КАФЕ ПАУЗА

Tag: шармантен

  • 3 типа мажи на кои секоја жена наидува во одреден период од животот

    3 типа мажи на кои секоја жена наидува во одреден период од животот

    Понекогаш жените тешко проценуваат кој маж сака само да ги одвлечка во кревет, а кој има сериозни намери. Па, според експертите за љубов, постојат 3 типа заводници кои секоја жена ги сретнува барем еднаш во својот живот (особено во летниот период). Прочитајте нешто повеќе за нивните карактерни особини и научете како да разликувате измамник од фраер.rnrn(1) 3-tipa-na-mazhi-koi-sekoja-zhena-naiduva-vo-odreden-periodrn

    Вистински џентлмен

    rnСо своите манири докажува дека џентлмените сè уште постојат. Тој е голем заводник кој вешто умее со жените. Тој шармира со оригинален флерт и комплименти, правејќи да се чувствувате како дама, а не како „улов“. Користи трикови во кои е сигурен дека ќе му успеат во заведувањето на жена која сака да биде третирана како „капка на дланка“. Доколку познавате ваков фраер, тој е совршен за вас.rn

    Вешт шармер

    rnОвој фраер е познат и како „гулаб“ кој се залетува само за една цел – да ги однесе жените во кревет. Тој ги знае сите трикови и ретко кој ќе му одолее на неговиот шарм, па често го користи за да ја убеди партнерката дека таа е единствена за него. Сепак, тоа е празна приказна, а неговата цел е само да ве однесе во кревет. Ако не го делите неговото мислење, овој фраер не е за вас.rnrn(2) 3-tipa-na-mazhi-koi-sekoja-zhena-naiduva-vo-odreden-periodrn

    Сериозен господин

    rnТој не е од оние што ќе ви пријдат со некоја застарена фраза која сте ја слушнале 100 пати. Тој ќе ви пријде само ако е навистина заинтересиран за вас. Овој господин ќе сака да зборува со вас – за вас, ќе го интересира вашето детство и слични теми кои претходните мажи ги избегнувале. Разговорот е сè што ќе добиете на првиот состанок, но тоа не значи дека не е заинтересиран за вас. Тој е најдобриот кандидат за врска од оваа листа кој со сигурност ќе ве побара повторно доколку му оставите добар впечаток.rnrnПрочитајте и за овие 3 типа мажи кои жените најмногу ги сакаат.

  • Слаткиот мачор со веѓи

    Слаткиот мачор со веѓи

    Овој сладок мачор се вика Сем. Кај него интересни се двете симетрични шарки над неговите очи кои многу наликуваат на човечки веѓи. Благодарение на нив тој прави навистина интересни фацијални експресии, поради кои многу ќе го сакате. Тој може да биде шармантен, исплашен, вџашен, запрепастен, зачуден или едноставно неодолив.rnrnСлаткиот мачор со веѓиСлаткиот мачор со веѓиСлаткиот мачор со веѓиСлаткиот мачор со веѓиСлаткиот мачор со веѓиСлаткиот мачор со веѓиСлаткиот мачор со веѓиСлаткиот мачор со веѓиСлаткиот мачор со веѓиСлаткиот мачор со веѓиСлаткиот мачор со веѓиСлаткиот мачор со веѓи
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Ед Вествик – миленикот на женските срца

    Ед Вествик – миленикот на женските срца

    Автор: Бојана МандевскаrnrnЕд е млад и згоден актер кој од ден на ден сѐ повеќе ја привлекува публиката ширум светот. Неговото најголемо досегашно филмско достигнување, е улогата на Чак Бес во ТВ серијата „Озборувачка“ (Gossip Girl) и лик по кој многумина го препознаваат. Неговиот нежен, но многу специфичен лик, сексапил и шармантност со интересна доза на дрскост, се причина токму тој да биде „сон“ на многу девојки. Неговата појава не остава никого рамнодушен.Ед Вествик - миленикот на женските срцаНеговото вистинско име е Едвард Вествик. Овој млад убавец е роден на 27 јуни 1987 година во Стивенејџ, Хертфордшајр, Англија. Висок е 175 см и е рак во хороскоп. Наспроти улогата на дрскиот срцекршач Чак, кој секогаш ја држи чашката алкохол в рака, има екстремно богатство од својот татко и учеше во приватна гимназија, Ед потекнува од скромно семејство и учел во локалното училиште. Тој е најмладиот член во семејството Вествик, има двајца постари браќа и за себе вели дека е најфиниот во фамилијата.rnrnНеговиот татко држи универзитетски часови по бизнис, а мајка му е психолог. И покрај тоа што учел бизнис, право и комуникација, еден двонеделен летен курс по глума во Националниот младински театар во Лондон, му дал нова амбиција во животот. Инаку, негова работа од соништата е да биде дизајнер на градини. Поддржувач е на фудбалскиот клуб Челзи.Ед Вествик - миленикот на женските срцаВо врска со споредбата на неговиот карактер, со ликот на Чак, тој вели:rn
    rn

