КАФЕ ПАУЗА

Tag: шопинг центар

  • Планинско одморалиште од иднината

    Планинско одморалиште од иднината

    Во блиска иднина австриски архитекти од студиото „Coop Himmelb(l)au“ ќе почнат да градат планинско одморалиште во Кина. Грандиозниот проект наречен „Dawang Mountain Resort Changsha“ ќе биде распослан на 120 илјади квадратни метри, а во него ќе има хотел, неколку ресторани, шопинг центри, парк и висечки градини.Планинско одморалиште од иднинатаОва ново и интересно место за одмор ќе биде сместено во еден веќе постоечки каменолом. Одморалиштето ќе се протега од едната до другата страна на каменоломот како мост, а под него се наоѓа едно мало езеро. Одделната кула е наменета за хотелот со пет ѕвезди, во кои ќе има околу 350 соби.Планинско одморалиште од иднината Планинско одморалиште од иднинатаrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Стилот во Лондон низ 100 години во 100 секунди

    Стилот во Лондон низ 100 години во 100 секунди

    Колку може да се смени модата за 100 години? Ви требаат само 100 секунди за да дознаете.Стилот во Лондон низ 100 години во 100 секундиОва видео е направено да ја одбележи 100-годишнината на источно-лондонската мода, танцувањето и музиката. Краткиот филм воедно претставува одбројување до отворањето на Westfield Stratford City на 13 септември, кој ќе претставува најголемиот шопинг центар во Европа.rnrnФилмот е режиран од компанијата „The Viral Factory“, а снимањето траело цели 4 дена и притоа се сменети стотици различни дизајни на облека. За музиката пак, бил задолжен Тристан Норвел, кој земал едно едноставно музичко парче и го интерпретирал на многу различни начини за да ги долови промените во стиловите низ 100 години.rn


    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn