КАФЕ ПАУЗА

Tag: совршени

  • 8 едноставни причини зошто мажите ги одбегнуваат совршените жени

    8 едноставни причини зошто мажите ги одбегнуваат совршените жени

    Постојат милион причини зошто луѓето се осамени. Дали познавате некоја прекрасна девојка која е секогаш сингл? Некои од нив поминуваат години барајќи вистинска љубов, но без никаков успех. Многумина веруваат дека таквите жени не би требало да имаат проблем, но се случува спротивното. Прочитајте зошто совршените жени се секогаш сами…rnrn8 едноставни причини зошто мажите ги одбегнуваат совршените жениrn

    1. Не им треба никој

    rnМодерните жени се силни и самоуверени. Не им треба машка заштита. Следнава приказна совршено опишува како таквите девојки ги одбираат нивните партнери:rn

    „Другарка ми има 25 години. Таа е многу фина девојка, паметна, образувана, убаво се облекува и има одлична работа. Таа обожава да го поминува времето со нејзините пријатели во барови и на концерти. На момците многу им се допаѓа, но и покрај тоа, таа е сѐ уште сингл. Зошто? Затоа што размислува со ладна глава и точно знае кој треба да биде со неа. Никогаш не би започнала нова врска само за да не биде сама или само за да проба. Токму затоа, поголемиот дел од мажите ја добиваат етикетата ’отфрлени’ или уште на прв поглед или по првиот љубовен состанок.“

    rn

    2. Не сакаат да си го губат времето

    rnПаметните и софистицирани жени многу брзо донесуваат одлуки. Ако не можат да се замислат со мажот во брак, веднаш прекинуваат. Врската треба да има крајна дестинација и ако не оди никаде, тогаш таа е само залудно губење време. Токму затоа многу девојки во 30-тите веќе биле омажени, разведени се, имале деца и почнале да ја планираат втората свадба, додека, пак, некои не даваат зелено светло ниту на првиот состанок.rn

    3. Страдаат од нивните лични измислени комплекси

    rnЗа жал, измислените комплекси се многу чести. Полничките девојки без проблем носат хеланки со леопардски дизајн и се чувствуваат пријатно, додека високите девојки со тенки нозе не се осмелуваат да облечат мини здолниште. Зошто е тоа така? Сѐ зависи од самодовербата и жените треба да научат како да си ја зголемат.rn

    4. Не сакаат да стапат во брак

    rnМногу мажи признаваат дека сакаат да најдат жена која ќе се грижи за нив и за работите во домот. Не сакаат жена која ќе бара внимание секогаш кога ќе излезат. Некои жени едноставно не можат да се замислат себеси во таква улога.rnrn8 едноставни причини зошто мажите ги одбегнуваат совршените жениrn

    5. Премногу се фокусираат на нивната осаменост

    rnАко уште на првиот љубовен состанок девојката го покаже невестинскиот фустан што сака да го облече, почне да го планира медениот месец или се обиде да го импресионира дечкото со искреноста околу нејзината операција на цистата на јајниците, првиот љубовен состанок ќе биде и последен. Таквите жени премногу се трудат и делуваат очајно. Премногу сакаат да се омажат, но во суштина се обидуваат да се извлечат од нивната осаменост. Тоа е многу очигледно и ги плаши мажите.rn

    6. Нивната убавина привлекува погрешни мажи

    rnУбавите жени честопати се сингл. Нивната убавина привлекува идиоти, додека фините и скромни мажи се плашат од таквите жени. Следнава приказна го докажува тоа:rn

    „6 месеци по дипломирањето запознав женет маж. Станавме пријатели, но секогаш чувствував посебна врска помеѓу нас. Еден ден тој ми призна дека студирал на истиот универзитет и дека бил заинтересиран за мене во тој период. Кога го прашав зошто не презел нешто во врска со тоа, тој ми го одговори следново ’Изгледаше многу недостапно, беше најубавата девојка на целиот универзитет. Знаев дека ги одбиваш дури и најпопуларните момци, па како би можел да се натпреварувам со нив? Мислев дека нема ни да ме погледнеш.’“

    rn

    7. Се плашат

    rnСо тоа што ги игнорираат сите можности, жените можат ненамерно да ја пропуштат „вистинската“ личност. Тие мислат дека ќе знаат дали се работи за вистинскиот веднаш штом ќе го погледнат, но работите не одат така. Врските се засноваат на обиди и грешки и жените не би требало да се плашат од тоа.rn

