Цртањето со светлина е една од најинтересните форми на уметност. Уметниците кои работат со светлина, создаваат една поинаква, магична реалност во нивните фотографии. Вес Вели е „зависник“ од светлина, кој преку ден работи во компанија за електрична енергија, а навечер се претвора во величествен уметник.rnrn
rnrnМожеби ќе звучи неверојатно, но ниедна од неговите фотографии не се обработувани во Фотошоп за да изгледаат вака волшебно.rnrn
rnrn rn
„Не правам никаква софтверска обработка на моите фотографии. За да ги направам овие светлосни облици, користам електролуминисцентна жица, која ја вртам во круг и го фотографирам моментот додека таа се врти,“ – вели Вес.
rn
rnrnРаботната опрема на Вес се состои од фотоапарат Canon Rebel XS, електролуминисцентна жица, ленти со ЛЕД диоди, светлечки стапчиња, валјак и триногалка.rnrn
rnrn rn
„Ги закачувам лентите и жиците на валјак за молерисување и ја користам триногалката за да го вртам и притоа да создадам совршени кругови,“ – објаснува Вес.
rn
rnrnЗа да направи „огнен ефект“, Вес се служи со светлечки стапчиња.rnrn
rnrnВе оставаме да уживате во неговите магични уметнички творби.rnrn












rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
