КАФЕ ПАУЗА

Tag: соработници

  • Драги апсолвенти: Не правете ги овие грешки кога за прв пат ќе се вработите

    Драги апсолвенти: Не правете ги овие грешки кога за прв пат ќе се вработите

    Некако успеавте да ја смирите анксиозноста предизвикана од помислата дека наскоро ќе дипломирате и се помиривте со фактот дека само што не сте влегле во светот на возрасните. Со мирна глава почнавте да ги разгледувате сите ваши опции и решивте дека сте подготвени да најдете работа и да ги прифатите сите обврски што доаѓаат со неа. Најдовте понуда за работа што одговара на вашите интереси и можности, аплициравте и ве вработија. Сигурно се чувствувате многу возбудено, но не дозволувајте возбудата да ве понесе.rnrnДраги апсолвенти: Не правете ги овие грешки кога за прв пат ќе се вработитеrnrnЧесто пати се случува новите вработени да имаат погрешна слика во однос на тоа што треба или не треба да прават за да успеат во нивната прва работа по дипломирањето. Овие погрешни слики ќе направат да мислите и да се однесувате на начин што ќе ја намали вашата способност да бидете продуктивни, поврзани и задоволни членови на една организација. Еве кои мисли не треба да ви се вртат во главата:rn

    Морам да почнам со полна пареа

    rnОва може да звучи како добра стратегија, но ќе го насочи вашиот фокус на тоа што побрзо да ги завршите сите работни задачи уште од првиот ден и нема да ви дозволи да се посветите на градење односи потребни да остварите долгорочен успех. Ако само брзате да бидете продуктивни, голема е веројатноста дека ќе направите многу грешки. Дадете си време да ги разберете сите мали финеси на вашите работни обврски и не срамете се да прашувате или да побарате помош.rnrnРешение: Посветете доволно време целосно да ја разберете вашата улога и обрнете повеќе внимание на односот што треба да го изградите со вашите колеги и менаџери.rn

    Морам да оставам беспрекорен прв впечаток

    rnСигурно многу пати сте прочитале дека луѓето формираат мислење за нас во првите неколку секунди откако ќе се појавиме. Иако ова е точно за некои поедноставни ситуации, кога се работи за долгорочни работни односи, не може да се направи толку точна проценка. Всушност, впечатокот постојано се менува во текот на наредните месеци. Доколку сте загрижени за првиот впечаток што ќе го оставите и премногу се трудите да ги импресионирате колегите со вашето знаење и минати достигнувања, може да делувате арогантно. Може да се случи да одбегнувате одредени луѓе затоа што се плашите дека ќе оставите лош впечаток. Што и да е случајот, ваквиот начин на размислување ве спречува да остварите квалитетни врски и целосно да се интегрирате во новата средина.rnrnРешение: Разберете дека иако првите впечатоци имаат одредено влијание, тие избледуваат од меморијата по неколку средби. Фокусирајте се на тоа следната средба да биде поуспешна.rnrnДраги апсолвенти: Не правете ги овие грешки кога за прв пат ќе се вработитеrn

    Морам да се докажам

    rnОткако сте успеале да се „продадете“ на интервјуто за работа, може да чувствувате притисок дека веднаш мора да докажете колку мудра одлука била тоа што ве вработиле. На тој начин вие ќе гледате само да ги извршувате дадените задачи, наместо да учите. Имајте на ум дека колегите пред да станат ваши соработници, тие најпрво се судии задолжени да ја оценуваат вашата работа. Од страв да не згрешите или да не успеете да завршите нешто, вие ќе почнете да работите прекувремено дури и на паузата за ручек за да оставите впечаток на посветен работник. Но, на тој начин ќе пропуштите да се поврзете со колегите и да создадете квалитетни врски.rnrnРешение:Не заборавајте дека вашите колеги не очекуваат беспрекорна работа, и вашиот успех зависи од вашата способност брзо да учите од другите.rn

    Не смеам да им досадувам на зафатените, важни луѓе

    rnНовите вработени веруваат дека е неучтиво да ја прекинат работата на зафатени луѓе со повисок статус. Поради тоа, чекаат другите да им пристапат ним, што најчесто не се случува. Не правете ја оваа грешка бидејќи нема да успеете да ги изградите врските и да ги добиете информациите потребни за да бидете успешни.rnrnРешение: Имајте на ум дека соработниците очекуваат да ги прекинувате во работата со прашања. Откако сте ги запознале, прашајте ги дали може да ве примат подоцна. Ретко кој ќе одбие вакво наивно барање.rn

    Ако побарам помош, ќе изгледам лошо

    rnСамо што сте почнале со работа и непријатно ви е да поставувате прашања за нешта што сметате дека веќе би требало да ги знаете или прашања кои сметате дека би направиле да изгледате помалку компетентни и паметни од очекуваното. Особено ви е непријатно да му пристапите на новиот шеф, а најчесто тоа е личноста што најмногу може да ви помогне. Наместо да го направите тоа, вие трошите време на бесмислено пребарување по Интернет или премногу се потпирате на вашата сопствена проценка и (не)знаење. Резултатот на сето ова се грешки кои сте можеле лесно да ги одбегнете само со неколку стратешки разговори.rnrnРешение: Бидете сигурни дека никој не очекува од вас да знаете сè. Ако сакате побрзо да се вклопите на работа, потребно е да поставувате што е можно повеќе прашања.rnrnПрвото вработување е навистина возбудлив, но и стресен настан. Не дозволувајте поради овие неколку погрешни слики што ви се „мотаат“ во глава да скратите од вашата продуктивност, интеграција и задоволство. Прашувајте, дружете се, прифаќајте критики, вредно работете и успехот ќе биде неминовен!

  • Доколку ги користите овие 5 фрази на работа, никој нема да ве гледа како силна и самоуверена личност

    Доколку ги користите овие 5 фрази на работа, никој нема да ве гледа како силна и самоуверена личност

    Што кажуваме, каде го кажуваме и пред кого се работи кои директно влијаат на туѓото мислење за нас. А кога станува збор за мислењето на професионален план, тогаш мора да бидеме претпазливи со секој збор кој излегува од нашата уста. На пр., сакајќи да бидеме фини и обѕирни, често знаеме да излеземе како слаби и несигурни во себе, а причината е што во зборувањето вметнуваме фрази кои кај останатите оставаат впечаток дека не сме цврсти личности. Следниве 5 фрази се најупотребуваните меѓу нив и треба веднаш да ги исфрлите од вашиот речник.rnrn(2)-dokolku-gi-koristite-ovie-5-frazi-na-rabota-nikoj-nema-da-ve-gleda-kako-silna-i-samouverena-lichnost-kafepauza.mkrn

    1. „Значи“

    rnДефинитивно еден од зборовите кои не само што ќе направат да изгледате несигурно, туку и чија честота на користење неминовно ќе ги изнервира вашите соговорници. Сакате да ве сфатат сериозно? Тогаш веднаш најдете начин да се ослободите од стегите при изговарањето на овој збор. Вежбајте пред огледало, правете кратки паузи секој пат кога ќе ви дојде да кажете значи.rn

    2. „Извини“

    rnНе баш сѐ она за кое се извинувате го бара тоа од вас, нели? Претераното извинување се одразува лошо на вашата самодоверба и остава впечаток дека таа е на многу ниско ниво. Со оглед на тоа дека во поголемиот дел од случаите не сте ни погрешиле толку многу колку што мислите, покажете малку поголема самоувереност и самопочит и извинувајте се само тогаш кога навистина ќе имате за што.rnrn(1)-dokolku-gi-koristite-ovie-5-frazi-na-rabota-nikoj-nema-da-ve-gleda-kako-silna-i-samouverena-lichnost-kafepauza.mkrn

    3. „Не знам дали ќе можете, но…“

    rnДоколку сакате некој да направи нешто, тогаш ова е дефинитивно начинот на кој НЕ треба да го побарате тоа. Дури и кога станува збор за личност која се наоѓа на повисока работна позиција, секогаш постојат други начини кои поефективно ќе ја завршат работата. Бидете сигурни во себе и одлучни, па наместо не знам дали…, обидете се со би сакале ли…rn

    4. „Жал ми е што ви пречам, но…“

    rnКога станува збор за нечие време, тогаш имајте почит за истото и не го трошете залудно со фрази како оваа. Сакате да ве забележат? Сакате помош со нешто? Вака сигурно нема да ја добиете. Имате право да прашате што и да ве интересира и секој, доколку сака, може да одвои неколку минути од своето драгоцено време за да ви одговори. Затоа, следниот пат обидете се со Кога ќе имате време, би го сакал/а вашето мислење за… или фрази слични на оваа.rnrn(3)-dokolku-gi-koristite-ovie-5-frazi-na-rabota-nikoj-nema-da-ve-gleda-kako-silna-i-samouverena-lichnost-kafepauza.mkrn

    5. „Се надевам дека е во ред“

    rnДали се сомневате во себе? И зошто тогаш вашиот работодавец или колеги би требале да ве сфатат сериозно? Не очекувајте другите да веруваат во вашите способности кога вие самите делувате несигурни за тоа колку добро сте ја завршиле работата. Кога навистина одлично сте ја изработиле задачата и го знаете тоа, нема потреба од вакви коментари. Покажете поголема самодоверба и цврсто стојте позади сработеното бидејќи само така ќе ја добиете почитта која ја заслужувате.

  • Не плашете се да побарате помош

    Не плашете се да побарате помош

    Во себеподобрувањето, постои мит коj укажува на тоа дека треба „сè да направите сами“. И покрај тоа што ова размислување се одликува со огромна самостојност и самодоверба, сепак понекогаш на секој од нас ни е потребна мала помош од најблиските. Не плашете се да побарате помошНашите врски и луѓето со кои сме секојдневно опкружени често нè дефинираат кои сме во нашите мисли и тела. Пријателот кој нè поддржува и кој ни помага, на крајот од денот нè прави подобар човек. И токму тоа е тоа што треба да се прифати и почитува. Најуспешните и најсреќните луѓе во светот ја сфаќаат едноставната важност на овие позитивни врски. Тие сфаќаат дека сите во светот имаат проблеми, но само оние кои се подготвени да признаат дека имаат потреба од помош, се оние кои најдобро се снаоѓаат со предизвиците на животот.rnrnНе смеете да се плашите да побарате помош кога работите ќе почнат да ви бегаат од контрола. Секогаш постојат граници, ние едноставно не можеме да посветиме бесконечно време и енергија на сè и поради тоа понекогаш навистина ни е потребно барем уште една „рака“ од најблиските. Дали вие барате помош од пријатели, роднини или соработници кога ви е потребна? Дали тие се подготвени да ви помогнат или ве одбиваат? Дали ја возвраќате помошта која ви била овозможена?rnrnСекој од вас мора да си ги постави овие прашања. Тие ќе ви помогнат да ги идентификувате оние врски во вашиот живот кои ви се најпотребни. „Помошта“ игра огромна улога во нашите односи со другите луѓе. Доколку повеќе го почитувате вашиот круг на најблиски, ќе сфатите дека тоа ќе влијае при подобрување на вашата работа, личните цели и општото задоволство од животот. Има некои работи кои едноставно никогаш не би ги постигнале доколку сте сами.rnrnСите ние сме заслепени од илузијата на самостојноста и независноста, па поради тоа мораме да бидеме многу внимателни на тоа поле. Кога животот ќе стане хаос, понекогаш барањето помош од другите може да биде најдобриот извор на созревање и цврстина. Доколку имате силна и здрава „социјална мрежа“ тогаш ќе имате поголем избор на ресурси кога ќе ви биде потребно насочување или помош. Но, не заборавајте. Потребно е и вие да бидете достапни за нив, исто толку колку што и тие се достапни за вас кога најмногу ви требаат.rnrnИ за крај, не потценувајте ја важноста на врските кои ви пружаат поддршка и помош. За многу луѓе, тоа претставува одлучувачки фактор помеѓу шансата за растење и стагнацијата.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Тест: Кое е вашето внатрешно професионално животно?

    Тест: Кое е вашето внатрешно професионално животно?

    Дури и оние кои не чуваат домашни миленици може да ги согледаат сличностите меѓу луѓето и животните. Но, дали може да научите нешто од животните за вашиот професионален живот? Решете го овој тест и ќе дознаете со кое животно имате исти работни навики. Тест: Кое е вашето внатрешно професионално животно?

    rnrn

    1. Еден ваш колега приредува роденденска забава во канцеларијата? Каде се наоѓате вие?

    rnа) Веднаш до славеникот, ја сечете тортата или подавате чинии.rnrnб) Во задниот дел на канцеларијата или седнати покрај бирото.rnrnв) Кажувате шега која сте ја слушнале пред некое време.rnrnг) Не е важно, каде и да одите луѓето ве нервираат.rn
    rn

    2. Шефот ве замолил да бидете дел од најновиот проект. Како ќе реагирате?

    rnа) Ќе ги соберете сите потребни информации за да го водите проектот најдобро што можете.rnrnб) Ќе кажете дека не сте заинтересирани.rnrnв) Ќе го кажете она што вашиот шеф сака да го слушне.rnrnг) Ќе ги кажете вашите позитивни и негативни ставови во однос на проектот.rn
    rn

    3. Треба да работите со неколку колеги на проектот. Како се одвива соработката?

    rnа) Прекрасно! Вие го водите проектот и одлично соработувате со колегите.rnrnб) Подобро се снаоѓате кога работите индивидуално.rnrnв) Се согласувате со сè што е кажано.rnrnг) Не сакате да соработувате со колегите и веќе се скаравте со неколку од нив.rn
    rn

    4. Треба да ја презентирате вашата стручна област пред група колеги. Како се снаоѓате?

    rnа) Имате солидна интеракција со колегите, иако ви е малку непријатно да бидете главни.rnrnб) Среќни сте затоа што некој го препознал вашиот талент и ви дал шанса да зборувате.rnrnв) Не ви пречи да зборувате јавно, но повеќе сакате да ги цитирате другите во вашиот говор.rnrnг) Сè беше добро додека не забележавте дека некој се занимава со мобилниот телефон. Ја прекинувате презентацијата и го чекате неговото внимание.rn
    rn

    5. Шефот бара сите да останат подоцна на работа за да го завршите проектот. Што правите?

    rnа) Го менувате распоредот за да бидете последната личност која ќе си замине од работното место.rnrnб) Сметате дека е доволно да останете само еден или два часа повеќе.rnrnв) Се согласувате со сè што ќе каже шефот.rnrnг) Се лутите и го прашувате шефот зошто и вие мора да останете подоцна кога секогаш си ја завршувате работата на време.rn
    rnБОДУВАЊЕ: Најчесто заокружената буква го дава одговорот.rn
    rn

    Најмногу одговори под А: Куче

    rnВие сте сигурни и лојални работници. Не ви е тешко да соработувате со колегите и уживате кога сте во нивно друштво. Не заборавајте дека понекогаш е во ред да не се согласувате со мислењата на колегите или шефот. Не плашете се да ги изнесете и вашите мислења и започнете да се фокусирате на кариерата без да зависите од инструкциите на шефот.rn
    rn

    Најмногу одговори под Б: Мачка

    rnВие уживате да го поминувате работното време сами. Убедени сте во вашите способности и знаете дека одлично ќе ја завршите работата. Заради тоа и не е лесно да се соработува со вас. Обидете се да воспоставите рамнотежа помеѓу индивидуалната и тимската работа. Знаењето и посветеноста може да ве направат добар лидер ако научите како да соработувате со другите и да ги изнесете вашите идеи наместо да молчите.rn
    rn

    Најмногу одговори под В: Папагал

    rnМожеби е време да се запрашате дали е ова вистинската работа за вас. Дали можеби го повторувате она што веќе сте го слушнале наместо да создадете свое мислење? Престанете да ги крадете туѓите мислења и да го кажувате само тоа што другите сакаат да го слушнат. Понудете го сопственото мислење или побарајте работа која ќе ви овозможи право на глас.rn
    rn

    Најмногу одговори под Г: Твор

    rnДали сте забележале дека соработниците ве избегнуваат? Вашиот непредвидлив темперамент ја уништува вашата кариера. Престанете да „ги истурате“ негативните емоции на шефот и на останатите соработници. Обидете се да ја канализирате негативната енергија на работа, правејќи вежби за дишење. Страста може да биде голема предност за кариерата, но само ако ја искористите продуктивно.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Останете во контакт со поранешните колеги

    Останете во контакт со поранешните колеги

    Одржувањето контакт со поранешните соработници е од голема важност, затоа што тие можат да ви овозможат одговори на најразлични прашања и да ви дадат препораки. Постојат неколку начини кои ќе ви помогнат да останете во контакт со поранешните колеги. Останете во контакт со поранешните колегиrn

    Поврзете се уште додека работите заедно

    rnПолесно е да го задржите стариот муштерија отколку да најдете нов. Истото важи и за соработниците. Многу е полесно да го задржите постоечкиот професионален однос отколку да започнете сè од почеток. Затоа, обидете се да остварите добри односи со соработниците додека сè уште работите заедно.rn

    Не секој соработник ќе ви биде пријател и во приватниот живот. Но, целта не е со сите колеги да имате само строго професионален однос, туку и да им оставите добар впечаток, за да се сеќаваат на вас и на времето кога сте работеле заедно, откако сте си заминале од фирмата. Останете во контакт со поранешните колеги

    rnrn

    Користете социјални мрежи

    rnСоцијалните мрежи не се место само за споделување на уникатни мисли, туку и за поврзување на соработниците и размена на професионални мислења. Мрежите како Фејсбук и Твитер се одлични за одржување на контактите со поранешните соработници. Лесно може да ги продолжите контактите со помош на виртуелното спријателување и следењето на активностите.rn

    Направете список на поранешни соработници и пронајдете ги на социјалните мрежи. Коментирајте ги нивните постови и активности, а секоја недела одберете неколку од нив кои ќе ги исконтактирате телефонски. На тој начин од нив може да очекувате препораки кои ќе ви бидат од голема корист. Останете во контакт со поранешните колеги

    rnrn

    Комуницирајте умерено

    rn

    Дали познавате личност која не се интересира за никој, сè додека не ѝ биде потребна некоја услуга? Немојте да бидете таква личност. Комуницирајте редовно, но не претерувајте. Бидете сигурни дека најголемиот дел од вашата комуникација има некаква вредност за поранешниот соработник. Доволно е да споделите некоја информација со него, да му го честитате роденденот, да го прашате како е или едноставно да го насмеете. Останете во контакт со поранешните колеги

    rnrn

    Гледајте се повремено

    rn

    Виртуелната комуникација со поранешните соработници е добра, но нема ништо подобро од директната комуникација лице в лице. Обидете се да се гледате со поранешните соработници колку што е можно почесто. Присуствувајте заедно на разни настани, организирајте забава на која вие ќе бидете домаќин или најдете некое заедничко хоби кое ќе ве зближи. Останете во контакт со поранешните колеги

    rnrn

    Помогнете

    rn

    Размислете како можете да им помогнете на поранешните соработници. Ова не подразбира само професионална помош, туку и приватна, ако е потребно. Помагањето не треба да ви претставува тешкотија, ниту да ви одзема многу време. Најважно е вашите поранешни соработници да знаат дека им стоите на располагање и затоа треба да останете во контакт. Така тие ќе ви ја вратат услугата кога вам ќе ви биде потребно. Дури и да не се случи тоа, барем ќе знаете дека треба да се фокусирате на други луѓе. Останете во контакт со поранешните колеги

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Седум митови за тивките работници

    Седум митови за тивките работници

    Дали можете да го поминете работното време без да кажете ниеден збор? Тоа не значи дека сте неефикасни, ниту дека не ги сакате колегите. Најчесто се работи за интровертност или резервираност на работното место. Ваквите работници сè уште може да бидат дел од тимот, иако постигнуваат подобри резултати кога работат индивидуално. За жал, понекогаш луѓето имаат погрешно мислење за тивките работници. Ова се седумте најчести митови за нив. Седум митови за тивките работнициrn

    Тивките работници немаат што да понудат

    rnОва е една од најголемите заблуди. Тивките работници не придонесуваат помалку за работната средина, во однос на нивните погласни колеги. Луѓето често мислат дека тивките работници не се способни да бидат веродостојни извори на знаење или да бидат експерти на некоја организација. Но, според едно истражување, лидерите најчесто се потпираат на тивките работници затоа што тие си ги знаат своите обврски и секогаш се тука кога им се потребни на колегите.rn
    rn

    Тивките работници се срамежливи

    rnЛуѓето често претпоставуваат дека тивките работници се срамежливи. Но, во реалноста, начинот на кој луѓето работат не секогаш е идентичен со начинот на кој тие се однесуваат во приватниот живот. Ако некој е тивок, не значи дека е и срамежлив. Тоа е знак дека овие личности се интровертни и повеќе сакаат да работат сами затоа што така размислуваат подобро, поефикасни се и постигнуваат подобри резултати. Седум митови за тивките работнициrn

    Тивките работници не се друштвени

    rnЗа тивките работници се смета дека се антисоцијални и дека имаат само неколку пријатели надвор од работната средина. Повеќе пати се покажало дека кога тивките работници ќе си заминат од работа, тие стануваат целосна спротивност на она што биле додека работеле. И додека овие луѓе знаат да бидат резервирани на работното место, нивните пријатели ги сметаат за навистина друштвени.rn
    rn

    Тивките работници не ги сакаат своите колеги

    rnПовлеченоста е лична особина. Тоа не значи дека овие работници не ги сакаат своите колеги. Тивките работници, всушност, имаат тенденција да комуницираат на поинаков начин, за разлика од нивните гласни колеги. Тие, исто така, на поинаков начин се чувствуваат пријатно кога се работи за социјална интеракција. Седум митови за тивките работнициrn

    Тивките работници мислат дека се подобри од сите други

    rnИако тивките работници ги следи митот дека се сезнајковци, сепак се работи само за помирен начин на работење. Ако на работа важите за екстроверт, обидете се да се запознаете со некој интровертен работник. Обидете се да не ја толкувате неговата мирна природа како негативна. Штом ја придобиете неговата доверба, ќе бидете изненадени од тоа колку добро би можеле да соработувате.rn
    rn

    Тивките работници се несигурни

    rnТивките работници често се етикетирани како несигурни во своите вештини. Едноставно, некои луѓе уживаат во повлеченоста. Ваквото ниво на удобност не е знак за несигурност и отсуство на самопочит. Некои работници дозволуваат делата да зборуваат за нив, наместо самите да се фалат. Ако екстровертите ги забележат нивните достигнувања, ќе сфатат дека тивките работници подеднакво придонесуваат за подобра работна средина.rn
    rn

    Тивките работници не се добри лидери

    rnДали знаевте дека 40% од лидерите се интровертни? Заради нивната интровертност, овие луѓе имаат тенденција да бидат смирени и да не се фалат самите себе. Ним им треба повеќе време за да ги обработат своите мисли, а ние тоа го толкуваме како бавно размислување што, според стереотипите на западната култура, е несвојствена особина на лидерите. За подобро да ги покажат своите лидерски вештини, потребно е тивките работници да се фокусираат на зголемувањето на нивната видливост, како што е проширување на кругот на луѓе со кои работат и користење на социјалните медиуми, каде што би можеле професионално да се изразат себеси. Седум митови за тивките работници
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 кратки совети за успешен работен ден

    5 кратки совети за успешен работен ден

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnСамо мали измени во секојдневната работна рутина, може да ве направат попродуктивни и да постигнете многу подобри резултати. Ви нудиме пет куси и едноставни совети, кои ќе ви помогнат да внесете свежина во вашата работна средина, да ги подобрите односите со колегите или да ги обновите контактите со подзаборавените пријатели и соработници.5 кратки совети за успешен работен денrn

    1. Разбудете се порано

    rnЗапочнете да се будите барем половина час порано од вообичаено. Колку повеќе обврски ве чекаат, толку порано нека ви ѕвони алармот. Најдобро време да ги завршите обврските е токму утрото, пред да започне да се полни вашата електронска пошта со пораки и нови задачи од колегите и соработниците. Со новиот почеток на денот, ќе избегнете натрупување на обврските, а со тоа ќе им ставите крај и на главоболките.5 кратки совети за успешен работен денrn

    2. Читајте весници и гледајте вести

    rnАко го практикувате ова, вие ќе бидете чекор пред останатите. Не само што ќе знаете што се случува во светот, туку и полесно ќе ги препознаете, односно откриете новите можности за ваш личен напредок или напредок на вашиот бизнис. Ќе имате јасна претстава и планови за денот, уште пред вашите конкуренти да го испијат првото утринско кафе.5 кратки совети за успешен работен денrn

    3. Испратете по некој неформален имејл

    rnВо знак на внимание, испратете ù нешто на личноста која ја гледате како ваш иден работодавач или на вашите потенцијални купувачи. На пример, пуштете им по еден кус имејл кој ќе содржи некој корисен линк или едноставно поздравете ги и прашајте ги како се.5 кратки совети за успешен работен денrn

    4. Стапете во контакт со некој стар пријател или соработник

    rnПробајте да искомуницирате со некој стар пријател или поранешен соработник. Одберете некој што не сте го виделе со години и пријатно изненадете го. Прашајте го како е, што работи во моментот, дали и како можете да му помогнете или пак, вие сугерирајте му помош. Верувајте, ќе му го разубавите денот.5 кратки совети за успешен работен денrn

    5. Испратете рачно напишана порака

    rnЗаблагодарете се на стариот добар начин. Испратете рачно напишана белешка до колегите или соработниците. Сериозно. Тоа е изгубена навика, но ве уверуваме дека впечатокот ќе биде оригинален. Сигурно постои некој кому сè уште не сте му кажале благодарам. Ова е вистинскиот начин да го сторите тоа.5 кратки совети за успешен работен ден
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.