КАФЕ ПАУЗА

Tag: шефица

  • Каква шефица сте според вашиот хороскопски знак?

    Каква шефица сте според вашиот хороскопски знак?

    Не е секој роден за лидер и шеф, но секој може да ја извршува таа функција според своите способности и на свој начин. Некои знаци се природно подобри шефови од другите, некои се напорни, некои попочитувани од останатите и слично. Каква шефица сте вие според вашиот хороскопски знак?rnrn1-kakva-shefica-ste-sudejkji-spored-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

    Овен

    rnВие сте шефица која без размислување скока од авион – но со полно право очекува и сите други да скокнат веднаш по неа. Таа поттикнува, надградува, го извлекува најдоброто од сите на кои им шефува, никој не е запоставен и никој не може да се прави невидлив, бидејќи таа е вклучена 100%, во секој момент. Јаде изобилно, но никогаш не се дебелее. Најверојатно, затоа што целата енергија ја троши на своите вработени и ги учи како да го следат нејзиниот пример.rn

    Бик

    rnТаа делува како добар шеф, бидејќи никогаш нема да ве казни, ниту да ве отпушти, но ако еднаш ја напуштите таа работа, ќе откриете дека сте заминале со помалку искуство и компетенции отколку што сте можеле да ги стекнете покрај строгиот и подобар шеф. Но таа, шефицата Бик, никогаш нема да ги признае своите грешки. Таа огледува зеленчук во својата градина и ќе ве обезбедува во текот на сите сезони, па воопшто не морате да го купувате од маркетите.rn

    Близнаци

    rnДобрата работа со оваа шефица е тоа што таа разговара со луѓето и изразува искрена симпатија. Таа нема да навлегува во канцелариските оговарања и нема да сака кога некој ќе се обиде да ѝ се умилкува. Но, таа не е „луда“ по работата и на работното место се појавува последна, а си заминува прва. Потребен ѝ е асистент кој ќе ја извршува целата работа во нејзино отсуство. Но, и присуство. Таа не сака да работи, но сака да биде омилена шефица.rn

    Рак

    rnШефицата Рак со години работи во колектив со ист состав и никој не знае никакви приватни детали од нејзиниот живот. Ниту каде живее, ниту со кој живее, ниту здравствените, ниту љубовните проблеми. Таа не сака да го меша пријателството и работата. Ако одеднаш започне да покажува симпатии и интерес за вработениот, тој може веднаш да пријави вонредна состојба, бидејќи тоа значи дека во наредните две години ќе работи прекувремено и ќе „гине“ на работното место.rnrn2-kakva-shefica-ste-sudejkji-spored-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

    Лав

    rnЛавицата инаку е родена шефица, но кога еднаш навистина ќе ја досегне таа позиција, ќе ја искористи во целост. Таа има големи идеи и ќе ги загрее вработените со еден заразен ентузијазам, другарски пристап и симпатични барања. И кога сите ќе загризат, таа ќе го изгуби интересот и ќе задолжи некого за да го води проектот до крај. Кога ќе стигне успехот, признавањата и заслугите, сите нив ќе ги собере шефицата.rn

    Девица

    rnТаа својата канцеларија ја декорира со фотографии што ја исполнуваат. И додека другите на своето работно биро чуваат фотографии од своето семејство, таа се опкружува со фотографии од своите домашни миленици. Има неколку. Таа попрво би работела со животни, отколку со луѓе. Толку за нејзината предодреденост за шефување. Кога нешто не знае, никако не го признава тоа, туку ги нервира другите околу себе, па нејзините вработени ќе имаат многу презентации во последна секунда за да ѝ го објаснат она што таа не го сфатила и за кое не сакала да побара објаснување на време. Девицата е лош шеф, но сепак има и полоши.rn

    Вага

    rnТаа е ултимативен тимски играч. Ќе ја избере вистинската работа, без размислување, и ќе им даде пример на своите вработени без да има поим за тоа. Таа се труди, се залага и се пронаоѓа себеси во сето тоа. Но, нема моќ за командување и никој не ја сфаќа сериозно, односно, никој не се плаши од неа. Тоа е голема грешка, но не нејзина. Луѓето обично толку површно го сфаќаат почитувањето и авторитетот и едноставно им е потребно да се плашат од својот шеф. Таа не е тој тип, но и тоа како заслужува почит. Бидејќи ги избегнува караниците, нејзините предупредувања ќе бидат мирни и разумни, а кога нема да биде почитувана, само тивко ќе даде отказ и ќе земе неколку дена одмор за емотивно да се оправи од стресот заради таквата одлука. Нема шеги со шефицата Вага, иако работата со шеги со неа не е само дозволена, туку и пожелна.rn

    Скорпија

    rnТаа ги тренира нервите на своите подредени и им втерува страв во коски. Убедена е дека тоа е вистинскиот начин за комуницирање, таа е груба, го подигнува тонот, се заканува и навредува. Тоа не е мобинг, тоа е нејзината страст, бидејќи таа целата е полна со чувства. Заради истите тие чувства ќе западне во афера со младиот хонорарец без размислување, ќе се напие на колективната прослава и ќе излегува со сите привлечни мажи. Од неа е невозможно да побегнете, бидејќи кога некој еднаш ќе падне под влијанието на шефицата Скорпија и ќе стане дел од нејзиниот внатрешен круг, тогаш тој е заглавен засекогаш. Таа владее со својата фирма строго и целосно, како некоја богиња.rnrn3-kakva-shefica-ste-sudejkji-spored-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

    Стрелец

    rnТаа е експлозија и струен удар и со својата енергија ги оживува безволните, ги мотивира огорчените, ги поттикнува на развој и учење оние што се пред пензија. Таа е супер шефица и сите ја обожаваат. Проблемот се создава кога ќе сфатат дека има идеи и барања кои треба останатите да ги извршат, а мораат и да смислат како, без разлика на тоа колку нејзините идеи делуваат комплицирано, нереално и напорно. А, кога сѐ ќе тргне како што сакала, таа ќе замине на Хаваи на еден месец. Кога ќе се врати ќе посака сѐ да блеска, па тешко тој што заспал.rn

    Јарец

    rnНајкомпетентна и најлоша шефица. Застрашувачка. Таа внесува нервоза, бидејќи секому му стои над глава и бара од сите да работат точно како што им кажала таа, бидејќи нејзините стандарди се највисоки, таа знае најдобро, а другите се најчесто поглупави, според нејзиното искуство и затоа мора постојано да ги контролира. А, кога ќе го набљудува секој чекор на своите вработени, тоа резултира со нивни грешки, бидејќи немаат мир и не можат да работат на свој начин и со сопствено темпо. И уште, ќе го „пика носот“ во животот на своите подредени тотално добронамерно. Бидејќи ним им се потребни совети за бракот, воспитувањето на децата, облекувањето, психолошка анализа на нивниот ракопис и објаснување за влијанието на месечината врз нивниот хороскопски знак во оваа работна недела. Таа дели совети иако никој не ги бара. Таа знае сѐ и воопшто не ѝ паѓа на памет дека е невозможна и неподнослива.rn

    Водолија

    rnНејзината врата е секогаш затворена. Нејзе ѝ е потребна приватност и самотија за да може да размислува и да раководи. Многу приватност и самотија. Затоа роковите постојано се пречекоруваат, или постојано се работи за да се постигне, што не е лошо во фирмите кои имаат краен рок на дневна база, но не и на подолг период, бидејќи тие рокови за неа се извор на ужасен стрес. И да, таа ќе ги вклучи вработените во секоја хуманитарна акција и очекува дека тие ќе работат и на Божиќ и на Велигден, ако тоа значи уште малку пари за чувствителните групи, болните деца, старите и немоќните.rn

    Риби

    rnТаа е прекрасна шефица, на сите им е како мајка. Не дозволува никој да биде запоставен, им ја затвора устата на оние што мислат дека знаат сѐ, ја чувствува болката на сите оние што работат за неа. Таа се обидува сите да ги држи под своја закрила и сѐ е во ред додека некој не доведе во прашање кој било аспект од некоја нејзина одлука. Тогаш зазема одбранбен став и ‘ржи, бидејќи преиспитувањето на нејзините начини не е дозволено.rnrn4-kakva-shefica-ste-sudejkji-spored-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

