КАФЕ ПАУЗА

Tag: сочувство

  • Зошто емпатијата мора да започне од вас?

    Зошто емпатијата мора да започне од вас?

    Емпатијата е емоционална интелигенција. Таа ви овозможува да се ставите во туѓа кожа, да го видите светот низ нечии очи и да го разберете. Преку емпатијата покажуваме љубов, добрина, сочувство и прифаќање. Па, зошто луѓето имаат проблем со неа?rnrnЗошто емпатијата мора да започне со вас?rnrnМожете да се обидете да сочувствувате со другите, но додека не си покажете вистинска љубов и сочувство себеси, и не престанете да си судите, секогаш ќе им судите и на другите. Кога го правите ова некому, всушност си го правите себеси. Кога ви недостига сочувство кон некого, ви недостига сочувство кон вас. Осудувањето и емпатијата не можат да постојат заедно.rnrnПа ако емпатијата е способност да се ставите на нечие место, како да ја примените на вас?rnrnЛичноста којашто сте денес, не е личноста што сте биле вчера, минатата недела или минатата деценија. Вие не сте жртва на вашето детство или младоста. Вие не сте болката што некогаш сте ја почувствувале, ниту болката што сте ја предизвикале. Кога ќе го разберете ова, ќе можете да се гледате себеси во минатото со добрина и сочувство.rnrnКога ја гледате личноста што сте биле со емпатија, се издигнувате над негативните емоции како болка, срам, тага, гнев… Со ова разбирање можете да се справите со чувствата од минатото и да продолжите понатаму. Ќе сфатите дека мора да ги промените мислите и верувањата во сегашноста за да не му дозволите на минатото да ви ја уништи иднината.rnrnСакајте се искрено, длабоко и без судење. Кога навистина ќе се прифатите себеси и вашите проблеми во животот со помош на емпатијата, ќе можете да им ја пружите и на другите.rnrnТокму поради ова емпатијата мора да започне од вас. Не е важно дали сте повредиле или сте биле повредени. Вистинската емпатија започнува кога ќе си покажете сочувство и љубов кон себе. Ова е најдоброто нешто што можете да го направите за себе, а истовремено ќе ја зголемите вашата самодоверба.rnrnПа, сакајте се безусловно. Ширете љубов, добрина и сочувство кон личноста којашто сте биле и личноста којашто сте денес. Кога ќе ја сакате личноста од минатото, ќе ја промените вашата иднина на подобро. Штом вистински ќе се сакате, никогаш нема да можете да повредите некој друг.rnrnПрочитајте ги советите што ќе ви помогнат да ја развиете љубовта кон себе.

  • Што е најважното нешто за градење цврста емоционална интелигенција?

    Што е најважното нешто за градење цврста емоционална интелигенција?

    Како да се подобри емоционалната интелигенција? На што треба да се обрне најмногу внимание? Кога да се зборува, а кога да се премолчи? Дали најважното нешто за градење цврста емоционална интелигенција е да се биде тивок додека се учи нешто ново? На прашањето за тоа како е можно да се подобри емоционалната интелигенција, поставено на „Квора“ (Quora), Џенифер Гутман, клинички психолог, дала многу добар одговор.rnrnЕдинственото најважно нешто за градење на цврста емоционална интелигенцијаrnrnСпоред неа, најважниот фактор за воспоставување на емоционалната интелигенција е важноста на слушањето и останувањето тивок во вистинскиот момент. Често, кога луѓето ќе почувствуваат непријатност или потешкотија со некоја социјална вештина, тие се впуштаат во зборување за да можат да ја замаскираат вистинската состојба. Гутман тврди дека најважно нешто кога се обидуваме да научиме нова комуникациска вештина е да бидеме тивки и внимателно да слушаме. Со тоа создаваме здрава основа за градење на емоционалната интелигенција.rnrnКога слушаме, ние имаме разбирање за емотивните искуства на соговорникот и тоа ни помага да бидеме сочувствителни и емпатични со нивната состојба. Клучен дел од емоционалната интелигенција е можноста да се разбере искуството на другиот, без да се споредува со вашето.rnrnВоспоставувањето емоционална интелигенција зависи и од фондот на зборови со кои располагаме. На колку повеќе начини умееме да ги опишеме моменталната состојба и расположенијата, толку сме емоционално поинтелигентни. Слушајќи ги другите, го збогатуваме сопствениот речник, но и развиваме разбирање кон нив, а со тоа и не поставуваме непотребни прашања.rnrnЕдинственото најважно нешто за градење на цврста емоционална интелигенцијаrnrnКога разговарате, сосема е непотребно да го „бомбардирате“ соговорникот со многу прашања. Наместо тоа, бидете кратки и прецизни, но покажете и сочувство и разбирање и многу важно, избегнете да раскажувате за ваши слични искуства. При градењето на емоционалната интелигенција вниманието треба да биде насочено кон оној што има проблем и на кого навистина не му е дојдено до туѓите искуства во тој момент. Со самото покажување емпатија, помагаме да се развие и нивната емоционална интелигенција и еден ден и тие ќе станат добри слушатели.rnrnОд друга страна, важно е секогаш да се има предвид дека луѓето ретко бараат решение, а често само сакаат да бидат ислушани за своите проблеми. На сите ни е важно да ја почувствуваме безбедноста на меурот полн со сочувство и емпатија, а решението на проблемот доаѓа постепено. Ако нудите решение, тогаш се добива впечаток дека немате толеранција за нивното зборување, но и дека мислите дека се неспособни самите да го решат проблемот. Затоа, водете се од правилото наведено уште на самиот почеток, бидете слушатели, а зборувајте помалку, ценете ги чувствата на соговорникот и имајте разбирање за нивниот проблем. Само на овој начин ќе покажете дека поседувате високо ниво на емоционална интелигенција.