    8. Уште една илустративна приказна

    rn

    „Бившата на мојот сопруг беше совршена. Таа беше убава и паметна и нејзината животна цел беше многу инспиративна. Тој велеше дека не му била симпатија, туку дека бил лудо вљубен во неа. Тоа ме убиваше. Се измачував себеси со едно просто прашање ’Што гледа во мене?’. Веднаш пред нашата свадба, му го поставив прашањето. Тој ги подигна рамената и ми одговори: ’Беше комплицирано, бидејќи таа беше премногу совршена. Земи нѐ нас за пример. Ние се будиме рано, но ако сакаме да останеме во кревет до пладне или да ги оставиме валканите садови до креветот, ќе го направиме тоа. Знаеме дека нема да ни се случи ништо лошо. Но, таа мораше сѐ да прави совршено. Беше голем перфекционист. Па, затоа си реков ’Не, благодарам!’“

    rnОчигледно е дека на совршените жени им е потешко одошто мислиме. Ретки се мажите кои собираат храброст да им се приближат и да го направат првиот чекор. Но, постојат и такви кои се доволно самоуверени за да го освојат нивното срце, сѐ што треба да направат девојките е да се отворат и да им дадат шанса.rnrnВо продолжение прочитајте зошто силните жени ги плашат луѓето околу нив.

  • Едноставни трикови за совршени плетенки

    Едноставни трикови за совршени плетенки

    Интернетот секојдневно ни претставува најразлични туторијали поврзани со правењето фризури со плетенки. Тие се толку популарни, но едноставни што и оние кои не се вешти кога е правењето фризури во прашање, успеваат да се снајдат. Сепак, крајниот резултат најчесто не изгледа баш како оригиналот, односно, нешто недостасува за фризурата да изгледа исто како на фотографијата или видеото од кое била инспирирана. Дознајте во продолжение што никако не смеете да направите кога правите плетенки во косата доколку сакате тие да изгледаат совршено.rnrn1-dokolku-sakate-sovrsheni-pletenki-zaboravete-gi-ovie-pogreshni-raboti-www.kafepauza.mk_rnrnЕкспертите, кога е косата во прашање, се согласуваат за една работа: Никако немојте да правите фризура доколку вашата коса е брзо миена. Најдобро е да почекате да поминат неколку денови за да ги создадете идеалните плетенки и бохо фризури. Тоа е, секако, поради фактот што чистата коса е свиленкава, бега и тешко е да се скроти. Доколку приликата бара да направите фризура на чиста коса, би било добро да употребите, на пример, восок, кој благо ќе ја замасти и ќе ви ја олесни работата.rnrn2-dokolku-sakate-sovrsheni-pletenki-zaboravete-gi-ovie-pogreshni-raboti-www.kafepauza.mk_rnrnСепак, покрај косата која не треба да биде тазе миена, важно е да обрнете внимание и на уште две важни работи:rnrnВажно е да водите сметка за издвојувањето на прамените. Тие мора да бидат со скоро иста дебелина, за фризурата на крајот да има смисла, посебно кога е во прашање плетенката „рибја коска“.rnrnИсто така, доколку сакате лежерна и опуштена плетенка, подобро затегнувајте ја додека ја плетите, а подоцна со помош на прстите извлечете каде што сакате и така на фризурата ќе ѝ дадете бохо ефект.rnrn3-dokolku-sakate-sovrsheni-pletenki-zaboravete-gi-ovie-pogreshni-raboti-www.kafepauza.mk_rnrnНаправете плетенки како професионалци! Нека не ве попречува првиот неуспех, работете на рутината и брзо ќе ја совладате.

