Мачки… Толку слатки суштества на кои ретко кој може да им одолее. Нивната желба за игра, предизвиците кои ги ставаат пред вас, но и нивната самоувереност и храброст, нема да ве остават рамнодушни. Мачките се сметаат за супериорни животни кои ќе ви остават траен белег и ќе ги паметите засекогаш. Погледнете ги овие смешни изреки смислени за овие возвишени суштества!rnrnrnrn1. Се ослободив од мојот сопруг. Мачката беше алергична на него.rnrn2. Никогаш не хранете ја мачката со нешто што не одговара на вашиот тепих.rnrn3. Сѐ што е на подот е играчка за мачките. А она што не е, ќе стане.rnrn4. Мачките се како слатки колачиња. Никогаш не можете да имате само едно!rnrn5. Мото на мачките: „Без разлика што сте направиле погрешно, секогаш обидете се да изгледа како кучето да го направило тоа“.rnrn6. Мачките: Толку многу време на располагање, а толку малку работи за да се направат…rnrn7. Мачки се водат според изреката: „Сакај ме, храни ме, никогаш не напуштај ме!“rnrn8. Мачките се подобри од кој било порок. Тие не ве дебелеат, не се опасни, ниту скапи. Но, сепак предизвикуваат зависност!rnrn9. Тие не се мои мисли. Мојата мачка оди по тастатурата!rnrnrnrn10. За човек вистински да го разбере одбивањето, најпрво мора да биде игнориран од страна на една мачка.rnrn11. Изјава на една мачка во врска со луѓето: „Луѓе. Немаат крзно, ниту шепи, ниту опашка. Тие бегаат од глувци. Никогаш не се наспиваат доволно. Како може да се сака такво апсурдно суштество?“rnrn12. Кучињата имаат сопственици, мачките имаат слуги.rnrn13. Зошто мачките не може да работат на компјутер? Затоа што ним глувчето најмногу им го привлекува вниманието.rnrn14. Можете да ја научите мачката да прави сѐ што таа сака да прави.rnrn15. Кучињата мислат дека се луѓе. Мачките мислат дека се богови.rnrn16. Вие не ги поседувате мачките, тие се слободни суштества.rnrn17. Луѓето кои не ги сакаат мачките, сигурно ја немаат запознаено вистинската!rnrnПогледнете ги и овие фотографии од најзлобните мачки кои се спремни за освојување на светот!
Работата зазема значаен дел во човековиот живот. Таа е неопходна со цел да се заработи и да се обезбедат услови за пристојно живеење. Но, повеќето ќе се согласат со тоа дека не секогаш одат на работа исполнети со енергија и со многу ентузијазам… Па, така, за внесување малку свежина и забава во секојдневието, следуваат неколку смешни изјави кои гарантираат расположен понеделнички ден.rnrnrn
„Во љубовна врска сум со работата и нештата меѓу нас се комплицирани.“
rn
„Мора да признаете дека понеделниците не се толку лоши. Најверојатно вашата работа не чини.“
rn
„Сега разбирате зошто Петар Пан не сакал да порасне.“
rn
„Потребен ми е одмор од 6 месеци. 2 пати во годината.“
rn
„Понекогаш ги запишувам задачите кои веќе ги имам направено, само за да го доживеам одново задоволството додека ги шкртнувам.“
rn
„Работете сѐ додека сметката во банка не ви стане како телефонски број.“
rn
„Тимската работа е важна: Таа помага да се префрли вината на некој друг.“
rn
„Не работите – нема пари за живеење, работите – нема време за живеење.“
rn
„Животот е страшен, но барем платата е смешна.“
rn
„Не е важно колку работиш, секогаш ќе постои некој идиот кој работи помалку, но заработува повеќе.“
rnrn
„Платата е како менструација – ја чекате цел месец, а завршува за една недела.“
rn
„Работам за да купам автомобил за да одам на работа.“
rnrn
„Мрзливост е кога личноста не се преправа дека работи.“
rn
„Доброто спиење не само што ви го продолжува животот, туку и го прави работниот ден пократок.“
rn
„Ако сте работеле и не сте добиле ништо, тоа значи дека некој друг го зел тоа.“
rn
„Повеќе луѓе сонуваат да не работат и да имаат пари. За време на економската криза, 50% од тие соништа се остварија.“
rn
„Не велете дека работите. Подобро покажете што сте заработиле.“
rn
„Ми треба одмор, а не еден глупав викенд.“
rn
„Луѓето кои работат за време на викенди мразат кога им зборувате колку сте среќни кога доаѓа петок.“
Улогата на родител е тешка, но несомнено е и забавна. Како што се приближува крајот на оваа година, време е да се насмееме со најдобрите родителски изјави кажани во текот на 2016-та година. Погледнете дел од нив кои со сигурност ќе ви го разубават денот.rnrnrn
„Ајде да стапиме во брак и да имаме деца, па наместо да уживаме во утринското кафе, ти ќе можеш да правиш плетенка додека јас ги подготвувам оброците, така што сите ќе можеме да доцниме.“
