КАФЕ ПАУЗА

Tag: спа

  • Спа за бебиња: Нивните релаксирани лица ќе ве насмеат и ќе ви го подобрат денот!

    Спа за бебиња: Нивните релаксирани лица ќе ве насмеат и ќе ви го подобрат денот!

    Кога имате премногу обврски и премалку време за да ги завршите, сè што ви е потребно е топла бања и добра масажа за да се опуштите и да можете да продолжите – особено ако сте бебе! Во Западна Австралија постои едно место, Baby Spa Perth, каде што се нуди хидротерапија и масажа за клиенти под 6 месеци. За дополнително уживање, секој клиент добива и сопствена патентирана направа за уживање во вода, позната како „Bubby“. Не само што овие мини бањи се неизмерно неодоливи, туку тие ги релаксираат малите и ги подготвуваат за часови по пливање. Овие фотографии го поминаа целиот Интернет, и луѓето едвај издржуваат да ги гледаат без да се стопат од среќа. Погледнете и самите зошто е тоа така!rn

    Оваа бања во Австралија е првата направена исклучиво за бебиња

    rn(1) spa-za-bebinja-nivnite-relaksirani-lica-kje-ve-nasmeat-i-kje-vi-go-podobrat-denot-www.kafepauza.mkrn

    Тука бебињата уживаат во топла бања и нежни бранови

    rn(2) spa-za-bebinja-nivnite-relaksirani-lica-kje-ve-nasmeat-i-kje-vi-go-podobrat-denot-www.kafepauza.mkrn

    Патентираната направа за уживање во вода – Bubby, ги чува бебињата удобно и безбедно

    rn(3) spa-za-bebinja-nivnite-relaksirani-lica-kje-ve-nasmeat-i-kje-vi-go-podobrat-denot-www.kafepauza.mkrn

    Искуството им овозможува на родителите и бебињата да се поврзат во удобна атмосфера

    rn(4) spa-za-bebinja-nivnite-relaksirani-lica-kje-ve-nasmeat-i-kje-vi-go-podobrat-denot-www.kafepauza.mkrn

    Не само што е неодолива, туку хидротерапијата е и многу добра за нивното здравје

    rn(1) spa-za-bebinja-nivnite-relaksirani-lica-kje-ve-nasmeat-i-kje-vi-go-podobrat-denot-www.kafepauza.mkrn

    Во водата, бебињата можат слободно да се движат, што им помага да развијат мускули и цврстина на коските

    rn(5) spa-za-bebinja-nivnite-relaksirani-lica-kje-ve-nasmeat-i-kje-vi-go-podobrat-denot-www.kafepauza.mkrnrnПродолжете на следната страница за останатите фотографии…rn

  • 5 начини да си направите релаксирачки спа-ден во домашни услови

    5 начини да си направите релаксирачки спа-ден во домашни услови

    Кога луѓето се постојано зафатени и под стрес знаат многу лесно да заборават на своите потреби. Но, бидејќи ретко кој може да си дозволи слободен викенд за да отиде на луксузен мини спа-одмор, погледнете неколку начини на кои можете сами да си направите свој релаксирачки спа-ден во домашни услови.rn

    1. Масажа за релаксација на мускулите

    rn5 начини на кои можете да си направите свој релаксирачки спа ден во домашни условиrnrnСè што треба да направите е да ставите воден пешкир на неколку секунди во микробранова печка и потоа да го наместите на вашиот грб, рамена, врат или која било друга област на која ѝ е потребно внимание. Откако вашите мускули ќе имаат неколку минути за да се стоплат и опуштат, можете да започнете со масажата. Замолете некој од вашите блиски пријатели или партнерот да ви биде масер. Или пак, можете да купите некои од оние направи со кои можете сами да се измасирате, како пенлив валјак или топчиња за масажа.rn

