За многу родители првата посета на стоматолог со своето дете е голем предизвик. Таа треба да се реализира пред првата година на детето или со никнувањето на првото запче. Првата посета на детскиот стоматолог не е едноставна за детето, па затоа родителите треба претходно да го подготват и да осмислат добра стратегија. Во спротивно, многу веројатно е детето понатаму да развие страв од посета на стоматолог. Ова се некои постапки кои може да ги примените во подготовката:rnrn
rn
Консултирајте го стоматолошкиот персонал
rnНајбрзата и најлесната подготовка треба да биде самата стоматолошка ординација каде што ќе одите. Консултирајте го персоналот кога ќе се јавите да закажете за тоа што може да ви понуди за да го подготвите детето за првата посета. Можеби тие имаат свои начини кои може да помогнат да се подготвите, во вид на водич за постапки кои треба да ги примените пред посетата.rn
Посетете ја веб-страница на ординацијата
rnПосетете ја веб-страницата на ординацијата за да видите дали нуди нешто што можеби сте заборавиле да го прашате персоналот додека сте закажувале. Исто така, повеќето ординации на своите веб-страници имаат фотографии или видеа на кои покажуваат како изгледа просторот во ординацијата. Овие слики и видеа покажете му ги на детето за да знае што би го очекувало при првата посета.rnrn
rn
Читајте книги на оваа тема
rnДоколку сте во можност пронајдете нова книга каде главниот лик посетува стоматолог. Секако, ако не сте во можност, препуштете се на имагинацијата и раскажувајте му на детето како неговиот омилен лик го посетил детскиот стоматолог, бил многу паметен и послушен, и сега има здрава и убава насмевка. Целта е детето да се поистовети со својот омилен лик и да се мотивира пријатно да ја прифати првата посета на стоматолог. Исто така, можеби би било добра идеја да читате книга во чекалницата на стоматолошката ординација пред контактот со стоматологот.rn
Вежбајте посета на стоматолог во вашиот дом
rnПостојат неколку работи што ќе се случат во ординацијата, а кои можат да бидат многу полесно изведени доколку детето е претходно подготвено. На пример, седењето на стоматолошката столица (сами или со мајката/таткото), отворањето на устата, четкањето на забите итн. За сите овие работи можете да разговарате и да ги вежбате дома со детето пред посетата. Користете смирен тон како би ја олесниле неговата комуникација и кооперативност со детскиот стоматолог.rnrn
rn
Генерална проба
rnЗлатното правило за подготвување на детето за на стоматолог, е детето да дојде во стоматолошката ординација пред вистинскиот ден на посетата. За време на оваа посета детето само се запознава со детскиот стоматолог и со персоналот, ја разгледува ординацијата и просторот, го осознава мирисот итн. Овие посети се одличен начин да му покажете на вашето дете дека нема од што да се плаши во стоматолошката ординација.rn
Посета наутро
rnОбрнете внимание на фактот дека посетите на детскиот стоматолог секогаш треба да бидат наутро. Тоа е така бидејќи децата во текот на денот се изморуваат, ја губат концентрацијата и поради тоа често не можат долго да седат на стоматолошката столица.rnrn
rn
Награда
rnМногу ефективен метод за подготовка на детето за одење на стоматолог е наградувањето. Пред посетата кажете му дека ќе добие награда за успешно поминатата посета на детскиот стоматолог. Тоа може да биде играчка или пак некоја омилена активност која тоа би сакало да ја прави по посетата.rn
Пишува: д-р Бојан Ангеловски

rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnЗа повеќе фотографии продолжете 
Контролата на тој страв е предизвик дури и за современата стоматологија. Обидите да се обезбеди безболност на процедурите ја создале денталната анестезија, а потоа, се појавил страв и од неа!rnrnОд првата употреба на воден раствор на кокаин, за анестезирање на заби во долната вилица, во 1800 година, се чини дека сетот од шприц и игла не еволуирал многу…rnrnНе сосема… Постои апарат кој целата процедура на анестезирање во устата ја носи на едно сосема поинакво ниво. Тоа е систем за компјутерски асистирана анестезија, кој со помош на сензори за контрола на притисок го вбризгува анестетикот во посакуваното место.
Уште подобри вести за оние плашливите: компјутерот го чувствува движењето на малата игла низ ткивото и испушта капки анестетичко средство пред неа, така што таа секогаш врви низ претходно анестезирано подрачје.
Во многуте клинички студии, пациентите кои ги примиле двете, и традиционалната и компјутерската анестезија, изјавиле дека не би се вратиле на стариот начин на анестезирање. Зборот со којшто најчесто било опишано чувството при компјутерски асистираната анестезија бил: „удобно“.rnrnПа, можеби кога ќе одите на следна посета кај стоматологот, нема да го имате тоа грозно чувство во стомакот!
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn

