, се вели во едно истражување.

    rnБидејќи светулките се потпираат на биолуминисценцијата за размножување, вештачкото загадување на светлината влијае штетно на нивната популација. Машките светулки ги привлекуваат партнерките преку познатиот сјај по кој го имаат добиено нивното име, а за да биде ова успешно, потребна им е темнина.rn

    „Сметаме дека нивното парење може да биде попречено од премногу светлина околу местата каде што живеат“, изјавил Кристофер Хекшер, ентомолог на Државниот универзитет во Делавер.

    rnФактот дека светулките изумираат е индикатор за уште поголем проблем.rn

    „Ако светулките исчезнуваат, тоа значи дека губиме нешто многу повеќе од нив. Тие се индикатор за квалитетот на мочуриштата. Како исчезнуваат мочуриштата, така исчезнуваат и светулките“, изјави Хекшер.

    rnОткако ќе ги снема светулките, ќе ги немаме засекогаш. Но, не е предоцна да ги спасиме. Со цел да се осигураме дека идните генерации ќе уживаат во светулките во летата што доаѓаат, мора да преземеме акција. Исклучувањето на надворешните светла, може да им ја даде на светилките темнината што им е потребна за да најдат партнер. Покрај тоа, ако живеете во близина на мочуриште, одржувајте повисока трева во вашиот двор – со тоа на светулките ќе им дадете место за живеење. Исто така, избегнувајте пестициди и средства што ја уништуваат тревата кога се грижите за вашиот двор.rnrnСветулките не треба да бидат само сеќавање од нашето детство, тие треба да бидат и дел од нашата иднина.rn

    Автор: Мартин Митев

  • Танцот на златните светулки

    Танцот на златните светулки

    На овие магични фотографии можеме да видиме илјадници златни светулки, кои се направени со користење долга експозиција, а се објавени на блогот Digital Photo.Танцот на златните светулкиТанцот на златните светулкиСветулките се фотографирани на различни локации во јапонските префектури Манива и Окајама, во периодот помеѓу 2008 и 2011 година.Танцот на златните светулкиФотографиите се направени непосредно после бурна дождлива сезона во периодот јуни-јули, кога светулките се собираат на куп за да се парат.Танцот на златните светулкиНајверојатно чувството е волшебно да се биде помеѓу толку голем број златни, светкави инсекти, а креаторите на овие фотографии успеале тоа чувство да ни го пренесат во еден уникатно спакуван облик, кој ги одмора очите и душата.Танцот на златните светулкиТанцот на златните светулкиТанцот на златните светулкиТанцот на златните светулкиТанцот на златните светулкиТанцот на златните светулкиrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.