  • Биди ми Тарзан, ќе бидам твојата Џејн

    Биди ми Тарзан, ќе бидам твојата Џејн

    Кафето црно како ѓавол, само испушта чад, самиот мирис ти го трезни мозокот. Ова ќе биде долга ноќ. Уште еднаш го преживеав денот на оние со збрлавени хормони, декларирајќи се себеси како пијани од љубов. Други пак, се пијани… од вино, едноставно за нив секој ден е ден за пиење. За најголемиот дел беше ден за мрчење, а за некои пак… обичен ден.rnrnУште од утрото одма ми светна дека не би требало да правам некои планови со друштво, зашто најверојатно сите ќе се пијанат или љубат, па така решив и јас да кренам некоја чашка. Денот е таков. „И каков е планот, што ќе правите денес, што му купи?“ Чекај, колку што знам не ни е годишнина, што пропуштам… секако, средина на февруари… да измислам нешто или едноставно да речам „Вие сите сте ненормали“? Одбирам да бидам блага, „Сè уште не знам“. Никогаш не сум подлегнала на предизвикот на полнам нечиј џеб поради обична пропаганда. За мене љубовта е премногу света и посебна, а целата таа прашина околу овој ден, едноставно те тера уште повеќе да се нафрлиш врз виното, така помалку ќе мислиш на човековата глупост.rnrnБиди ми Тарзан, ќе бидам твојата ЏејнrnrnФевруари извини, ама тапа си. Ладно ми е, морам да учам, немам пари после сите прослави минатиот месец, желбата за лето никогаш не била поголема… Сите ние кои сме роденденци во овој месец сме некако… благо да се изразам, оригинални. Па тргнете од самиот месец. Сите останати имаат или по 30 или по 31 ден, а на овој кога ќе му текне има 28, а некогаш и 29. Па исто и ние, февруарците. Верувајте, некогаш и самите не можеме да се поднесеме, со сите наши фикс идеи и креативни начини на „тепање време“.rnrnНи на крај памет не ми беше да пишувам за Денот на вљубените, ама се стори. Всушност, на некој начин ме инспирираше. Се прашувам какви се совршените вљубени? Си ги довршуваат речениците, си објавуваат песни на ФБ и редовно постираат слики каде еден со друг си се хранат со торта или сладолед? Постои некаков критериум како треба да изгледа една совршена љубовна врска? Како новото време влијае врз човековата перцепција за совршена љубов?rnrnПрво, не постои совршена љубов, а и да постои не би сакала да бидам во таква врска, едноставно би пукнала од здодевност. Секој си има своја претстава за тоа како би требало да изгледа љубовната врска, впрочем сите луѓе се различни. Затоа ќе се најдат двајца кои ќе сакаат приближно исти работи и ќе си оформат некој вид нивна совршена врска. Ако не си велат секој ден дека неизмерно се сакаат, ако тоа редовно не го докажуваат на социјалните мрежи, ако не си разменуваат нежности во јавност, значи ли тоа дека не се сакаат доволно или дека не уживаат во врската? Но, од друга страна, ако го прават сосема спротивното, значи ли тоа дека во суштина не се сакаат доволно, туку дека пробуваат себеси, а и на другите да им докажат нешто? Мислам дека никој не може да знае како и колку вистински уживаат партнерите во нивната врска. А според мене, секогаш било подобро тие слатки љубовни моменти да си ги чуваме за себе или за мал круг луѓе околу нас.rnrnКога сме кај љубовта и совршенството, мислам дека веќе во неколку наврати сум го спомнувала принцот на бел коњ. Но, овој пат го погледнав од друга перспектива. Што ако може да постои, само што нема универзални карактеристики, туку сè зависи од тоа како девојката си го замислува својот принц на бел коњ? Впрочем, зошто никогаш, ама баш ниеднаш во сказните принцезата или девојката не тргнала по својот принц? Со исклучок кога Пепелашка замина на балот, ама околу полноќ се претвори во кралица на драмата и „фати магла“, па си замина дома и си ја чекаше чевличката. Зошто девојката да не тргне по принцот кој ѝ се допаѓа? Што ако тргнал кон нас, ама се изгубил по пат, се заглавил во трње или паднал и си ја скршил ногата? Не сум во делузија, поентата ми е, ако го посакувате вашиот принц, тргнете и најдете го, не чекајте да дојде до вас. Тој дел од сказните воопшто не се совпаѓа со реалноста.rnrnА знаете што? Со сета таа прашина околу тој фамозен принц, помислувам, зошто мора да е принцот? Зошто девојчињата уште како мали не сонуваат дека Тарзан, на пример, е нивниот иден совршен маж? Само затоа што се шетка гол низ џунглата? Како предвреме да сме го осудиле дека не чини само затоа што не живее во палата. Па всушност јас би го посакала баш Тарзан. Силен, храбар, израснат во дивината кој ќе ме заведе јазејќи се по дрва. Поентата ми е, не ги оценувајте луѓето пред да ги запознаете вистински. Можеби баш Тарзан, би бил совршениот маж од сказните и приказните. Биди ми Тарзан, а јас ќе бидам твојата Џејн. :)rnrnТоа би било сè за денес, веќе нема кафе во шолјата, а тоа би значело дека во овој момент завршувам со пишување.rnrnДо следното читање,rnrn Вашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колку кафиња до „вистинскиот“?

    Колку кафиња до „вистинскиот“?

