Оваа година имаше доста интересни фотографии. Во 2013-та ги видовме познатите личности како им ги „уништуваат“ фотографиите на други луѓе, вметнувајќи се себеси во нив. Една од најновите „фотобомби“ е онаа на актерот Зак Браф, познат од серијата „Scrubs“, кој со бејзбол капче на глава поминувал на пешачки премин во Њујорк, во моментот кога некои младоженци правеле фотосесија.rnrnФотографот ја твитнал фотографијата на Браф и пишал: „Господнине, мислам дека го фотобомбардиравте мојот штотуку венчан пар, пред некој ден во Њујорк. 🙂 Добро одиграно…“ Ѕвездата од „Scrubs“ го ретвитнала тоа и потоа уште еднаш самиот ја објавил фотката и пишал: „Ова е една од моите најдобри фотобомби досега“.rnrnПогледнете ги останатите фотобомби кои беа популарни оваа година.rnrnЗак БрафrnrnКели КларксонrnrnАрон ПолrnrnМајкл ДагласrnrnЏозеф Гордон-ЛевитrnrnДоналд Фејсон и Зак БрафrnrnБијонсеrnrnБил КлинтонrnrnКевин СпејсиrnrnСелена ГомезrnrnЏеси Тајлер ФергусонrnrnНил Петрик ХерисrnrnБијонсеrnrnЏошуа ЏексонrnrnТом КрузrnrnЏенифер Лоренсrnrn rnrn
Луѓето ширум светот стануваат многу креативни кога ќе падне снег. Правењето стандарден снешко од три топки, носе од морков, очи, уста и копчиња од ќумур и тенџере место капа, очигледно веќе не е толку забавно, колку што е забавно да се смисли креативна идеја за да се направи откачен и уникатен снешко. Некои од овие снешковци се убијци, некои се пушачи, трети се собираат на масовен штрајк. Погледнете дел од фотографиите кои кружат по интернет-страниците ширум светот.rnrnrn
Артистката Лиз Клајмо е популарна на социјалната мрежа Тамблр, чии комични илустрации добиваат по илјадници белешки на ден, од луѓето кои милуваат да ја споделуваат нејзината досетлива работа со светот. Преку ден, таа работи како аниматор за серијата Симпсонови, а навечер се претвора во една од најпопуларните артисти на Тамблр.rnrnПораѓањето на крај испадна дека не беше толку страшна работа. – Лесно ти е тебе да кажеш.rn
Кога била прашана за тоа како нејзината дневна работа влијае врз изработката на нејзините вечерни комични илустрации, таа одговорила: „Всушност, добивам многу идеи за моите илустрации од мојата работа во ‘Симпсонови’, бидејќи работам со многу смешни и интересни луѓе и мојата интеракција со нив на дневна база, ми дава многу идеи. Исто така, израснав со оваа серија, така што хуморот, особено во почетните сезони, навистина ми помогна во оформувањето на мојата смисла за хумор и за сето она што го сметам за смешно.“
rnКул! И јас сакам капа од балон! – Аа… – Хм…rnrnИлустрациите со животни на Лиз се состојат од диносауруси, птици, зајчиња и мечки кои зборуваат и секое од нив има саркастична смисла за хумор. Погледнете дел од нејзините најинтересни илустрации.rnrnПовторно изеде бонбона во форма на бастунче, нели? – Да.rnrnТе сакам човече. – Фала. – …толку многу. – Брат, што ти кажав во врска со гушкањето!rnrnЛифт! Скали!rnrnШто не е во ред? – Ќе врне, а јас немам чадор. – Не се грижи брат, јас ќе те заштитам.rnrnОх, не! – Упс, мора да сум заспал додека сум ја јадел мојата салата.rnrnСè што сакам за Божиќ, се моите два предни заба. – Тоа веќе го имаш. – Аха, епа во тој случај сакам ајпед.rnrnКако оди состанокот? – Мислам дека не ѝ се допаѓа.rnrnДенес е петок 13-ти. Исплашен си? – Нее, имам поголеми работи за грижење. Како на пример за овој кит.rnrnМојот костум оваа година ќе биде одличен. – Ах брат, и мојот. – Мојот ќе биде стравотен. – Ти е*ам.rnrnНе можам да дишам.rnrn rnrn
Мислевте дека само живите суштества можат да прават гримаси и да изразат некакви емоции? Овие две видеа докажуваат дека и предметите имаат „свое јас“. 🙂rn
Понекогаш најобичните фотографии кои ги правиме со луѓето во нашиот живот, резултираат со илузија дека во нив се случува нешто надреално. Гледаме мажи со женско тело, премногу долга рака, маж кој држи минијатурен маж во својата рака и уште многу други комични кадри, кои не се онакви какви што изгледаат на прв поглед. Загледајте се убаво и објаснете ни што гледате на фотографиите. :)rnrnrn
