КАФЕ ПАУЗА

Tag: штрк

  • Куса поучна приказна за децата и за нивните родители

    Куса поучна приказна за децата и за нивните родители

    Едно јато штркови, како и секоја година, летало на југ. Во едно семејство од јатото, едно мало штркче немало доволно сила да го издржи целиот пат.rnrnКуса поучна приказна за децата и за нивните родителиrnrnТатко му го зел на својот грб и продолжил да лета. Некаде над океанот, таткото го прашал својот син:rnrn– Сине, кога ќе остарам, ќе ме носиш ли и ти на твојот грб како што јас те носам сега?rnrn– Да тато, ќе те носам.rnrnТаткото наеднаш ги зафрлил крилјата навалувајќи се на едната страна и исфрлајќи го синот од својот грб со цел самиот да лета.rnrnСледната година се повторила истата приказна – младиот штрк немал сила за да го прелета целиот пат, па татко му го зел на својот грб. Над океанот, таткото штрк повторно го прашал сина си дали ќе си ги сменат улогите кога тој ќе остари.rnrn– Секако тато, ќе те носам јас кога ти ќе бидеш стар – одговорил синот.rnrnТатко му повторно го исфрлил од својот грб за да лета сам.rnrnТретата година штрковите повторно патувале на југ, кога таткото штрк носејќи го својот син на грбот уште еднаш го прашал:rnrn– Сине, кога ќе остарам, ќе ме носиш ли ти мене на грбот како што те носам јас тебе сега?rnrn– Нема тато.rnrn– Зошто?rnrn– Затоа што тогаш јас ќе го носам моето дете.

  • 8 лаги што сите родители им ги кажуваат на децата

    8 лаги што сите родители им ги кажуваат на децата

    Според едно истражување во Англија е утврдено дека родителите на нивните деца им кажуваат 3000 „бели“ лаги во текот на нивното детство.rnrnЕве 8 „бели“ лаги за кои нема дете што не ги слушнало од неговите родители.rn

    1. Дедо Мраз постои, но тој ќе дојде само ако бидеш умен.

    rn8 лаги што сите родители им ги кажуваат на децатаrn

    2. Кога ќе те боцнат со инјекцијата нема да те боли.

    rn8 лаги што сите родители им ги кажуваат на децатаrn

    3. Мама и тато сакаат малку да се одморат.

    rn8 лаги што сите родители им ги кажуваат на децатаrn

    4. Ако ми ја кажеш вистината, нема да те казнам.

    rn8 лаги што сите родители им ги кажуваат на децатаrn

    5. Ако јадеш спанаќ, ќе бидеш силен како Попај.

    rn8 лаги што сите родители им ги кажуваат на децатаrn

    6. Ако продолжиш да правиш гримаси, лицето ќе ти остане такво.

    rn8 лаги што сите родители им ги кажуваат на децатаrn

    7. Штркот те донесе.

    rn8 лаги што сите родители им ги кажуваат на децатаrn

    8. Ако лажеш, ќе ти порасне носот како на Пинокио.

    rn8 лаги што сите родители им ги кажуваат на децатаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.