КАФЕ ПАУЗА

Tag: создавање

  • 8 секојдневни работи кои сигурно не сте знаеле како се прават

    8 секојдневни работи кои сигурно не сте знаеле како се прават

    Секојдневно сме опкружени со најразлични работи, но никогаш не помислуваме на тоа како изгледа нивниот процес на производство и што им се случува пред да го видиме крајниот резултат. Во продолжение, погледнете како се создаваат некои секојдневни работи и можеби целосно ќе го промените мислењето за нив…rn

    1. Кармин

    rn8 секојдневни работи кои сигурно не сте знаеле како се праватrn

      rn011

    • Карминот обично содржи 5 основни состојки: Ланолин, масла, восок, бои и седеф. Понекогаш се користи полиетилен за да остане карминот цврст и да не се задржува на малите отвори на усните.
    • rn011

    • Се користат многу бои за овој козметички производ, како што се жолта, црна и сина. Се мешаат различни бои за да се добијат разни нијанси.
    • rn011

    • Кармините се секогаш парфемирани. Кога не би биле, би мирисале на восочни свеќи.
    • rn

    rn

    2. Чоколадо

    rn8 секојдневни работи кои сигурно не сте знаеле како се праватrn

      rn011

    • Чоколадото се прави од зрна од какао кои најпрво се собираат, се чистат од желатинот и се ферментираат со тоа што се ставаат во посебни кутии каде што остануваат 8 дена. Потоа зрната се сушат и се пренесуваат во фабриките за чоколадо.
    • rn011

    • Во фабриките, зрната се групираат и се печат. Смелените зрна се мешаат со шеќер и млеко. Потоа, чоколадото се вари околу 12 часа.
    • rn011

    • Температурата и влажноста се строго надгледувани во секоја фаза од производството, бидејќи влијаат на изгледот и вкусот на производот.
    • rn

    rn

    3. Инстант нудли

    rn8 секојдневни работи кои сигурно не сте знаеле како се праватrn

      rn011

    • Производството на нудли вклучува брашно измешано со скроб од тапиока, јајца во прав и згуснувач. Сите овие состојки се потребни за да се добие најдобра структура на производот.
    • rn011

    • За да се направат инстант нудли, прво треба да се сварат во фабриката.
    • rn011

    • Но, тоа не е сѐ! Потоа се пржат во голема количина на зејтин за да може да останат свежи подолго време.
    • rn

    rn

    4. Маскара

    rn8 секојдневни работи кои сигурно не сте знаеле како се праватrn

      rn011

    • Главната состојка на сите маскари е пигментот. Црната маскара се прави со јагленов црн пигмент. Другите состојки се вода, восок и масла.
    • rn011

    • Во зависност од целта на маскарата, се менува и нејзината содржина. На пример, маскарата за издолжување трепки содржи многу еластични полимери и микровлакна, додека водоотпорната маскара содржи многу парафин.
    • rn

    rnПродолжете на следната страница за остатокот од текстот…rnrn

  • Мајка подготвува здрави оброци за својот син, во форма на ликови од цртаните филмови

    Мајка подготвува здрави оброци за својот син, во форма на ликови од цртаните филмови

    Бидејќи децата честопати знаат да бидат многу пребирливи кога станува збор за храната, особено овошјето и зеленчукот, ова може да биде многу тешка задача за родителите. Но, уметницата за храна, Лале Мохмеди, ова го претвора во нешто креативно.rnrnМајка подготвува здрави оброци за својот син, во форма на ликови од цртани филмовиrnrnТаа создава оброци за својот син, инспирирана од неговите омилени анимирани ликови. По фотографирањето на секое уметничко дело, Мохмеди го споделува истото на својот Инстаграм профил. Нејзиниот креативен занает ги воодушевува луѓето на Интернет и таа веќе има над 65.000 следбеници. Не е изненадувачко тоа што за подготовка на секој оброк е потребно повеќе време и трпение.rn

    „Овој процес трае околу 25-30 минути, во зависност од ликот“, вели Мохмеди. „Ноќта претходно, Јакоб ми кажува каков лик сака. Кога ќе ми го каже ликот од книга или нешто што има видено, барам слика на Гугл и гледам какви бои се користени.“

    rnПонекогаш, Мохмеди има среќа и создава креација без да ги промени природните нијанси на состојките. Друг пат пак, таа мора да импровизира, додавајќи бои од цвекло, некој сок и слично.rnrnМајка подготвува здрави оброци за својот син, во форма на ликови од цртани филмовиrnrnОд нејзината прва креација, палачинка во форма на лав, Мохмеди на овој процес гледа со љубов и останува мотивирана од ентузијазмот на нејзиниот син.rn

    „Возбудата на Јакоб од првата креација што ја создадов па сѐ до овие денес, е иста.“

    rnПогледнете како изгледаат нејзините креации.rnrn

  • Оваа жена потрошила повеќе од илјада часови за да создаде уникатни вратоврски во форма на машни

    Оваа жена потрошила повеќе од илјада часови за да создаде уникатни вратоврски во форма на машни

    Од 2 јули, па сѐ до 9 октомври, оваа жена секојдневно создавала уникатни вратоврски. Таа поминала 100 дена во постојано креирање, постигнувајќи повеќе од илјада часови шиење.rnrnЖена потрошила повеќе од илјада часови за да ги создаде овие уникатни вратоврскиrnrnНејзината работа вклучувала и постојано истражување на комбинации со бои, материјали и детали и како истите да ги комбинира на поинаков начин.rnrnЖена потрошила повеќе од илјада часови за да ги создаде овие уникатни вратоврскиrnrnИнспирирана од старите техники на производство и природата на волнените влакна, таа ги комбинира овие методи и материјали со современата убавина, а потоа создава уметност погодна за носење. Таа вели дека ова е најдобрата работа што ја има направено и најголемото нешто што ја возбудува. Погледнете дел од нејзините уникатни креации.rnrn

  • 10 верувања на успешните луѓе

    10 верувања на успешните луѓе

    Навидум успешните кариеристи ви изгледаат дека успеале само поради нивните врски или презимето кое го носат. Но напротив, воопшто не мора да биде така. Најголем дел од вистински успешните личности стигнале до таму токму поради нивните верувања и ставови. Ова се верувањата на успешните луѓе кои можат да ви послужат како пример.rnrn10 верувања на успешните луѓеrn

    1. Заборави на судбината и фокусирај се на она што го сакаш


    rn

    „Понекогаш животот те удира со цигла по глава. Не губете верба. Убеден сум дека единственото нешто што ме мотивираше за понатаму беше тоа што го сакав она што го работев. Мора да го најдеш она што го сакаш.“ – Стив Џобс

    rnДоколку сакате да бидете успешни заборавете на изговори од типот не ми е судено. Чекорете по патот за кој чувствувате страст, а доколку нема таков, направете го сами. Многумина би се откажале кога нештата ќе згуснат, префрлајќи ја вината на судбината.rnrnСтив Џобс беше отпуштен од сопствената компанија па сепак не се откажа. Да, лоши работи се случуваат во сечиј живот, но она во што успешните личности се цврсто убедени е дека секогаш треба да продолжиш напред, правејќи го она што го сакаш и вложувајќи ја сета страст.rn

    2. Неуспехот е само првиот чекор од процесот на учење

    rnПомислете на сите успешни луѓе што ги знаете. Дали секој од нив успеал при првиот обид? Опра Винфри била отпуштена од нејзината прва работа во телевизија, а Волт Дизни добил отказ од уредничкото место во едно списание бидејќи наводно немал добри идеи. Ретко кој успева од прва, и никој не поминува во животот без падови и разочарувања. Така што, кога нареден пат ќе доживеете неуспех, кренете ја главата и речете си, сега имам една добра лекција, и продолжете понатаму.rn

    3. Никогаш не се сомневаj во сопствените способности


    rn

    „Без разлика дали мислите дека можете или не, во право сте.“ – Хенри Форд

    rnНеретко другите ќе ве обесхрабрат, намерно или не. Но секогаш одржувајте цврста верба во себеси. Сè зависи од вас самите. Ако цврсто решите дека сте способни да постигнете нешто, токму тоа ќе се случи. Да, дури и најголемите умови некогаш искусиле несигурност, но сè додека го правите нештото со страст и со верба во себе, вие сте на вистинскиот пат.rn

    4. Одбери да продолжиш дури и тогаш кога ништо не оди како што треба


    rn

    „Нашите избори, многу повеќе од нашите способности, покажуваат кои сме навистина.“ – Џ. К. Роулинг

    rnАвторката на серијалот за младиот волшебник Хари Потер, Џ. К. Роулинг, не добила зелено светло веднаш, дури се соочила со остри критики и многу затворени врати на издавачките куќи. Со оглед на тоа што одбрала да продолжи и да не се откаже, таа денес е првиот автор милијардер.rn

    5. Ако си генијалец не значи дека ќе бидеш успешен


    rn

    „Паднав на некои испити, а мојот пријател ги положи сите. Сега тој е инженер во Мајкрософт а јас сум сопственикот.“ – Бил Гејтс

    rn

    6. Ако навистина сакаш нешто, ќе најдеш начин да го добиеш

    rnОној кој не сака бара изговори, додека пак оној кој сака наоѓа начини.rn

    7. Секогаш биди подготвен да ризикуваш


    rn

    „Не се плаши да се откажеш од доброто за да го достигнеш одличното.“ – Џон Д. Рокфелер

    rnНикој никогаш нема да знае сигурно дали ризикот ќе се исплати. Останува на оние кои целат високо да се обидат. Бидете спремни да преземете логични ризици, бидејќи без да излезете од безбедната зона никогаш нема да го искусите успехот.rn

    8. Знај во што се впушташ


    rn

    „Ако не можеш да го објасниш на едноставен начин, тогаш не го разбираш доволно добро.“ – Алберт Ајнштајн

    rnНикогаш не се впуштајте во целосно непозната темна зона. Ако сакате да влезете во некаков бизнис, на пример, информирајте се, научете како оперира, што се бара на пазарот, запознајте ја конкуренцијата, и сл. Не се впуштајте во нешто сосем непознато верувајќи дека некако магично работите ќе си дојдат на место. Неинформираноста никогаш никому не му донела успех.rn

    9. Биди љубезен, а не себичен

    rnМногумина создаваат сосем погрешна слика за тоа како да се постигне успех – биди себичен, гази сè пред себе, грижи се само за сопствените потреби. Иако во животот неретко ќе сретнеме луѓе кои ќе одбијат да ни бидат од помош, не значи дека треба да изгубиме верба во човештвото. Оној кој вистински вреди и кој е вистински успешен во животот, секогаш е тука за своите најблиски и е грижлив за другите. Љубезноста секогаш ја победува себичноста, бидејќи колку повеќе даваш толку повеќе добиваш. Сигурно сте чуле дека отворената рака секогаш може да добие нешто, но затворената никогаш не добива ништо.rn

    10. Не чекај, создавај


    rn

    „Лифтот до успехот не работи. Ќе мора да тргнете по скалите… чекор по чекор.“ – Џо Жерард

    rnНикогаш нема да дојде совршеното време кога сè магично ќе си доаѓа на место. Ако не се фатите за работа, никогаш нема да стекнете искуство. Да, на почетокот може да направите многу грешки, но греши само оној кој работи. Никој нема да ви го понуди совршеното работно место веднаш по завршувањето на вашето образование. Но кога ќе почнете со нешто не-толку-совршено, ќе стекнете познанства, пријатели, искуство, ќе се пронајдете себеси, и на крајот ќе излезе дека сте создале нешто прекрасно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Она што ти треба за да успееш

    Она што ти треба за да успееш

    Овој стрип базиран на поема од Чарлс Буковски, а креиран од Zen pencils е одлична илустрација за сфаќањето за успехот кое многумина од нас го имаат. Сите сакаме да имаме добра основа пред да започнеме да создаваме нешто свое, некаква инвестиција, поддршка, тим кој ќе создава заедно со нас, кога во суштина сè што ни треба е желба и идеја.rnrn

    Знаеш, на периоди или морав да се грижам за семејството или имав друга работа... Нешто цело време ми стоеше на патот. Ама сега ја продадов куќата.
    Знаеш, на периоди или морав да се грижам за семејството или имав друга работа…
    Нешто цело време ми стоеше на патот.
    Ама сега ја продадов куќата.
    rnrn
    Најдов едно добро место – голема работилница.  Да ги видиш само просторот и осветлувањето.
    Најдов едно добро место – голема работилница.
    Да ги видиш само просторот и осветлувањето.
    rnrn
    За првпат во животот...
    За првпат во животот…
    rnrn
    За првпат во животот... Ќе имам време и место да создавам.
    Ќе имам време и место да создавам.
    rnrn
    Не душо, ако сакаш да создаваш...
    Не душо, ако сакаш да создаваш…
    rnrn
    Ќе создаваш без разлика дали работиш 16 часа на ден во рудник.
    Ќе создаваш без разлика дали работиш 16 часа на ден во рудник.
    rnrn
    Или ќе создаваш во мала соба со 3 деца и се издржуваш со социјална помош.
    Или ќе создаваш во мала соба со 3 деца и се издржуваш со социјална помош.
    rnrn
    Ќе создаваш кога делови од умот и телото ти се разнесени.
    Ќе создаваш кога делови од умот и телото ти се разнесени.
    rnrn
    Ќе создаваш слеп, неподвижен, споулавен.
    Ќе создаваш слеп, неподвижен, споулавен.
    rnrn
    Ќе создаваш додека мачката ти се качува по грбот, а целиот град стравува во земјотрес, бомбардирање, поплава или пожар.
    Ќе создаваш додека мачката ти се качува по грбот, а целиот град стравува во земјотрес, бомбардирање, поплава или пожар.
    rnrn
    Душо, воздухот и осветлувањето, времето и просторот немаат никаква врска со тоа.
    Душо, воздухот и осветлувањето, времето и просторот немаат никаква врска со тоа.
    rnrn
    И не создаваат ништо... освен можеби подолг живот за да најдеш нови изговори.
    И не создаваат ништо… освен можеби подолг живот за да најдеш нови изговори.

    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Добронамерен хејтер

    Добронамерен хејтер

    Еве што прочитав неодамна: „Готвиме, жалејќи се на изгубеното време, а можеме да вложиме љубов во храната.“ Јас би рекла, живееме жалејќи се за она што го немаме, наместо да ја вложиме сета страст во животот.rnrnСекогаш дозволувам максимално да бидам инспирирана од луѓе кои живеат впечатливо, кои го вдишуваат животот со „полни плуќи“. Ако работиш нешто – изработи го до перфекција. Ако се најдеш на одредено место и време, потруди се да бидеш корисен. Ако имаш нов ден на располагање, нека биде продуктивен. Ако ти е даден живот на земјава, нека биде со причина.rnrnЗа мене отсекогаш постоеле две групи на луѓе: оние кои создаваат и оние кои мрчат. Моето искуство со пишување, на некој начин ме направи жилава и отпорна на отровни мрчатори. Од една страна е човекот кој вложил труд, време и идеи за да напише, да создаде нешто, ти дал парче од душата негова, неговите мисли ти се подадени како на чинија, од друга страна е негативецот кој имал лош ден, неговиот идентитет е скриен и слободно издвојува неколку секунди од неговото слободно време да плукне по твоето дело.rnrnДобронамерен хејтерrnОти му се може.rnrnПогодете што? Плукнатото никогаш не се запишало во историјата. Делото е она што се памети.rnrnМодерниот свет на брзите информации и моќта на интернетот те прават апсолутна мета за критика. Ајде, те чекаме, згреши една буква, направи нешто погрешно, или макар нешто што јас можам да го протолкувам како ужасно.rnrnЗошто? За да се чувствувам подобро за самиот себе.rnrnЛекот е секој да си ја гледа својата работа. Ако си јавен службеник, потруди се да ги услужиш луѓето и да им го олесниш животот – и нив ама ич не им е мерак да се рашетуваат по шалтери. Ако си доктор – излекувај го човекот. Ако си учител – научи ги децата, најдобро што можеш. Вложи труд, време и внимание.rnrnСè додека не си го гледаме сопствениот двор а го кудиме туѓиот, ништо нема да изработиме до перфекција, ниеднаш нема да си дозволиме да го вдишеме нашиот успех во полн ек, никогаш нема да се подобриме оти не знаеме да бидеме самокритични.rnrnИздржана критика е едно, навредливо мрчење без никаква основа е нешто сосема друго. Јас одлучив да бидам во тие што создаваат. Никогаш да не ни секне инспирацијата, никогаш да не се обесхрабриме, никогаш да не забораваме да бидеме благодарни за она што го имаме и да знаеме да се вреднуваме соодветно за она што сме го создале.rnrnАко вие денес со вашиот збор или постапка сте успеале да допрете макар до едно лице – сте направиле успех. Кога ќе си легнеш да спиеш прашањето што си го поставуваш е „Што сторив денес, што научив, што создадов?“, а не „Колку денес јас бев „издржан хејтер“?rnrnЕлиrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како е создаден познатиот коктел „Long Island“?

    Како е создаден познатиот коктел „Long Island“?

    Во овој кус документарен филм Боб Бат раскажува за едно далечно лето во 70-тите, кога тој случајно, работејќи како шанкер, на еден натпревар го создал еден од најпознатите коктели „Long Island Iced Tea“.rnrnКако е создаден познатиот коктел „Long Island“rnrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како остригите создаваат бисери?

    Како остригите создаваат бисери?

    Природниот бисер го започнува својот живот во школката на остригите кога некој натрапник, зрно песок или парче храна која плови ќе се протне во нивната внатрешност, односно во заштитната облога која ги прекрива нивните органи.Како остригите создаваат бисери?За да се заштити од иритација, остригата набрзина започнува да го прекрива непосакуваниот посетител со неколку слоеви минерална супстанца. И така, слој по слој, полека се обвиткува зрното песок сè додека не се формира иридисцентен бисер.rnrnВештачките бисери се направени на истиот начин. Единствената разлика е тоа што наместо случајни околности, „фармерот на бисери“ намерно вметнува зрно песок директно во заштитниот слој на мекотелите.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совршениот момент

    Совршениот момент

    Сигурно сте ја чуле изреката „Животот е она што се случува додека сме зафатени со планирање.“ Да, сме ја чуле сите, и таа и многу други слични на неа, ама ретко ги почитуваме и ретко се сеќаваме на нив тогаш кога треба.rnrnИмаме планови, цели, намери да створиме нешто, да направиме нешто поинакво, нешто големо, нешто различно. Можеби не е во ред да немаш никакви цели и да не си ориентиран кон нешто, но многу често забораваме да го оствариме она што сме го испланирале.Совршениот моментСекогаш треба да имате цели, една од моите филозофии за животот е дека ако немаш цели не ни знаеш каде одиш, сигурно сум ви го споменала ова и претходно. Но ако имаш соништа, единствениот начин за да ги оствариш е најпрво да се разбудиш.rnrnВо ред е да сонуваме и планираме, да замислуваме и да се надеваме на успех, но не е во ред тоа да остане само една замисла. Постојано го чекаме совршениот момент за остварување на нашите планови и цели, за спроведување во пракса на нашите идеали, но треба да сфатиме дека совршениот момент е СЕГА!rnrn„Сè на овој свет е создадено со намера, секоја болест има билка која ќе ја излечи, а секој човек има мисија која треба да ја реализира!“ Која е вашата мисија? Што е она што треба да го направите?rnrnЗапомнете, животот е исполнет со толку многу совршени моменти, некои траат само секунда, а се паметат цел живот. Среќни се луѓето кои знаат да ги забележат совршените моменти, кои не ги чекаат туку ги создаваат!rnrnВе поздравувам драги мои, и се надевам дека за многумина од вас токму овој ден е денот кога ќе остварат некој свој план. Ова е моментот, совршениот момент, не поминувајте го животот во чекање, поентата е да се живее, а не да се преживува.rnrnДо следното читање, ви посакувам совршени моменти со вашето неделно кафе и вашите најблиски,rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Создадете успешен работен тим

    Создадете успешен работен тим

    Тимската работа е од клучно значење за повеќето работни места. Многу е важно секој поединец на тимот да ги разбира својата цел, функција и надлежности со цел сите заедно да ја завршат работата ефикасно. Според Кејт Вард, автор на книгата „Личен стил на работа“, потребни се четири видови поединци за да се создаде успешен работен тим. Создадете успешен работен тимrn

    Директен поединец

    rnДиректен член на тимот е обично оној кој ги собира сите членови заедно и ја дава структурата на задачата или целта. Оваа личност е одлучна, сака акција, успех и подготвена е да им помогне на другите. Директниот член на тимот може да учествува во конфликт, но тоа е за општо добро. Независноста за него е од клучно значење. Ќе ги слушне сите презентирани идеи и ќе одлучи што е најдобро за остварување на целта. Сепак, оваа личност, исто така, може да биде нетрпелива и нечувствителна кога дава повратни информации. Создадете успешен работен тимrn

    Духовен поединец

    rnДуховен член на тимот е личноста која постојано е полна со енергија и ентузијазам. Неговиот стил на работа се темели на духовните квалитети. Важи за најгласен поборник кој ги мотивира, ги воодушевува и ги инспирира останатите членови на тимот. На тој начин ја задржува позитивната енергија при остварувањето на целта. Од овој член потекнуваат многу необични, но практични идеи за работа. Духовниот поединец има решение за секој проблем. Сепак, овие личности често се расеани и не се водат според зацртаниот план. Создадете успешен работен тимrn

    Внимателен поединец

    rnВнимателниот поединец е оној кој ги држи членовите на тимот заедно и покрај сите подеми и падови. Тој ја одржува хармонијата на тимот и се смета за најдобар слушател. Оваа личност е одговорна за преговарање и договарање со другите личности кои не се дел од тимот. Внимателниот поединец е флексибилен кога се работи за остварување на целта. Но, овој член од тимот може да биде многу колеблив при искажувањето на своите чувства, што понатаму е причина за неговата пасивност. Создадете успешен работен тимrn

    Систематски поединец

    rnСистематскиот член на тимот е оној кој практично ја завршува работата. Оваа личност сака јасно дефинирани задачи за кои веќе е определен рок. Систематскиот поединец е целосно спротивен на духовниот поединец. Овој член не поседува високо ниво на креативност и иновативност, но затоа може да се пофали со совршена усогласеност, прецизност, точност и објективност. Кога е потребно фер и искрено мислење, целиот тим може да смета на систематскиот член. Сепак, на оваа личност поважни ѝ се точните податоци отколку односот меѓу членовите на тимот и лесно може да стане жртва на сопствениот перфекционизам. Создадете успешен работен тимrnrnСледниот пат кога ќе бидете дел од тимска работа, идентификувајте го вашиот личен стил на работење. Така ќе знаете како можете најмногу да придонесете за тимот и за работата.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.