Вадим е 12-годишно момче кое има најдобар пријател, кој по некоја случајност е врабец, кој се вика Аби. Вадим го нашол Аби додека бил на прошетка во близина на куќата на неговата баба, во Минусинск во Русија. Од тој ден па навака, бебето сираче е во постојана дружба со Вадим. Тие двајца просто се обожаваат! 🙂 rnrnrn
Овие фотографии се доказ дека и животните знаат некогаш да откачат. Аматерските фотографии се направени ширум светот, а тука ќе видите кул кучиња кои возат автомобили и мотори, мечка што игра, мајмуни што се глупираат и што ли уште не.rnrnrnrn rnrn
На фановите на раперот Џеј Зи, серијата смешни илустрации „99 Problems“ (99 проблеми) многу ќе им се допадне. Направена е од страна на Али Грахам, кој секојдневно прикажува по еден проблем со кој се соочува познатиот изведувач.rnrn„На радио не ги пуштаат моите хитови“rnrnНеговите смели илустрации искомбинирани со хумористична порака се инспирирани од насловите на песните на Џеј Зи, од стиховите на песната 99 Problems, како и од секојдневниот живот. На нив се прикажани многу смешни секојдневни проблеми со кои се соочуваат голем број луѓе, но некои се и нереални. Поради големиот интерес за овие илустрации, Али почнал да ги продава како постери со димензии 21,5 х 28 сантиметри преку својата онлајн продавница. Интересно е тоа што, штом едена илустрација стигне до бројката од 99 продадени парчиња, повеќе не може да се купи.rnrn„Замрзнување на мозокот“rnrn„Премногу талент во една соба“rnrn„Чашата е преполна“rnrn„Починати претседатели“rnrn„Нема време за авантури“rnrn„Лош крој“rnrn„На косата не ѝ е денот“rnrn„Страв од летање“rnrn„Завидување за брада“rnrn„Некреативно брендирање“rnrn„Каснат од зомби“rnrn„Не може да ја исчисти нечистотијата од рамото“rnrn„Тежок крстозбор“rnrn„Згазната мастика“rnrn„Ролексот не работи“rnrn„Недопечен стек“rnrn„Каде е Бруклин?“rnrn rnrn
Кога заљубените си даваат збор, обично таквиот момент сакаат да го запомнат засекогаш. Фотографирањето е одличен начин моментот да остане во сеќавањата. Сепак, ваквите интимни моменти понекогаш се толку глупаво изведени што на сите луѓе кои се сингл може да им е мило што не се дел од некој ваков пар.rnrnОдличен момент да покажеш што направил твојот забарrnrnОк е, цело време го прави оваrnrnГледате што прави тој?rnrnМириса на вечна љубовrnrnНишто не вели „те сакам“ како моментот кога плаќаш за паркингrnrnМокри панталони – тоа е мала цена која треба да се плати за овековечување на љубовтаrnrnМммм… како мирисаш…rnrnСрце, не ќе беше лошо да облечеше кошула, а?rnrn100% ова зад нас е вистински замокrnrnПриродно во природаrnrnМалку морничаво, нели?rnrnИмаме слични физички карактеристикиrnrnВо светот на бајките
Патрик Торендал, попознат како Пиџет направил импресивна колекција од фотографии со познатите ѕвезди, но ниедна од нив не е вистински фотографирана. Мудриот фотоманипулатор, креира пресмешна колекција од „фотошопирани“ слики, во кои се вметнува себеси во опуштена атмосфера, рамо до рамо со голем број познати ѕвезди, но преферира да се става до најсекси актерките и пејачките. Овие слики тој ги качува на Инстаграм и на Твитер.Заедно со Каније Вест, Џеј Зи, Хали Бери, Ријана или Бијонсе, Пиџет е „фотографиран“ веднаш до неговите замислени пријатели, со кои го живее гламурозниот живот. Качен на мотор со Бијонсе, пеејќи серенада заедно со Алиша Кис или гушкајќи ја Ким Кардашијан, додека зборува со Џеј Зи, фотографиите на овој човек се навистина забавни за гледање.Пиџет продолжува да објавува вакви забавни фотки на неговите профили на Твитер и на Инстаграм, во кои тој е составен дел од поп културата. Тој има напишано и еден интересен твит во врска со својата работа:rnrn
„Имам нула вистински фотографии од себеси. Доколку умрам, на мојот погреб ќе има само фотографии на кои задницата на Ники Минаж, е потпрена на моето чело.“