Кога избираме име, без разлика дали е тоа за бебе или миленик, свесни сме дека тоа треба да биде убаво, звучно и интересно, бидејќи името останува до крајот на животот. Во продолжение ви даваме неколку интересни предлози за вашите миленици, кои сигурно не ви паднале на ум.rnrn
rn
Дали е паметно да му дадете на вашиот миленик име според некој лик од ТВ серија?
rnПронаоѓањето име за домашно милениче не е едноставна задача. Доколку и порано сте имале куче, тогаш знаете за што зборуваме.rnrnИмето на вашето куче треба да ја претставува вашата личност, но пред сѐ, личноста на самиот миленик. Многу од луѓето пронаоѓаат инспирација во познатите серии. Во поново време, голем број миленици се крстени според ликовите од познатата серија „Игра на тронови“. Ваков беше случајот и со ликовите од серијалот „Хари Потер“.rnrnКога веќе зборуваме за познати филмови и серии, никако не можеме да ги запоставиме „Симпсонови“, бидејќи тие никого не оставиле рамнодушен. Доколку сте обожавател на оваа серија, ви предлагаме неколку имиња, кои би можеле да бидат интересен избор за име на вашиот нов миленик.rnrnДа се даде име на миленик според лик од омилената серија е секогаш добра идеја, бидејќи тогаш не само што бираме име по звучност, туку и ги споредуваме особините на самиот лик и оние на нашиот нов пријател. Па, според ова, уште на самиот почеток името има посебно значење.rn
Лиса
rnДоколку веќе треба да објасниме и опишеме на какво куче би прилегало ова име, тогаш би рекле дека тоа секако треба да биде женка, паметна како што е и Лиса. Исто така, би требало да биде самостојна, да не може лесно да се контролира и потчинува, но и да има големо срце. Доколку треба да одредиме на кои раси би прилегало ова име, тоа секако би биле лабрадор, пудлица или чивава.rnrn
rn
Хомер
rnНајпознатиот протагонист, физички голем, пријател на каучот и непријател на физичките вежби. Има огромно срце и е заљубен во жената на неговиот живот. Дали вашиот миленик ве потсеќа на него? Булдог, бернардинец и басет се трите најнежни раси, кои се воедно и најмрзеливи. Доколку имате миленик од ваква раса, размислете, бидејќи може нема да најдете подобро име за него од Хомер.rnrn
rn
Барт
rnДоколку размислувате да му го дадете името Барт на вашиот миленик, тогаш тоа би требало да биде бидејќи тој е бестрашен, секој ден прави пакости и секогаш е спремен за игра. Доколку го препознавте вашиот миленик во овој опис, тогаш ова е вистинското име за него.rnrn
rn
Милхаус
rnНајдобриот пријател на Барт кој е познат по тоа што цело време го следи и прави сè што тој ќе му нареди, без преговарања и прашања. Па, ова име би било идеално за миленик кој е многу верен и приврзан за својот сопственик. Ова може да биде и малку иритирачки, бидејќи ваквото куче не е самостојно. Тоа е секогаш со семејството кое го обожава, без разлика каде и да се наоѓа, надвор на прошетка или во својот двор. Но, покрај тоа, ваквите миленици ги освојуваат срцата, бидејќи се претерано мили и нежни, како и послушни. Раси кои би одговарале за ова име се кокер и јоркширски териер.rnrn
rnrnПрочитајте и зошто луѓето сакаат да гледаат телевизија во друштво на милениците?

rnrnМожете да го дознаете ова ако ја погледнете најавната шпица за 15-та епизода од 17-та сезона. Цртаните ликови беа заменети со вистински луѓе, па гледачите можеа да видат како би изгледале главните ликови во реалниот живот, но и каков автомобил вози Хомер. Станува збор Лада 2105.rn
rnrnВо најавната шпица, Меги ја „скенираат“ на каса и машината ја покажува цената. Оваа бројка ги претставува просечните месечни трошоци што се потребни за грижа за новороденче, според разни социјални истражувања. Бројот се менува одвреме-навреме како резултат на инфлацијата.rn
rnrnВо првата епизода од 3-та сезона, можеме да видиме луд човек кој мисли дека е Мајкл Џексон. Всушност, тоа навистина бил Мајкл Џексон, кој бил огромен обожавател на серијата. Самиот Мајкл Џексон смислил неколку од заплетите во епизодата. Не сакал луѓето да знаат, па затоа на крај се појавува непознато име: Џон Џеј Смит.rn
rnrnВо февруари 2009 година, најавната шпица беше сменета. Апу сега има 8 бебиња наместо куче. Меги се премести на задното седиште во автомобилот (според правилата за возење бебиња), а на крајот Симпсонови се собираат пред телевизор со рамен екран. Колку промени забележавте вие?rn
rnrnСцените со каучот се регулатори на времето. Ако епизодата е премногу долга, сцената со каучот е пократка. Ако епизодата е пократка од вообичаено, сцената со каучот трае подолго.rn
rnrnФокс побарале од креаторите на серијата да додадат уште еден лик во семејството. Кучето во „Ичи и Скречи“ било компромис.rnrnПродолжува на 
rn






Можете да одберете со кого ќе ја играте играта помеѓу Хомер, Барт, Лиса и Марџ. Секој од нив има свој специфичен начин за пренесување на пивото. Движете се на стрелките.rn
rnrn
rnrn
rnrn