На ова момче му беа потребни само неколку секунди за да ја крене цела публика на нозе и да ги натера судиите од шоуто за таленти „The Voice“ да почнат да танцуваат. Станува збор за Тилман кој и покрај тоа што има само 14 години, има неверојатно голема музичка енергија во себе која ниту еден од вас нема да ве остави рамнодушни.rnrn
rnrnПогледнете го неговиот перформанс кој едноставно нема да можете да престанете да го гледате. Тилман веднаш ќе ве натера да заиграте и ќе ви ја наполни душата со позитивна енергија.rnrn
Tag: шоу за таленти
-

Експлозивен перформанс на 14-годишно момче кој ќе ве натера веднаш да почнете да танцувате
-

Две момчиња ја добија највисоката пофалба од Сајмон на шоуто „Britain’s Got Talent“
15-годишниот Чарли и 13-годишниот Леондри се музичко дуо попознати под името „Bars & Melody“. Тие во шоуто „Британија има талент“ настапуваа со песна која Леондри сам ја напишал, песна која во себе носи моќна порака за насилството во училиштата.rnrn
„Почнав да рапувам затоа што имав проблеми во основно училиште. Многу често бев малтретиран“, вели Леондри. „Кога бев нерасположен јас ги запишував моите мисли во форма на рап. На некој начин се изразував со тоа што го пишував.“
rn
rnrnЧарли вели дека музиката му помогнала на Леондри да се чувствува посилно и дека да не била таа, тој немало да има самодоверба. Нивниот талент е исто толку импресивен како и зборовите во песната, а нивниот неверојатен настап ја натера публиката да стане на нозе. Но, она што е уште поинтересно е дека тие успеаја да го натераат Сајмон да го притисне златното копче кое ги испраќа директно во шоуто. Искрено се надеваме дека овие две момчиња ќе успеат заедно да стигнат многу далеку. Погледнете го нивниот настап и слушајте ги внимателно сите зборови кои тие ги пеат…rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

8-годишно девојче кое ќе ве маѓепса со својот глас
Како и во многу држави, така и во Норвешка се одржува познатото шоу за таленти „Норвешка има талент“ и слободно можеме да кажеме дека тие ја пронајдоа најталентираната личност на светов. Нејзиното име е Анџелина Џордан, има само 8 години и ќе направи вилицата да ви падне до земја. Со својата неверојатна изведба на „Bang Bang (My Baby Shot Me Down)“ од Ненси Синатра ќе ве воодушеви и маѓепса. Нејзиниот глас е толку добар што нема да ви се верува дека има само 8 години. Погледнете.rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

7-годишно девојче со глас кој ќе ви го одземе здивот
Кога станува збор за талент, Јутјуб секојдневно знае да нѐ изненадува. Овој пат станува збор за едно 7-годишно девојче, Анџелина Џордан, која со својот глас ги маѓепса сите на шоуто „Норвешка има талент“. Со совршената изведба на песната „Gloomy Sunday“ од Били Холидеј таа ги освои срцата на сите оние кои имаа можност да ја слушнат. Погледнете колку беспрекорно звучи нејзиниот глас.rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Момче кое пее исто како Шакира
Момчето Родолфо Бургос се пријавило на чилеанското телевизиско шоу за таленти „Yo Soy“, што во превод значи „Јас сум“, на кое натпреварувачите имитираат познати пејачи. Кога тој им кажува на членовите на жири комисијата дека ќе ја имитира Шакира, тие почнуваат да му се смеат, меѓутоа после првиот стих целото студио останува во шок.
rnrnРодолфо звучи толку идентично како колумбиската пејачка, што ја испровоцирал и самата Шакира да напише на нејзиниот профил на Твитер: „Ви го претставувам Шакиро! Би ми било задоволство да го запознаам кога ќе отидам во Чиле.“rnrnОва видео може да биде и по малку вознемирувачко за припадниците на посилниот пол, бидејќи отсега па натаму, секогаш кога ќе го слушнат гласот на Шакира, ќе се присетуваат на ова момче, а не на нејзиното секси обликуваното тело. :)rnrnДополнување 18.03.2011rnrnКако што напиша на својот профил на Твитер, така и стори: Шакира официјално се запозна со Шакиро! 🙂 Нели се преслатки?rn