    Едните од Марс, другите од Венера, дали навистина сме толку различни? Додека мажите гледаат фудбал и зборуваат за коли, ние жените пиеме кафе и зборуваме за мажи. Зарем тоа ни е главна преокупација? Зошто ние толку се трудиме да го разбереме тој машки свет, додека мажите не се трудат воопшто, или пак одамна целиот машки род кренал раце од обидувањето да ги разбере жените и нивното однесување?rnrnКолку кафиња до „вистинскиот“?rnrnНие жените сме едни комплицирани суштества со синдромот „не знам што сакам, ама мора да го имам“! На пример, таа има супер дечко, ѝ оди по ќеф, ѝ пишува романтични песни, ете накратко да речеме, прави буквално сè што таа сака, ама за брзо ќе ѝ здодее. Зошто жените тврдат дека бараат некој грижлив и внимателен, кога речиси секогаш одбираат некој со став на лошо момче? Цел живот ќе трага по тој кој е лудо вљубен во неа, кој ќе ја чува како капка роса на дланка ама ништо, ако не ја третира како знаете што, ќе ѝ здодее. Е ај сега да те видам, погоди ни. Секако дека има и исклучоци, ама ќе се дрзнам овој пат сите да одиме во ист кош. Моето мислење е дека општо ние луѓето сме такви, не знаеме да цениме нешто додека не го изгубиме…rnrnДруга работа, во случај да сакате да го сфатите женскиот мозок, треба да знаете дека ние сме заљубени во љубовта. Ни треба тоа чувство на грижа и заштита, што впрочем и не е воопшто лошо самото по себе. Нам ни треба тој некој кој ќе ни посака добра ноќ и таа „совршена“ врска и сите оние работи кои вообичаено ги прават паровите. Ние жените, колку и да не признаваме, сите сме непоправливи романтичарки, само некои повеќе, а други помалку. Но, една од најголемите грешки што ги правиме, остануваме со некого бидејќи сме заљубени во нашата врска, а не во личноста. Просто копнееме по таа сигурност. Постојат девојки кои остануваат во една врска мислејќи дека немаат излез, дека би било тешко да најдат друг, дека нема да го преживеат оној период кога никој нема да им посака добра ноќ, што, според мене, е чиста глупост и знак на несигурност.rnrnОпшто луѓето, за жал, најчесто врските од минатото ги категоризираат како грешки. А животот со инструкции доаѓа? Ако е така, јас со сигурност сум ги заборавила, или некој таму рекол, „нека се снаоѓа сама, да си се посмееме малку“. И да ви кажам најискрено, стварно испаднав забавна. Шега на страна, грешките мора да се прават, ако не правиме грешки ќе бидеме глупави и неискусни. Не може таа да ти била грешка, таа те научила на важна животна лекција, или врската со тоа момче ти е огромно искуство кое те подготвило да бидеш таква каква што си за во наредната врска. Си доаѓаат луѓето со причина, работите се случуваат со некаква намера, можеби сè е игра на судбината. Постои огромна разлика меѓу поимите „грешка“ и „искуство“.rnrnПрашањето ми е, колку кафиња, состаноци и вечери има до совршениот? Дали воопшто постои тој некој господин СОВРШЕН и дали е само еден, можеби имаме повеќе „совршени“ во нашиот живот? Можеби се совршени за одреден период. И што ако го „утнеш“ совршениот? Погрешен тајминг, место и ситуација и готово, чао-пријатно, не си се погодивме.rnrnНие жените знаеме и тоа како да се замараме во врска со ова прашање. Отвораме дискусии, развиваме полемики, кажуваме мислења, дебатираме… Знаете што, па ние многу се замараме! Тоа е главниот проблем. Можеби треба да оставиме работите едноставно да си течат. Секогаш кога многу се замараш не излегува на арно. И многу мислење не чини… А што ако премногу му придаваме значење на тој возвишен поим „совршен“? Зошто најголемиот дел од жените не трагаат толку по совршените пријателства, колку по совршените дечковци? Логично ли е што многу повеќе ќе се „испозамараме“ за „совршениот“ маж, отколку за совршената кариера, на пример?rnrnСè е убаво, и врските, и љубовта, и пријателствата, и не би требало да се одречеме од која било од тие работи. Само што некогаш, едноставно треба да се опуштиме и да не се преоптоваруваме мислејќи на поимите како „совршен принц на бел коњ“, наметнати од сказните. На крајот на краиштата, ова е вистински живот, каде никој нема да ве затвори на врвот од кулата, сè додека еден ден по гулаб не ви стигне писмо од вашиот принц. Нашите животи се далеку покомплицирани, ама најискрено, и многу поинтересни.rnrnДо следното читање,rnrn Вашата Ели.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3Д скенер кои ги одбира идеалните фармерки за вашето тело

