КАФЕ ПАУЗА

Tag: Словенија

  • Кои се најбезбедните земји за соло патување?

    Кои се најбезбедните земји за соло патување?

    Едно од најважните прашања за секој кој патува сам е „дали е безбедно“. Кога патувате сами, морате да ја земете предвид безбедноста при изборот на вашите дестинации. Во продолжение прочитајте ја нашата листа со најдобрите земји за соло патување.rnrnКои се најбезбедните земји за соло патување?rn

    Костарика

    rnКостарика не само што е една од најубавите земји во светот туку и е една од најдобрите земји кога станува збор за соло патување. Мирните плажи, богатата фауна, прекрасните погледи кон океанот ќе направат да се чувствувате како да сте во рајот. Доколку патот ве одведе накај Костарика не заборавајте да посетете и некоја од плантажите за кафе кои се меѓу најдобрите производители на кафе во светот.rnrnКои се најбезбедните земји за соло патување?rn

    Исланд

    rnЈадењето бакалар додека во позадина оди музиката на Бјорк, енергичната музичка сцена и ноќниот живот во Рејкјавик, плажите со црн песок, северната светлина, Сината лагуна и гејзерите – сето ова мора да го искусите доколку одите на патување во Исланд.rnrnКои се најбезбедните земји за соло патување?rn

    Нов Зеланд

    rnДоколку ви се укаже можност, не пропуштате да го посетите местото каде Питер Џексон ги снимал „Господарот на прстените“ и „Хобитот“. Преубавите планински и крајбрежни пејзажи ќе ви ја доловат магијата од едно друго време и ќе го збогатат вашиот блог за патување со неверојатни фотографии.rnrnКои се најбезбедните земји за соло патување?rn

    Словенија

    rnСместена помеѓу Хрватска, Италија, Австрија и Унгарија, Словенија и не е толку преплавена со туристи што ја прави скриено богатство меѓу најпознатите туристички дестинации во Европа. Малите, романтични средновековни градови и села, прекрасните пазари и старите калдрмисани улички со кафулињата ќе ви пружат неповторливо искуство.rnrnКои се најбезбедните земји за соло патување?rn

    Тајланд

    rnБескрајните бели песочни плажи, врвната гастрономија, пријателски настроените локални жители како и ниските цени се доволна причина за веднаш да го спакувате куферот и да отпатувате до Тајланд!rnrnКои се најбезбедните земји за соло патување?rnrnОткако ја прочитавте нашата листа со најбезбедните земји за соло патување, можеби ќе сакате да прочитате и кои се 5-те причини зошто да патувате по светот потполно сами.rnrnИзвор: allwomenstalk.com

  • Тајните на Словенија: 9 скриени културни богатства

    Тајните на Словенија: 9 скриени културни богатства

    Словенија многупати е нарекувана „скриено богатство“. Иако сте слушнале за неа, сигурно не сте помислиле да ја посетите. Секако сте слушнале за познатите места во Словенија, како на пример главниот град Љубљана, или пак, за Бледското езеро, но оваа земја крие уште многу други убавини кои чекаат на вас. Доколку се одлучите да ја посетите, еве ви мал водич кој ќе ви помогне да ги откриете сите нејзини тајни.rn

    1. Истражете ги замоците

    rn(1)tajnite-na-slovenija-9-skrieni-kulturni-bogatstva-kafepauza.mkrnrnСловенија е полна со замоци. И покрај тоа што дел од нив се уништени, сепак има уште многу што сè уште стојат. Некои од нив се спектакуларни, како на пример, Предјамски Град кој е вдлабен во карпа. Во 15-тиот век, сопственикот на замокот, Еразем Легер, издржал под опсада неколку месеци, сè додека не бил предаден од негов слуга. Слугата му сигнализирал на непријателот кога Еразем бил повикан од „мајка природа“, па непријателот го нападнал тоалетот со катапулт.rn

    2. Ловење на „луѓе“ во пештерите

    rn(2)tajnite-na-slovenija-9-skrieni-kulturni-bogatstva-kafepauza.mkrnrnИма многу пештерски системи под Словенија. Додека Постоинската Јама е најпозната и најчеста дестинација на туристите, посетете ја и Шкоцијанска Јама. Пештерата изгледа како дел од светот на Господарот на прстените, а во неа се наоѓа и рибата „човек“ која е слепа и има проѕирна кожа што потсетува на човечка. Многу долго се мислело дека овие риби се всушност змејски бебиња.rn

    3. Скриениот танец на смртта

    rn(3)tajnite-na-slovenija-9-skrieni-kulturni-bogatstva-kafepauza.mkrnrnСеланите многу често се собирале во цркви поради многуте разбојнички експедиции од Турците, кои се случувале често. Една од најимпресивните цркви е црквата Светото Тројство, која има прекрасна серија од фрески наречена „Танцот на смртта“, што датираат од 1490-та година. На фреските има луѓе, од кралеви до селани, кои се прикажани како еднакви и кои сите ги чека истото – смрт.rn

    4. Плато од Средната Земја

    rn(5)tajnite-na-slovenija-9-skrieni-kulturni-bogatstva-kafepauza.mkrnrnАко пештерите потсетуваат на рудниците Морија од книгите на Толкин, тогаш Велика Планина изгледа како вистински Шаер. Традиционалните дрвени колиби со чудна форма кои ги користат овчарите, навистина наликуваат на хобитските куќи во светот на Толкин.rn

    5. Идиличен алпски град

    rn(4)tajnite-na-slovenija-9-skrieni-kulturni-bogatstva-kafepauza.mkrnrnДодека Бледското езеро привлекува најмногу внимание, самиот град е одморалиште кое застанало во 1950-тите. Наградата за идиличен алпски град е помеѓу Радовјица (веднаш до Блед) и Камник (25 минути северно од Љубљана). И двата града имаат долги пешачки патеки, месарници од 18-тиот век, црвени покриви, црквени кули и прекрасна архитектура од доцниот Барок.rnrnПородолжете на следната страница за останатите скриени богатства во Словенија…rn

  • 10 дена екстремни временски услови во Словенија резултирале со пејзажи како од бајките

    10 дена екстремни временски услови во Словенија резултирале со пејзажи како од бајките

    Словенскиот фотограф Марко Корошец бил доволно храбар да се искачи на планината Јаворник во Словенија по 10-дневното беснеење на снежната бура на почетокот на декември. Резултатот се прекрасни снежни слики како од бајките. Ви се чини дека во секој момент од негде ќе излезе снежната вила или ледената кралица. Сега местото е покриено со дебел мраз и мразулци долги до 1 метар. Марко објаснува дека сака да ги фотографира временските услови и феномени, но исто така вели дека она што го видел на Јаворник ги надминало сите негови очекувања.rnrn10 дена екстремни временски услови во Словенија резултирале со пејзажи како од бајкитеrnrnОва не е прва екстремна снежна бура во Словенија. Во почетокот на февруари оваа година документирани се фотографии од најлошата бура на овој простор, оставајќи го локалното население без струја цела една недела. На фотографиите јасно се гледаат подмрзнати улици, куќи, автомобили и дрвја. Поради тоа што мразот бил дебел дури до 15 сантиметри, луѓето употребувале секири за да ги отворат вратите од своите автомобили. Секако, секогаш има место за уметност и креативност, па така целиот пејзаж станало погодно место за фотографите кои креираа нешто навистина магично.rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тушек Реноватио Т500 – првиот словенски спортски автомобил

    Тушек Реноватио Т500 – првиот словенски спортски автомобил

    „Тушек Реноватио Т500“ е резултатот од долгогодишниот сон на словенскиот конструктор Аљоша Тушек, да создаде сопствен супербрз автомобил. Тој сакал во секојдневното возење да го почувствува уживањето што го нудат само тркачките автомобили, па го искористил концептот на „К-1 Атак Роудстер“ за да конструира возило кое ќе му го овозможи тоа.Тушек Реноватио Т500 – првиот словенски спортски автомобил„Реноватио Т500“ користи силен В8 мотор на Ауди со 450 коњски сили кои овозможуваат автомобилот да достигне максимална брзина од 310 километри на час. Како резултат на малата тежина и забрзувањето исто така е импресивно. Тој постигнува брзина од 100 км/ч за само 3,7 секунди, а 200 км/ч за 11,5 секунди. Покрај тоа, уживањето го зголемуваат и приспособливата суспензија, подвижниот покрив и одличните сопирачки.Тушек Реноватио Т500 – првиот словенски спортски автомобилТушек Реноватио Т500 – првиот словенски спортски автомобилТушек Реноватио Т500 – првиот словенски спортски автомобилТушек Реноватио Т500 – првиот словенски спортски автомобилТушек Реноватио Т500 – првиот словенски спортски автомобилТушек Реноватио Т500 – првиот словенски спортски автомобилТушек Реноватио Т500 – првиот словенски спортски автомобилТушек Реноватио Т500 – првиот словенски спортски автомобил
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.