Имате ли некој во друштво кој постојано ве забавува, кажува шеги и се однесува како комичар? Според неодамнешното истражување објавено во Меѓународното списание за кардиологија, колку сте посмешни и позабавни, толку поголема е веројатноста дека ќе го изгубите животот порано.rnrn
rnrnИстражувачите ја споредиле возраста на која починале три групи на луѓе: Актери кои глумеле во драми, актери кои глумеле во комедии и стендап комичари. Резултатите покажале дека стендап комичарите се изложени на два пати поголем ризик да починат помлади од останатите групи актери. Имено, стендап комичарите умираат во просек 2,5 до 3 години порано од актерите кои глумат во драми и 2 години порано од актерите кои глумат во комедии.rnrnШокантно е тоа што колку подобар комичар сте толку поголеми се шансите дека ќе го изгубите животот порано. Кај подобрите комичари шансите дека ќе починат на помлади години се 70% поголеми од оние кај полошите комичари.rnrnВреди да се спомене дека повеќето стендап комичари настапуваат и патуваат сами, така што депресијата не е ретка појава кај овие луѓе, а тоа доведува до сериозни здравствени последици.rnrnСекако дека резултатите од ова истражување не треба да се земаат здраво за готово, но ако го земеме примерот на Робин Вилијамс и други комичари кои завршиле трагично, ќе дојдеме до заклучок дека можеби има некоја вистина во сето ова…rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема , прочитајте зошто мрачната смисла за хумор е знак за висока интелигенција.
Tag: стенд-ап
-

Науката открива: Луѓето со добра смисла за хумор умираат порано од останатите
-

Мултиталентираниот Азиз Ансари
Азиз Ансари е американски актер, писател, продуцент и неверојатно забавен стенд-ап комичар. Роден е на 23 февруари, 1983 година во Колумбија, Јужна Каролина. Меѓу неговите најпознати појавувања на филмското платно се оние во „Смешни луѓе“ (Funny People), „Те сакам, човеку“ (I Love You, Man), „За помалку од 30 минути“ (30 Minutes or Less)…rnrnСвојата кариера пак, како стенд-ап комичар ја започнал во 2001-та година, во Њујорк, каде и го продолжил своето образование. На ова поле денеска може да се каже дека е најдобар и најдокажан.
Меѓу неговите најнови точки се „Губење време на интернет“ и „СМС комуникација со девојките“, како дел од последно лансираниот стенд-ап материјал „Опасно вкусни“, достапен по цена од 5 американски долари на неговиот официјален веб-сајт.rnrn
rn
rnrnНеговото најпопуларно Јутјуб видео пак, е кога зборува за неговиот млад роднина Харис.rnrnАнсари не ги штеди ниту пријателите од јавниот живот. Покрај со актуелните случувања, настапите често ги зачинува и со шеги на нивна сметка. Како јавно деклариран фан на рап музиката, инспирацијата за неговите стенд-ап точки најмногу ја црпи од неговите пријатели-рапери.rn
rn
rn
rn
rnrnВо последните неколку години тој стана особено интересен за медиумите. Чест гостин е и во познатите полноќни шоуа. Како највпечатливо и најзабавно го издвојуваме неговото појавување кај Џими Кимел, каде отворено зборува дека се плаши од бебињата.rnrn
Ансари важи и за еден од 10-те најзабавни твитерџии. Прочитајте мал дел од неговите твитови, меѓу кои е и преписката со претседателот Обама.rnrn
„Имам повеќе твитер следебеници од тебе, човеку“ – порака на Обама до Ансари
rnrn
„Обама ме предизвикува, тврдејќи дека имам недостаток на твитер следбеници. Нереално“ – реакцијата на Ансари за претседателскиот коментар.
rnrn
„Не сум белец, но блиску сум до Мексиканец.“
rn
„Мала помош за вашата ‘полноќна акција’: Извинете, но дали некој некогаш ви кажал дека личите на афроамериканска верзија од Џенифер Анистон?“
rn
„Му оставив говорна порака со доооолга пцовка на оној што ми го украде ајфонот, за да подоцна сфатам дека всушност јас сум единствениот што ќе ја слуша таа порака.“
rn
„Ве прогласувам за маж и ноже (I now pronounce you man and KNIFE…).“
rn
„Не ги сакам атрактивните жени. Тие никогаш не ја држат вратата од лифтот отворена за мене и мислат дека секогаш можат да влезат преку ред во заедничките купатила.“
rn
„Њујоршки гангстер во Норвешка? Како е тоа можно?“
rnrnВо продолжение, погледнете уште неколку од настапите на фантастичниот Ансари:rn
rn
rnrn
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Генијалноста на легендарниот комичар Џорџ Карлин
Џорџ Карлин – човекот кој за религијата и политиката зборуваше без влакна на јазикот. Своите ставови по овие прашања му обезбедија посебно место во светот на стенд-ап комедијата. Со неговиот вознемирувачки црн хумор и критика, Карлин стана особено омилен кај публиката. На тапет кај Ирецот беше американското општество.rnrnНа 22 јуни, 2008 година, светот остана без легендарниот комичар, но очигледно не и без неговото влијание. Тој е меѓу најцитираните личности, а неговите видеа се меѓу најгледаните на интернет…
rn„Атеизмот е непрофитна организација.“
rn
„Пливањето не е спорт. Пливањето е начин да се спасите од давење. Тоа е само здрав разум!“
rn
„Ако е точно дека нашиот вид е единствен во универзумот, тогаш морам да кажам дека универзумот имал прилично ниска цел и се задоволил со многу малку.“
rn
„Само што ја открив суштината на животот… и тие ја сменија.“
rn
„Повеќето луѓе работат доволно напорно за да не бидат отпуштени од работа и доволно се платени за да не дадат отказ.“
rn
„Немам страв од височина. Страв ми е да не паднам од височина“.
rn
rn
rn„Имам исто толку авторитет колку и Папата. Само немам толку луѓе кои веруваат во него.“
rn
„Искреноста може да биде најдобрата политика, но важно е да се запамети дека очигледно, по пат на елиминација, нечесноста станува втората најдобра политика.“
rn
„Никој не знае што е следно, но сите го прават тоа.“
rn
„Причината за тоа што разговарам самиот со себе е тоа што јас сум единствениот чии одговори ги прифаќам.“
rn
„Временска прогноза за вечерва: Темница. Таа ќе продолжи во текот на целата ноќ и ќе заврши со широко распрскана утринска светлина.“
rn
„Јас не сакам да мислам на законите како на правила што мора да се следат, туку повеќе како на предлози.“
rn
rn
rn„Должноста на еден комичар е да дознае до каде е границата и намерно да ја премине.“
rn
„Дали сте забележале дека оној што вози побавно од вас е идиот, а оној што вози побрзо манијак?“
rn
„И ‘немам коментар’ е коментар.“
rn
„Кога се раѓате добивате карта за шоуто на фрикови, а кога се раѓате во Америка добивате седиште во првиот ред.“
rn
„Планетата е во ред. Луѓето се за никаде.“
rn
„Единствената добра работа која произлезе од религијата е музиката.“
rn
rn
rn„Дали сте забележале дека адвокатот е секогаш со поширока насмевка од клиентот?“
rn
„Го нарекуваат ‘Американски сон’, бидејќи за да поверувате во него, вие мора да сте поспани.“
rn
„Религијата е како пар чевли… Најдете пар што ви одговара, но не терајте ме да ги носам вашите чевли.“
rn
„Смејте се често, долго и гласно. Смејте се сè додека не останете без здив.“
rn
„Некои ја гледаат чашата полупразна, некои полуполна. Јас ја гледам два пати поголема отколку што треба да биде.“
rn
„Никогаш не потценувајте ја моќта на глупавите луѓе во големи групи.“
rn
rn
rn„Издвојувањето на посебен дел за пушачи во рестораните е исто како да издвоите посебен дел за мочање во базените.“
rn
„Ако 4 од 5 луѓе страдаат од дијареа, дали тоа значи дека еден ужива во неа?“
rn
„Што ако немаше хипотетички прашања?“
rn
„Во секоја ситуација има по една смешна страна. Предизвикот е да ја пронајдете.“
rn
„Не давајте ù ги парите на црквата. Таа треба вам да ви ги дава нејзините пари.“
rn
„Постојат ноќи кога волците се тивки, а месечината завива.“
rn
„Во секој циничен човек, живее разочаран идеалист.“
rn
„Помислете колку е глупав просечниот човек и ќе сфатите дека половината од луѓето се поглупави и од тоа.“
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Џеф Данам и неговиот хумор без граници
Џеф Данам е американски вентрилоквист (зборување од стомак) и стенд-ап комичар. Неговата популарност постојано расте, а неговиот хумор се шири како зараза. Запознајте ги најпопуларните ликови на Данам…
На врвот е Ахмед – мртвиот терорист. Тој е бомбаш-самоубиец, кој често вели дека не е ниту Арап, ниту муслиман, бидејќи на задникот му пишува дека е произведен во Кина. 🙂 Неговата најпозната реченица е: „Тишина, ќе ве убијам“. Минатата година Данам нè запозна и со синот на Ахмет, Еј Џеј.rnrnНиту Мелвин нема да ве остави рамнодушни. Ќе ве насмее до солзи, со неговите шеги на сметка на суперхероите. Облечен е во син костум на суперхерој и тврди дека поседува две натчовечки особини, рендгенски вид и способност за летање. Кога Данам го прашува колку далеку може да лета, тој му одговара со: „Колку далеку можеш да ме фрлиш?“rn
rnВолтер пак, е оженет и мрзлив пензионер, со негативен поглед на денешницата. Тој е виетнамски ветеран и поранешен заварувач, кој не може да ја поднесе сопругата.rn
rn
rnrnДанам, преку своите кукли, често се шегува и на своја сметка. Тоа најдобро го прави преку хиперактивниот Пинат. Овој лик е особено интересен. Тој е виолетов, има зелен прамен коса и носи само една патика на левата нога. За разлика од останатите ликови, неговите веѓи не се мрдаат. Опишан е како „лошото дете“.rnrn
rn
Овој неверојатно талентиран комичар има и своја кукла-менаџер. Тоа е Афроамериканецот Свит Деди Ди, кој се претставува како макро на Данам. Погледнете зошто:
rnrn
rn
Меѓу најпопуларните ликови е и Хозе Халапињо. Тој е кукла на стапче, која зборува американски со шпански акцент. Носи малечко сомбреро и мустаќи. Обично настапува во комбинација со Пинат. Тука е и пивопиецот Баба Џеј. Тој може да мрда само со едното око и тоа кон лево…rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.