КАФЕ ПАУЗА

Tag: сомнеж

  • Едноставни начини како да го намалите сомнежот во себе

    Едноставни начини како да го намалите сомнежот во себе

    „Нашите сомнежи се предавници и прават да го изгубиме доброто кое сме можеле да го добиеме, со тоа што се плашиме да се обидеме.“ Ова е мисла на Вилијам Шекспир, мудрост стара 400 години која одлично ја сумира ваквата животна ситуација во која сите понекогаш се наоѓаме. Но, како да ги намалиме сомнежите во себе кои прават да го изгубиме доброто во животот?rnrnЕдноставни начини како да го намалите сомнежот во себеrn

    1. Водете дневник

    rnНе грижете се, не мора да пишувате роман со заплет и расплет. Но, штом ќе се разбудите, земете го вашиот дневник и запишете ги работите за коишто сте благодарни и работите кои сте успеале да ги завршите. Доколку им дадете значење на позитивните аспекти од вашиот живот, лесно ќе сфатите дека во вашето секојдневие се случуваат многу убави нешта кои ги занемарувате поради сомнежот во себе.rn

    2. Не брзајте со вашите рутини

    rnДали сте забележале дека повеќе се сомневате во својата способност да завршите нешто кога сте под голем стрес? Медитацијата е одличен начин да го намалите стресот, а исто така и сомнежот во себе. Опуштањето ја намалува вознемиреноста и ги смирува умот и телото. Кога не ги избрзуваме работите, полесно е да ги гледаме нештата онакви какви што се, односно сфаќаме дека сме способни да направиме повеќе. Едноставен начин како да ја примените оваа практика е да имате барем еден оброк во денот без да го користите телефонот. Пораките кои пристигнуваат од работното место оставете ги за подоцна.rn

    3. Не ги проверувајте социјалните мрежи веднаш штом ќе се разбудите

    rnСпоред една студија, група луѓе кои престанале да се вклучуваат на социјалните мрежи во период од една недела, биле многу посреќни од оние кои ги користеле социјалните мрежи како и вообичаено. Не велиме дека треба да ги деактивирате вашите профили засекогаш, но обидете се да не ги проверувате овие мрежи веднаш штом ќе се разбудите.rn

    4. Кажувајте си позитивни афирмации

    rnСмислете неколку охрабрувачки фрази со кои ќе го почнувате секое утро и кои ќе ги повторувате сѐ додека и самите не поверувате во нив. На пример, секојдневно велете си „Јас можам да го направам ова“, „Јас ќе успеам во тоа што ми е замислено“ и сл.rn

    5. Прифатете го чувството на сомнеж

    rnКолку и да се трудите да го одбегнете, чувството на сомнеж ќе се појави кога најмалку очекувате. Дури и кога ќе добиете унапредување на работа бидејќи вредно сте работеле, доколку се сомневате во себе ќе помислите дека тоа е чиста среќа и дека наскоро сите ќе дознаат дека сте неспособни. Обидете се да запомните дека секој се чувствува вака понекогаш. Колку и да е тешко, прифатете го ова чувство и продолжете понатаму без да му дозволите целосно да влијае на вашите секојдневни активности.rnrnКои се промените во секојдневниот живот кои ќе ви ја зголемат самодовербата?

  • 4 нешта на коишто треба да се сетите кога ќе се посомневате во себе

    4 нешта на коишто треба да се сетите кога ќе се посомневате во себе

    Животот е навистина неверојатен. Понекогаш ви дава можности за остварување на вашите цели и соништа, но понекогаш едноставно ве тера да верувате дека не сте доволно добри за што било. Пред да помислите дека откажувањето е единственото решение, потребно е да се сетите на овие 4 нешта.rnrn4 нешта на коишто треба да се сетите кога ќе се посомневате во себеrn

    1. Не сте се мачеле толку долго за да се откажете сега

    rnВеќе сте работеле премногу напорно. Дали навистина ќе ги фрлите во вода сите непроспиени ноќи, целиот труд и напорната работа веднаш штом се соочите со тешкотии? Кога се движите кон вашата цел, нормално е да налетувате на пречки. Запомнете дека проблемите се само дел од развојот на настаните. Тие се можности, често прикриени како тешкотии. Надминете ги и наградата ќе ви биде уште послатка. Успехот е многу поблиску отколку што мислите.rn

    2. Го заслужувате она што сакате да го постигнете

    rnПонекогаш мислиме дека нашите цели се поголеми од нас. Така и треба да биде. Дали тие прават да бидете возбудени и полни со страст? Уште поважно, дали го правите она што е потребно за да ги направите реалност? Ако вашиот одговор е да, тогаш ги заслужувате. Никогаш не дозволувајте некој да ве натера да помислите нешто друго. Никој не може да ве ограничи, ни луѓето околу вас, ни општеството.rn

    3. Вашиот најдобар критичар сте вие

    rnПонекогаш е нормално да чувствувате притисок од луѓето околу вас или од самата ситуација во која сте се нашле. Но, вистината е дека притисокот доаѓа поради вашето верување дека не ги достигнувате очекувањата што сте си ги поставиле самите. Сомневањето во себе оди заедно со претераното размислување и претераната грижа. Се грижите што би помислиле другите, дали сте доволно добри, дали испуштате некоја шанса… Кога сте во 20-тите, притисокот да постигнете нешто значајно е најголем. Мислите дека времето одминува, а вие сè уште ја немате кариерата од соништата. Време е да престанете со ова. Едноставно си создавате премногу притисок. Престанете со непотребното страдање од грижите за тоа што би тргнало наопаку и бидете возбудени за она што би излегло како што треба.rn

    4. Бидете трпеливи, веќе го давате најдоброто од себе

    rnПостојат денови кога без разлика колку напорно и паметно работите, сметате дека не е доволно. Но, одморете и погледнете го вашиот напредок. Можеби го немате целото знаење и сите вештини што ви се потребни, можеби уште не сте ги постигнале целите и не сте станале личноста којашто сакате да бидете. Но, ќе се подобрите. Ќе станете одлични. Ќе бидете најдобри во она што го работите бидејќи сте вложиле многу.rnrnПостојат толку многу нешта што чекаат да се случат во вашиот живот, па зошто да го минувате во сомнеж и фрустрација? Секој ден е посебен. Не чекајте го вистинското време. Не чекајте да бидете подготвени. Никој нема да инвестира во вашето созревање освен вие самите. Да бидете најдобрата верзија од себе не значи да се фокусирате само на најдоброто, туку едноставно да се фокусирате на себе.rnrnДознајте и кои се стратегиите за успех на ментално силните луѓе.

  • 5 трикови за зголемување на самодовербата кога ќе ви се појави сомнеж

    5 трикови за зголемување на самодовербата кога ќе ви се појави сомнеж

    Да се биде личност со непробојна самодоверба е навистина ретко, ако не и невозможно. Но кризата со самодовербата може да се појави во навистина погрешни моменти. Во тој случај, добро е да знаете неколку трикови кои ќе ви помогнат да се справите со овој проблем.rnrn5 трикови за зголемена самодоверба кога ќе се појави сомнежотrnrnНајдобро е за самодовербата да размислувате како за нешто на коешто постојано треба да работите. Добрите вести се дека ако научите да го контролирате сомнежот, ќе ви стане полесно. Овие трикови ќе ви помогнат да ја вратите самодовербата кога навистина имате потреба од неа.rn

    1. Однесувајте се како да сте главни, дури и ако ви е навистина страв

    rnИстражувањата покажале дека доволно е да изгледате полни со самодоверба за луѓето да ве доживуваат така. За овој трик најпрво фокусирајте се на држењето на вашето тело. Едно истражување од 2008-ма година објавено во „National Academy of Sciences“ го илустрирало ефектот на говорот на телото. Истражувањето покажало дека спортистите кои победуваат често имаат поотворен говор на телото за разлика од губитниците. Држете го вашето тело на начин кој покажува дека ќе успеете, дури и ако се чувствувате навистина несигурно. Подобрете го држењето на телото, гледајте го соговорникот во очи и одете на начин којшто покажува дека сè е во ред.rn

    2. Запрете и средете ги вашите мисли

    rnСигурно се имате најдено во ситуација кога негативните мисли само продолжуваат да се нижат. Во овој случај запрете и размислете за тоа како размислувате. Ако на пример сте на состанок кој не оди добро, сигурно во главата си ги правите најлошите сценарија. Наместо тоа, потсетете се дека ако ништо друго, барем ќе научите нешто од тоа искуство.rn

    3. Облечете се за улогата

    rnНе е тајна дека добриот изглед ја зголемува самодовербата. Размислете што прави да верувате во себе, но исто така покажете дека се чувствувате така. Ако имате парче облека кое ви ја зголемува самодовербата, носете го без двоумење. Запомнете дека грижата за вашиот изглед е само за вас. Во едно истражување од 2016-та година се покажало дека 7 од 10 жени се чувствуваат со поголема самодоверба откако инвестирале време во грижа за себе. Па, потрудете се да изгледате најдобро што можете, ќе ви биде од помош.rn

    4. Проба

    rnСтанете личноста која зборува со себе во огледалото бидејќи тоа ѝ годи на вашата самодоверба. Менталната проба е одлична за зголемување на самодовербата. Многу луѓе се чувствуваат несигурно бидејќи мислат на секој лош исход од ситуацијата. Не мора да ги отстраните овие мисли, туку размислете за нив и пробајте ги пред огледалото. Пробајте што би направиле доколку навистина се случи најлошото. Со ова ќе ви стане јасно дека и најлошо сценарио не е толку лошо.rn

    5. Сомнежот сепак не е толку лош

    rnСомневањето во себе понекогаш е од помош и може да ви го олесни тешкиот период. Едно истражување од 2010-та година покажало дека атлетичарите кои почнувале трка со малку сомнеж, всушност постигнале подобри резултати. Наместо да го користите сомнежот за да создадете уште повеќе сомнеж, кажете си дека тоа чувство на страв е всушност механизам за мотивација.rnrnДознајте и како да изградите самодоверба за помалку од 5 минути.

  • Како да препознаете дали тој е сѐ уште вљубен во неговата поранешна девојка?

    Како да препознаете дали тој е сѐ уште вљубен во неговата поранешна девојка?

    Доколку сте на почеток на врската, голема е веројатноста дека не сте целосно сигурни во неговите чувства. Тој можеби целосно ви посветува внимание и постојано сте заедно, но сепак сомнежот е присутен и нешто ви кажува дека тој нема баш расчистено со минатото. Особено ако пред вас бил во долга и сериозна врска која завршила неодамна. Постои можност само да си ги замислувате работите и без потреба да се сомневате, но ако тој ги покажува следниве неколку знаци, треба да се соочите со вистината, да ја прифатите и да го оставите целосно да помине низ процесот на преболување.rnrnКако да препознаете дали тој е се уште вљубен во неговата поранешна девојка?rnrnГолеми се шансите на почеток воопшто да не забележите. Тој започнува нешто ново со вас и изгледа како навистина да му се допаѓате, така што очигледно последната врска не го погодила многу.rnrnПотоа ќе почнете да забележувате дека тој има добри и лоши денови. Понекогаш ви се чини како да не може да ги тргне рацете од вас, а некогаш целосно се оддалечува и не покажува никаков интерес.rnrnСо текот на времето ќе почнете да забележувате како се менува неговиот тон кога зборува за неа. Можеби тој ја споменува повеќе пати во текот на вашите разговори и притоа некој меланхоличен поглед го обвива неговото лице. Вам ви е непријатно и само го слушате бидејќи не сакате да бидете некултурни и да го прекинете, но со задоволство би разговарале за што било друго на светот. А можеби се случува токму спротивното. Секогаш кога ќе му поставите обично прашање за неа, одеднаш неговиот израз на лицето се згрчува и тој ја менува темата што е можно побрзо. Очигледно е дека тој повеќе би сакал да разговара за што било друго на светот.rnrnЌе забележите дека нејзиното име одвреме-навреме се појавува на неговиот телефон. Се обидувате да не се опседнувате со тоа. Нормално е поранешните партнери да останат пријатели и да одржуваат контакт, нема потреба премногу да ја анализирате целата ситуација. Но, како што поминувате повеќе време со него, почнувате да се прашувате кога овие двајца ќе ја надминат фазата на зборување и повторно ќе започнат врска. Сигурни сте дека тој е само со вас, па каде лежи проблемот? Со денови се нервирате поради ова и по бројни разговори со вашите пријателки, конечно собравте храброст да го изговорите озлогласеното „На што сме?“. Тој ви дава несериозен одговор дека вие двајца „Се гледате“. Ви требаше неверојатна храброст за да го прашате тоа, па пред да размислите добро одеднаш издрдорувате: „Дали сѐ уште си вљубен во твојата поранешна девојка?“.rnrnКако да препознаете дали тој е се уште вљубен во неговата поранешна девојка?rnrnИ двајцата сте изненадени од овој неочекуван потег. Тој ве зјапа, со подотворена уста и размислува како да ви одговори на прашањето, но неговото двоумење веќе ви го даде потребниот одговор.rnrnДлабоко во себе знаете дека тој да не беше вљубен во неговата поранешна девојка, веднаш ќе ви одговореше со „Не“. И воопшто немаше да има некакви знаци што би ве навеле да го прашате тоа. Многу луѓе, и жени и мажи, сакаат што побрзо да ја остават нивната последна врска зад себе, така што ако се сомневате дека тој не ја преболел неговата поранешна, веројатно сте во право.rn

    Како да реагирате во таква ситуација?

    rnМора да го прифатите тоа и да продолжите понатаму. Можеби ќе ви биде тешко, но уште потешко е да бидете со него, а да знаете дека некоја друга девојка зазема големо место во неговото срце. Можеби ќе сакате да потрошите време и енергија за да го освоите. Ќе го приготвувате неговото омилено јадење, секогаш ќе бидете расположени за секс и секогаш ќе му бидете достапни. Но, ова ќе биде бескорисно, а вие воопшто не заслужувате да бидете нечија замена.rnrnЗаслужувате некој чии мисли ќе бидат окупирани само со вас. И за кого вие ќе бидете првиот избор, исто како што и тој е за вас. Ако сте со партнер кој сѐ уште е вљубен во неговата поранешна девојка, оставете го. Љубовта на вашиот живот ве чека зад следниот агол.

  • 5 животни совети кои ќе ви помогнат да ги избришете грижите и сомнежите

    5 животни совети кои ќе ви помогнат да ги избришете грижите и сомнежите

    Кога размислуваме за својот живот, неспоредливо повеќе време поминуваме грижејќи се за иднината, која по сите прилики е неизвесна, отколку што се фокусираме на моментот во кој се наоѓаме. Тоа е погрешно. Токму затоа и прочитајте ги следниве 5 совети како да се ослободите од грижите и сомнежите и најдобро да ја искористите сегашноста.rnrn5 животни совети кои ќе ви помогнат да ги избришете грижите и сомнежитеrnrn1. Кога се грижите за нешто наместо да го направите, размислете каква обврска избегнувате и одложувате. Понекогаш се правдаме дека имаме премногу грижи и поради тоа не се соочуваме со своите проблеми, што е контрапродуктивно.rnrn2. Ако и понатаму не можете да се ослободите од грижите, одредете во кое време ќе се бавите со нив. Одвојте 10 минути за грижите наутро и одбијте да се грижите до попладневните „10 минути за грижење“. Подоцна скратете го ова време.rnrn3. Поставете си го себеси прашањето дали некогаш дошло до некакви промени како директна последица на вашите грижи. Запрашајте се следново: „Дали тоа што се грижам за парите, политиката, временската прогноза може да влијае на тие прашања? Ако се грижам моето дете да не се повреди, дали со тоа можам да влијаам врз тоа да не му се случи ништо?“rnrn4. Вратете се во минатото и составете список за сѐ што сте се грижеле изминатата недела или минатата година. Дали таа грижа влијаела врз исходот и разрешавањето на проблемите? Ќе откриете дека грижата, сама по себе, не може да помогне во решавањето на тоа што ве мачи, туку таа претставува аларм дека треба да направите нешто конструктивно.rnrn5. Нема поента да се грижете за она врз кое немате контрола, исто како што нема поента да се грижите за она врз кое имате контрола, бидејќи во тој случај не можете нешто да преземете. Соочете се со тие проблеми, бидејќи не вреди ако само ги напаѓате со мисли. Вашата улога е да бидете доволно мудри за да можете да препознаете каде вашиот придонес на мисли и дела вреди да се вложи.

  • 5 причини зошто понекогаш е сосема во ред да се сомневате во себе

    5 причини зошто понекогаш е сосема во ред да се сомневате во себе

    Сомнеж. Збор од 6 букви коj опишува несигурност, недостаток од самодоверба, страв или неуспех. Но, и покрај тоа што овој збор најчесто има негативна конотација, тој може да се опише и како позитивна мотивација. Доколку неговото присуство е во здрава доза, вие без сомнение можете да искусите голем број придобивки во вашето секојдневие. Еве како…rnrn5 причини зошто понекогаш е сосема во ред да се сомневате во себеrn

    1. Сомнежот ве тера да се запрашате за нештата. И луѓето!

    rnНе велиме дека во сè треба да барате теории на заговор, туку да имате сомнежи за новите информации, искуства и љубовни врски кои би можеле да ви заштедат многу време и потенцијално скршено срце. Здравата доза сомнеж е еден вид критичко размислување кое може да ви помогне да стекнете појасна перспектива за нештата.rn

    2. Сомнежот ви помага да се подобрите

    rnДоколку сте претерано самоуверени во нештата и премногу сигурни во себе, тогаш може да се случи да пропуштите одредени информации кои би можеле да ви го направат животот многу полесен. Сомнежот, од друга страна, постојано нè тера да се запрашаме за моменталните ситуации низ кои поминуваме и да погледнеме кон поголемата слика и крајната цел.rn

    3. Сомнежот ви помага да ги поставите целите

    rnСомневањето во вашите способности може да ве парализира, но исто така може и да ви помогне да најдете начин како да се борите со вашите внатрешни стравови. Без разлика на ситуацијата, сомнежот може да ве инспирира да поставите лични цели, да создадете план за акција и генерално да ве подготви за сите нешта кои можат да ви излезат на патот.rn

    4. Сомнежот ви помага да најдете алтернативи

    rnКако што веќе спомнавме погоре, сомнежот ни помага да се запрашаме за статусот кво. Двоумењето за вашите моментални одлуки ја проширува вашата перспектива и се погрижува мозокот постојано да ви бара нови идеи и можни решенија. На овој начин исто така можете и да се соочите со сите оние нешта кои ве влечеле надолу во вашиот живот.rn

    5. Сомнежот ви помага да ги надминете границите

    rnАко добро размислите, сомнежот може да биде екстремно моќна мотивација, без разлика на кој начин се создал или од каде доаѓа. Постигнувањето на тешка цел, докажувањето некому дека не биле во право и надминувањето на пречките се само дел од нештата кои можат да ви создадат моќно чувство на успешност. На крајот од денот, сè зависи од перспективата.

  • 4 ситуации во кои љубовта не се исплати

    4 ситуации во кои љубовта не се исплати

    Некои парови успеваат да ги надминат проблемите и да продолжат заедно, но во некои врски едноставно не се исплати и понатаму да се продолжи да се вложува.rnrn4 ситуации во кои љубовта не се исплатиrn

    1. Врска на далечина

    rnНиту една врска на далечина не е лесна, а особено онаа во која не постои точно одреден датум кога нешто ќе се промени по тоа прашање. Како да правите планови за во иднина, кога не знаете ни дали тогаш вие би биле на исто место на Земјината топка?!rn

    2. Посветеност на кариерата

    rnАко едниот од вас е во целост посветен на кариерата, тоа значи дека за него партнерот секогаш ќе доаѓа на второ место. Воопшто не е лошо да имате ваква цел пред вас, но вашиот заеднички однос и тоа како може да трпи ако другата личност не може да ви ја пружи потребната поддршка.rn

    3. Идеолошки некомпатибилности

    rnТој можеби сака деца што поскоро, а таа едноставно смета дека има поважни работи во моментов. Можеби е во прашање и различна религија или само поинаков поглед на тоа како животот би требало да изгледа во иднина. Како и да е, кога сте на различни страници околу толку важни и големи работи, мали се шансите за заеднички успех.rn

    4. Несигурност

    rnНесигурноста е една од главните причини за уништување на врските, како на пример сомнежот дека едниот постојано нешто го лаже другиот. Ако едниот од партнерите не работи доволно на себе, ништо што другиот ќе каже нема да може да ги смири тие стравови и сомнежи. Исто така нема само да едната страна да се измори од постојаното сомневање, туку и другата, бидејќи партнерот постојано ќе мора да ги исцрпува сите факти за да му докаже дека греши и да ги оправдува своите постапки.

  • Мудроста во сомнежот и поставувањето прашања низ 20 цитати

    Мудроста во сомнежот и поставувањето прашања низ 20 цитати

    Повеќе пати сме пишувале дека сомневањето во работите и поставувањето прашања во врска со сè и сешто е една од суштинските работи кои ја извлекуваат мудроста од секојдневието. Овие дваесет цитати кажани и напишани од страна на мудри и успешни луѓе ќе ви го потврдат тоа на краток и јасен начин.rnrnМудроста во сомнежот и поставувањето прашања низ 20 цитатиrn

    „Не е одговорот она што просветлува, туку прашањето.“ – Ежен Јонеско

    rn

    „Сомневај се во сè. Научи нешто. Не одговарај ништо.“ – Еврипид

    rn

    „Ова е клучот на мудроста: постојано и често поставување прашања, затоа што сомнежот нè води кон прашањето, а со прашањето стигнуваме до вистината.“ – Питер Абелард

    rn

    „Мудриот човек може да научи повеќе од глупаво прашање отколку глупав човек што може да научи од мудар одговор.“ – Брус Ли

    rn

    „Уметноста на поставување прашања мора да биде поголема вредност од решението.“ – Георг Кантор

    rnМудроста во сомнежот и поставувањето прашања низ 20 цитатиrn

    „Подобро е да дебатираш за прашање и да не се согласиш отколку да се согласиш за прашање без да дебатираш.“ – Жозеф Жубер

    rn

    „Најдобрите научници и истражувачи имаат особини на деца. Поставуваат прашања со чувство на вчудовиденост. Љубопитни се. Кој, што, каде, како, кога и како! Никогаш не престануваат да прашуваат и никогаш не престануваат да прашуваат, баш како петгодишни деца.“ – Силвија Ерл

    rn

    „Прашањето што понекогаш ме излудува е тоа дали јас сум луд или другите се луди.“ – Алберт Ајнштајн

    rn

    „Мислам дека најважното нешто во нашето образование беше тоа што нè научи да се сомневаме дури и во работите кои мислевме дека ги знаеме.“ – Табо Мбеки

    rn

    „Убавото прашање е половина мудрост.“ – Френсис Бејкон

    rnМудроста во сомнежот и поставувањето прашања низ 20 цитатиrn

    „Храбро сомневај се, дури и во постоењето на Бог, затоа што ако тој постои тогаш мора повеќе да ја оправдува почитта кон разумот отколку кон слепиот страв.“ – Томас Џеферсон

    rn

    „Стравот е прашање. Од што се плашиш и зошто? Нашите стравови се ризница на знаење за себе ако ги истражиме.“ – Мерилин Френч

    rn

    „Прекрасната работа за доброто прашање е тоа што ни го обликува идентитетот исто колку и прашањето и одговорот.“ – Дејвид Вајт

    rn

    „Повеќе учиме од потрагата по одговорот на некое прашање отколку што учиме од самиот одговор.“ – Лојд Александер

    rn

    „Моето вложено време како едукатор, по мое мислење, најдобро служи кога ги учам луѓето како да размислуваат за светот околу нив. Да ги научам како да постават прашање. Како да разликуваат вистина од невистина.“ – Нил деГрас Тајсон

    rnМудроста во сомнежот и поставувањето прашања низ 20 цитатиrn

    „Мора да е многу прост оној кој ги знае одговорите на сите прашања што му се поставуваат.“ – Волтер

    rn

    „Да се биде религиозен значи страсно да се бара одговорот на прашањето на нашето постоење и волно да се примаат одговори, дури и кога одговорот може да боли.“ – Пол Тилич

    rn

    „Во мојата работа е добро одвреме-навреме да ставиш знак прашалник на работите кои долго време си ги земал здраво за готово.“ – Бертранд Расел

    rn

    „Прашањето на мудриот човек веќе содржи половина од одговорот.“ – Соломон Ибн Габирол

    rn

    „Не барај одговори кои не ти се дадени затоа што нема да можеш да ги живееш. А целта е да се доживее сè. Живеј го прашањето. Можеби тогаш, еден ден во далечна иднина, полека и без да забележиш ќе почнеш да го живееш и одговорот.“ – Рајнер Марија Рилке

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога се сомневате во вашата моќ…

    Кога се сомневате во вашата моќ…

     rn

    „Кога се сомневате во вашата моќ му давате моќ на сомнежот.“

    rn

    Кога се сомневате во вашата моќ...
    Искористете ја сликата како десктоп позадина
    (1920×1280)
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Лов (The Hunt)

    Филм: Лов (The Hunt)

    Каде што има чад, не мора да значи дека има и оганrnrnФилм: Лов (The Hunt)Режија: Томас ВинтербергrnrnУлоги: Мадс Микелсен, Аника Ведеркоп, Томас Бо ЛарсенrnrnВреметраење: 115 минутиrnrnЈазик: данскиrnrnПремиера: 10 јануари 2013rnrnЖанр: драмаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnrnЛукас (Мадс Микелсен) води мирен осаменички живот во мало гратче после разводот со сопругата, но работите полека почнуваат да се менуваат на подобро. Пронаоѓа нова љубов, неговиот син сака да се врати да живее со него, а и понатаму ужива во работата како учител во градинка. Животот е убав сè додека Клара (Аника Ведеркоп), едно од девојчињата во градинката и ќерка на неговиот најдобар пријател, не излаже дека Лукас сексуално ја злоупотребил.Филм: Лов (The Hunt)Лукас упорно тврди дека Клара не ја зборува вистината, но малкумина му веруваат и веќе мора да се справува со сомнежот на околината. Само малку е доволно за сите да веруваат дека тој направил нешто многу лошо, па целата околина да се впушти во потера по него, како во некој лов на вештерки, и да му го руши животот дел по дел. А, Лукас колку и да се труди не може да направи многу освен немоќно да се бори и да следи како реката од последици по неговиот живот без контрола го носи во неизвесна иднина. Филм: Лов (The Hunt)Мадс Микелсен фантастично ја портретира таа борба. Навистина, и дијалозите се одлични и впечатливи, но дури и кога не зборува, од неговото лице и неговите движења се читаат емоции кои совршено ја надополнуваат тишината. Тие кажуваат многу за тешкотиите низ кои минува човек кога цел свет се свртел против него. По неколку изгледани филмови со овој актер, тој веќе станува гарант дека и секој друг негов филм заслужува внимание. Филм: Лов (The Hunt)Подеднакво големи пофалби за глумата мора да одат и за малата Аника Ведеркоп, која ја толкува улогата на Клара, девојчето со бујна фантазија кое нема поим што направило, не знае дека излажало ниту може да ги согледа последиците од нејзината постапка. Неверојатно е да се гледа такво мало девојче да глуми толку уверливо, од репликите па сè до манифестирањето на тиковите на лицето. Нејзиниот лик е така направен за човек да не може да ѝ се лути, поради тоа што е многу мала и не разбира што прави, но го остава гледачот да се чуди како возрасните уништуваат нечиј живот водени само од сомнеж, а без никаков доказ. Филм: Лов (The Hunt)Но, тие двајцата не се единствената причина поради која „Лов“ ќе ве вовлече во себе и ќе изгубите чувство за време. Пред сè, тој плени со својот едноставен, емотивен и многу моќен приказ на сомнежот и на неговата моќ да го разора животот, притоа предизвикувајќи сочувство и фрустрација кај гледачот. Во себе нема ништо сензационално кое треба да ве шокира за да ве привлече, туку само одлично вкомпониран збир од емоции и филозофија.Филм: Лов (The Hunt)За разлика од Холивуд, филмската продукција на нордиските земји најчесто третира секојдневни и несензационални теми. Ова е драма која има многу посуштински пристап во третирањето на животните проблеми. Одлично изработена приказна, добро дефинирани ликови, блескава глума и кинематографија кои во пакет прават прекрасен и гледлив филм. Ова е еден од оние моќни филмови кој заработува многу номинации и награди на фестивали, а на крај можеби и номинација за Оскар, иако е доста неамерикански. Сè на сè, чиста десеткаФилм: Лов (The Hunt)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn