КАФЕ ПАУЗА

Tag: ски-центар

  • Кој хотел го поседува најдобриот ски-центар во светот?

    Кој хотел го поседува најдобриот ски-центар во светот?

    Хотелот W сместен во Вербие (село на Швајцарските Алпи) се смета за најдобар хотел за скијачи не само во национални туку и во светски рамки. Седум пати по ред е прогласен за најдобар ски-хотел во светот од World Ski Awards – глобална иницијатива за доделување признанија во скијачкиот туризам.rnrnКој хотел го поседува најдобриот ски-центар во светот?rnrnХотелот се наоѓа во швајцарскиот кантон Вале на надморска височина од 1.531 метри, а има директен пристап до ски-лифтовите кои ви нудат повеќе од 400 километри терен за скијање и планинарење. Кога, пак, снегот ќе го покрие Вербие, можете да скијате директно до хотелот.rnrnКој хотел го поседува најдобриот ски-центар во светот?rnrnОткако ќе уживате во снежните падини, опуштете се во една од 123-те соби и апартмани во хотелот, кои се опремени со простран кревет и камин. Секоја соба има големи прозорци со неверојатен поглед кон прекрасните снежни планини.rnrnКој хотел го поседува најдобриот ски-центар во светот?rnrnМожете да јадете во бистрото W Kitchen во хотелот и во барот Eat-Hola, и да пиете топол коктел во W Living Room. Хотелот располага и со т.н. алпска оаза од 1.300 квадратни метри која вклучува девет соби со третмани за убавина, два базени и теретана опремена со најсовремена опрема.rnrnОткако прочитавте за најдобриот хотел за скијање во светот, можеби ќе сакате да прочитате и за скијачкиот центар кој се гради во пустина.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Прекрасниот затворен зимски ски-центар во Дубаи

    Прекрасниот затворен зимски ски-центар во Дубаи

    Ако сметавте дека жителите на Обединетите Арапски Емирати не виделе снег, тогаш сте во заблуда. Иако во зимскиот период температурите во пустините на Арапскиот полуостров често се искачуваат преку 20 степени, тие можат да го посетат супермодерниот затворен ски-центар во Дубаи, наречен Ски Дубаи, и да уживаат во сето она што го овозможуваат зимата и снегот: скијање, сноубординг, правење снешко или едноставно играње во снегот.rnrnПрекрасниот затворен зимски ски-центар во ДубаиПрекрасниот затворен зимски ски-центар во ДубаиrnrnСки Дубаи е распослан на 22.500 квадратни метри во склоп на „Mall of the Emirates“, еден од најголемите трговски центри во светот. Доволно е голем да собере вештачка планина висока 60 метри од која се спуштаат пет скијачки патеки, од кои пак, најдолгата е 400 метри, како и посебни патеки за сноубординг, за санкање и за фристајл скијање, заедно со жичара. rnrnПрекрасниот затворен зимски ски-центар во ДубаиПрекрасниот затворен зимски ски-центар во ДубаиПрекрасниот затворен зимски ски-центар во ДубаиrnrnПокрај тоа, вкупно 3.000 метри квадратни се наменети за снежен парк со снежна пештера, тобогани, 3Д кино и простор за борба со снежни топки и правење снешко.rnrnПрекрасниот затворен зимски ски-центар во ДубаиПрекрасниот затворен зимски ски-центар во ДубаиrnrnОвој прекрасен затворен зимски центар може да прими 1.500 гости. Кога ќе се уморат од игрите во снегот, посетителите можат да се напијат кафе во кафулињата Сент Мориц и Авеланш, кои се инспирирани од светски познатите зимски центри, или да одат на шопинг во бројните продавници.rnrnПрекрасниот затворен зимски ски-центар во ДубаиПрекрасниот затворен зимски ски-центар во ДубаиrnrnСки Дубаи работи преку целата година. Влезот во снежниот парк се наплаќа околу 25 евра, додека дневна ски-карта чини околу 62 евра.rnrnПрекрасниот затворен зимски ски-центар во ДубаиПрекрасниот затворен зимски ски-центар во Дубаи
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.