  • Хороскопските знаци на кои им е најтешко да покажат сочувство

    Хороскопските знаци на кои им е најтешко да покажат сочувство

    Речиси ништо не може да ги натера овие знаци да покажат малку сочувство. Не само што им е тешко да ги разберат другите, туку и многу ретко простуваат. Се разбира, не можете вашето однесување да го оправдувате со вашиот хороскопски знак, но само за забава, погледнете кои се знаците кои немаат ни трошка сочувство и разбирање.rnrnХороскопските знаци на кои им е најтешко да покажат сочувствоrn

    Бик

    rnБиковите често се бескомпромисни, што може да биде добро во некои ситуации. Но најчесто ова прави да изгледаат како навистина лоши луѓе. Кога станува збор за простување и заборавање, вие никогаш не заборавате, а покрај тоа за вас е неверојатно тешко и да простите. Според вас, прошката е само за вас и за оние во вашиот најтесен круг. Покрај тоа, вие знаете да бидете навистина себични. Поради ова речиси никогаш не помислувате на ситуацијата и чувствата на другите. Сè додека вам ви е убаво и лесно, другите би требало сами да се справуваат со проблемите.rn

    Вага

    rnВие верувате дека самосожалувањето е одличен начин да се заштитите и да не изгледате слаби. Па кога другите ќе ви побараат прошка или разбирање, вие не сакате да ја симнете вашата маска за некој да се чувствува подобро. Всушност, вие се грижите само за себе. Покрај тоа, често паметите кога некој ви згрешил и не сакате да ја погледнете ситуацијата од друга перспектива. Но имајте на ум дека ќе се соочите со проблеми кога станува збор за луѓето кои ви значат најмногу. Кога се грижите само за вашите проблеми, на луѓето ќе им биде тешко да се дружат со вас.rn

    Скорпија

    rnВие сте можеби најстрашниот знак, особено кога сте гневни. Вие сте личност која сака да биде позната како мистериозна, страшна и која не се плаши од ништо и никого. Тоа е во ред, но дали тоа што сте таинствени и не верувате никому прави да изгледате добро? Вие изгледате како некој кој не сака да прости и за најмалата грешка. Им ги повторувате грешките на другите наместо да покажете малку сочувство. Дали ви е грижа за другите? Често изгледа како одговорот да е „Не“.rn

    Јарец

    rnВие сте знакот кој најретко простува. Се обидувате сите да ги третирате еднакво. Тоа е во ред, но кога секој човек би покажал сочувство во некоја ситуација, вие напаѓате. Ретко простувате бидејќи сметате дека ако вие можете да се справите со вашите грешки и проблеми, секој може да го направи тоа. Кога луѓето ќе ви побараат прошка или разбирање, вие помислувате дека треба да се чувствуваат лошо бидејќи не можат да се справат со нивниот живот.rnrnДознајте и кои се хороскопските знаци кои ја обожаваат самотијата.

  • Смелост, сочувство, хумор: Кој е вашиот бренд?

    Смелост, сочувство, хумор: Кој е вашиот бренд?

