КАФЕ ПАУЗА

Tag: сила

  • Силата не зависи од интензитетот на емоциите: Тоа што сте чувствителни не значи дека сте слаби

    Силата не зависи од интензитетот на емоциите: Тоа што сте чувствителни не значи дека сте слаби

    Целиот товар на светот го носите на вашите рамена. Кога се карате со вашите сакани, вашето срце се полни со емоции. Кога ќе видите дека се случува нешто ужасно во ваша близина, чувствувате болка. Кога ќе се вљубите во некого, давате сѐ што имате. Сѐ што правите, кажувате или доживувате, го чувствувате со секое делче од вашата душа.rnrnСилата не зависи од интензитетот на емоциите: Тоа што сте чувствителни не значи дека сте слабиrnrnВие сте многу чувствителни. Плачете за птиците со скршени крилја, за децата без мајки, за пријателите, членовите од семејството, па дури и за непознатите луѓе со повредени срца. Уште од рана возраст сте биле свесни за сето она што се случувало околу вас, почнувајќи од интонацијата на нечиј глас, па сѐ до емоцијата што ви ја предизвикала одредена боја. Такви сте биле отсекогаш и такви ќе бидете и понатаму.rnrnНо, понекогаш остатокот од светот не ве почитува. Понекогаш луѓето ве нарекуваат „глупави“ и „наивни“. Понекогаш луѓето имаат негативно мислење за начинот на кој се однесувате, за емоциите што ги имате, за изборот на партнерите и за тоа што предолго се борите во име на љубовта. Понекогаш другите ве осудуваат, ве нарекуваат „деликатни“, како да е тоа нешто лошо. Кога некој се смета за „нежен“, веднаш се претпоставува дека е слаб. Но, тоа е сосема погрешно.rnrnВашето срце е силно и неуморно работи. Без разлика низ што ќе поминете или со какви демони ќе се соочите, вие постојано наоѓате надеж и успевате да заздравите. Продолжувате да сакате.rnrnТочно е тоа дека сте чувствителни и дека ја чувствувате болката и страста на целиот свет. Понекогаш сте скршени, изморени и преплавени од интензитетот на врските што ги имате во животот. Понекогаш плачете, се исклучувате и ги оттурнувате луѓето од себе. Но, секогаш застанувате назад на нозе. Секогаш го наоѓате потребното срцебиење и внатрешна мотивација што ве поттикнува повторно да се отворите.rnrnВие сте чувствителни, а не слаби, немоќни и претерано емотивни. Вашата чувствителност е вашата сила. Вашата моќ лежи во начинот на кој чувствувате и љубите, не плашејќи се да ја покажете вашата ранливост и суштина.rnrnПрестанете да му дозволувате на светот да ви кажува дека не вредите доволно и покрај сето она што го давате и создавате. Престанете да мислите дека мора да се обезвредните за да се вклопите. Престанете да си кажувате лаги само за да ја заземете формата што светот се обидува да ви ја наметне. Престанете да мислите дека сте кршливи, само затоа што чувствувате.rnrnСилата не зависи од интензитетот на емоциите: Тоа што сте чувствителни не значи дека сте слабиrnrnНе е лошо да се биде „нежен“. Нежните луѓе се менливи и прилагодливи. Тие се спиритуални, храбри и прекрасни. Нежните луѓе не се наивни и кршливи. Престанете да мислите дека мора да бидете цврсти за да ве почитуваат другите и дека мора да бидете бездушни за да преживеете.rnrnМожеби сте чувствителни, но исто така сте и големи борци. Вие сте силни. Имате мозок и срце што ја впиваат енергијата на луѓето околу вас. Можеби сте чувствителни, но затоа сте и многу грижливи. Се грижите за луѓето што ги сакате, но и за оние што не ви се толку блиски. Се грижите за она што се случува во светот и за непознатите поединци што допрва треба да ги запознаете.rnrnСѐ е во ред со вас, со вашето срце, со начинот на кој љубите и ѝ дозволувате на светлината да заблеска во вас. Сѐ е во ред со вашата сочувствителност, ранливост, несебичност и подготвеност да дадете љубов, дури и тогаш кога не ви е возвратена.rnrnПонекогаш другите ќе ви кажат дека треба да пораснете, да бидете попаметни, да се чувате и да не бидете толку отворени кон луѓето кои немаат најдобри намери. Понекогаш ќе ви велат дека треба да бидете претпазливи и затворени, наместо чувствителни и отворени.rnrnНо, не се менувајте себеси поради туѓите мислења. Не им дозволувајте на тажните и негативни перспективи да ја потонат вашата енергија. Сакајте. Чувствувајте. Прифатете се. Создавајте. Бидете такви какви што се и не им дозволувајте на другите да ви велат дека претерувате или дека не вредите доволно. Точно е тоа дека поинаку ги доживувате работите. Точно е тоа дека вашето срце е поголемо од срцето на повеќето луѓе. Но, не сте слаби. Вие сте точно толку силни колку што треба да бидете за да опстанете.rnrnДоколку не сте уверени во вашата неизмерна внатрешна сила, прочитајте за 10-те супермоќи на пречувствителните луѓе.

  • Текст во кој ќе се пронајдат сите жени кои се силни, но премногу грижливи

    Текст во кој ќе се пронајдат сите жени кои се силни, но премногу грижливи

    Постои тенка граница помеѓу силата и ладнокрвноста. Тенка е и границата помеѓу подготвеноста да се прости и слабоста. Светот ја сфаќа силата како нешто убаво, сѐ додека не достигне одредена точка. Преголемата сила делува сурово и недостапно, нешто што е несвојствено за една жена. Но, и преголемата нежност и чувствителност не се сметаат за пожелни женски особини.rnrnТекст во кој ќе се пронајдат сите жени кои се силни, но премногу грижливиrnrnКако тогаш да победиме? Како да ги побиеме очекувањата, правилата и начините на кои светот нѐ ограничил и ни наредил какви да бидеме и како да љубиме? Како да го следиме срцето без да се лажеме себеси, без да се преправаме и без да си ја затвораме устата од страв дека ќе оставиме погрешен впечаток? Како да сакаме без страв кога сме комбинација од двете – и силни и грижливи?rnrnВие сте силни. Силни поради вашиот идентитет. Поради кожата во која сте се родиле и етикетата што самите сте си ја ставиле. Поради вашите чекори, насмевка и начинот на кој ја држите главата. Но, силата не значи дека треба да ги држите луѓето подалеку од себе. Силата не значи дека сте себични, лути или неспособни да им дозволите на луѓето да ве запознаат. Силата не е синоним за ладнокрвност.rnrnКога сте силни, вие сте истовремено и внимателни, несебични и нежни. Вие сте грижливи затоа што ги цените врските и луѓето кои одбрале да ви го дадат срцето. Вие сте грижливи затоа што сте отворени и не се плашите да бидете ранливи и да ставите нечии потреби пред вашите.rnrnНо, тоа што сте грижливи не значи дека сте наивни. Грижливоста не значи дека им дозволувате на другите да ве газат или искористуваат. Грижливоста не е синоним на глупавоста.rnrnИ покрај тоа што се грижите, вие сте независни и издржливи. Тоа значи дека вие сте и силни и грижливи. Живеете во свет на контрадикторности. Учите како да живеете со двете различни страни на вашата личност во свет кој се обидува да ви каже кои сте и какви треба да бидете.rnrnТреба да сфатите дека може да бидете токму такви какви што сте. Не мора да се прилагодувате, воздржувате или криете. Не мора да се борите само за да ви го чујат гласот. Вашиот идентитет е единствен. Вашата љубов е чиста. Нема потреба да се оправдувате себеси поради начинот на којшто сте одбрале да се грижите и живеете. Не правите ништо погрешно. Не му дозволувајте на светот да ве убеди во спротивното.rnrnПрочитајте и зошто силните девојки длабоко во себе се чувствуваат многу скршено.

  • Инспиративни цитати што ќе ви докажат дека поседувате неверојатна внатрешна сила

    Инспиративни цитати што ќе ви докажат дека поседувате неверојатна внатрешна сила

    Сите луѓе поседуваат внатрешна сила, без разлика дали сте свесни за тоа или не. Внатрешната сила се стекнува кога поминувате низ раскинување, загуба или некој тежок проблем. Можеби мислите дека не сте емоционално силни, но грешите.rnrnИнспиративни цитати што ќе ви докажат дека поседувате неверојатна внатрешна силаrnrnВнатрешната сила не подразбира почнување на денот со насмевка и полетна енергија. Внатрешната сила подразбира одење на работа и покрај тоа што едвај станувате од кревет. Таа подразбира пребродување на тешките периоди и покрај тоа што секоја вечер сте заспивале со плачење. Внатрешната сила се покажува тогаш кога имате проблеми и не се чувствувате баш најдобро.rnrnДоколку сте заборавиле на вашата внатрешна сила и ви треба поттик за да ја разбудите, следниве инспиративни цитати ќе ви помогнат да го сторите тоа…rn

    „Понекогаш вашата внатрешна сила не е огромен пламен што сите можат да го видат. Понекогаш тоа е мала искра што тивко ви шепоти ’Можеш да го сториш ова. Продолжи понатаму’.“

    rn

    „Вашиот внатрешен херој се открива кога минувате низ најтешкото поглавје од животот и прекрасно е кога ќе сфатите дека имате сила за да се спасите себеси.“

    rn

    „Понекогаш животот нѐ тестира. Не за да ги покаже нашите слабости, туку за да ги открие нашите моќи.“

    rn

    „Силата на жената не се мери според влијанието што го имале сите нејзини животни потешкотии на неа, туку според нејзината отпорност на тие потешкотии и решеност да не им дозволи да ја претворат во нешто што не е.“

    rn

    „Најсилните луѓе не се оние коишто ја покажуваат силата пред нас, туку оние за чиишто битки не знаеме ништо.“

    rn

    „Проблемот што го имате никогаш не е поголем од внатрешната сила што ја поседувате.“

    rn

    „Моментите на најголема мудрост и внатрешна сила најчесто се најтешките моменти во животот.“ – Далај Лама

    rn

    „Битката што ја водите денес ја развива силата што ќе ви треба за утре.“

    rnИнспиративни цитати што ќе ви докажат дека поседувате неверојатна внатрешна силаrn

    „Нема да знаете колку сте силни сѐ додека тоа не стане единствениот избор што го имате.“

    rn

    „Не гледајте ги најтешките животни периоди како моменти на неуспех, туку како планини што сте научиле да ги качувате.“

    rn

    „Една мала пукнатина не значи дека сте скршени, туку дека сте го положиле испитот и не сте се распаднале.“

    rn

    „Сте преживеале затоа што оганот во вас горел посилно од оганот околу вас.“

    rn

    „Силата се зголемува во моментите кога мислите дека не можете повеќе, но сепак продолжувате понатаму.“

    rn

    „Мрачните денови не ве направиле посилни, туку ве натерале да докажете колку сте силни.“

    rn

    „Силата е она што го добивате од лудилото што успевате да го преживеете.“

    rn

    „Сите можат да се откажат, тоа е најлесно да се направи. Најтешко е да останете прибрани кога сите други би го забележале вашиот неуспех.“

    rn

    „Силата не доаѓа од работите што можете да ги направите, туку од надминувањето на работите што некогаш сте мислеле дека не можете да ги направите.“

    rn

    „Запомнете дека овој живот ви е подарен, затоа што сте доволно силни за да го живеете.“

    rn

    „Силата не зависи од вашата физичка подготвеност, туку од вашата непокорлива волја.“ – Ганди

    rnДоколку ви се допаднаа овие цитати, прочитајте ги и следниве инспиративни цитати што ќе ве потсетат дека секогаш треба да ги следите вашите соништа.

  • Само најсилните луѓе страдаат од анксиозност и тоа токму поради овие 5 карактеристики

    Само најсилните луѓе страдаат од анксиозност и тоа токму поради овие 5 карактеристики

    Кога ќе помислите на некој што страда од анксиозност, сигурно не ни помислувате дека таа личност е силна. Силата е нешто што го поврзуваме со луѓето кои не покажуваат никаква слабост.rnrnlugjeto-so-anksioznost-se-mozhebi-najsilni-kafepauza.mkrnrnНо, луѓето кои страдаат од анксиозност се многу силни, можеби дури и посилни од оние кои го немаат овој проблем. Животот и онака е тежок, а луѓето со анксиозност имаат дополнителен товар со кој се соочуваат секој ден. Оваа битка е тешка бидејќи луѓето со овој проблем се чувствуваат како да војуваат со самите себе.rnrnИ покрај сè, тие сепак можат да функционираат нормално. Но, за нив дури и најлесните задачи можат да бидат невозможни, а тие успеваат да ги завршат. Ако имате анксиозност, или познавате некој таков, можеби треба да ја прочитате следната листа. Оваа листа ги содржи одликите на кои луѓето со анксиозност треба да се гордеат.rn

    1. Подготвеност

    rnЛичноста која се справува со анксиозност е секогаш подготвена за секаков вид препреки и проблеми. Овие луѓе го имаат разгледано секое сценарио и ако нешто тргне наопаку, тие секогаш имаат однапред подготвен план.rn

    2. Сочувство

    rnЛичноста која има проблеми е многу почувствителна од останатите. Овие луѓе се толерантни и простуваат на начини на кои другите не можат ни да ги замислат.rn

    3. Храброст

    rnБез разлика дали жртвата на анксиозност го знае тоа или не, сепак оваа личност е многу храбра. Таа не ја одбрала анксиозноста, но сепак работи секој ден и се обидува да има поубав живот. Потребен е посебен вид храброст за справување со ова.rn

    4. Сила

    rnЛичноста која страда од анксиозност е силна, и тоа многу посилна отколку што мислат другите. Овие луѓе ги чувствуваат сите работи 10 пати полошо од останатите, но никогаш не се откажуваат.rn

    5. Искреност

    rnИсто така, личноста со анксиозност е многу поискрена од другите. Тие нема да користат лаги за да напредуваат во животот бидејќи го изградиле својот живот околу вистина. Тие знаат какво е чувството да бидат излажани, и не сакаат да му го направат тоа на некој друг.rnrnВеројатно не посакувате да имате анксиозност, но до некој степен таа е добра и секому може да биде потребна, секако во мало количество. Таа сигурно ќе ве направи посилна и повнимателна личност.rnrnПогледнете и кои знаци на депресија и анксиозност се забележуваат уште кај новороденчињата.

  • Луѓето кои имале тешко детство поседуваат огромна сила и цврсти карактерни особини

    Луѓето кои имале тешко детство поседуваат огромна сила и цврсти карактерни особини

    Што ви паѓа прво на памет кога ќе го чуете зборот „детство“? Неизмерна радост, ронка носталгија, среќни моменти и розов свет на безгрижност и игри. Така најчесто се претставува детството или барем така би требало да изгледа. Но, некои луѓе ја немаат таа среќа да поминат низ детство исполнето со среќни сеќавања. Детството е период во кој децата треба да пораснат и да постават здрава основа врз која ќе се гради нивниот карактер како возрасни луѓе. За жал, постојат поединци кои имале тешко детство.rnrnЛуѓето кои имале тешко детство поседуваат огромна сила и цврсти карактерни особиниrnrnНо, од кои работи зависи дали детството ќе биде среќно или тешко? Има многу деца со разведени родители кои постојано морале да менуваат места на живеење и училишта. Постојат деца кои биле болни од тешка болест, чии родители починале или изгубиле друг важен член од семејството. Ваквите случаи може да остават многу негативни последици на развојот на детето, но треба да се согледаат и позитивните страни на целата ситуација.rnrnСекако дека не треба им посакуваме лошо детство на децата, но ако веќе дојде до такво нешто, тоа не може да се одбегне и треба да се прифати. Тешкото детство ги претвора децата во силни личности и подобри човечки суштества кои се независни и ги ценат вистинските вредности во животот. Ова се позитивните карактерни особини што се развиваат кај децата со тешко детство…rn

    Благодарни се за нивната моментална ситуација

    rnАко постојано трагаме по поголема среќа и поубави работи, никогаш нема да бидеме задоволни и нема да најдеме мир бидејќи нема да бидеме исполнети однатре. Никогаш нема да бидеме среќни со тоа што го имаме и секогаш ќе мислиме дека постои нешто поголемо и подобро некаде на друго место. Но, доколку веќе сте поминале низ големи животни потешкотии, почнувате да ја разбирате вредноста на едноставните нешта во животот. Токму затоа станувате благодарни за вашата моментална ситуација и живеете среќни и задоволни.rn

    Силни се за време на кризните периоди

    rnТешкото детство ја зголемува вашата сила. Детето кое веќе поминало низ големи потешкотии знае како да ги надмине. Ако живеело во сиромаштија, тогаш детето ја разбира вредноста на парите и ќе порасне во човек кој никогаш нема да ги троши парите залудно. Оваа личност ќе знае како да се справи со банкрот, доколку дојде до тоа, и како да ја надмине целата ситуација.rn

    Нивната креативност цвета и знаат како да го задржат својот фокус

    rnДецата кои имале тешко детство најчесто живееле во самотија. Тие поминале многу време сами и постојано бегале во местата создадени од страна на нивната фантазија. На тој начин се откривале себеси, ја развивале нивната креативност и го зголемувале својот фокус. Кога таквите деца ќе пораснат и ќе станат возрасни, тие се многу креативни и знаат колку е важно да останат фокусирани.rnrnЛуѓето кои имале тешко детство поседуваат огромна сила и цврсти карактерни особиниrn

    Знаат како да проценат ситуација

    rnИнстинктот се развива со помош на искуствата. Детето кои доживеало многу несреќи во животот, знае која ситуација до што може да доведе. Овие деца се претвораат во искусни возрасни кои знаат да ги проценат последиците од одредена ситуација. Тие се многу добри набљудувачи и секогаш носат правилни одлуки.rn

    Многу се емпатични

    rnДецата кои многу страдале додека растеле стануваат возрасни луѓе кои се грижливи, внимателни и полни со разбирање. Ако сте поминале низ многу страдања, можете да ја разберете болката и околностите што ја предизвикале. Таквите поединци секогаш им помагаат и им овозможуваат поддршка на луѓето кои се соочуваат со големи проблеми.rn

    Ќе станат добри родители

    rnДетето кое имало проблеми со неговите родители или ги изгубило родителите, секогаш ќе дава сѐ од себе за да им биде што е можно подобар родител на неговите деца. Кога ќе стане возрасен човек, ќе знае какво влијание имаат работите на неговото дете и ќе може подобро да се справи со него. Таквите луѓе ќе се обидат да станат добри родители, бидејќи никогаш не би сакале нивните деца да поминат низ истите страдања што тие ги доживеале во детството.rnrnСите ние поминуваме низ тешки периоди во животот, без разлика дали се работи за детството или зрелата доба од нашето постоење. Најдобро е да ја прифатиме ситуацијата во која се наоѓаме и да разбереме дека децата кои имале тешко детство не се изгубени случаи. Напротив, тие претставуваат инспирација и мотивација за многумина да ја продолжат борбата и потрагата по среќа во животот.rnrnПрочитајте ги и овие 15 цитати за детството.

  • Зошто силните луѓе секогаш се соочуваат со најголемите животни потешкотии?

    Зошто силните луѓе секогаш се соочуваат со најголемите животни потешкотии?

    Вашата сила е правопропорционална со потешкотиите кои биле дел од вашиот живот. Проблемите им се појавуваат на оние кои можат да се соочат со нив. Можеби се сметате себеси за слаби, запоставени и злоупотребени од страна на другите. Можеби посакувате да се откажете во одредени моменти, но токму страдањата се оние што ќе ви помогнат повторно да застанете на нозе и да се изборите.rnrnЗошто силните луѓе секогаш се соочуваат со најголемите животни потешкотии?rnrnВо моментот кога ќе решите да се борите, вие ќе го направите првиот чекор и ќе тргнете во вистинската насока. Како што ќе продолжите со битката, така ќе сфатите дека секое зло претставува нова животна лекција. Ќе стекнувате нови пријатели и ќе станете уште посилни.rnrnЌе ви се прошират хоризонтите и благодарение на тоа ќе сфатите дека има уште многу работи што треба да ги научите и постигнете во животот. Тогаш ќе ви биде јасно дека никако не смеете да застанете.rnrnБледите зраци на надеж што ви се јавуваат од далечина ќе ви бидат доволни за да истраете. На прв поглед, патот што треба да го изодите е невидлив. Не можете да видите ништо друго освен темнина, но бледите зраци ќе ви го покажат патот. Нема да знаете кога и каде сте започнале, но вашиот ум ќе се развива и секој ден ќе станувате посилни од вчера.rnrnКако инаку би знаеле да ја цените светлина ако никогаш не сте ја доживеале мртвата темница? Силните луѓе што ги познавате се силни затоа што морале да поминат низ пекол и научиле значајна лекција по патот благодарение на која се такви какви што се денес.rn

    Зошто животот на силните луѓе е секогаш тежок?

    rnПериодите и ситуациите што ве обликувале се изворот на вашата сила. Но, ако си ја зголемите силата не значи дека ќе си го олесните животот. Ќе мора да се враќате назад во бездната за да се наполните со гориво и да добиете уште поголема моќ. Лесниот живот ќе ви биде здодевен и нема да ви има никаква смисла. Тогаш кога ќе ја најдете силата во тешкиот живот, тој ќе стане вашиот дом.rnrnЗошто силните луѓе секогаш се соочуваат со најголемите животни потешкотии?rn

    Дали силните луѓе ја привлекуваат несреќата?

    rnСекако дека не! Размислете за ова на следниот начин: Слабите луѓе бегаат веднаш штом ќе забележат пречка на патот додека, пак, силните се обидуваат да ја надминат. Силните луѓе никогаш не бегаат. Несреќа може да се случи секому, но не сите реагираат на истиот начин во таква ситуација.rn

    Силата оди рака под рака со емпатијата и сочувството

    rnСилните луѓе поминале низ големи потешкотии, па затоа кога ќе видат лут и исфрустриран човек, можат да ја забележат тагата и болката што се кријат зад тие емоции. Силните луѓе се интелигентни и можат да ги откријат вистинските намери на сите околу нив. Доколку мислите дека ќе можете да ги излажете, размислете два пати. Со оглед на тоа што поминале низ многу работи, секогаш се добри кон другите и можат да го видат она што сакате да го скриете, а тоа се вашите недостатоци.rn

    Дали силните луѓе се магнети за нарциси?

    rnСилните луѓе не само што се полни со емпатија, тие исто така се полни со љубов. Нарцисоидните личности обожаваат да се хранат од туѓата сила и сочувство, па затоа не е ни чудно тоа што силните луѓе влетуваат во тешки и комплицирани врски. Но, силните поединци никогаш не се откажуваат и иако можеби делува како да тонат, тие се борат и испливуваат на површина многу посилни.rnrnСилните луѓе страдаат од истите проблеми како и сите останати, но наместо да губат сила тие зајакнуваат, бидејќи научиле како да ги вртат несреќите во нивна корист. И тие страдаат од депресија и анксиозност. Тие честопати намерно одбираат тешки професии и партнери затоа што обожаваат предизвици и како што веќе кажавме, нормалните и едноставни работи им се здодевни.rn

    Силните луѓе имаат тежок живот затоа што можат да ги поднесат сите страдања

    rnЗголемувањето на силата не го олеснува животот туку ве подготвува за да можете да се соочите со сите неволји што ќе ве снајдат по патот. Благодарение на тоа вие ќе знаете како станете повторно откако веќе сте паднале. Потешкотиите се како патишта за силните луѓе кои треба да се поминат за да може да се ужива во главната награда што чека на завршната линија.rnrnДоколку се пронајдовте во текстот, прочитајте ги и 8-те карактеристики што ги одликуваат моќните луѓе.

  • Само силните жени ги поседуваат следниве 8 карактеристики

    Само силните жени ги поседуваат следниве 8 карактеристики

    Во денешно време, светот е полн со силни жени. Тоа се оние жени кои секогаш донесуваат правилни одлуки и кои бестрашно ги надминуваат пречките на патот. Не мора да бидете влијателни или популарни во општеството за да бидете силни. Честопати забораваме дека и меѓу обичните жени кои ги среќаваме секојдневно има такви што се издвојуваат благодарение на нивната извонредна сила. Дознајте дали и вие сте едни од нив, со тоа што ќе размислите дали поседувате барем некои од следниве 8 карактеристики…rnrnСамо силните жени ги поседуваат следниве 8 карактеристикиrn

    1. Сте ги преживеале тешките периоди во животот

    rnТука не се мисли само на жените кои доживеале физичко и емоционално насилство, сексуално злоупотребување или кои победиле некоја тешка болест како што е ракот. Секако дека овие жени се силни. Меѓутоа, силата се препознава во моментите кога продолжувате со борбата и покрај тоа што имате малку поддршка и кога ја надминувате негативната ситуација и успевате да се издигнете на врвот, не само живи, туку и подобри.rn

    2. Успешни сте во оние нешта што ви значат

    rnСилните жени не се плашат да преземаат ризици за да успеат. Без разлика дали станува збор за љубовниот или професионалниот живот, тие даваат сѐ од себе и подготвени се да направат грешки за да го добијат она што го сакаат. Не е важно дали општеството ќе мисли дека успеале, тие самите си го дефинираат поимот „успех“.rn

    3. Поседувате и физичка сила

    rnТоа не значи дека можете да кренете камион, туку дека можеби сте доволно физички силни за да се качите по скали, наместо да го користите лифтот. Можеби одлично ви одат спортските активности. Физичката сила има различно значење за сите жени и секако дека не зависи од тоа колку можете да кренете или истрчате.rn

    4. Не се плашите да бидете свои

    rnЛуѓето добиваат впечаток дека силните жени не се грижат за другите, но тоа не е вистина. Ним само не им е грижа дали ќе им се допаднат на сите кога ќе го покажат вистинското лице. Тие знаат дека повеќето луѓе немаат поим кои се, па зошто би се нервирале поради туѓото безначајно мислење?rnrnСамо силните жени ги поседуваат следниве 8 карактеристикиrn

    5. Слободоумни сте и добри слушатели

    rnМожеби силните жени не се грижат за тоа што го мислат луѓето за нив, но во никој случај не се плашат да чујат мислење што се разликува од нивното.rn

    6. Самите си ја одредувате судбината

    rnСилните жени знаат дека не треба да следат нечии туѓи соништа, туку дека треба да одат по патот што ќе го одберат самите. Тие се доволно храбри, силни и паметни за да знаат што е добро, а што лошо за нив.rn

    7. Се стремите да го видите доброто во нештата

    rnСилните жени се обидуваат да го видат доброто во луѓето дури и кога им се чини дека се опкружени со најлошите поединци на светот. Ако им се случи нешто лошо, тие се обидуваат да најдат начин да го решат проблемот, наместо да се откажат. Можеби ова не е секогаш лесно да се направи, но и покрај тоа силните жени даваат сѐ од себе.rn

    8. Знаете кои сте

    rnСилните жени нема да дозволат нешто да им застане на патот до целта. Тие знаат што сакаат, а што не сакаат и ги прифаќаат сопствените несовршени совршености.rnrnСекоја жена поседува нешто поинакво што ја прави силна. Без разлика дали сте извршен директор, домаќинка или сингл девојка која се обидува да го освои светот, вие поседувате неверојатна сила. Само треба да ја пронајдете.rnrnОбидете да се пронајдете и во следниве 7 карактеристики кои се одраз на силните жени.

  • Ако мислите дека сте силна жена, прочитајте го ова!

    Ако мислите дека сте силна жена, прочитајте го ова!

    Силните жени имаат моќен дух и големо срце. Тие го бараат доброто во секоја ситуација. Трпат тешкотии и успеваат да ја научат вистинската лекција од траумата. Тие доживуваат болка во срцето, но сметаат дека дијаманти им ги затвораат дупките и им ги исцелуваат раните. Ним не им е потребен никој, но сите ги сакаат.rnrnАко мислите дека сте силна жена, прочитајте го ова!rnrnОвие жени чувствуваат длабоко и покажуваат благодарност. Тие бараат рамнотежа и се обидуваат со истата сила да ги прифатат и подемите и падовите, и доброто и лошото, и болката и радоста. Низ сета своја сила откриваат што точно сакаат и прават сè што е во нивна моќ за да го добијат истото. Тие исто така и откриваат што им предизвикува болка и веднаш се справуваат со неа!rnrnПокажуваат ранливост кога има потреба, а кога чувствуваат – цел свет го знае тоа! Тие секогаш настојуваат да бидат автентични, но и покрај тоа што ова е благослов, за нив понекогаш може да биде и проклетство, бидејќи многумина ја искористуваат нивната искреност. Тие постојано ги поддржуваат најблиските, што неретко им ја цеди енергијата.rnrnМожат да бидат тивки, но никогаш статични. Сетете се на изреката „Тивка вода брег рони“. Тоа е умот на силните жени. Иако се тивки, постојано размислуваат како би можеле да станат подобри. Од ништо не се плашат, но сепак се кријат за да можат во мир да набљудуваат сè околу себе. А кога ќе дојде вистинското време, токму тогаш ќе се појават. За вистинските луѓе. Така стануваат најдобро чуваните тајни на светот.rnrnОвие жени обожаваат емоционална интимност. Тие сакаат да ги споделуваат своите најдлабоки и најмрачни стравови со луѓе на кои им веруваат и од нив го очекуваат истото. Одвреме-навреме може да заборават дека не се сите луѓе како нив, па да бидат повредени, но сепак на крајот нивното размислување и однесување ги води кон вистинските личности.rnrnТие имаат вродена способност да ја бараат вистината, што значи дека не толерираат лаги. Креативни се и храбри, но исто така и внимателни. Не се покажуваат во вистинското светло пред секого. Ве поттикнуваат да бидете најдобри што можете, но најчесто овој акт знае да им биде погрешно проценет, па се доживуваат како негрижливи и ладни, иако сакаат само да ви го покажат вистинскиот пат.rnrnСи поставуваат високи стандарди и не сфаќаат како другите не го прават истото. Тие се борци и тргнувањето во битка никогаш не ги загрижува бидејќи го прават тоа со љубов и благодарност за целото човештвото. Нивните високи стандарди им помагаат да ја подобрат енергијата низ целата планета.rnrnГи знаат своите маани и работат на нивно подобрување. Најчесто ги гледаат како скалила што ќе ги одведат до крајната цел на емотивната слобода. Имаат потреба и од простор, но не и изолација, бидејќи се сакаат онакви какви што се и ја обожаваат убавината на животот. Тие сакаат да ги искусат сите подеми и падови на животот, но не сами, туку со љубовта на својот живот.rnrnАко можете да се поистоветите со овие жени, не сте сами! Вие сте едни од ретките, но сте поврзани со многумина. Продолжете да бидете силни. Продолжете да бидете храбри. Светот има потреба од повеќе луѓе како вас.

  • Зошто најсилните девојки се оние кои секојдневно се борат со анксиозноста?

    Зошто најсилните девојки се оние кои секојдневно се борат со анксиозноста?

    Таа е силна, бидејќи е во постојана битка со нејзината анксиозност којашто ѝ кажува дека е слаба. Дека не смее да зборува. Дека не смее да стане од кревет. Има денови, кога таа го слуша овој глас, но другпат, наоѓа сила да го игнорира. Таа наоѓа сила да излезе од својата соба, да се дружи, да се смее.rnrnЗошто најсилните девојки се оние кои секојдневно се борат со анксиозноста?rnrnТаа е силна затоа што се појавува, дури и кога се тресе. Зборува, дури и кога гласот ѝ се губи. Дише, дури и кога ја болат градите. Би било лесно да ги откаже плановите со пријателите, да одбива покани за состаноци, да не оди на предавања, да земе боледување од работа… И понекогаш таа тоа и го прави.rnrnНо поголемиот дел од времето, го прави тоа што треба. Го исклучува алармот, се подготвува и излегува од дома. Да, се случува и нешто да ѝ го одвлече вниманието. Дури и најмалите ситници можат да ја разгорат нејзината анксиозност – порака од личност што не ја очекувала, имејл што не е сигурна како да го одговори, чуден поглед од колега или симпатијата…rnrnТаа постојано е свесна за тоа што ѝ се случува, но се бори низ сите овие емоции. Таа ги игнорира начините на кои мисли дека сите ја гледаат и ја осудуваат, и се труди да биде продуктивна. Се тера да се фокусира на она што е најважно и не ѝ дозволува на анксиозноста да го контролира нејзиниот живот. Таа не им дозволува на темните мисли да станат еклипса на позитивните.rnrnОваа девојка е мотивирана да биде најдобрата личност што може. Одвреме-навреме анксиозноста ја прави слаба, помала. Како да не заслужува да биде во истата просторија со луѓе што слободно можат да зборуваат со странци. Но иако се чувствува инфериорно, тоа е далеку од вистината. Таа е борец! Зошто не може да го забележи тоа?rnrnСе труди многу и затоа стигнала толку далеку. Има луѓе што ретко кога излегуваат од својата удобна зона, но не и таа. Таа секој ден е надвор од неа! Постојано се грижи што да каже, што да носи или каде да паркира. Никогаш не е опуштена и како без прекин да живее на работ. Затоа и постојано учи, расте… Секоја секунда од секој ден.rnrnМоже да се случи и да се затвори, да се препушти на анксиозноста. Има денови кога не изговара ниту еден збор со часови. Кога седи во пижами и го одложува туширањето. Но има денови и кога наоѓа храброст да го каже тоа што го мисли. Кога се изненадува себеси колку храбра може да биде! Колку моќно може да звучи.rnrnИ иако сè уште не сфаќа, таа е една од најсилните девојки во светот – бидејќи постојано се бори и постојано победува!rnrnКлучот за справувањето со анксиозноста е преземањето на контролата во ваши раце. Како можете да го постигнете тоа?

  • 9 нешта што силните и независни девојки сакаат нивните партнери да ги разберат

    9 нешта што силните и независни девојки сакаат нивните партнери да ги разберат

    Денешниот модерен начин на живеење им овозможува на сè повеќе жени да бидат силни и независни. Тие можат самите финансиски да се издржуваат и повеќе немаат потреба од сопруг за да ги издржува. Но, тоа не значи и дека целосно ја отфрлаат љубовта. Жените сакаат да бидат заљубени, да имаат партнер покрај кој ќе заспиваат и ќе се будат. Партнер покрај кој ќе се чувствуваат сигурно и сакано. Во продолжение погледнете ги нештата што треба да ги знаете доколку сакате да задржите ваква жена покрај вас.rnrn9 нешта што силните и независни девојки сакаат нивните партнери да ги разбератrnrn1. Таа не сака да ја помешате нејзината независност со желба да биде сама – Нејзината независност е нешто што таа многу го цени, па сака и вие на истиот начин да гледате на неа. Таа не се обидува да биде далечна или да ве оттурне од себе, туку само сака да го задржи делот од животот што е само нејзин.rnrn2. Ќе дојдат времиња кога ќе има потреба од вашата помош – Таа е силна, но не може сè да постигне, барем не сама. Никој не може и таа многу добро го знае тоа. Затоа и сака да разберете дека кога навистина ќе има потреба од помош, таа нема да се плаши да ја побара.rnrn3. Таа сама ги носи своите одлуки, вие не можете да ја натерате на нешто што не сака – Ако сметате дека таа прави нешто само поради тоа што вие го сакате тоа, тогаш грешите. Можеби нема со ентузијазам да ужива во сите ситници што ги правите заедно, но таа донела одлука да ги сподели овие активности со вас и тоа го направила од срце и затоа што навистина сака.rnrn4. Таа не прави простор во својот живот за вас, вие едноставно припаѓате таму – Силната жена не прави простор за некој што го сака, бидејќи знае дека тој некој лесно се вкопува во нејзиното секојдневие. Таа знае дека понекогаш може да биде неуредна и комплицирана, но исто така знае и дека не е тешко да се биде заљубен.rnrn5. Таа цени сè што правите за неа – Гордоста не ја крие нејзината благодарност. Таа никогаш не е премногу горда или премногу независна за да ви се заблагодари за нештата што ги правите за неа, дури и за оние најмалите.rnrn6. Таа се восхитува на вашиот успех – Не, таа никогаш нема да ги мрази вашите постигнувања, ниту пак ќе ги споредува со своите. Успехот е нешто што таа вистински го сака и за двајцата, па затоа нема да се обидува да биде подобра од вас, туку ќе се погрижи заедно да бидете подобри во својата област.rnrn7. Таа ги познава своите слаби страни, но тешко ѝ е да ви ги покаже и вам – Таа е подготвена да ги признае сите оние нешта за кои не ја бива, но само доколку се чувствува навистина блиска до вас и се надева дека никогаш не би ја суделе. Исто така треба да знаете дека и покрај тоа што ги крие, таа секојдневно работи на нивното подобрување.rnrn8. Дури и кога е зафатена, сè уште ве сака – Кога не е покрај вас да ви каже дека ве љуби бидејќи заглавила на работа до доцна во ноќта, таа сè уште мисли на вас. Кога има проблеми со семејството или пријателите кои на момент ја прават емоционално недостапна, таа сè уште има чувства за вас. Кога се движи толку брз низ животот што едвај успева да земе воздух, таа сè уште ве сака со целото срце.rnrn9. Дури и силните и независни жени се ранливи – Тие плачат, се каат, се чудат, фантазираат… Нивната сила не ги прави неспособни за емоции, баш напротив. И тие се луѓе и ќе имаат свои ранливи моменти.