Кучињата се најдобриот пријател на човекот, се согласувате? Тие се секогаш тука да ве расположат на лош ден, да направат нешто будалесто за да ве насмеат и секако, да ве дружат додека јадете. Токму затоа и воопшто не е чудно што видеата со кучињата се едни од најпопуларните на Интернет. Но, неодамна еден гиф го привлече вниманието на многумина. На него можеме да видиме куче што седнува во некаков вид столче и добива храна. Објаснувањето под гифот е дека кучето има дигестивни проблеми и дека неговото семејство му изградило столче за да може да јаде.rnrn
rnrnСтанува збор за Дејзи, саканото милениче на Даг и Грејс. Пред неколку години, Дејзи била дијагностицирана со автоимуна болест наречена мијастенија гравис. Болеста предизвикува различни нивоа на ослабување на мускулите на скелетот. Ветеринарот сметал дека оваа болест довела и до зголемување на хранопроводот кај Дејзи, правејќи ѝ да ѝ биде тешко да ја турка храната и течностите во нејзиниот стомак.rnrn
rnrnТокму затоа и ветеринарот им предложил на Даг и Грејс да ѝ направат специјален механизам наречен „столчето на Бејли“ со цел да ѝ помогнат да јаде. Семејството брзо го изградило, правејќи го најудобно што можеле, бидејќи Дејзи морала да ги јаде сите нејзини оброци во таа позиција. Мотивирана од храната, Дејзи брзо научила како да го користи столчето и оттогаш нејзиното здравје се подобрило. Таа не само што научила како да живее со нарушувањето, туку и ужива во новиот изум на семејството. Погледнете…rnrn

Tag: столче
-

Ова куче не можело да јаде ако не стои исправено, па неговото семејство му направило специјално столче
-

На кое од овие столчиња би седнале? Вашиот одговор открива колку среќа имате во љубовта
Со проценувањето и проучувањето на сопствената природа можете да откриете клучни квалитети и факти за вашата личност кои допринесуваат за успешен љубовен живот. Тогаш кога ќе станете вистински свесни за себе, ќе бидете навистина подготвени да се отворите за љубов. Кога знаете што да очекувате од себе, ќе знаете и што да очекувате од партнерот.rnrn
rnrnЗамислете ја следната ситуација. Влегувате во кафуле и гледате три празни столчиња на шанкот. Кое столче ќе го изберете за да седнете? Тоа столче не е обично столче. Тоа одредува каков партнер и љубовник сте.rnСтолчето од лево – реални, но забавни во љубовта
rn
rnrnВие сте отворена, дружељубива и реална личност. Имате голема самодоверба и не дозволувате негативните мисли да ви го окупираат вашиот ум. Исто така, слепо му верувате на партнерот и му ја давате слободата која му е потребна и која ја заслужува. Меѓутоа, за возврат очекувате многу. Сакате тој или таа да вложи онолку труд колку што вложувате и вие.rnrnВие знаете дека ниту едно чувство не може да трае вечно. Еден ден сте среќни, друг тажни, па следниот повторно среќни. Вие сте реална личност и знаете дека љубовта не е бајка. Го прифаќате фактот дека љубовта не може да биде секогаш мед и млеко, подготвени сте да ги прифатите и сите мали недостатоци кои доаѓаат со неа.rnrnАко се земе предвид трудот кој го вложувате во врската, понекогаш ве фрустрира кога партнерот не може да ви погоди нешто или едноставно да ви ги прочита мислите. Меѓутоа, отворени сте за комуникација и го прифаќате фактот дека сите сакаат на различен начин и дека сите се различни. Сакате да им кажувате на пријателите за партнерот и да се фалите со него.rnСтолчето во средина – лојални и посветени, но не и опсесивни
rn
rnrnВие сте личност која умее многу добро да се контролира. Еднаш кога ќе се заљубите, вашиот ум, тело и срце се посветени само на таа личност. Се предавате себеси целосно, дури и кога тоа ве остава ранливи. Тоа покажува дека имате беспрекорна доверба во партнерот. Целосно се менувате и станувате чувствителни на луѓето околу себе.rnrnСекогаш ќе бидете со партнерот во тешки времиња и ќе го поддржувате. Караниците, цимолењето и бегањето од проблемите не се ваш стил. Со задоволство разговарате додека не донесете заклучок што и двајцата ќе ве направи среќни.rnrnКако се менувате со љубовта, станувате нежни и чувствителни. Сето она што партнерот ќе го направи без ваше знаење, донесување на големи одлуки или првање на избор, вас ве повредува. Уште една ваша предност е дека не ги заборавате работите. Не само оние кои се добри за вашата врска, туку и за вас самите.rnСтолчето од десно – во почетокот исплашени, но подоцна самоуверени
rn
rnrnВие сте личност која во почетокот е мистериозна. Тоа е затоа што се плашите да му се отворите на партнерот, можеби заради лошото претходно лично искуство или набљудувајќи ги луѓето околу вас. Сепак, кога кончено ќе се отворите, вие сте оние кои вложуваат најмногу труд во врската. Барате само едноставни работи, како што се искреноста и транспарентноста. Не толерирате лаги.rnrnВие сте страстен љубовник, иако во почетокот сте исплашени да ги вложите сите чувства, бидејќи сте полни со страв дека ќе бидете повредени. Да бидете претпазливи не е лоша работа, но бидете доволно внимателни да не ја оттргнете другата личност од себе. -

Столче кое ќе ве натера да балансирате и да ги затегате мускулите
Автор: Сара ПренкrnrnСе сеќавате на оние денови кога како мали се држевте за маса, па балансиравте на задните две ногарки од столчето? Јас се сеќавам дури и на оние сите пати кога паѓав.rnrn
rnrnСо ова столче буквално нема да седите спокојно. Звучи малку мазохистички, но токму балансирањето е целта на овој дизајн. Направено од француската дизајнерка Беноа Малта, столчето треба да предизвика „поднослив дискомфорт“.rnrn
rnrnСпоред некои статистички податоци, постојат наоди дека седењето го скратува животниот век, но пак спротивно на тоа, стоењето со саати е исто така штетно. Овој дизајн ни нуди „златна средина“. Столчето „Inactivité“ има само две ногарки, па кога седнувате на него автоматски сте приморани активно да одржувате баланс. Самиот процес на балансирање ни ги активира мускулите на нозете и стомакот, па можеби е добро решение за оние кои немаат многу време за физичка активност.rnrn
rnrnКако што кажува и самата дизајнерка: „Ова столче предлага поинаков начин на седење.“rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

16 одлични начини да се пошегувате со некого на 1 април
Се ближи први април, па еве неколку кул идеи за оние кои сакаат да се пошегуваат со семејството, пријателите и колегите на овој ден.rn
1. Посадете семе за трева во тастатурата на вашиот колега
rn

rn2. Закачете воздушна труба на ѕидот зад вратата
rn
rn3. Ставете темперни бои на ветробранското стакло на автомобилот
rn
rn4. Понудете чаша вода на оригинален начин
rn
rnrn -

Креативен начин за новогодишно завиткување на „Iphone 5s“
Камуфлирањето подароци не е нешто ново, најчесто со цел од нешто најобично да излезе дека е нешто огромно и спектакуларно. Овој креативен корисник на „Reddit“, завиткувањето на новогодишните подароци го однел на едно сосема ново ниво. Тој ни покажува како да завиткате „Iphone 5s“ со цел да ги изненадите вашите најблиски.rnrn
rnrnКамуфлирањето на подарокот е одлично нешто, но секогаш е подобро да направите тој да изгледа полошо отколку што е. На овој начин реакцијата на тој за кого е наменет, ќе биде бесценета и незаборавна.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Сладок мебел од кој ќе ви се пријаде нешто благичко
Дизајнерот Боги Чен е креатор на овој разигран, сладок мебел во облик на огромни слатки. Серијата ја нарекува „Sweeties“, а се состои од столчиња во форма на мали тортички и бисквит-маса. Комбинирајќи го својот ентузијазам за храна и познавањата од индустрискиот дизајн, Боги ги изработил овие „вкусни“ предмети со сразмерна големина. На столчето кое личи на колаче, му се прилагодува висината од 30 до 50 см, во зависност од потребите на корисникот. Растопениот фил на колачето и кремот во сендвич-колачето се направени од полиуретан.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Одлични канцеларии за креативно исполнето работно време
Бидејќи сè повеќе работни позиции се врзани со целодневно седење на столче пред компјутер, многу е важно опкружувањето да биде релаксирачко и пријатно. Ентериерот треба да е добро смислен, просторијата светла и боите да му даваат живост на местото. Ова се неколку одлични примери како треба да изгледа еден работен простор, без разлика дали работите од дома или во канцеларијата на некоја фирма.rnrn
rn -

Скијање на вода на шанкерско столче
Автор: Весна ЈовановскаrnrnАко за да ги реализирате вашите желби, потребни ви се на пример, предмети кои во моментот не можете да си ги дозволите, тогаш обидете се да импровизирате. Може слободно да се послужите со нешто од вашиот дом. Но, погрижете се тоа да бидат ваши лични работи, бидејќи е можно да не успеете да ги сочувате во нивната првобитна положба. Погледнете како овој американец умешно скија на вода со шанкерско столче и дрвен диск…
Креативниот американец од Мисури, САД, покрај тоа што успева да седне на шанкерското столче, тој во еден момент се качува на него и исправено стои. Тоа што со голема брзина се движи по водата не го спречува без проблем да се сврти на столчето за 360 степени…rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
-

Столче во форма на филџан за кафе
Ова столче со интересен и креативен дизајн совршено може да се вклопи во секое кафуле. Дизајнирано е од Кореецот Sunhan Kwon, а името („Coffee Chair“) го добива според неговата очигледна форма. Столчето перфектно ги исполнува двата клучни дизајнерски елементи, функционалноста и декоративноста. Задниот дел т.е. потпората за грбот е изработена како силуета на филџан за кафе, на чија рачка можете да ја закачите вашата чанта или пак вашето палто.rnrn
rnrnТоа се произведува во „Bentek Furniture“, фабрика за мебел во Јужна Кореја, а е изработено од дрвен фурнир со европско потекло. Столчињата се со димензии 547 x 470 x 810 милиметри.rnrn
rnrnИнтересно видео за презентација на столчето:rnrnrn

rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Маса и столчиња од леб
Столчињата имаат една основна намена, а таа е да седиме на нив. Тоа би било така доколку би седеле на обични столчиња. Но, кога би седеле на столчињата на Enoc Armengol, седењето на столчето е непожелно. Овој шпански индустриски дизајнер, креирал сет од две столчиња (Panpaati chairs) и масичка, направени единствено од леб.
Не е препорачливо да седите на нив, бидејќи ногарка по ногарка, грицкајќи по малку ќе се најдете на подот, но затоа овие столчиња се одлични грицки за забави и роденденски подароци. Столчињата и масата се 100% наменети за јадење.rnrn
Столчињата дури може и да ги филувате по ваш вкус и да креирате необична пица која, наместо на столче, ќе ја јадете од него.