Минатата година низ голем број светски метрополи се рашири нова улична уметност со селотејп, во која наместо четки и спрејови се користат остри скалпели. Техниката се состои во редење самолепливи ленти врз осветлено стакло и сечење со скалпел. Постапката се повторува сè додека артистот не го исцрта она што го наумил.rnrn
rnrnМеѓу првите и најдобри уметници кои го практикуваат овој стил е Холанѓанецот Макс Зорн. Неговото уметничко шоу започнува веднаш штом се запалат градските светла. Вешто изработените цртежи со селотејп и скалпел, Макс ги изложува високо на уличните светилки, на светлечките билборди и на излозите. Тој изработува преубави романтични дела, остри портрети, како и сурови мотиви од секојдневието. Погледнете како го прави тоа:rn
rnДа го избере селотејпот, а не бојата, Макс бил инспириран од негов близок пријател, кој во тој период дизајнирал автомобили. Се воодушевил кога го видел како изработува скици користејќи тенки самолепливи ленти, скалпел и една поголема табла. Брзината и умешноста со кои идеите ги претворал во скици, за Макс биле пресудни оваа техника подоцна да ја примени во уличната уметност.rnrn
rnrnИдејата пак, неговите дела да се најдат на градските светилки и светлечките билборди му се родила при едно вечерно џогирање низ улиците на Амстердам.rnrn
rnrn rn
„Убавите стари ламби и нивната златна светлина, изгледаа совршено за мојата прва отворена улична галерија на оваа модифицирана уметност со селотејп“, вели Макс.
rnВо следното видео можете да погледнете како тој ја поставува инсталацијата.rn
rnВо продолжение уживајте во уште еден дел од цртежите на овој талентиран уличен уметник поставени во неколку различни градови.












rnrnДенеска за овој вид улична уметност се користат и обоени самолепливи ленти. Креативни цртежи изработени со оваа техника има буквално секаде, по ѕидови, на улици, излози, рекламни паноа итн.rnrnНо, конкретно во кои сè градови можете да начекате од овие извонредни дела, информирајте се преку мапата, која за љубителите на уличната уметност ја изготвил лично Макс.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.