Секојдневно комуницираме преку Интернет, а еден од најлесните начини на кои можеме виртуелно да покажеме емоција е со смајли. Без разлика дали се класични емотикони или други знаци, еве што користењето смајлиња во пишувањето кажува за вас.rnrn
rnrnЕдно необично истражување покажало дека луѓето кои сакаат да користат смајлиња во допишувањето преку СМС или онлајн-алатки имаат побогат љубовен живот.rnrnИстражувачи од институтот „Кинси“ спровеле анкета со над 5,000 испитаници за користењето на емотикони во пишувањето. Било откриено дека луѓето кои најчесто користат смајлиња во комуникацијата почесто имале храброст да викнат некого на љубовен состанок.rnrnМеѓутоа, смајлињата не се директно поврзани само со првиот состанок, туку и со започнувањето врска. Анкетата покажала дека луѓето кои користеле повеќе смајлиња во допишувањето почесто започнувале љубовни врски.rnrnПокрај поврзаноста на користењето смајлиња со љубовните врски, еве други 10 интересни факти за врските што би требало да ги знаете.
Tag: смајли
-

Користите смајлиња додека пишувате? Еве што тоа вели за вас
-

Тест „среќно смајли“: Она што успева да ве насмее кажува многу за вас
Изберете го смајлито кое најмногу ве „скокотка“ и дознајте што тоа кажува за вас.rnrn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rnrn -

Кој го испратил првото смајли преку интернет?
Професор Скот Фалман, кој е научник на универзитетот „Carnegie Mellon“, е човекот кој го измислил првото смајли, кое го испратил во една имејл порака, на 19 септември 1982 година, во 11 часот и 44 минути претпладне. Или можеби сепак не е тој? Продолжете да читате. 🙂
Целта на неговата порака била да се избегнат недоразбирањата во однос на тонот во имејл пораките, односно да се направи разлика помеѓу оние работи кои треба да бидат смешни и оние кои треба да звучат сериозно.rnВо таа негова порака, тој предложил знакот 🙂 да почнат да го користат за оние работи кои означуваат шегување. Во тоа време, тој сигурно не се ни надевал дека тој негов предлог за „emoticon“ (комбинација од стандардни знакови на тастатурата кои се користат за изразување емоции) ќе стане толку популарна и дека ваквите смајлиња ќе станат неопходен дел од секојдневната современа електронска комуникација.rnrn
„Таа порака ми одзеде 10 минути од мојот живот и со неа очекував дека ќе развеселам неколку мои пријатели и дека тоа ќе биде сѐ.“ – вели тој
rn
Како и да е, оваа порака се проширила преку неразвиените компјутери во раните осумдесетти години и за неколку месеци употребата на смајлињата станала глобална. Денес смајлињата ги има насекаде, во многу варијанти во форма на жолти компјутерски графики, кои визуелно изразуваат емоции и навистина се смешкаат, намигнуваат или плачат.rnПо повод 30-от роденден на насмеаното смајли, професорот Скот, дал интервју за „Independent“, во кое тој ги критикува илустрираните наследници на неговата креација, нарекувајќи ги модерните емотикони непривлечни и прозаични.rn
„Сметам дека се грди и дека го уништуваат предизвикот некој да се обиде да осмисли попаметен начин на изразување емоции, преку користење на стандардните знакови од тастатурата. Можеби така се чувствувам бидејќи јас го измислив тој вид емотикони.“ – рекол проф. Фалман, притоа додавајќи дека потребата од таквото смајли се појавила бидејќи во пишаната комуникација ни недостасува говорот на телото и тонот на гласот, според кои можеме да распознаеме дали треба некои реченици да ги сфатиме сериозно или како шега.
За жал, професорот не може да го пронајде оригиналниот имејл кој го испратил низ универзитетската евиденција и се соочил со тврдења, дека тој не е првиот човек кој ја измислил насмеаната фаца. Потоа, во 2002 година, инженер од Мајкрософт успеал да го пронајде оригиналниот имејл.rnКако и да е, некој луѓе имаат пронајдено издание од Њујорк Тајмс од 1862 година, во кое има препис од говорот на 16-от претседател на САД, Абрахам Линколн кој ги содржел знаците ;-), поради што се појавуваат теории на заговор околу тоа дали станува збор за печатна грешка во говорот или не.rnrnМожеби ќе сакате да прочитате и како настанало првото жолто насмеано лице и кој го нацртал?rnrn
rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
-

Кој стои зад популарното смајли?
Ова жолто, среќно лице попознато како смајли, секој од нас барем еднаш во денот го споделува со пријателите од другата страна на компјутерот, на крајот од некоја шега, после некоја позитивна мисла или забелешка. Не постои човек кој не го познава г-динот Смајли, но ретки се оние кои знаат дека ова насмевнато лице има свој автор. За првпат го нацртал американскиот уметник Харви Бел (Harvey Ball)…rnrn
rnrnВо почетокот на 60-тите години, во Америка стартувал процес на спојување на големите осигурителни компании. Тој се одвивал бавно и болно, и започнал да влијае негативно на осигурениците. Со други зборови, несигурноста за иднината ги направила расеани и тажни. Такво било расположението и во државната осигурителна компанија.rnrnПретставниците на „State Mutual Life Assuracne Cos. оf America“, одлучиле да го подигнат духот на своите соработници и да ги натераат да се насмевнуваат секогаш кога се сретнуваат со некој клиент, кога ја креваат телефонската слушалка или работат со документи. За да ја постигнат својата цел, тие дошле до идеја да спроведат необична рекламна кампања. Сфатиле дека имаат потреба од јасен симбол, кој лесно ќе се запомни, па затоа во декември 1963 година, се обратиле до уметникот и графичар Харви Бел и од него побарале да креира лого за кампањата. Така настанало среќното жолто лице.rnrnПодоцна Харви признал дека работата ја завршил за не повеќе од 10 минути. За трудот му платиле 45 долари и тоа е целата сума која некогаш ја добил за логото. Тој дури и не побарал да го регистрираат како трговска марка, ниту пак ги заштитил авторските права. Според зборовите на неговиот син Чарлс Бел, тој никогаш не зажалил за тоа. На оваа тема, Харви обично велел:rn„Сепак, јас можам да јадам само еден бифтек и не можам да возам истовремено неколку автомобили.“
rnВо 1971-та, францускиот претприемач Френклин Лоуфрани ја искористил ситуацијата, го регистрирал симболот како трговска марка во повеќе од 80 земји и го нарекол смајли. Лоуфрани тврдел дека токму тој го измислил насмеаното лице, во 1968 година во Париз. Тој ја основал корпорацијата „Smiley licensing“ и за неколку години заработил огромно богатство низ целиот свет, многу јасно заобиколувајќи ја Америка. Харви никогаш не го тужел Лоуфрани, но се појавиле и други „креатори“ коишто тврделе дека токму тие го дизајнирале насмеаното лице.rnrn
rnrnНасмевката за кусо време станала хит, се појавила врз картички, маици, капи…, со други зборови на сè што можело да се продаде. Кон крајот на 1972 година, биле произведени над 50 милиони смајли беџови. Никој во тоа време и не помислувал на некакви авторски права. Поштенските служби на САД отпечатиле дури и марка со насмевнатото лице на Харви. На крајот на краиштата, уморен од сето тоа, Харви одлучил да патентира нова верзија на насмевката, на која ги ставил и своите иницијали. Тој со воодушевување раскажувал за својот пронајдок.rn„Никогаш во историјата на човештвото и на уметноста не е создадено нешто кое е толку широко распространето, и кое носи среќа, радост и задоволство. Нема ништо друго кое е толку едноставно, а кое станало поим за сите“, велел Харви.
rnНо, како и за сè друго, некои фрлаат сомнеж и врз оваа, засега најприфатена историја на смајлито. Бернард Спајн тврди дека фирмата „Sunkist“ уште во 30-тите години ги рекламирала своите портокали со овој симбол, дека цртала смешни усни врз овошјето, а дека слични насмеани човечиња се забележани и во детската книга „Мanners can be fun“ на Munro Leaf`s, издадена во 1936 година. Но, таа црно-бела далечна сличност, тешко може да се спореди со делото на Харви.rnrnПо извесно време, Харви конечно ја определил својата мисија на земјата. Тој се видел себеси како амбасадор на среќата и го измислил Меѓународниот ден на насмевката (World smile day). Сметал дека треба да постои ден посветен на доброто расположение и на добрите дела, кој ќе се одржува под слоганот „Направи добро. Помогни му барем на еден човек да се насмевне.“rnrn
rnrnХарви очигледно бил еден среќен човек. Неговите деца тврдат дека тој никогаш не почувствувал злоба и омраза кон оние кои незаконски располагале со неговото дело, заработувајќи милиони. Починал на 12 април, во 2001 година, на 79 годишна возраст.rnrnДенес неговиот син Чарлс ја предводи корпорацијата и внимателно следи кој и како го користи брендот на неговиот татко.rn„Нашата мисија е да создаваме, продаваме и лиценцираме сè што го носи брендот „Harvey Ball signature smiley“. Потписот на Харви Бел гарантира дека производот е оригинален“, објаснува Чарлс.
rnНо, она што всушност е важно, е дека целата добивка по исплатата на даноците оди за добротворни цели.rn
„Ние им помагаме на децата во целиот свет. Ниту една друга корпорација која ги користи насмеаните лица не го прави тоа“, додава тој.
rnГодинава, на 7 октомври „Меѓународниот ден на насмевката“ ќе се прославува по 14-ти пат. И како и секогаш, повикот до сите луѓе ќе биде: „Направи нешто добро. Помогни му барем на еден човек да се насмевне.“ Традиционално, на овој ден, насекаде ќе грее жолтото насмеано лице, насликано од Харви.rnrn
