КАФЕ ПАУЗА

Tag: стадион

  • Стадионот во Берлин претворен во огромна дневна соба за светското првенство

    Стадионот во Берлин претворен во огромна дневна соба за светското првенство

    За време на овогодишното светско првенство во фудбал, стадионот „An der Alten Forsterei“ во Берлин е трансформиран во огромна дневна соба. Теренот е опремен со 750 каучи (донесени од фановите) кои имаат свои сопствени клуб маси и ламби. Сите овие каучи се насочени кон огромниот ТВ екран со големина од 700 инчи. Интересно е што влезот на стадионот е бесплатен, а седиштата се распределуваат преку лотарија. На теренот можат да се соберат и до 12.000 фудбалски фанови. Можете само да замислите колку е лудо кога игра Германија. Па, зарем има подобра атмосфера за следење на вашиот омилен тим?rnrnСтадионот во Берлин кој е претворен во огромна дневна соба за светското првенствоrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Навивачко шаренило на ЕУРО 2012

    Навивачко шаренило на ЕУРО 2012

    Фудбалот е прекрасна игра која на магичен начин успева да привлече десетици илјади навивачи на стадионите, а за време на големите манифестации како Европското првенство ги тера луѓето да отпатуваат илјадници километри само за да го бодрат својот тим. Таму секој пристигнува со обележјата на тимот за кој навива, формирајќи шарена слика адекватна на различните култури кои се судираат на спортскиот фестивал.Навивачко шаренило на ЕУРО 2012Навивачко шаренило на ЕУРО 2012Навивачко шаренило на ЕУРО 2012Навивачко шаренило на ЕУРО 2012Навивачко шаренило на ЕУРО 2012Навивачко шаренило на ЕУРО 2012Навивачко шаренило на ЕУРО 2012Навивачко шаренило на ЕУРО 2012Навивачко шаренило на ЕУРО 2012Навивачко шаренило на ЕУРО 2012Навивачко шаренило на ЕУРО 2012Навивачко шаренило на ЕУРО 2012Навивачко шаренило на ЕУРО 2012Навивачко шаренило на ЕУРО 2012Навивачко шаренило на ЕУРО 2012Навивачко шаренило на ЕУРО 2012Навивачко шаренило на ЕУРО 2012Навивачко шаренило на ЕУРО 2012Навивачко шаренило на ЕУРО 2012Навивачко шаренило на ЕУРО 2012Навивачко шаренило на ЕУРО 2012Навивачко шаренило на ЕУРО 2012Навивачко шаренило на ЕУРО 2012Навивачко шаренило на ЕУРО 2012Навивачко шаренило на ЕУРО 2012
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 причини да гледате ЕУРО 2012

    10 причини да гледате ЕУРО 2012

    Иако знаете дека нема каде да побегнете од Европското првенство во фудбал, еве ви десет причини кои и без тоа нема да ви дадат да се одлепите од телевизорот.10 причини да гледате ЕУРО 2012rn

    1. ЕУРО 2012 е празник

    rnСекое големо фудбалско натпреварување е празник затоа што фудбалот е религија за многумина. Однесувањето на многу навивачи зависи од правилата на фер плејот, па сè до перформансите на нивниот тим. Тие преферираат за фудбал да разговараат со свои „истомисленици“ и се спремни да тргнат во „света војна“ (со зборови) со противниците. Сепак, сега е време за празнување и за славење на добрите страни на своите миленици.rn
    rn

    2. Поле за културен натпревар меѓу народите

    rnЛуѓето веќе не заминуваат во војна за да ја докажуваат силата на својата нација, туку наоѓаат мирни начини за да ја постигнат таквата цел. Веројатно тоа е една од главните причини заради која толку многу луѓе еуфорично следат што ќе се случува на турнирот. На теренот Шпанците и Португалците играат технички дотерано, брзо и со многу страст, Германците никогаш не се даваат, Италијанците играат бавно, а Балканците во момент на инспирација можат против секого. Вистинска борба на различни менталитети.rn
    rn

    3. За инает на европските политичари

    rnИако беше поканет, францускиот претседател Франсоа Оланд најави дека нема да оди на Европското првенство поради расизмот на стадионите во Полска и Украина. Навистина, во овие две земји и на стадионите низ цел свет се случуваат одвратни расистички испади на навивачите, но Оланд и некои други европски политичари се обидуваат преку овој настан да направат политички притисок врз двете земји. Гледајте ЕУРО 2012, барем за инает на овие политичари.10 причини да гледате ЕУРО 2012rn

    4. Ќе има драма

    rnОние коишто редовно гледаат фудбал можат да ви набројат по неколку натпревари во кои за малку ќе доживееле инфаркт. Фудбалот нуди неверојатна драма, придружена со многу емоции, која кулминира кон крајот на натпреварот, а потоа останува само да се прераскажува.rn
    rn

    5. Навивачите

    rnВо отсуство на Африканците и Јужноамериканците можеби нема да биде толку шарено на трибините како што обично е на светските првенства, но Европа сè уште е микс на различни култури кој се рефлектира и на трибините. И на ова првенство ќе се нагледаме интересно „дотерани“ навивачи и интересни навивачки кореографии.rn
    rn

    6. Зозулица – украинската вувузела

    rnУкраинците имаат замена за африканската вувузела, онаа направа за дување со непријатен звук кој се слушаше за време на Светското првенство пред две години. Нивниот инструмент се вика зозулица, во минатото ја користеле повеќето словенски народи, а има далеку попријатен звук од вувузелата.10 причини да гледате ЕУРО 2012rn

    7. Животните кои ќе ги прогнозираат победниците

    rnОктоподот Пол не е повеќе жив, но Полјаците и Украинците веќе имаат кандидати кои ќе го продолжат неговото дело. Слоницата Чита од Полска и едно прасе од Украина чие име не се открива се двете „видовити“ животни кои ќе се борат за светска слава користејќи ја својата „дарба“ да го предвидат победникот на секој натпревар. Се разбира, покрај нив се појавија уште еден куп животни кои „знаат“ кој ќе биде шампион, но само овие двајца имаат статус на „официјални прогнозери“.rn
    rn

    8. Мајсторите на играта

    rnТука ќе бидат собрани најдобрите фудбалери од цела Европа. Овие луѓе знаат да прават спектакуларни работи со топката кои предизвикуваат восхит дури и кај оние кои не се љубители на овој спорт.rn
    rn

    9. Фудбалерите за понежниот пол

    rnНа ЕУРО 2012 ќе се појават вкупно 368 фудбалери, па девојките кои не следат фудбал имаат голем избор да најдат некој кој им се допаѓа и редовно да навиваат за него.rn
    rn

    10. Убав повод за дружење

    rnГледањето фудбал во друштво веќе стана ритуал во светот и кај нас, па ако сакате да се видите со некого додека трае шампионатот, еве еден убав повод. Можете да одите во кое било кафуле или ресторан, или пак да набавите грицки и пијачки и да соберете друштво дома. Ако ги избегнете оние кои „знаат“ кој натпревар е наместен, ја имате најубавата причина да следите натпревар од најубавата игра на светот.10 причини да гледате ЕУРО 2012
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Животните и фудбалот

    Животните и фудбалот

    Сите ќе се сложите со фактот дека фудбалот е движечката сила кога ќе се спомне спортот. За време на натпреварите од светски рамки, сите се пред телевизорот и бурно ги пратат своите тимови. Стадионите преполни, милион срца бијат само за тие 11 играчи кои целосно се предаваат на играта. Едноставно се живее за овој спорт. Имајќи го предвид сето ова, погледнете како животните би се вклопиле во глобалната слика:)Животните и фудбалотЖивотните и фудбалотЖивотните и фудбалотЖивотните и фудбалотЖивотните и фудбалотЖивотните и фудбалотЖивотните и фудбалотЖивотните и фудбалотЖивотните и фудбалотЖивотните и фудбалотЖивотните и фудбалот
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Масичка за фудбал од 68.000 долари

    Масичка за фудбал од 68.000 долари

    Дали ги паметите забавните маси за играње фудбал, кои порано можеа да се најдат во секоја флиперница? Епа, забавата на ваквите маси се искачи на едно многу повисоко ниво, откако компанијата „Gro“ реши да ја создаде масата „The beautiful game“ (Прекрасната игра). Елеганцијата и луксузот се во преден план на оваа сјајна, хромирана масичка за фудбал, која е создадена благодарение на инспирацијата од стадионите низ светот.Масичка за фудбал од 68.000 долари.rn

    „Многу од новите стадиони изградени во последниве години имаат силна архитектурна и скулпторна убавина и притоа постануваат знаменитости во градовите и ја подобруваат нивната локална визуелна средина. Ние сакавме да ја направиме нашата маса еднакво спектакуларна и незаборавна, збогатувајќи го просторот каде што ќе биде поставена.“ – велат од компанијата

    rnМасичка за фудбал од 68.000 долариМасичка за фудбал од 68.000 долариВо дизајнот на масата, компанијата „Gro“ вклучила и шармантен мини манифест во кој пренесуваат порака против стерилниот и асоцијален начин на играње видеоигри во оваа дигитална ера. Играњето на маса за фудбал е многу повеќе од само вртење на рачките, бидејќи вклучува тактика, возбуда и многу изненадувања, сè што треба да има во еден спорт. Па доколку ви се допаѓа ова што го гледате и сакате да додадете еден ваков луксузен и стилски елемент во вашата куќа, спремете си, ни повеќе ни помалку, туку 68.000 американски долари.Масичка за фудбал од 68.000 долариМасичка за фудбал од 68.000 долари
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn