Иако стиловите кои нè инспирираа оваа година се сѐ уште тука, доаѓа и нова плејада модни трендови кои очекуваме да доминираат во новата 2016. За среќа, социјалните мрежи се тука да дадат неколку совети на што да обрнеме внимание во новата година. Започнувајќи од спортска и лесна облека, па сè до разнобојни инспирации, погледнете ги овие 10 трендови кои ќе сакате да ги пробате уште веднаш.rnrn1. Патиките кои ја вратија модата од „старото школо“ во 2015-та, ќе останат важен моден дел од изгледот и во 2016-та.rnrn
rnrn2. Од претерани форми до стакла кои ја рефлектираат светлината, очилата за сонце ќе бидат омилен моден додаток во новата година.rnrn
rnrn3. Патиките, хеланките и останатите спортски модни парчиња ќе доминираат на модното платно во новата 2016 година. Комбинирајте ги со забавни здолништа со реси и кожни јакни, за да го направите изгледот оригинален, уникатен и само ваш.rnrn
rnrn4. Модните парчиња кои доаѓаат како комплети и оваа година ќе бидат голем моден тренд. Тејлор Свифт беше кралица на комплетите оваа година, но и покрај комбинациите од здолниште и кроп-топ, очекувајте ја и појавата на комплети со кратки и долги пантолони.rnrn
rnrn5. Немојте да мислите дека практичните и софистицирани торби со ремен кои можете да ги носите околу половината се смешни. Тие ќе бидат еден од најголемите модни трендови во 2016-та година.rnrn
rnrn6. Не плашете се да си играте со мешањето форми, текстури и дизајни. Сѐ е дозволено во новата година.rnrn
rnrn7. Во машката мода очекувајте го подемот на неочекуваните бои во новата година, како бојата на виното.rnrn
rnrn8. Очекувајте мантрата „позајмете од мажите“ да се издигне на уште повисоко ниво. Опуштени парчиња, тексас и скроени сакоа… Новата година ќе биде година на унисекс облека.rnrn
rnrn9. Време е да се ослободите од нередот во вашиот шкаф и да се фокусирате на основите. Едноставните парчиња облека и комбинации на бои ќе бидат тренд и оваа година.rnrn
rnrn10. Можеби летото делува како идеален период за свадби и венчавки, но младите невести бараат инспирација во текот на целата година. Зимските венчавки и модата која доаѓа со нив ќе бидат голем тренд во 2016-та.rnrn
Tag: спортска облека
-

10-те модни трендови кои ќе ги преплавуваат социјалните мрежи во 2016
-

Направете сами: Спортски градник од машка долна облека
Доколку ви е потребен спортски градник, а немате време да купите, тогаш можете да погледнете во фиоката за долна облека на вашето момче или сопруг.rnrn
rnrnСè што ви е потребно за изработка на овој градник е еден пар машка долна облека и ножици. Погледнете го видеото за детални инструкции со чија помош за само 1 минута ќе имате нов спортски градник и веднаш ќе можете да се фрлите на вежбање.rnrn -

Новата спортска колекција на Victoria’s Secret
Автор: Моника ТрајковскаrnrnНајголемата инспирација на Victoria’s Secret е љубовта кон долната облека и желбата да донесат убавина и фантазија во изгледот на секоја девојка. Тие веруваат дека малите додатоци се од голема важност и дека тоа што е најблиску до вашето тело е најблиску и до вашето срце. Со таа цел ја дизајнираа нивната досега најсекси спортска колекција. Оваа облека истовремено нуди удобност и совршен изглед на вашето тело за време на џогирањето или тренингот во теретана.rn
rnКолекцијата VSX (Very Sexy Sport) ги содржи и новите хеланки специјално дизајнирани за секси обликување на вашиот задник. Еве еден мал дел од нивната колекција и доколку ве интересира нешто повеќе, посетете го нивниот официјален веб-сајт.











rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.