rn
„Станувањето родител значи поминување на остатокот од твојот живот во очајна потреба за туширање, одмор и силен пијалак.“
rn
„Кога ме прашуваат како изгледа да се биде мајка, им го покажувам списанието што го носам 6 месеци со мене, затоа што сè уште не сум имала можност да го прочитам.“
rn
„Постојат само две фази во родителството: Имање деца и имање деца кои може да ги достигнат работите од работната маса.“
rn
„Родителството значи изненадување на самите себе секој ден, што се должи на тоа колку многу работи можете да завршите, додека постојано сте исцрпени.“
rn
„Времето за одмор е мртво. Во негово сеќавање, бараме од вас да испратите вино во замена за цвеќиња.“
rn
„Знаеш дека си родител кога од тебе ќе биде побарано да им ги покажеш сликите од книгата што ја читаш, на крзнените животни во собата.“
rn
„На син ми му требаат четири минути за да ги облече своите чевли, но може да избрише три апликации и да отвори Нетфликс на мојот Ајфон за 12 секунди.“
rn
„Кога бев дете никогаш не помислував дека во 2016 година родителството ќе значи пронаоѓање на изгубените полначи.“
rnrn
„Никогаш не знаев колку му е потребно на човек за да заспие, сѐ додека не добив деца. Во случај да се прашувате, тоа е 2 часа, 3 чаши вода и 18 книги.“
rn
„Мојот 7-годишен син ми е лут затоа што мојот роденден е поблиску до роденденот на неговиот пријател, а не до неговиот. Во случај да се прашувавте, така изгледа родителството.“
rn
„Ако некогаш сакате да видите колку сте трпеливи, гледајте 4-годишно дете како се обидува да го откопча патентот на својата јакна. По ова, треба да бидете прогласени за светци.“
rn
„Мојата најголема загатка како родител: Зошто е толку тешко да заспиете некој на кој веќе му се спие.“
rn
„Не знаев колку добро лажат моите синови сѐ додека не му кажаа на нивниот чичко дека ‘сакаат училиште’ со искрен изглед.“
rn
„Без разлика колку пати и да се случи, најизненадувачкиот дел од денот за мене како родител е кога пластична играчка ќе почне да пее без некоја причина.“
rn
„Кога вие и вашите синови тинејџери ќе се облечете и ќе излезете на вечера, па ќе сфатите дека би требало да ги оставите дома.“
rn
„Им велам на моите деца дека имам фаворит – но не е никој од нив.“
rn
„Последен ден од училиште е, каде ќе го носам моето дете од утре…“
rn
„Децата се тивки. Не сум сигурна дали треба да бидам возбудена или исплашена.“
rn
„Слушајќи ги моите деца кој има повеќе домашни задачи вечерва, звучи како да треба да направам кратко патување до продавницата за пијалаци.“
rn
„Трик за пред родителство: Секогаш ‘умирајте’ први во битката. Така ќе се одморате подолго.“
rn
„5-годишно дете: Само уште едно прашање пред да отидам во кревет.rnrnЈас: Што?rnrnДетето: Што претставуваат линиите на твоето чело?rnrnЈас: …rnrnДетето: Сега изгледаат луто.“
Да се биде мрзлив е потребно многу напор! Тоа е како зависност од која не можете да се откажете. Но, ако ја согледувате оваа карактеристика од научен аспект, ова во основа е мит. Значи, совршената научна дефиниција гласи дека мрзливоста е објаснување на човечкото однесување кое е практично бескорисно, каде што има недостиг на интерес, дисциплина, изобилува со емоционална поддршка и само-ефикасност. Да се биде мрзлив од една страна е забавно, но секако, тоа треба да има и свои граници, затоа што преголемата мрзеливост може да биде сериозен проблем. Во продолжение погледнете некои луди и смешни факти во врска со овој феномен.rnrnrnrn1.Луѓето чијашто околина не е средена, лесно може да ги пронајдат потребните предмети за кратко време. Ако некој друг им ја организира собата или воопшто нивната околина, тие не можат да го пронајдат она што го бараат без нечија помош.rnrn2.3546783628876 – сигурно сте премногу мрзливи за да го прочитате овој број!rnrn3.Морате да отидете до тоалет, но ве мрзи да станете од кревет.rnrn4.Ако има настан за доделување награди за мрзливост, мрзливите луѓе ќе испратат некој да ја подигне нивната.rnrn5.Мрзливоста е мајка на сите лоши навики, но сепак, таа е мајка, па неа мора да ја почитувате.rnrn6.Мрзливоста значи да не учите преку целиот ден и да чувствувате вина, но сепак да не направите ништо за да го промените тоа.rnrn7. Ако ви падне нешто, а не можете да го достигнете, најверојатно и не ви треба.rnrn8.Мрзливите луѓе остваруваат повеќе ако нивната мрзливост им дозволува да го најдат најлесниот начин за да ги завршат работите.rnrn9.Мрзливите луѓе всушност и не се мрзливи, туку тие само ја штедат својата енергија.rnrn10.Никогаш не ги читате условите при зачленување на некоја страница, туку едноставно одбирате „Се согласувам и ги прифаќам.“rnrnrnrn11.Средувањето на креветот е бескорисно. Зошто секојдневно да го правите тоа кога секоја вечер повторно ќе го растурате?rnrn12. Ако истурите вода, не грижете се. Таа ќе се исуши како и да е.rnrn13.Ако доцните, тогаш воопшто и не одите…rnrn14. Ако ви падне коцка мраз на земјата, најлесно ви е да ја турнете под фрижидерот.rnrn15.Ако далечинскиот управувач е далеку од вас, тогаш нема ништо лошо и во гледањето реклами и глупави реални шоуа.rnrn16.Не мора да ги миете долните делови од вашето тело, гравитацијата ќе го направи тоа.rnrn17. Напорната работа се исплаќа во иднина, мрзливоста се исплаќа сега.rnrn18.Во текот на денот си зборувате дека е подобро да учите ноќта, кога сте поактивни, а кога ќе дојде ноќта велите дека треба да учите наутро, кога сте свежи.rnrn19. Истражувањата велат дека мрзливоста е само природна карактеристика на тинејџерите, таа не е лоша навика.rnrn20. Премногу сте мрзеливи да ја држите чашата, па пиете со долга цевка.rnrnrnrn21. Ако резултатот што го барате го нема на првата страна од Гугл, тој најверојатно и не постои.rnrn22.Ако некој ве праша дали слушате, вие ќе кажете „Не.“rnrn23. Го постелувате чаршафот на душекот, но ако тој не се совпаѓа на некој од краевите, тогаш не е важно, можете да спиете и без него.rnrn24. Мрзливоста е навика за одморање, пред да се уморите.rnrn25. Премногу сте мрзеливи за да го запишете рецептот кој го кажуваат на телевизија, па сметате дека е подобро да го снимите.rnrn26. Сакате да пишете некому, но ве мрзи, па одлучувате да му се јавите.rnrn27.Игнорирањето на луѓето и работата се вистински предизвици. Тие се прифатени од ваша страна.rnrn28. Утре е најдоброто време да ги извршите работите кои сте ги планирале за денес.rnrn29. Фрлате различни предмети за да го изгаснете светлото.rnrn30. Причините за мрзливоста… сепак ќе бидат кажани некој нареден пат!rnrn
Работата како пилот бара голема храброст, но понекогаш тие се соочуваат со доста интересни ситуации. Овде ви прикажуваме неколку необични глетки со коишто се соочиле пилотите во текот на нивното работно искуство.rnrnrn
1. Меѓународна вселенска станица
rn
„Летавме на висина од 13.100 метра, а сонцето заоѓаше зад нас. Одеднаш здогледавме сјајна точка на хоризонтот директно пред нас. Почна да се движи неверојатно брзо. Го повикавме центарот и прашавме дали имаат некаква информација, затоа што навистина изгледаше како таа точка да се движи директно кон нас. Тие ни одговорија дека нема ништо таму, па ние им ја опишавме светлата точка којашто се упатуваше кон нас, а авионот позади нас го потврди истото. Од центарот нè замолија да причекаме, а потоа следуваше одговор: ‘Она што сте го виделе е вселенска станица’.“
rn
2. Куче и елен на пистата
rnКога пилотите побарале извештај за тоа што се приближува на малата писта во Пенсилванија, ним им било одговорено со напомена:rn
„Внимавајте на црното куче на пистата за слетување. Тоа брка стадо елени.“
rn
3. Американска подморница
rnУште еден пилот опишал како летал преку планинскиот гребен на Хаваите, а од другата страна на гребенот имало мала надолнина каде што се наоѓало нешто огромно.rn
„Прво помислив дека се работи за кит, а потоа сфатив дека е нешто многу поголемо. Тоа беше подморница на американската морнарица и најголемото водно возило коешто некогаш сум го видел во животот.“
rn
4. Комбајн како „јаде“ автомобил
rnЕден пилот тврдел дека, додека надлетувал едно мало село, забележал како еден комбајн „јаде“ автомобил додека неколку луѓе панично трчале наоколу.rnrnrn
5. Гулаби
rnГулабите на неколку илјади метра височина се невообичаена глетка.rn
6. Розово езеро
rnКога летал од Мелбурн во Перт, еден пилот забележал розово езеро. Езерото добива розова боја поради зелените алги „Dunaliela salina“, а можно е и поради високата концентрација на морски ракчиња. Кога водата ќе стане посолена од морската, под вистинска температура и светлосни услови, алгите акумулираат пигмент бетакаротен, што на водата ѝ дава розова боја.