  • 9 различни типови девојки

    9 различни типови девојки

    Автор: Вера МартиноскаrnrnБлондинки, бринети, црвенокоси – ова не е единствената типизација на девојките. Има девојки со силно грло, но и онакви со затнат нос, едни се вечно незадоволни, други пак, ненаситни. Некои сакаат да наредуваат, а некои уметнички да се изразуваат. Дали ви се познати следниве типови?rnrn9 различни типови девојкиrn

    1. Госпоѓица фина

    rnТипична изјава: „Карти за натпревар? О, драги, не си требал.“rnПозната е и како: „каква девојка!“, драгоцена, другарка на целото машко друштво, „мојата омилена женска“, чергичеrnПредности: весела, пријатна, љубезнаrnСлаби страни: Еден ден можеби ќе се освести.rn

    2. Госпоѓица гласна

    rnТипична изјава: „Ти безрбетен, безвреден, неталентиран, кучкин сине кој за ништо не го бива! Не гледаш дека правиш да ми биде мизерно?“rnПозната е и како: ѓавол, инаетчика, дрдорка, „жена ми“ (и кога сè уште не е), пеколна женаrnПредности: Ти обрнува внимание.rnСлаби страни: вреска, фрла тавиrnrn9 различни типови девојкиrn

    3. Болежлива

    rnТипична изјава: „Оф, главата. Главата. Уф, стапалава. Грчевите. Целулитот.“rnПозната е и како: лелекач, депресивна, жалоснаrnПредности: предвидливаrnСлаби страни: заразнаrnrn9 различни типови девојкиrn

    4. Шефица

    rnТипична изјава: „Исправи се. Стави друга вратоврска. Оди ишишај се. Смени ја работата. Заработи пари. Не ме гледај така.“rnПозната е и како: камшикувач, наредник, г-ѓица сезнајка, боздоганrnПредности: Најчесто е во право.rnСлаби страни: Често е во право, па што?rnrn9 различни типови девојкиrn

    5. Госпоѓица нејасно незадоволна

    rnТипична изјава: „Не можам да одлучам. Треба ли да ја сменам мојата кариера, целите, домот и бојата на косата?“rnПозната е и како: насекирана, загрижена, типична, „ајде бе душооо“rnПредности: Лесно е да се утеши.rnСлаби страни: Уште полесно е да се растревожи.rn

    6. Дива жена без контрола

    rnТипична изјава: „Имам идеја. Ај да се начукаме и да се сексаме на тревник. Сум го направила тоа и порано. Топ е.“rnПозната е и како: брза девојка, радодајка, слободоумна, онесвестенаrnПредности: Позабавна е од „Не лути се човече“.rnСлаби страни: Не можеш да сметаш на неа, вози и излетува од патот.rnrn9 различни типови девојкиrn

    7. Вообразена

    rnТипична изјава: „Не гледам ништо смешно во тој цртан филм на кој постојано се смешкаш.“rnПозната и како: незабавна, ситничарка без смисла за хумор, ладна риба, санта мраз, збунетаrnПредности: Пријателите ќе ве сожалуваат.rnСлаби страни: Нема да имате пријатели.rn

    8. Марсовка

    rnТипична изјава: „Верувам дека овој интерпретативен танц ќе ти објасни што чувствувам за нашата врска.“rnПозната е и како: дрдорлива, морничава, налудничава, уметнички дух, лоша вест, ексцентричнаrnПредности: забавна, неодгатливаrnСлаби страни: Ќе ја чита својата поезија на глас.rnrn9 различни типови девојкиrn

    9. Девојка од соништата

    rnТипична изјава: „Крајно сум задоволна со тебе баш таков како што си, мој згоден гениј од дечко. Мислам дека сега мора да водиме љубов како луди ласици.“rnПозната е и како: госпоѓица вистинска, божица, перфекција, бомба, прекраснаrnПредности: смешна, интелигентна, отворенаrnСлаби страни: Нема да има што да прави со тебе.rnrn9 различни типови девојкиrnrnВо кој од наведените типови се пронајдовте или пак, каква е вашата девојка?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn rnrn rnrn