КАФЕ ПАУЗА

Tag: современа

  • 10 класици кои секоја современа девојка треба да ги прочита

    10 класици кои секоја современа девојка треба да ги прочита

    Искористете го летото за да уживате во добри книги кои секоја паметна и образована девојка треба да ги прочита. Ова е листа од 10 книги препорачани од книжевен критичар и во нив со сигурност ќе уживате.rnrn1-10-klasici-koi-sekoja-sovremena-devojka-treba-da-gi-prochita-kafepauza.mkrn

    1. „Три сестри“ – Антон Павлович Чехов

    rnСестрите Ирина, Маша и Олга во својата провинција мечтаат да отидат во Москва, но тука не се работи за големиот град, туку за ширината, слободата и за еден незапирлив женски, човечки живот.rn

    2. „Нора“ – Хенрих Ибзен

    rnНора со уште некои свои „книжевни сестри“ го разби стереотипот за граѓанскиот брак и оттогаш тој е незамислив. Нека не ве лаже фактот дека и денес милиони луѓе живеат во таков брак, тоа не е веќе тоа, туку само така се вика.rn

    3. „Мадам Бовари“ – Густав Флобер

    rn„Madame Bovary, c’est moi“ – вели загадочно Флобер. Но, со него или без него, госпоѓата Бовари се повикува на „романтична лудост“ која го оправдува човековото постоење. И тргнува на една храбра прошетка со кочија, прошетка која сè уште трае.rn

    4. „Ана Каренина“ – Лав Николаевич Толстој

    rnРусинките поинаку се воспитуваат, кога нешто не е во ред, нужно мислат дека самите се криви за тоа. Ана се фрлила под воз, но пред тоа мудриот спахија Толстој ни раскажал една од основните приказни во историјата на модерниот роман, приказна за сфаќањето на човечката слобода и женската независност. Океј, Ана лошо сфатила, но отворила пат…rn

    5. „Даблинци“ – Џејмс Џојс

    rnМожеби најдобрата збирка раскази некогаш напишана. „Мртви“, еден од нив, е приказна за љубовта и изгубеното, за ненадополнетото, за незабележителната тага, неважноста на сè и секој што доаѓа потоа, кој го сака оној кој живее во сенка на својот „мртов“. А снегот подеднакво паѓа на земјата и прекрива сè живо и неживо и нема никогаш да прекине.rnrn2-10-klasici-koi-sekoja-sovremena-devojka-treba-da-gi-prochita-kafepauza.mkrn

    6. „Тонио Крегер“ – Томас Ман

    rnТонио е заљубен уметник, но русокосата убавица која ја сака ќе ѝ даде предност на „подобрата прилика“ и со тоа му ќе му го крши срцето.rn

    7. „Неподносливата леснотија на постоењето“ – Милан Кундера

    rnИма нешто од фундаментална важност за мажите, барем за оние од средна Европа во 20 век, а тоа ни го посочува Кундера во оваа, но и во секоја друга негова книга.rn

    8. „Нечија сопствена соба“ – Вирџинија Вулф

    rnИ сиот нејзин прозен опус, се разбира. Но, овој есеј говори за суштински важни работи како што е моментот кога жената престанува да биде подвижен дел од покуќнината. Немојте да се залажувате дека тоа било порано, има многу места каде сè уште се случува.rn

    9. „Премногу среќа“ – Алис Мунро

    rnПа и секоја друга збирка со нејзините приказни. Канаѓанката е многу моќна, прониклив проповедник на помалку блескави, а повеќе страшни женски судбини, навидум удобно заштитени во своите американски провинции.rn

    10. „Песочен часовник“ – Данило Киш

    rnЖените едноставно лудувале по овој човек. А, според неговото дело „Песочен часовник“ ќе сфатите дека југословенската литература е нешто кое навистина заслужува да биде рамо до рамо со светските класици.

  • Калифорниска елитна куќа вредна 30 милиони долари

    Калифорниска елитна куќа вредна 30 милиони долари

    Овој нов современ дом е лоциран во елитната населба Бел-Еир, која се наоѓа на падинините во Вестсајд, Лос Анџелес, Калифорнија. Резиденцијата е распослана на површина од 1.400 метри квадратни и овозможува луксузен и удобен начин на живот. Во неа има 6 спални соби, 10 бањи, раскошна дневна соба, елегантна трпезарија, киносала, библиотека, винарска визба и прекрасна кујна.Калифорниска елитна куќа вредна 30 милиони долариСо својот бесконечен базен, од кој имате фантастичен поглед кон Лос Анџелес и гостинската куќичка, овој елитен имот има сѐ што човек може да посака, а вреди скромни 30 милиони долари.Калифорниска елитна куќа вредна 30 милиони долариКалифорниска елитна куќа вредна 30 милиони долариКалифорниска елитна куќа вредна 30 милиони долариКалифорниска елитна куќа вредна 30 милиони долариКалифорниска елитна куќа вредна 30 милиони долариКалифорниска елитна куќа вредна 30 милиони долариКалифорниска елитна куќа вредна 30 милиони долариКалифорниска елитна куќа вредна 30 милиони долариКалифорниска елитна куќа вредна 30 милиони долариКалифорниска елитна куќа вредна 30 милиони долариКалифорниска елитна куќа вредна 30 милиони долариКалифорниска елитна куќа вредна 30 милиони долариКалифорниска елитна куќа вредна 30 милиони долариКалифорниска елитна куќа вредна 30 милиони долари
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Модерен руски дом сместен помеѓу дрвја

    Модерен руски дом сместен помеѓу дрвја

    Руската архитектонска фирма Атриум го дизајнирала овој прекрасен, модерен дом, лоциран во близина на Москва, Русија, за семејство со едно дете. Модерен руски дом сместен помеѓу дрвјаПозиционирана на врв од рид, помеѓу многу дрвја и фантастична природа, оваа резиденција нуди неверојатен поглед низ прозорците. Модерен руски дом сместен помеѓу дрвјаМодерен руски дом сместен помеѓу дрвјаКуќата има специфична и елегантна надворешност. Сопствениците на домот можат навистина да ја почувствуваат природата во нивната куќа, бидејќи таа однадвор и однатре е обложена со ист дрвен материјал.Модерен руски дом сместен помеѓу дрвјаМодерен руски дом сместен помеѓу дрвјаМодерен руски дом сместен помеѓу дрвјаИсто така, до куќата има уште една градба, чиј кров функционира како место од кое можете најдобро да ја набљудувате природата и сите нејзини убавини, а во зимно време, се претвора во лизгалиште за деца.Модерен руски дом сместен помеѓу дрвјаМодерен руски дом сместен помеѓу дрвјаМодерен руски дом сместен помеѓу дрвјаМодерен руски дом сместен помеѓу дрвјаrn

    ———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.