    Која е сликата што ја даваме за себеси и дали таа соодветствува со тоа што го перципираме како ефективност во работата и импактот кој сакаме да го постигнеме врз една целна публика? Постојат повеќе концепти во брендирањето. Еден е карактерот на брендот и неговите 5 димензии: Искреноста, возбудата, компетентноста, софистикацијата и јачината. Видот на карактерот кој нѐ привлекува кај другите се одредува од тоа што мислиме дека таа личност може да постигне за нас или што можеме да постигнеме заедно со неа. Тогаш веќе развиваме модел по кој постојано се водиме и ги бараме тие одредени карактерни црти.rnrnСмелост, сочувство, хумор: Кој е вашиот бренд?rnrnДруг концепт е употребувањето на бојата. Постојат истражувања кои покажуваат дека бојата може, но и не мора да предизвика конкретни емоции и тој избор за нашиот бренд функционира многу подобро кога е во согласност со карактерот. На пример, црната боја нема да изгледа толку возбудливо како што би изгледала црвената.rnrnНо, да се вратиме назад на оние нешта што го сочинуваат вашиот бренд. Издвојуваме 5 од карактеристиките што се сметаат за најклучни во изградбата на една здрава и силна индивидуа:rn

      rn011

    • Смелост: Бидете смели во именувањето и карактеризирањето на ситуацијата и не дозволувајте тешките разговори да ве обесхрабрат.
    • rn011

    • Можност: Не пропуштајте ја можноста да го зграпчите моментот, да направите нешто поинтересно и да бидете дел од нешто поголемо.
    • rn011

    • Сочувство: Имајте сочувство, бидејќи треба да се грижите за другите и да сакате да им ја дадете вашата поддршка.
    • rn011

    • Образование: Учете, бидејќи има толку многу нешта што треба да се знаат, а растот и развитокот се дел од она што ве дефинира.
    • rn011

    • Хумор: Шегувајте се, бидејќи животот би бил многу тежок и досаден ако не постоеше хуморот.
    • rn

    rnСо цел да имате бренд со кој ќе ги поврзете своите вредности, однесување и комуникација, треба да бидете конзистентни и да се обидете да го „живеете брендот“. Кога сте конзистентни, тогаш ќе добиете поголема доверба и ќе изгледате посилни.rnrnВо светот на брендирањето, постои уште еден концепт кој се однесува на црвените и сините океани. Според Камерон и Холт, авторите на книгата „Културна стратегија“, црвените океани се однесуваат на оние пазари кои се исполнети со натпреварувачи и брендови кои прават клучни промени, а сините океани се оние брендови кои ги ценат футуристичките иновации и немаат директни натпреварувачи.rn

      rn011

    • Сега на вас е редот. Кој е вашиот бренд?
    • rn011

    • Размислете за зборовите кои ви доаѓаат на памет кога треба да се опишете себеси.
    • rn011

    • Идентификувајте го однесувањето кое го имате што го поддржува тој избор на зборови.
    • rn011

    • Предложете им на вашите клиенти и колеги да го направат истото.
    • rn011

    • Запрашајте се дали брендот кој го имате најдобро ѝ служи на кариерата која сакате да ја имате.
    • rn011

    • Како можете да бидете син океан?
    • rn

  • Трите зборови кои ја покажуваат основната рамка за начинот на кој се доживувате

    Трите зборови кои ја покажуваат основната рамка за начинот на кој се доживувате

    „Јас“ ве претставува вам како субјект, „сум“ ги претставува вашите верувања за тоа кои сте и што сте во овој момент и „можам“ ги претставува вашите верувања за тоа што сте способни да направите во иднината. Комбинацијата на овие зборови ја формира основата на вашиот идентитет и она што ќе станете понатаму. Со други зборови, со комбинирањето на овие три збора во изјавите како „Јас сум“ и „Јас можам“ вие ја формирате сопствената ментална слика која ја гледате кога ќе се погледнете во огледало и онаа која ја претставувате на другите.rnrnТрите зборови кои ја покажуваат основната рамка на вашиот психолошки концептrnrnЈас сум: Мрзлив/а, активен/активна, паметен/паметна, неинтелигентен/неинтелигентна, добар/добра, способен/способна да се грижам за себеси.rnrnЈас можам: Да заштедам пари, да останам фокусиран/а, да ги завршам работите, да ги влошам социјалните односи, да најдам подобра работа, да стекнам нови пријатели, да правам лоши избори.rnrnНевролозите и психолозите велат дека причината поради којашто овие изјави се толку моќни е фактот што сопствените мислења директно влијаат врз однесувањето. Да речете за себе дека сте глупави може да ја намали вашата ефикасност во извршувањето на некоја задача. Ова се случува бидејќи нашиот мозок генерира потврдни предрасуди за нас самите, што значи дека ако мислиме дека нешто е вистина, тогаш поверојатно е да се однесуваме на начин кој ќе ги донесе резултатите кои ги очекуваме, наместо тие кои ги заслужуваме. Кога нема да успееме, ќе речеме дека не сме успеале бидејќи сме глупави. Сме си го потврдиле сопственото верување во тоа мислење не затоа што е вистина, туку затоа што сме дејствувале како да е вистина и со тоа носиме негативни последици.rnrnТрите зборови кои ја покажуваат основната рамка на вашиот психолошки концептrnrnБидејќи нашите одлуки и дејства се директно поврзани со тоа како се гледаме себеси, начинот на кој ги користиме овие три збора: Јас, сум и можам, ги одредува повеќето од нашите животни искуства. Но, добрата вест е тоа што постои можност да се променат овие тврдења и да се поврзат со искуствата кои навистина сакаме да ги доживееме. Во продолжение прочитајте ги 3-те чекори како да го подобрите својот психолошки концепт.rn

    1. Бидете свесни

    rnПромената на вашиот психолошки концепт започнува со забележувањето на вашиот внатрешен дијалог. Обрнете внимание на тоа како најчесто ги користите овие три зборови во секојдневието: Дали себеси си давате пофалби или поплаки? Дури и запишувањето на вашите секојдневни мисли и изјави кои започнуваат со еден од овие три зборови може значително да ја зголеми вашата свесност.rn

    2. Бидете емпатични

    rnДавањето сочувство на самите себеси игра важна улога во промената на менталната слика која ја имате за вас. Неретко луѓето користат негативни изјави за себе за да се мотивираат и инспирираат да вложат повеќе труд и да станат подобри личности, но самокритичноста никогаш не е толку ефективна како сочувството за себеси. Ако забележите дека вашите изјави кои започнуваат со „Јас“ се често проследени со негативни критики и коментари, обидете се да ги парафразирате на подобро.rn

    3. Бидете со намера

    rnВерувањата се едноставно мисли на кои сме им припишале вистина бидејќи детално сме ги анализирале и потоа сме барале и собрале докази со кои сме си ги потврдиле. Ние ја имаме моќта да создадеме нови верувања со тоа што внимателно ќе избираме попозитивни мисли и изјави за себе и потоа ќе започнеме да бараме вистина во нив. Следете ги своите нови позитивни мисли и изјави со дела кои се конзистентни. Кога се однесуваме како нешто да е вистина, тогаш ќе започнеме да правиме дејства кои ќе ја потврдуваат таа вистина.

  • Социјалните медиуми и самодовербата: Како да се ослободите од несигурноста?

    Социјалните медиуми и самодовербата: Како да се ослободите од несигурноста?

    Живееме во свет во кој често ја гледаме уредената верзија на животот на луѓето. Пријателите на Фејсбук изгледаат како постојано да ги споделуваат своите прекрасни моменти. Видеата на Јутјуб ги покажуваат неверојатните таленти на обичните луѓе и вистинските херои. Сето тоа е за восхит и за жал, исто така е и многу деморализирачко. Понекогаш ни е тешко да не се обидеме да се споредиме со другите, мислејќи дека нивните животи се совршени. А, што се однесува до нас, се чувствуваме како да не можеме да се вклопиме и тука лежи проблемот. Но, постојат начини да се надмине оваа состојба и да се ослободиме од ваквите чувства, кои вреди да се научат.rnrnСоцијалните медиуми и самодовербата: Како да се ослободите од несигурноста?rnrnКлучот во избегнувањето на несигурностите е целосно да се разбере што значи тоа да се биде човек. Сите луѓе имаат и силни и слаби страни, и тоа треба да се цени. Сите се соочуваме со чувства на тага, повреда, осаменост и ред други ранливи емоции. Само затоа што луѓето не сакаат да ги истакнуваат своите патења не значи и дека тие не постојат. Набљудувајте ги тие околу вас и ќе сфатите дека не сте сами, и во оној момент кога ќе го сфатите тоа, сочувствувајте со себе.rnrnДа се има сочувство за самите себеси не значи да си дадете дозвола да се откажете и да се прифатите себеси како инфериорни. Напротив, тоа значи препознавање на фактот дека вашите маки се разбирливо тешки и вие ги делите со другите. Значи да останете поврзани со една поголема смисла за самите себеси – онаа која ги вклучува вашите силни страни, таленти, интереси и вредности. Кога ќе обрнете внимание на оние делови од вашиот карактер кои ќе ги цените, природно ќе се чувствувате подобро во својата кожа. Ќе сакате да го правите она што е најдобро за вас.rnrnПолека ќе се ослободувате од сите несигурности и ќе почнете да се огледувате на луѓето кои успешно ги пребродиле сите свои патења и недостатоци. Ќе ги користите како примери кои ќе ви помогнат да ги прифатите своите слабости и маани, паралелно фокусирајќи се на тоа што го правите добро. Помислете на Стивен Хокинг, Хелен Келер, Реј Чарлс или на кои било други личности од вашиот секојдневен живот кои ги сметате за херои. Кога ќе ја пренасочите енергијата и вашето внимание кон попозитивната перспектива ќе забележите многу моменти во кои сте ослободени од самокритичноста.rnrnНо, ќе забележите и дека негативните мисли и чувства можат многу лесно да се вратат. Кога тоа ќе се случи, на вас е да одлучите како ќе реагирате. Можете да изберете да останете заглавени во старите навики или можете да изберете одново да се групирате и фокусирате. Наместо да пронаоѓате доказ за вашата инфериорност, изберете да се потсетите дека не сте сами – вие се соочувате со животот исто како што и секој друг човек на светот. Гледањето и разбирањето на вистината може да ви помогне да бидете посилни личности и да го кренете својот морал.

  • 6 начини да ја задржите позитивната енергија дури и во најтешките моменти

    6 начини да ја задржите позитивната енергија дури и во најтешките моменти

    Независно дали тежината од поголемите проблеми во вашиот живот ве турка надолу или сте се разочарале од некоја текстуална порака од вашите најблиски, природата на човечкиот стрес ве тера да влезете во еден режим на преживување. Вашиот карактер може да се промени и често не на добро. Не само што ќе се чувствувате лошо со тоа што се однесувате лошо со другите, туку и вашиот внатрешен критичар ќе сака да излезе на површина во што поскоро време. Во тој контекст, прочитајте како можете да вежбате самопочит и љубов кон себе и да останете позитивни дури и во најстресните ситуации.rnrn6 начини да ја задржите позитивната енергијаrn

    1. Останете смирени

    rnКористете го вашето тело за да го оживеете вашиот посреќен и попаметен мозок. Забавете го дишењето и длабоко дишете за да внесете што повеќе кислород и да ја подобрите работата на мозокот. На тој начин поуспешно ќе ја пренасочите својата изгубена перспектива.rn

    2. Разјаснете ги работите

    rnФокусирајте се на она што сметате дека е надвор од вашата контрола. Во стресните периоди, човекот природно ги преувеличува работите, ширејќи го чувството на неуспех насекаде околу себе, без претходно да размисли што е тоа што ментално го предизвикува. Кога ќе се запрашате што е тоа што не можете да го контролирате, тогаш ќе можете правилно да го идентификувате и адресирате проблемот и да пронајдете соодветно решение.rn

    3. Бидете љубопитни

    rnОлицетворете го својот истражувачки карактер и запрашајте се каква лекција можете да научите од ситуацијата низ која моментално поминувате. Поставувањето прашања ги активира фронталниот череп и креативноста, но и ја проширува перспективата. Што е тоа што би ве трансформирало од жртва во војник?rn

    4. Бидете храбри

    rnПретставувајќи се себеси и мислејќи дека сте похрабри и помоќни од предизвикот со кој се соочувате може значително да го подобри крајниот резултат и да ги намали ефектите од стресот врз телото и умот.rn

    5. Покажете сочувство

    rnСочувството и емпатијата е уште еден начин со кој ќе си помогнете да станете подобра личност која ќе ја поседува силата, а не слабоста. Посебно кога треба да бидете емпатични кон самите себе. Кога последен пат сте биле љубезни кон себе како што сте биле љубезни кон своите пријатели?rn

    6. Бидете благодарни

    rnФокусирајте се на чувството на благодарност и ценење за да ослободите хемикалии во организмот кои ќе се борат против хормоните на стресот. Можеби не можете да го промените светот, но затоа можете успешно да ја промените ситуацијата во која се наоѓате на подобро и да ги решите сите проблеми кои ве прават нервозни и анксиозни.