    2. Третман за лице кој ќе ја направи вашата кожа сјајна

    rn5 начини на кои можете да си направите свој релаксирачки спа ден во домашни условиrnrnПостојат неколку начини на кои можете сами да ја освежите вашата кожа. Дел од нив се со помош на:rnrnПапаја – Ова овошје може да има многу пријатен ефект на вашата кожа. Едноставно отстранете ја пулпата и со внатрешноста на кората измасирајте го вашето лице и врат. Ензимите од папајата ќе ги отстранат мртвите клетки, ќе ја поправат штетата од изложеноста на сонце и ќе направат вашата кожа да изгледа свилено мазна. Оставете ги остатоците од папајата на вашето лице 15-тина минути пред да ги измиете со вода.rnrnЛимон и јогурт – Исцедете еден лимон и додадете му 2 супени лажици јогурт без маснотии. Нанесете ја мешавината на вашето лице и уште веднаш ќе забележите како таа ги намалува црвенилото и точките кои укажуваат на стареење.rnrnЗелен чај – Наместо една чаша чај, овој пат направете две. Едната како и секогаш претходно испијте ја, додека пак во другата потопете неколку крукчиња памук и потоа поставете ги на вашето лице и очи за да се опуштите. Оваа постапка е одличен начин на опуштање која можете да ја применувате секојдневно.rn

    3. Третман за освежување на кожата на целото тело

    rn5 начини на кои можете да си направите свој релаксирачки спа ден во домашни условиrnrnНајдобриот начин за борба против стресот се третманите кои го хидрираат целото тело и притоа ве освежуваат и ве полнат со енергија. Погледнете ги наредниве неколку начини на кои можете да го сторите тоа…rnrnКафеав шеќер и мед – Можете да ги додадете овие состојки во зелениот чај или пак директно додадете ги на вашето тело и измасирајте го за да ја отстраните мртвата кожа. На овој начин целосно и длабински ќе ја исчистите и ќе ја направите многу посјајна. Употребете 200 грама кафеав шеќер и доволно мед за да можете лесно да ја триете мешавината на телото.rnrnКафеав шеќер и грејпфрут – Ако сакате вашата масажа да биде овошна, заменете го медот со грејпфрут. Употребете една половина грејпфрут и уште веднаш по нанесувањето ќе се чувствувате релаксирано, а вашата кожа ќе сјае.rnrnАвокадо и прашок од какао – Мешавината од една половина авокадо и 1 супена лажица какао ќе ѝ овозможи на вашата кожа многу полесно да дише.rn

    4. Маникир и педикир

    rn5 начини на кои можете да си направите свој релаксирачки спа ден во домашни условиrnrnУпотребете некои од претходно споменатите третмани за да ги освежите и вашите дланки. Потоа, со помош на грицкалка за нокти и турпија обликувајте ги онака како што вие сакате. Најтешкиот дел е одбирањето на боја за лак која најмногу ќе ви одговара со изборот на вашата облека. Но, откако ќе ја имате бојата во вашите раце, работите ќе почнат побрзо да се движат. Обојте ги ноктите, а потоа завршете со безбоен лак кој ќе спречи лупење. Потоа преминете и на ноктите на нозете.rn

    5 Ароматерапија за совршен завршеток на денот

    rnrn5 начини на кои можете да си направите свој релаксирачки спа ден во домашни условиrnrnПонекогаш сè што ви е потребно за да се опуштите и наполните со енергија е едноставното одморање во просторија која е преполна со вашите омилени миризби. Тоа можете многу лесно да го постигнете со масло, свеќи или пак со миризливи стапчиња. Различни ароми можат да ви помогнат да постигнете различни цели. Погледнете дел од нив…rnrnЛаванда – Ве релаксира и ви помага да заспиетеrnrnЕукалиптус – Ве полни со енергијаrnrnЃумбир – Помага при главоболкиrnrnНане – Ве подмладуваrnrnЧајно дрво – Одлично за имуниот систем.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Рајски ресорт на сред Пацифик

    Рајски ресорт на сред Пацифик

    Островчето Лаукала крај Фиџи до пред неколку години било сопственост на семејството Форбс, но кога било откупено од страна на Дитрих Матешиц, сопственикот на Ред Бул, тоа е претворено во луксузен ресорт. Содржи сѐ што може да се посака: од вкупно 25 вили за престој, па сѐ до базени, спа, терен за голф, ресторан и шанкови кои се така дизајнирани што создаваат рајски амбиент на и онака рајскиот остров.rnrnРајски ресорт на сред Пацифик Рајски ресорт на сред Пацифик Рајски ресорт на сред Пацифик Рајски ресорт на сред Пацифик Рајски ресорт на сред Пацифик (18) Rajski-resort-na-sred-Pacifik-www.kafepauza.mk Рајски ресорт на сред Пацифик Рајски ресорт на сред Пацифик Рајски ресорт на сред Пацифик Рајски ресорт на сред Пацифик Рајски ресорт на сред Пацифик Рајски ресорт на сред Пацифик Рајски ресорт на сред Пацифик Рајски ресорт на сред Пацифик Рајски ресорт на сред Пацифик Рајски ресорт на сред Пацифик Рајски ресорт на сред Пацификrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Луксузно капење во романтично џакузи за двајца

    Луксузно капење во романтично џакузи за двајца

    Со денешниот брз начин на живот, заедничкото време поминато со партнерот станува сè подрагоцено. Поради тоа, германската компанија Trauywein дошла до многу креативна идеја да изработи када за љубовни парови, во облик на симболот на јинг и јанг. Капењето во оваа када не само што овозможува пријатен, релаксирачки разговор со вашиот партнер, туку и прави да се чувствувате како да сте на заеднички третман во велнес-центар.Луксузно капење во романтично џакузи за двајцаЛуксузно капење во романтично џакузи за двајцаЈинг-јанг кадата за парови им овозможува на партнерите луксузно капење, бидејќи прави и релаксирачка масажа со помош на звучни бранови и го ревитализира вашиот дух со помош на нежната светлина која ја „бои“ водата. Нежните вибрации се испраќаат директно во водата на џакузито, што значи дека луѓето се капат директно до звучникот. На овој начин, звучните бранови можат да се чујат и почувствуваат во секој дел од телото на капачот, а тоа е неверојатно искуство.Луксузно капење во романтично џакузи за двајца Луксузно капење во романтично џакузи за двајцаВо текот на капењето, двајцата капачи искусуваат две интензивни витализирачки енергии, кои ја подобруваат нивната добросостојба и релаксација. Капењето во оваа када не е воопшто слично на капењето во обичната домашна када и истава дефинитивно, ќе ги намами и мажите да уживаат во велнес-придобивките. Самиот јинг-јанг облик, пак потсетува дека спротивностите се привлекуваат.Луксузно капење во романтично џакузи за двајца Луксузно капење во романтично џакузи за двајца
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот

    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот

    Сите овие величествени базени поседуваат нешто кое би сакале да го почувствувате и видите со сопствени очи додека сте на оваа планета. Бидете амбициозни и мечтајте еден ден да си создадете прилика да посетите барем еден од нив. Којзнае, можеби сонот ќе ви се оствари. Во меѓувреме уживајте во овие гламурозни базени кои ќе ви ја наполнат душата.rnrn

    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Хотел Mardan Palace, Анталија
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Вили Алија, Бали
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Ресорт San Alfonso del Mar, Чиле
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Хотел Springs Resort & Spa, Костарика
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    The Camrbian hotel, Швајцарија
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Хотел Hacienda Na Xamena, Шпанија
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Хотел The Grand Mauritian Resort & Spa, Остров Маврициус, Африка
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Хотел Ubud Hanging Gardens, Индонезија
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Хотел Caruso, Италија
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Ресорт Golden Triangle, Тајланд
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Ресорт Jade Mountain, Света Луција, Средна Америка
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Забавен парк Crocosaurus Cove, Австралија
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Хотел Huvafen Fushi, Малдиви
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Хотел Marina Bay Sands Resort, Сингапур
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Ресорт The Sarojin, Тајланд
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Вили и апартмани Elounda Gulf, Грција
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Хотел Capella Pedregal Resort, Meксико
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Ресорт Glenwood Hot Springs, Колорадо, САД
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Хотел Golden Nugget, Лас Вегас
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Хотел The Joule Dallas, Тексас
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Хотел Amirandes Grecotel Exclusive Resort, Грција

    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Романтично прибежиште на Малдивите

    Романтично прибежиште на Малдивите

    Како малдивската егзотика да не е доволно романтична сама по себе, па прекрасниот хотел Хувафен Фуши е сместен токму овде за да го надополни амбиентот, кој е како создаден за вљубените да избегаат од реалноста.Романтично прибежиште на МалдивитеРомантично прибежиште на МалдивитеХотелот изобилува со луксузни детали. Највпечатлив е неверојатниот стаклен под под кој се гледа беспрекорно чистата вода, давајќи им на гостите чувство дека лебдат во некој друг свет. Но, тоа не е единствениот паралелен универзум сместен на овој приватен остров. Овде се наоѓа првиот подводен спа центар, каде што тие можат да се релаксираат во бројните третмани кои им се на располагање. Покрај тоа, посетителите можат да нуркаат на коралните гребени, да ловат риба на зајдисонце, да пливаат со делфините, да крстарат во близина на брегот итн.Романтично прибежиште на МалдивитеХувафен Фуши на вљубените им нуди и едно многу несекојдневно искуство: тие овде можат да се венчаат или да ги обноват заветите. Оваа венчавка нема граѓански, туку само церемонијален карактер. Сепак, и тоа е доволно за некои двојки да дојдат на оваа плажа  и да си дадат завет на вечна верност, додека сонцето заоѓа зад тиркизниот океан.Романтично прибежиште на МалдивитеРомантично прибежиште на МалдивитеРомантично прибежиште на МалдивитеРомантично прибежиште на МалдивитеРомантично прибежиште на МалдивитеРомантично прибежиште на Малдивите Романтично прибежиште на МалдивитеРомантично прибежиште на МалдивитеРомантично прибежиште на Малдивите Романтично прибежиште на Малдивите Романтично прибежиште на Малдивите
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Спа-центар сместен во планинските убавини на Канада

    Спа-центар сместен во планинските убавини на Канада

    Доколку сакате да избегате од градските гужви, грижите и напорната работа, овој спа-центар сместен во планинските убавини во близината на Монтреал, Канада е вистинското место. „La Source“ е перфектно место за опуштање на душата и телото.Спа центар сместен во планинските убавини на Канада Надворешната сауна и џакузи, како и неколкуте павилјони изградени во планински стил, го поврзуваат модерното и природното. Ова место е одлично особено во есенскиот дел од годината, каде што огромните прозорци овозможуваат фантастична глетка и неверојатно инспиративни пејзажи.Спа центар сместен во планинските убавини на КанадаСпа центар сместен во планинските убавини на КанадаСпа центар сместен во планинските убавини на КанадаСпа центар сместен во планинските убавини на КанадаСпа центар сместен во планинските убавини на КанадаСпа центар сместен во планинските убавини на КанадаСпа центар сместен во планинските убавини на Канада
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Претворете ја вашата бања во спа-центар

    Претворете ја вашата бања во спа-центар

    Замислете како се релаксирате во голема када, опкружени со безброј меурчиња кои нежно ве скокоткаат и ароматични свеќи кои треперат во позадина. Ахх… На сите нас ни е потребен излез од реалноста одвреме-навреме нели?! Немојте да се откажувате од реализацијата на идејава, само затоа што поминувањето еден ден во спа-центар ќе ве чини многу пари. Наместо тоа, претворете ја вашата бања во место во кое ќе можете да се повлечете од секојдневниот стрес, а тоа задоволство ќе ве чини помалку отколку што мислите. Пробајте ги следниве идеи со кои ќе ја трансформирате бањата во ваша приватна оаза.

    rn

    rn

    Претворете ја вашата бања во спа центар

    rn

    Вистински избор на светлина

    rn

    Пронаоѓање соодветен избор на светлина за вашата бања може да биде комплицирано. Тоа е така бидејќи потребен ви е различен вид светлина за да ги задоволите сите ваши секојдневни потреби во тоалетот. Кога миете заби, ја средувате вашата коса, се шминкате или бричите, потребна ви е силна светлина, но кога ќе одлучите да се релаксирате во вашата миризлива топла бања, сакате да имате можност да ја минимизирате светлоста за максимално уживање. Евтин начин да ја прилагодувате светлината во вашата бања според соодветната потреба е потенциометарот, кој е лесен за инсталирање, а можете да го најдете во продавниците за електротехника, за бела техника и на пазарите.

    rnПретворете ја вашата бања во спа центарrn

    Чист и организиран простор

    rn

    Несредената бања го стеснува просторот, па затоа сведете го на минимум нередот предизвикан од употребата на средствата за лична хигиена. Приберете ја козметиката, четките за коса, за заби и сè останато во шкафче, на полици или во несесери. Ефектот од чистиот и уреден простор, ќе ви помогне да се ослободите од грижите и да заборавите на секојдневните обврски околу домот.

    rnПретворете ја вашата бања во спа центарrn

    Разгалете се

    rn

    Ништо не може да се спореди со нежното чувство кога ќе се замотате во голем, луксузен спа-пешкир. Одберете мек и апсорбирачки пешкир со големи димензии, за да се обвиете целосно кога ќе излезете од кадата.

    rnПретворете ја вашата бања во спа центарrn

    Заштитете ги вашите стапала

    rn

    Ништо нема повеќе да ве потресе и врати назад во реалноста, од чувството кога ќе излезете од жешката ароматизирана када и со вашите стоплени стапала ќе стапнете на студените плочки. За да не се случи тоа, потребна ви е простирка за тоалет, која ќе биде доволно долга за да можете да се движите низ просторот, без да морате да стапнете на студениот под.

    rnПретворете ја вашата бања во спа центарrn

    Создадете спа-атмосфера

    rn

    Со соодветни додатоци, направете да се чувствувате како во спа-центар во вашата бања. Свеќи кои ќе треперат во позадина, мирна музика, миризливи стапчиња и специјална купка за опуштање на мускулите и подобрување на циркулацијата, ќе ви овозможи да заборавите за момент, на сето она кое што секојдневно ви ги окупира мислите, а ќе ве опушти доволно за да бидете подготвени за сето она кое следува. Ароматерапевтски купки, миризливи бомби, морска сол и сè што ви е потребно за совршена релаксација во вашата бања, можете да најдете низ специјализираните продавници за овој тип продукти.

    rnПретворете ја вашата бања во спа центарrn

    Поврзете се со природата

    rn

    Спа-центрите се опколени со природни елементи како камења, вода која мирно тече и растенија, кои даваат смирувачки ефект. За да се чувствувате слично како да сте таму, донесете неколку саксии со цвеќиња во вашата бања. Плус, растенијата често успеваат да се развијат во бањата, благодарение на високиот степен на влага во воздухот.

    rnПретворете ја вашата бања во спа центарrn

    Визуелно проширете го просторот

    rn

    Секој кој има мала бања знае дека нема многу што да се направи за таа да изгледа поголема, без да се потроши огромна сума пари за реновирање. Но, затоа можете да направите просторот да изгледа попростран со алтернатива која можете финансиски да си ја дозволите. Закачете големи огледала, за да создадете илузија дека просторот не е толку мал.

    rnПретворете ја вашата бања во спа центарrn

    Освежете го просторот со нова боја

    rn

    Најдобар начин да и дадете на вашата бања нов изглед, е да ја освежите со бојадисување во нова боја. Со само 1-2 кантички боја и неколку часа работа, можете да ја уредите бањата од вашите соништа. Обојте ја во бела боја за чувство на чистота, свежина и пространост или пак елегантна неутрална боја, за да постигнете „природен“ ефект.

    rn

    rn

    Претворете ја вашата бања во спа центар

    rn

    rn

    Доколку овој текст ве поттикна да размислувате за модерно преуредување на вашата бања во тренди бои, погледнете ги нашите предлог-идеи за инспирација.

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.