КАФЕ ПАУЗА

Tag: стоење

  • Одберете го начинот на кој стоите и дознајте што им кажува тоа на луѓето околу вас

    Одберете го начинот на кој стоите и дознајте што им кажува тоа на луѓето околу вас

    Говорот на телото е невербален начин на комуникација што открива многу за нашето мислење, расположение и карактер, без воопшто да отвориме уста. Сè што правиме, почнувајќи од држењето на телото, па сè до најсуптилните гестови открива нешто детално за нас. Ако знаете што барате, вие можете да добиете јасна претстава за нечиј карактер, дури и ако воопшто не го познавате. Исто така можете да го контролирате и тоа што им го покажувате на луѓето околу вас. Погледнете како…rnrnrn

    Паралелен став

    rnПаралелниот став се карактеризира со нозе што стојат право, близу и паралелно едни до други. Ако имате вакво држење на телото, вие изгледате високо, исправено и го држите грбот прав.rnrnОваа позиција е типична за луѓе што очекуваат некаков вид команда. Замислете ги војниците што разговараат со надредените и учениците што разговараат со професорите и ќе ви биде јасно какво чувство предизвикува ова држење на телото. Станува збор за неутрален став. Наведнувањето нанапред или наназад значи непријателство или отпор, но најчесто се работи за личност што се двоуми дали нешто да направи. Ако притоа и нозете ви се вкрстени, тогаш давате впечаток на срамежлива и несигурна личност.rnrnrn

    Раширени нозе

    rnОва држење на телото се карактеризира со исправена позиција, гради исфрлени нанапред и раширени нозе. Рацете можат да бидат скриени зад грб, далеку од погледот на соговорникот.rnrnОваа позиција најчесто може да се забележи кај мажите и тоа е невербален начин да ја покажат својата надмоќ. Во суштина ја користат луѓето што сакаат да остават впечаток на цврсти и сигурни личности. Кога станува збор за жените, тие ја заземаат оваа позиција кога сакаат да покажат доминација над мажите.rnrnrn

    Стапало вперено кон напред

    rnОва држење на телото се карактеризира со префрлање на тежината на една нога, додека другата е поместена кон напред. Горниот дел од телото може да биде отворен или затворен со вкрстени раце, но концентрацијата е на долниот дел од телото, односно на внатрешниот дел од нозете.rnrnЛуѓето што стојат на овој начин најчесто се опуштени, задоволни и самоуверени. Тие се сигурни во себе и знаат колку вредат. Добро се согласуваат со другите луѓе и лесно се снаоѓаат во сите ситуации. Но, и правецот на стапалото може да ви открие многу нешта. Ако стапалото е насочено кон одредена личност, тоа укажува интерес за неа. Ако е свртено во спротивна насока од соговорникот – вие едвај чекате да си одите.rnrnrn

    Вкрстени нозе

    rnОва држење на телото се карактеризира со една нога префрлена преку другата. Тежината на телото не е рамномерно распоредена и може да открива личност што сака да привлекува внимание (ако е навалена кон напред) или внимателна личност (ако е навалена кон назад).rnrnНајчесто жените стојат во оваа позиција и тоа укажува на фактот дека не одат никаде и дека уживаат во моментот со соговорникот. Кога мажите ќе застанат на овој начин, тоа значи дека заземаат цврст став за ситуацијата во која се наоѓаат. Од друга страна пак, ако не сакате некој да влегува во вашиот личен простор, ова е позицијата што веднаш ќе ја заземете.rnrnrnrnИзберете го најсреќниот пар според вас и откријте нешто за вашата љубовна врска!

  • Запознајте го Џорџ, мачорот што секогаш стои на две нозе

    Запознајте го Џорџ, мачорот што секогаш стои на две нозе

    Џорџ е еден сосема необичен мачор, затоа што уште од мал, стои само на двете задни нозе. Се прашувате зошто? Па, за да може подобро да ги види нештата кои што ги правиме ние луѓето. Неговиот сопственик вели дека Џорџ е мачор на кој ништо не може да му избега од вид. Најверојатно не му е лесно на овој човек, затоа што неговата мачка постојано го набљудува во сè што прави. Покрај тоа, Џорџ знае да биде и многу критички настроен. Тоа можете да го забележите од гримасите на неговото лице и честите негодувања во домот, а кои се забележани на фотографиите во галеријата.rnrn(0) Запознајте го Џорџ, мачорот што секогаш стои само на две нозеrnrn

  • Обидете се да не станете откако ќе ги прочитате овие 8 факти

    Обидете се да не станете откако ќе ги прочитате овие 8 факти

    Сигурни сме дека во моментов додека го читате ова вие седите. Но, откако ќе завршите со читање на овие факти, со сигурност ќе станете! Можеби дури и ќе почнете сериозно да размислувате за работна маса покрај која може да се стои…rnrnОбидете се да не станете откако ќе ги прочитате овие 8 фактиrnrn1. Една студија од Велика Британија открила дека луѓето кои најдолго седат имале 112% повеќе шанси да развијат дијабетес.rnrn2. Сакате поцврст задник? Стоењето може да ви помогне во тоа.rnrn3. Една студија од 2012 година која вклучувала скоро 12.000 испитаници од Австралија открила дека гледањето телевизија 6 часа на ден може да го намали вашиот животен век. За скоро 5 години!rnrn4. Предолгото седење ја намалува циркулацијата, а тоа може да доведе до згрутчување на крвта.rnrn5. Некои истражувачи откриле дека без разлика на тоа колку вежбате, седењето сепак може да биде штетно за вас. Едноставно не можете да избегате од тоа.rnrn6. Според една студија за сообраќајот од 2011 година, просечниот возач поминува 38 часа годишно заглавен во густ сообраќај. Тоа е премногу седење.rnrn7. Според голем број студии, оние кои стојат поголемиот дел од денот се повеќе фокусирани и попродуктивни.rnrn8. Една студија од 2013 година открила дека со стоењето се трошат околу 50 калории повеќе отколку со седењето. Со танцувањето се согоруваат уште повеќе!rnrn

  • Неколку чекори до правилно држење на телото

    Неколку чекори до правилно држење на телото

    Неверојатно е како само со подобрување на држењето на телото може да се стигне до толку многу бенефити. Правилното држење ја намалува болката во вратот, грбот и рамената, навидум ја зголемува висината, дава самоуверен изглед, ја зголемува концентрацијата, па дури може и да ја подобри работата на внатрешните органи. За жал, денешниот начин на живот бара најголемиот дел од времето да го поминуваме седејќи, со што доброто држење на телото е отежнато, но ако следните неколку совети ви станат дел од секојдневната рутина, тоа ќе се промени кон подобро.Неколку чекори до правилно држење на телотоrn

    Станете свесни за вашето сегашно држење

    rnПрв чекор кон решавање на овој проблем е прифаќањето на фактот дека лошо го држите телото. Многумина мислат дека имаат правилно држење ако го истакнат градниот кош напред и ја исправат главата, но тоа е погрешно. Телото се држи правилно кога ’рбетот е исправен, односно кога е благо накривен од вратот кон рамената и од рамената кон половината. Ако го држите телото како робот пак ќе се појават болки.Неколку чекори до правилно држење на телотоrn

    Стојте исправено

    rnЗастанете пред огледало и потрудете се да ги доведете ушите, рамената и колковите во права линија. Кога ќе го направите тоа, тогаш сте успеале да постигнете правилно држење на телото, но тука не е крајот. Следниот предизвик е да одолеете на потребата да ја навалите главата напред, по која ќе се навалат и рамената и претходниот труд ќе биде залуден.Неколку чекори до правилно држење на телотоrn

    Седете исправено

    rnАко денот го минувате во седечка положба важно е да седите на стол кој му одговара на вашиот ’рбет, а тоа обично се оние кои се малку искривени кај долниот дел од грбот и половината. Ако немате таков, мало перниче на тоа место многу ќе помогне. Вашето биро треба да биде високо колку и вашите лакти, држете ги рамената исправени во линија со колковите и немојте премногу да ја навалувате главата напред. Ако, пак, морате да ја навалите главата за да прочитате нешто на компјутерот, најдобро би било да го повлечете мониторот кон вас.Неколку чекори до правилно држење на телотоrn

    Спијте правилно

    rnДржењето на телото ќе го подобрите ако спиете на грб или на страна, а не се препорачува спиење на стомак. Кога спиете на страна поставете перниче помеѓу колената, а кога спиете на грб ставете го под нив. Тоа не е задолжително за да ја постигнете саканата цел, но несомнено ќе помогне.Неколку чекори до правилно држење на телотоrn

    Вежбајте

    rnОдржувањето на телото во добра кондиција ќе се забележи преку начинот на неговото држење. Без разлика дали трчате, вежбате јога или боречки вештини, ќе почувствувате дека нешто почнало да се менува. Ако, пак, не практикувате ниту еден спорт, посветете дел од денот барем на истегнување на мускулите на телото, меѓу кои и на оние кои се од важност за оваа цел.Неколку чекори до правилно држење на телото
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.