КАФЕ ПАУЗА

Tag: сорта

  • Вакви клавчиња пченка не сте виделе досега

    Вакви клавчиња пченка не сте виделе досега

    Навидум личи како да станува збор за некаков уметнички проект, но овие разнобојни стаклести зрна пченка, се реални и можат да се јадат. Станува збор за специјална сорта наречена „Glass Gem Corn“, која расте од засадено семе. Самото нејзино име зборува за нејзиниот стаклест изглед, кој потсетува на скапоцени камчиња. Вакви клавчиња пченка не сте виделе досега Овој вид е произведен од страна на фармерот Карл Барнс од Оклахома, кој забележал дека повремено на клавчињата се појавуваат зрна со необична боја, кои имаат сјајност. Барнс ги собрал и ги зачувал тие зрна и благодарение на неговиот мајсторлак за размножување и повеќегодишни макотрпни обиди, се родила оваа интересна пченка. Инаку фармерот има потекло од домородниот народ Чироки, од Северна Америка.Вакви клавчиња пченка не сте виделе досега Кога Барнс остарел, ја предал својата колекција скапоцени зрна на неговиот пријател Грег Шон и му го објаснил процесот на размножување на пченката. Во 2010 година Грег решил да се пресели на друго место, но пред тоа ја реализирал својата намера да најде некој кој ќе ја чува и заштити колекцијата семиња, за да не се изгуби или да се уништи во процесот на селење. Вакви клавчиња пченка не сте виделе досега Притоа, решил да ги складира семињата во една мала компанија за семиња во Аризона, „Seeds Trust“. Љубопитен за тоа што ќе порасне од семињата со толку карактеристично име, сопственикот на компанијата, Бил Мекдорман, решил да посади неколку во неговата градина и бил счудоневиден од резултатите. Тој основал непрофитна организација со име „Native Seeds/SEARCH“ за да го заштити и зачува агрикултурното наследство на нативните Американци. Вакви клавчиња пченка не сте виделе досега Организацијата сега ги продава семињата преку веб-сајт, за 7,95 американски долари по пакет и истите се многу барани и често се распродаваат. Пченката може да се користи за правење брашно или пуканки, но не се препорачува да се јаде директно од клавчето. Вакви клавчиња пченка не сте виделе досега Вакви клавчиња пченка не сте виделе досега Вакви клавчиња пченка не сте виделе досега Вакви клавчиња пченка не сте виделе досега Вакви клавчиња пченка не сте виделе досега Вакви клавчиња пченка не сте виделе досега Вакви клавчиња пченка не сте виделе досега Вакви клавчиња пченка не сте виделе досега
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најпознати видови црвено вино

    Најпознати видови црвено вино

    Црвеното вино спаѓа во сортата вина направени од темно грозје. Неговата боја може да варира од виолетова – типична за младите вина, црвена за зрели вина и темно црвена кон кафена за стари вина. За виното со сигурност е точно тоа дека колку е постаро толку е повкусно и повеќе вреди.rnrnНајпознати видови црвено виноrnrnВо пресрет на Св. Трифун – заштитникот на винарите и лозјето, ви ги претставуваме осумте најпознати видови црвено вино.rnrn1. Syrah или Shiraz  (Сирах или Шираз) – Најпознати места каде се одгледува лозјето за производство на ова вино се: Калифорнија, Австралија и познатата винска долина на Рона во Јужна Франција. Виното има вкус на црни плодови како црна рибизла, а неговиот прекрасен вкус не е само поради овошјето од кое се прави, туку многу придонесуваат и дабовите буриња каде се чува. Ова вино најдобро оди со пилешко, телешко, дивеч и разни видови чорби.rnrn2. Merlot (Мерлот) – лесно и пивко црвено вино кое може да го консумирате со секаква храна. Најпознати региони за негово производство се: Италија, Романија, Калифорнија, Чиле итн. Има типичен вкус на сортно вино со мирис на црни цреши, сливи и билки.rnrn3. Cabaret Sauvignon (Каберне Совињон) – една од светски најпознатите и најдобри сорти вино. Најприкладно е да се консумира со црвено месо. Грозјето за негова подготовка расте на сите типични места за одгледување темно грозје, како Франција и Австралија. Во неговиот вкус се чувствуваат тонови на ванила.rnrnНајпознати видови црвено виноrnrn4. Malbec (Малбек) – оваа врста традиционално има корени од Францускиот регион Бордо. Се одгледува во Аргентина каде расте најпопуларната црвена сорта грозје, а исто така го има и во Чиле, Австралија и во посеверните подрачја на Калифорнија. Неговите карактеристики се разликуваат зависно од тоа како и каде се одгледува. Општо гледано овој вид спаѓа во лесен стил на вина, со вкус на сливи и јагоди. Оди одлично во комбинација со секаков вид оброци со месо. Малбек често се меша со други видови вино, како Каберне Франк, Каберне Совињон, Мерлот… Овие мешавини често носат многу здравствени придобивки.rnrn5. Pinot noir (Пино Ноар) – едно од најблагородните црвени вина. Ова вино е потешко за одгледување и производство, а ретко се меша со други вина. Одлично оди со лосос на скара, пилешко, јагнешко, како и јапонски јадења, особено суши. Најпознати региони на производство се: Франција, Австралија, Нов Зеланд, Калифорнија и Орегон. Има овошна арома на цреши, јагоди и сливи.rnrn6. Zinfandel (Зинфандел) – Типичен вкус на сортно вино збогатен со зрнести овошја. Ова е најразноврсна сорта вино со тонови на румено вино, па сè до поинтензивни црвени нијанси. Се консумира со тестенини со доматен сос, пица и скара.rnrnНајпознати видови црвено виноrnrn7. Sangiovese (Санџовезе) – Оригинално потекнува од Италија и е одличен избор на вино за со италијанска храна или со која било друга медитеранска кујна. Додека го консумирате можете да го почувствувате вкусот на слива и зрнести овошни плодови.rnrn8. Barbera (Барбера) – можеби не толку популарно како Мерлот, но со слични карактеристики. Се совпаѓа со многу јадења вклучувајќи разни сосови од домати. Виното е со италијанско потекло и има сочно црвена боја, вкус на цреша и слива, свилена текстура и одлична киселост.rnrnЗа крај, без разлика дали ќе го прославувате Св. Трифун или Св. Валентин, направете комбинација од двете и со саканата личност напијте се чаша добро црвено вино!rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.