Оние коишто веќе биле бремени, може да кажат дека понекогаш слушале чудни и несоодветни прашања во врска со нивната бременост. Денес издвојуваме неколку чудни прашања коишто им биле поставени на разни жени во текот на нивната бременост.rnrnrnrnДали сте слушнале и вие некои од нив?rn
1. „Веќе во секој момент се очекува, така?“
rnАко под „секој момент“ подразбирате уште 3 месеци, тогаш да, во секој момент.rnrnrn
2. „Се обидувавте ли?“
rnСо други зборови тоа значи: Имавте секс затоа што навистина сакате бебе или затоа што не знаевте како се прават бебиња?rnrnrn
3. „Мислев дека градите ќе ти бидат поголеми“
rnФакт е дека сите ги немаат истите предности во бременоста!rnrnrn
4. „Тоа ти е само од хормоните“
rnИзвини, не знаев дека ти и моите хормони веќе се знаете…rnrnrn
5. „Не изгледаш толку возрасна за да бидеш бремена“
rnУх, сакаш да кажеш дека изгледам како да имам 11 години?rnrnrn
6. „Што ако бебето ти биде геј?“
rnПокрај сите обиди да не повратам во јавност во текот на бременоста, сексуалната ориентација на моето бебе беше последното нешто на коешто помислував!rnrnrn
7. „Сигурна си дека сакаш да го носиш ова?“
rnДа, сигурна сум. Всушност, не е лесно да пронајдеш облека во којашто ќе се чувствуваш удобно во текот на бременоста.rnrnrn
8. „Бебето гарант ќе ти тежи кило и пол“
rnДобро, знам дека ова би требало да биде комплимент, но последното нешто коешто сака да го слушне една бремена жена е дека нејзиното бебе ќе биде со мала тежина.rnrnrn
9. „Треба/не треба да правиш…“
rnСметам дека би требало да си го задржите мислењето за себе и да не ми кажувате што треба да правам.rnrnrn
10. „Сигурно ќе имаш девојче“
rnЧитајќи ги книгите за бебињата, ги прочитав и старите приказни коишто велат дека женските бебиња ја крадат убавината на мајка им. Така, секогаш кога некој ќе рече дека носам девојче, малку се налутувам.rnrnrn
11. „Сè ли е таму?“
rnМожеби од денешен аспект ми изгледа смешно, но ова прашање за сликата од ултразвукот ме прогонуваше долго време.rnrnrn
12. „Како ќе се справиш со две деца?“
rnЗа ова се грижев секој ден од мојата бременост со второто дете. Па, ви благодарам што повторно ме потсетивте на мојот најголем страв.rnrnrn
13. „Голема си“
rnГолема? Навистина? Од сите зборови коишто можеше да ги избереш, баш „голема“ беше најсоодветен?rnrnrn
Дали кон вашата мачка се однесувате како луд родител? Секако дека не. Или можеби по малку? Ако 5 од следниве знаци важат и за вас, тогаш по дефиниција сте. Овие илустрации се дело на креативното студио „Last Lemon“ кое ги собира исповедите на сопствениците на мачки и ги претвора во смешни цртежи.rnrnГи прашувате како им поминал денот кога се враќате од работаrnrnГледате телевизиско шоу специјално за задоволството на вашата мачка, а не за вашетоrnrn
Благодарение на Пол Џонсон Хикс, светот денес може да сведочи на најсмешните фотографии со животни направени низ целиот свет. Наградите Comedy Wildlife Photography, основани од Хикс, се совршениот натпревар за сите оние чија огромна пасија е фотографирањето мали и големи, смешни животни кои едноставно пленат со својот сладок поглед и весела несмасност. А наградата за најдобра фотографија е 7-дневно сафари низ Јужна Танзанија во Источна Африка, како и Nikon D750 DSLR фотоапарат.rnrnrnrnПогледнете ги најдобрите 13!rnrn
Не постои поубав, поедноставен и поискрен подарок од зборовите. Искрени и длабоки, креативни и смешни, нежни и интимни. И кога не знаете што да ѝ да подарите на саканата личност, картичката во која искрено ќе искажете што чувствувате е секогаш добра идеја. А кога тој/таа е и вашиот најдобар пријател, е тогаш ниту една од следниве картички нема да биде погрешен избор.rnrnСѐ уште те сакамrnrn