    3Д скенер кои ги одбира идеалните фармерки за вашето тело

    Замислете ситуација во која одма ќе знаете кои фармерки би биле идеални за вас, без притоа да морате да талкате цел ден по продавниците и да пробувате по 20 пара. Нормално, сите секогаш бараат фармерки кои даваат идеална слика на виткост, кои нема да оцртуваат, ќе издолжуваат и слично. 3Д скенер кои ги одбира идеалните фармерки за вашето телоЗа среќа, откриен е револуционерен пронајдок кој овозможува потрагата по совршениот пар фармерки да биде многу едноставна. Благодарение на тридимензионалниот скенер на тело, купувачите во продавницата на „New Look“ во трговскиот центар „Westfield Stratford“ кој се наоѓа во градот Стратфорд, Англија, ќе можат да си ги одберат оние фармерки кои се идеални за нивната градба. Скенерот е изработен од компанијата „Bodymetrics“.rnrnКупувачите ќе мора да влезат во скенерот по долна облека, кој благодарение на ултрацрвени светла ќе може да прочита повеќе од 300.000 точки од телото на човекот. Статистиката ќе дава неверојатни резултати и секој што ќе помине преку скенерот ќе може да дознае секаква мерка за својата половина, листови, бутови, зглобови и слично. 3Д скенер кои ги одбира идеалните фармерки за вашето телоОткако телото ќе биде скенирано, стилист ќе ги анализира контурите и облините на телото и ќе го одбере совршениот пар фармерки. Резултатите ќе се испраќаат и на имејл, бидејќи се очекува ваквата технологија да се применува и во други продавници. Сепак, оваа идеја не е нова, бидејќи ваков изум бил направен во 2001 година, кога се очекувало дека тој ќе направи бум и многу брендови ќе ја инсталираат опремата во своите продавници.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn

  • Како да ги пополните несовршеностите на вашите веѓи?

    Како да ги пополните несовршеностите на вашите веѓи?

    Без разлика колку добро да се исчупани веѓите, секогаш некое влакно ќе стрчи или ќе недостасува, па или ќе изгледаат бушаво или како да се лошо обликувани. Немојте да мислите дека ако сте добро нашминкани, не е битно какви ви се веѓите, бидејќи доколку се убаво дефинирани, тие правилно ќе ги истакнат цртите на вашето лице. Како да ги пополните несовршеностите на вашите веѓи?Овие туторијали ќе ви покажат како секое утро професионално да ги нашминкате вашите веѓи за да изгледаат совршено и да бидат меѓусебно еднакви во текот на целиот ден, а целата постапка ќе ви потроши само неколку минути од вашето време. Битно е да знаете дека колку потркалезно лице имате, толку поаглести треба да бидат вашите веѓи, за да ги истакнат контурите на вашето лице. Колку покоцкасто лице имате, толку позаоблени треба да ви бидат веѓите, за да го ублажат неговиот облик.rn
    rn

    Веѓи со природен изглед

    rn Потребна козметика:rn

      rn011

    • Молив за очи, во боја слична на бојата на вашите веѓи
    • rn

    rn

      rn011

    • Сенка за очи во боја најслична на вашите веѓи
    • rn

    rn

      rn011

    • Тенка аглеста четка за шминкање
    • rn

    rn

      rn011

    • Коректор за подочници
    • rn

    rn

      rn011

    • Гел за веѓи
    • rn

    rn

    rn
    rn

    Маркантни веѓи за вечерен изглед

    rnrn Потребна козметика:rn

      rn011

    • Сенка за очи во боја слична на вашите веѓи
    • rn

    rn

      rn011

    • Тенка аглеста четка за шминкање
    • rn

    rnПремотајте го воведниот дел до 30 секунда.rn

    rn
    rn

    Како да ги обликувате вашите веѓи?

    rnАко вашите веѓи не можат да се коригираат само со шминка, погледнете како да ги искубете и искастрите, за да заземат совршен правец. Премотајте го воведниот дел до 28 секунда.rnrnПотребно ви е:rn

      rn011

    • Пинцета за веѓи
    • rn

    rn

      rn011

    • Специјален брич за веѓи
    • rn

    rn

      rn011

    • Мали ножички
    • rn

    rnrn

    rnrnАко вашите веѓи имаат природен облик, односно не се чупани никогаш или барем не во блиско минато, погледнете од каде треба да започнете.rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn