Благодарение на креативните дизајнери кои својата инспирација ја добиваат од мистериозните океани, вие сега имате можност да ја пронајдете вашата внатрешна сирена. Можеби веќе поседувате круна од школки и ќебиња во форма на опашка од сирена, но дали имате светкави хулахопки што ќе им дадат уникатен изглед на вашите нозе?rnrnrnrnrnrnСтанува збор за најновите хулахопки дизајнирани од страна на Лирика Матоши. Очигледно е дека таа добила инспирација од морскиот свет. Хулахопките на Матоши се извонредно украсени со блескави камчиња, светкави цветови и детали со ѕвезден облик.rnrnrnrnrnrnСо оглед на тоа што сите украси се рачно додадени, не постојат два исти пара хулахопки. Исто така, хулахопките се достапни во разни нијанси, од класични црни до шарени. Можете да најдете хулахопки со боја на зајдисонце или виножито, што ги прави уште поуникатни и поволшебни!rnrnrnrnrnrnПродолжува на следната страница…rnrn
Ништо не може да ви го стопли срцето како топла шолја кафе и вашето омилено митско суштество. Благодарение на кафулето Остров на сирените (Mermaid Island Cafe), вие сега можете да ги поврзете двата света без да одите на подводни авантури. Со други зборови, можете да бидете сирени на копно, да уживате во вкусни пијалаци и да ги одморате очите со прекрасните бои околу вас.rn
Погледнете ги само боите што се преливаат пред вас!
rnrn
Зарем има подобар начин за пиење ванила фрапе?
rnrn
Дали овие колачиња во форма на школки со бисери ве привлекуваат повеќе од сè на светот?
rnrn
И зарем сте виделе повкусно послужен оброк од овој?
rnrn
Секако, за целосно да се впуштите во искуството, треба да ја носите опашката на сирената што ви ја даваат на влезот
rnrnrnЕдинствената маана на овој ресторан е неговата локација – тој се наоѓа во Тајланд. Но ако патиштата ве водат натаму, или пак, веќе сте таму, тогаш имате среќа! Дури и да не планирате да го посетите Тајланд, не можеме да замислиме подобра причина од ова кафуле за веднаш да ги спакувате вашите куфери. Се согласувате?rnrn
Во 1909 година Данците во Копенхаген подигнале статуа на Малата сирена во чест на нивниот најславен писател Ханс Кристијан Андерсен, паметејќи го по еден од неговите најпознати ликови. Без разлика дали други градови во светот имале толку добра причина за поставување баш ваква статуа на нивните брегови, сепак се чини дека кога некој сака да го украси својот брег, преубавата форма на митското суштество е омилена во целиот свет.rnrnКопенхагенrnrnБалтинор Истер Рос, ШкотскаrnrnЕстуарот Дарт, АнглијаrnrnМазатлан, МексикоrnrnНордвајк-Бинен, ХоландијаrnrnВаршаваrnrnПном Пен, КамбоџаrnrnМадридrnrnСирос, ГрцијаrnrnДробак, НорвешкаrnrnМалекон, МексикоrnrnРивер Екс, АнглијаrnrnТаеџонгдае, КорејаrnrnГоа, ИндијаrnrnПуерто Валјарта, МексикоrnrnОкинава, ЈапонијаrnrnВилнус, ЛитванијаrnrnЛондонrnrnСонгкла, ТајландrnrnЖеневско Езеро, ШвајцаријаrnrnФетије, ТурцијаrnrnКајмански Островиrnrn
Автор: Весна ЈовановскаrnrnОблечен како Дедо Мраз, сообраќаец танцува во ритамот на Мајкл Џексон и го регулира движењето на возилата во главниот град на Филипините, Манила. 55-годишниот Рамиро Хинојас е човекот кој на ваков начин успева да ја намали нервозата кај возачите заглавени во сообраќајниот хаос, па дури и да ги насмее.rn
„Се радувам кога ги гледам луѓето среќни, иако се заглавени во сообраќајот, затоа што знам дека ваквиот метеж може да ве излуди, вели Хинојас, кому возачите му се заблагодаруваа преку свирење на сирените од нивните автомобили.“
rn
rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.