  • 10 клучни принципи за пронаoѓање среќа

    10 клучни принципи за пронаoѓање среќа

    Сите копнееме по среќата. Но, за жал, често гледаме во погрешна насока. Парите, материјалните добра и статусот се патеките кои луѓето ги избираат за да ја најдат целта во својата потрага по среќата, иако на сите ни е веќе добро познато дека овие компоненти нудат само едно привидно, краткотрајно задоволство. Долгогодишните емпириски истражувања покажуваат дека ваквите популарни стратегии за пронаоѓање на среќата немаат никакви долгорочни ефекти. Во продолжение прочитајте ги 10-те научно докажани принципи за максимизирање на среќата и научете како вистински да уживате во задоволствата кои животот ги нуди.rnrn10 принципи за пронаоѓање среќаrnrn1. Благодарност: Истражувањата покажуваат дека дури и самото правење листа со работите и луѓето на кои сте им благодарни, може да го подобри вашето расположение и среќа, воопшто. Додека често знаме да се жалиме за работите или да ги земаме здраво за готово, не треба да забораваме секојдневно да се фокусираме на оние нешта за кои сме благодарни.rnrn2. Оптимизам: Гледајќи ја чашата полуполна наместо полупразна има огромен ефект врз расположението, среќата па дури и физичкото и психичкото здравје. Според истражувањата, оптимистичкиот стил се поврзува со еден голем дијапазон на здравствени придобивки, па дури и долговечност.rnrn3. Општествени и социјални споредби: Постојано сме склони да се споредуваме со другите, независно дали станува збор за позитивни или негативни компарации, гледајќи ги оние кои имаат повеќе и оние кои имаат помалку од нас. Врз основа на овие забелешки, често се критикуваме себеси и нашите избори, безбедност, интелигенција, физички изглед, среќа итн. Доколку навистина сакаме да бидеме среќни, тогаш треба да престанеме да се споредуваме и да се прифатиме себеси со сите свои маани и предности, независно колку клише звучи тоа.rnrn4. Свесност: Понекогаш нашите одлуки можат да бидат нејасни и замаглени бидејќи сѐ уште размислуваме за минатото или се грижиме за иднината. Таква е човечката природа. Со тоа што ќе се обидеме да работиме и да функционираме на еден сегашен и посвесен пристап во животот, значително ќе ги зголемиме шансите да ја пронајдеме сопствената среќа.rnrn5. Опростување: Ослободувањето од лутината и омразата кон другите е клучно доколку сакаме да бидеме посреќни. Веројатно многу луѓе ни згрешиле во животот, а несомнено и ние сме им згрешиле на другите. Фокусирањето на опростувањето на другите и на самите себеси е повеќе од потребно за нашата среќа и благосостојба.rnrn6. Сочувство: Да се биде внимателен со потребите и чувствата на другите, обидот да се ставиме на нивно место и да се однесуваме соодветно на ситуациите прават чуда во зголемувањето на личната среќа. Ова може да биде изненадувачко ако се земе предвид фактот дека нашите обиди да бидеме посреќни често се јавуваат како последица од нашите себични мотиви и желби, а сепак кога сме несебични и дарежливи сме и посреќни.rnrn7. Стрес менаџмент: Можеби нема секогаш да ги контролираме стресните ситуации во животот како што се опасностите или губењето на некое пријателство или врска, но можеме да реагираме на стресот со добри алатки за менаџирање. Тука се вклучува однесувањето, општествената поддршка, организацијата на времето, одбивањето на понуди и покани кои не сакаме да ги прифатиме и други стратегии за сопствената грижа кои ќе ни помогнат да бидеме помалку нервозни и помалку анксиозни.rnrn8. Општествена поддршка: Нашата индивидуалистичка култура може да го отежни осигурувањето и снабдувањето со општествена поддршка. Да се има една важна поддршка од пријателите, семејството, колегите и соседите значи многу за среќата и потрагата по неа.rnrn9. Разумни очекувања: Често имаме големи очекувања и од себе и од другите, што резултира и со големи разочарувања. Мора да поработиме на одржувањето разумни очекувања од другите и од животните околности за да можеме успешно да си ја обезбедиме среќата и секојдневните задоволства.rnrn10. Грижа за телото и душата: Луѓето знаат да ги занемарат своите физички и духовни потреби и својата општа психофизичка состојба со цел да го поминат денот, а, вежбите, духовните практики и социјалната поддршка се типично првите елементи кон кои се вртиме кога се чувствуваме анксиозно, нервозно и загрижено. Да се биде свесен за својата физичка и духовна состојба резултира во едно повисоко ниво на среќа.

  • Најголемите животни лекции од Лав Толстој

    Најголемите животни лекции од Лав Толстој

    Поминаа 150 години откако Лав Толстој го зел перото и хартијата и започнал да го пишува својот епски роман „Војна и мир“. Додека многу луѓе го сметаат за еден од најголемите писатели на 19-тиот век, малку е познато дека Толстој бил и еден од најрадикалните општествени и политички мислители. Во текот на својот долг живот, Толстој постепено ги одбивал уверувањата на својата аристократска околина и го прифатил неконвенционалниот светоглед кој ги шокирал неговите познаници.rnrnНајголемите животни лекции од Лав ТолстојrnrnБарајќи ја сопствената трансформација, тој нуди мудри и изненадувачки лекции за тоа како треба да ја изразуваме уметноста на животот денес. Во продолжение прочитајте како патот на Толстој може да ни помогне повторно да ги разгледаме своите погледи и ставови.rn

    Живејте со отворен ум

    rnЕдно од подрачјата во кое Толстој бил непобедлив, била неговата способност и подготвеност да ги промени своите мислења врз основа на новите искуства. Таа негова вештина започнал да ја негува во 1850-тата година, кога бил војник и се борел во Кримската војна. Тоа страшно искуство го претворило од обичен војник во миротворец. Одлучувачкиот настан се случил во 1857-та година, кога присуствувал на јавната егзекуција со гилотина во Париз. Тоа го уверило дека државата и нејзините закони во суштина, не се само брутални туку и постојат за да ги заштитат интересите на богатите и моќните. На својот пријател му напишал:rn

    „Вистина е дека државата направила завера не само да искористува, туку и да ги расипува своите граѓани… Во иднина никогаш повеќе нема да служам на никаква влада, никаде.“

    rnТолстој прв нѐ поттикнува да се запрашаме за темелните верувања и догми со кои сме одгледани.rn

    Практикувајте сочувствување

    rnТолстој бил еден од најголемите истражувачи на сочувството во 19-тиот век, покажувајќи една необична желба да се поистоветува со луѓето чии животи биле многу поразлични од неговиот. Иако бил помалку привлечен од патернализмот, Толстој уживал во друштвото на селаните и луѓето без моќна репутација и свесно започнал да ја избегнува аристократската елита во градовите. Исто така, основал една експериментална школа за селски деца која се базирала на либетаријанските и егалитаријанските идеи на Русо, каде и самиот подучувал. За разлика од своите многубројни колеги аристократи, кои со своите зборови ја поддржувале солидарноста со селаните, Толстој сметал дека никогаш нема да можете да го разберете селскиот живот ако и самите не го искусите.rn

    Направете разлика

    rnЗа литерат од високата класа, Толстој направил значителен напор да преземе практични мерки за ублажување на туѓите страдања. Неговата преданост на селските луѓе никогаш не била поочигледна отколку во периодот на големата глад. Толстој одлучил да запре да ја пишува „Ана Каренина“ на година дена за да организира помош за гладните. На своите роднини им напишал:rn

    „Не можам да се оттргнам од живите суштества и да губам време замислувајќи ликови.“

    rnНеговото семејство и пријатели мислеле дека полудел кога еден од најдобрите писатели на светот го оставил своето генијално дело на страна. Но, Толстој бил упорен. Тој, заедно со членовите на своето семејство ги поминал следните две години од својот живот собирајќи пари од целиот свет и работејќи во јавна кујна, посветувајќи се на хуманитарната работа, наместо на литературата.rn

    Усовршете ја уметноста на едноставниот живот

    rnНајголемата дарба а, истовремено и најголемото проклетство на Толстој, била неговата зависност од пишувањето за смислата на животот. Тој никогаш не престанал да се прашува зошто и како треба да живееме и која е смислата на целото негово богатство и слава. Во доцните 1870-ти, не можејќи да најде одговор на овие прашања, психички се скршил и бил на работ на самоубиство. Но, откако го проучил германскиот филозоф Шопенхауер, будистичките текстови и Библијата, тој го прифатил револуционерниот состав на христијанството со кој ги отфрлил сите организирани религии, вклучувајќи ја и православната црква со која израснал и се свртил кон духовната и материјалната строгост. Тој го инспирирал создавањето на утописките заедници со едноставен живот каде постоела заедничка сопственост. Овие Толстоеви заедници се прошириле низ целиот свет и го воделе Ганди кога го основал ашрамот во 1910-тата година, нарекувајќи го Толстоева фарма.rn

    Пазете се од противречноста

    rnНовиот, едноставен живот на Толстој не бил без свои проблеми. Освен фактот дека проповедал универзална љубов, тој постојано се карал со својата сопруга, бидејќи апостолот на еднаквоста никогаш не можел во целост да го напушти своето богатство и привилегираниот начин на живот и до својата старост живеел во голема куќа со слуги. Кога размислувал да го дарува својот имот на селаните, неговата сопруга и деца биле многу лути и тој на крајот попуштил. Но, во раните 1890-ти, успеал против нивната волја да ги наговори да се одречат од авторските права на голем дел од неговите книжени дела, и тоа било вистинското богатство за него.rn

    Проширете го својот општествен круг

    rnНајважната поука на Толстој е да го следиме неговиот пример и да признаеме дека најдобриот начин да се преиспита нашата вообразеност и предрасуди и да развиеме нов начин на гледање на светот, е да се опкружиме со луѓе чии ставови и животни стилови се разликуваат од нашите. Во „Воскресение“, Толстој истакнува дека повеќето луѓе, независно дали се богати бизнисмени, моќни политичари или обични крадци, ги прифаќаат своите верувања и начинот на живот и сметаат дека се морални и исправни.rn

    „За да се одржи нивниот поглед на животот, тие луѓе инстинктивно се дружат со личности кои делат слични размислувања и видувања на животот и го пронаоѓаат своето место во него.“

    rnАко сакаме да ги преиспитаме сопствените уверувања и идеали, мораме да го следиме примерот на Толстој, поминувајќи време со луѓето чии вредности и секојдневни искуства се во контраст со нашите. Нашата задача мора да биде да патуваме надвор од познатиот круг.

  • Откријте како мозокот на емпатичните луѓе работи поинаку од другите

    Откријте како мозокот на емпатичните луѓе работи поинаку од другите

    Емпатијата е важна особина која ни дозволува да создаваме доверба и ни дава увид во чувствата и мислите на другите. Една дефиниција за емпатијата објаснува дека тоа е способноста да ја идентификуваме и разбереме ситуацијата на другите личности, нивните чувства и мотивации. Кога сочувствувате со некого, вие се ставате на нивното место и ги гледате работите од нивна перспектива. Да се биде емпатичен не значи само да се разберат различните карактери на луѓето, кога разбираме како и зошто тие реагираат во одредени ситуации, туку вклучува и знаење како да се соочиме со нив и да се прилагодиме на нивните дела.rnrnОткријте како мозокот на емпатичните луѓе работи поинаку од другитеrnrnПостојат различни видови емпатија и бројни начини на кои реагира нашиот мозок. Во една студија објавена во списанието „NeuroImage“ е откриено дека постојат физички разлики во мозокот на луѓето кои реагираат емоционално на чувствата на другите луѓе (афективна емпатија) во споредба со оние кои реагираат порационално (когнитивна емпатија).rnrnГлавниот истражувач, Роберт Ерес, забележал разлики во густината на сивата материја со когнитивна и афективната емпатија, како што се анализирало дали оние кои имаат поголем број мозочни клетки во одредени делови на мозокот се поемпатични во различни ситуации.rn

    „Луѓето кои имаат високи нивоа афективна емпатија се оние кои често се плашат кога гледаат страшни филмови или оние кои плачат кога гледаат тажни сцени. Луѓето кои имаат висока когнитивна емпатија се оние кои се порационални. На пример, клинички психолог кој се консултира со својот клиент“, вели Роберт.

    rnИстражувачите подготвиле прашалник од неколку прашања со кои се одредувале нивоата на емпатијата и пред да им ги дадат на испитаниците, користеле направа за мерење на мозочната активност. Резултатите покажале дека луѓето кои имале повисока афективна емпатија имале и поголема густина на сивата материја во средината на мозокот. Оние кои имале повисока когнитивна емпатија, имале поголема густина на сивата материја во лимбичкиот систем на мозочната кора, каде се спојуваат соматскиот и вегетативниот нервен систем и двете мозочни хемисфери.rnrnОвие откритија ни покажуваат дека емпатијата може да биде предодредена од распоредот на мозочните структури и количината на мозочните клетки. Со понатамошни анализи се поставува прашањето дали луѓето можат да тренираат да станат поемпатични и дали тие делови од мозокот кои се поврзани со овие видови емпатија ќе станат поголеми или пак, целосно ќе се изгубат ако не се користат доволно.rn

    „Во иднина сакаме да истражуваме дали тренирањето на луѓето со задачи поврзани со емпатијата може да доведе до промени на мозочните структури и да дознаеме дали штетата на овие мозочни структури, која најчесто се јавува како резултат на мозочните удари, може да доведе до губење на способноста за емпатија“, објаснува Роберт.

    rnЕмпатијата и сочувствувањето се вредни и непроценливи карактеристики кои секој човек би требало да ги поседува, бидејќи така се создаваат подобри меѓусебни односи, комуникација и подобар соживот, воопшто.