Нека вашата коса изгледа беспрекорно во секој момент, со овие едноставни трикови од професионалците, колекционирани во последниве 7 децении.
1. Камуфлирајте го подраснатиот корен, така што ќе го начешлате патецот во цикцак. – февруари, 1981rnrn2. Секоја вечер, чешлајте ја косата од коренот кон врвовите. Ова ја распоредува природната масленост по целата должина на косата и ѝ дава здрав сјај. – октомври, 2005rnrn3. Бидете директни кога му кажувате на фризерот што сакате да стори со вашата коса и понесувајте со себе фотографии од списанија, со разни фризури кои ви се допаѓаат. – април, 1971rnrn4. Планирате сами да си ја бојадисате косата? Немојте да правите многу драстична промена. Држете се во границите од една до две нијанси, во однос на вашата природна боја на коса. – март, 1955rnrn5. Чешлајте ја мократа коса како професионалец: чешлајте прамен по прамен од средината на косата кон врвовите, а потоа од коренот кон средината. – март, 1963rnrn6. Никогаш не му дозволувајте на вашиот стилист да ви ја менува природната линија на косата кај тилот. Таму влакната растат во различни правци и многу ќе стрчат кога ќе почнат да растат. – февруари, 1976rnrn7. Секогаш измивајте го регенераторот за коса со ладна вода, кој треба да го нанесувате само на врвовите. На овој начин, ќе ги скротите распуканите врвови и ќе ѝ дадете сјај на вашата коса. – септември, 2009rnrn8. Заштитете ја косата од сончевите зраци во топлите денови со марама или со шапка. – јуни, 1938rnrn9. Одложете го пукањето на врвовите, така што ќе спиете на свилена или сатенска навлака за перница. – септември, 2009rnrn10. Променете го вашиот патец, за да ѝ дадете енергија и волумен на вашата коса. – април, 2010rnrn11. За да ја поправите косата после носење капа, наведнете се надолу и протресете ја главата неколку пати. Потоа поминете со прстите низ косата, за да ѝ дадете волумен. За да ѝ дадете уште повеќе енергичност, наросете малку спреј за коса на четка со природни остри влакна, наведнете се и нежно чешлајте ја косата надолу. – февруари, 1990rnrn12. Спречете виткање на косата: употребувајте само чешел со широки запци, особено кога ја чешлате косата на суво. – јануари, 1940rnrn13. Доколку ја бојадисувате вашата коса, користете шампони и регенератори без содиум сулфат, кој е многу штетен за косата. Користете понежни производи за коса, кои не содржат штетни состојки. – септември, 2009rnrnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.