КАФЕ ПАУЗА

Tag: страни

  • Кои се придобивките од 4-те положби на спиење во однос на страните на светот?

    Кои се придобивките од 4-те положби на спиење во однос на страните на светот?

    Нашите тела се под влијание на земјените полови, а насоченоста на главата во сонот може да предизвика нервоза, па дури и главоболка. Откријте која положба на спиење е најдобра за вас, а која може да ви создаде проблеми. Според фенг шуи, положбата на телото за време на спиењето има значително поголемо влијание врз здравјето и врз менталната состојба на човекот отколку што сте свесни. Во принцип, важно е креветот да не е на пресекот на струењето на воздухот, на пример на имагинарната линија што би се повлекла помеѓу воздухот и прозорецот. Ако е можно, собите што имаат неправилен облик не треба да бидат спални соби.rnrnКои се придобивките од 4-те положби на спиење во однос на страните на светот?rnrnАко често се вртите среде ноќ и спиењето ви е испрекинато, можно е позицијата на вашето тело во однос на земјените полови да не одговара, а секоја од четирите положби има свои предности и недостатоци. Тоа се определува според насоката на којашто е свртена вашата глава – север, југ, исток или запад. Земјените полови и нивната магнетна сила можат да го подобрат целокупното здравје, но и да предизвикаат главоболки и да активираат хронични здравствени состојби ако тие не се во согласност со положбата на телото.rn

    Главата свртена кон север

    rnОваа положба е идеална за луѓето кои страдаат од несоница, а особено за постарите лица. Таа смирува и го намалува нивото на крвниот притисок. Негативната страна на оваа положба е недостатокот на креативна енергија и ентузијазам.rn

    Главата свртена кон исток

    rnОваа позиција се смета за идеална за деца и млади. Поттикнува рано станување, енергија, раст и развој. Оваа положба е премногу интензивна за луѓето постари од 50 години. Бидејќи стимулира раст и активност, не е добра за хиперактивни луѓе и луѓе што лесно се вознемируваат.rn

    Главата свртена кон југ

    rnВо принцип, оваа позиција се поврзува со многу енергија, жешки соништа, силно либидо и кавги. Иако ја поттикнува страста кон животот, не е добро да спиете во оваа положба подолго време. Може да резултира со раздразливост и несоница и може да ви се појават драматични соништа.rn

    Главата свртена кон запад

    rnОваа позиција според фенг шуи е поврзана со чувството на задоволство, удобност и хедонизам. Иако создава позитивна атмосфера, може да поттикне и недостаток на енергија и мрзеливост. Затоа, не се препорачува за луѓе фокусирани на градењето кариера или на постигнувањето деловен успех.rnrnПрочитајте каде треба да го поставите креветот за добро да се наспиете.

  • Вистината за Рубиковата коцка

    Вистината за Рубиковата коцка

    Една од заблудите на минатиот век е дека култната Рубикова коцка е направена за детска забава. Точно е дека ја создал Унгарецот Ерно Рубик, затоа и го носи неговото име, но целта не му била да ги забавува луѓето низ светот, туку да ги објасни принципите на тродимензионалното планирање.rnrnВистината за Рубиковата коцкаrnrnРубик во тој период предавал архитектура и дизајн на мебел. Во 1974 година, обидувајќи се да направи 3Д визуелизација за своите студенти, тој ја дизајнирал коцката, не знаејќи дека всушност направил сложувалка. Таа се состоела од дваесет и седум мали коцки, врз кои ставил налепници во шест бои. Тогаш, никому не му било важно боите да бидат подредени, ниту на професорот, ниту на студентите.rnrnВистината за Рубиковата коцкаrnrnЗа правилно да се подредат сите шест страни на Рубиковата коцка, која на почетокот била нарекувана магична, постојат четириесет и три квинтилиони варијанти. Дури и самиот Ерно Рубик едвај ја решил сложувалката, после многукратни обиди. Но, откако го сторил тоа, дошол до идеја да го патентира пронајдокот како детска играчка. Тоа го направил по една година од дизајнирањето на коцката.rnrnВистината за Рубиковата коцкаrnrnИграчката немала посебен успех сè до 1980 година, кога за неа се заинтересирала американската компанија „Ideal Toys“ и го откупила патентот за пронајдокот. За кратко време компанијата успеала да продаде над 100.000 оригинални рубикови коцки, со што Ерно станал првиот легален милионер во социјалистичките земји. rnrnВистината за Рубиковата коцкаrnrnОваа култна играчка на осумдесеттите години и ден денеска е популарна. Се организираат бројни натпревари за нејзино брзо сложување. Засега, рекордот го држи Австралиецот Феликс Земндегс. Тој успеал да ја сложи за само 5,66 секунди.rnrnВистината за Рубиковата коцкаВистината за Рубиковата коцкаВистината за Рубиковата коцкаrnrnНајмалата Рубикова коцка изнесува само 8 милиметри. Покрај основниот облик на сложувалката, денеска на пазарот можат да се најдат и други, најразлични форми. Досега се продадени над 300.000.000 оригинални рубикови коцки и нејзини најразлични имитации.rnrnВистината за Рубиковата коцкаВистината за Рубиковата коцка
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.