    „Постојат многу повеќе разлики, отколку сличности помеѓу мене и Чак. Кога имав 17 години, можеби имав одредени особини кои ги поседува и Чак, но во сосема поинаков контекст. Јас не потекнувам од Апер Ист Сајд и ги немам желбите кои ги има Чак. А да, исто така јас немам еден куп девојки. Јас сум добро момче. Девојките го сакаат Чак, а не мене, бидејќи тие ги сакаат „лошите“ момчиња. Она што најмногу ме нервира во врска со работата во „Озборувачка“ е тоа што морам да се бричам секој ден.“

    rnА како изгледа неговиот ноќен живот во Лондон?rn
    rn

    „Целото брмчење во градот ме возбудува. Јас сум „ноќна птица“ така што обожавам да излегувам. Секогаш можам да го почувствувам потенцијалот на вечерта, особено во текот на летниот период. Кога сонцето ќе излезе, девојките облекуваат убави фустанчиња. Таков е летниот Лондон: сета насобрана енергија која се криела и се крчкала под земјата 8 месеци од годината, конечно излегува на површина, заедно со изгревањето на сонцето.“

    rnЕд Вествик - миленикот на женските срцаrn

    „Доколку сакам да излезам надвор, да пијам и да ја фрлам чашата на улица, јас и ќе го сторам тоа. Тоа би го направил од причина што сакам да се забавувам, а не бидејќи сакам да создадам некаква тензија околу мене. Во тој случај би бил ку*наз, а не сум.“

    rnНеговата кариера започнала со појавувањето во филмот „Doctors“ како Холден, потоа следува ликот на Џони во „Casualty“ и ликот на Дарен во „Afterlife“. Треба да се споменат и неговите појавувања во филмовите „Breaking and Entering“, „Children of Men“ и  „Son of Rambow“.Ед Вествик - миленикот на женските срцаНеговото појавување во „Gossip Girl“ како Чак Бес е клучната улога во неговата кариера. Од 2007 година, благодарение на успешното претставување на ликот на  Чак, Едвард бележи големи успеси во својата кариера. Во 2008 година е номиниран за најсекси маж во списанието „People“, а се појавува и на листата на 100 најубави луѓе заедно со екипата од „Gossip Girl”. Потоа следуваат наградите за најдобар „TV Villain“ (ТВ никаквец) на „Teen Choice Awards“ (Изборот на тинејџерите) и во 2010 година наградата за „Breakthrough Talent“ (Пробивен талент) од машкиот магазин „GQ“. Понови негови филмски остварувања се улогите во „Chalet Girl“и „J. Edgar“ во 2011 година, а во 2012 се очекува неговото појавување во филмот „Romeo and Juliet“ во улога на Тибалт. Тој е заштитно лице на модниот бренд Penshoppe.Ед Вествик - миленикот на женските срцаОсвен што е успешен актер, тој е одличен музичар. Ед е фронтмен на петчлениот британски инди рок бенд „The Filthy Youth“. Музиката за него е синоним за слобода, добар начин за да пренесеш порака.rn
    rn

    „Отсекогаш сум бил поврзан со музиката. Животот не е само она што го гледаме, туку она што се случува во нашата глава. Музиката е она коешто произлегува од нашата потсвест. Музиката е моето ослободување.“

    rnВо фотографиите на Вествик, честопати може да се забележи дека тој сака да ги покажува своите гради низ раскопчаната маица. Во врска со тоа тој вели му се допаѓа покажувањето на дел од неговите влакнести гради и дека тоа е неговиот заштитен знак.Ед Вествик - миленикот на женските срцаВо врска со очигледната хемија помеѓу него и неговата колешка Лејтон Мистер во „Озборувачка“ тој објаснува:rn
    rn

    „Јас сум лудо заљубен во Лејтон. Тоа е она што помага за чувствување на таа енергија од моја страна. Ја сакам толку многу што таа не ни мора да биде вљубена во мене. Ја сакам доволно, таа е моја. Неизмерно сум близок со неа, Лејтон е прекрасна девојка.“

    rn Ед Вествик - миленикот на женските срцаВествик започна љубовна врска со неговата колешка од „Озборувачка“, Џесика Шор (Ванеса) при крајот на 2008 година. Тие се разделија во мај 2010 година, а Ед изјави дека девојките му предизвикуваат главоболка, но накратко тие се смирија во текот на снимањето на четвртата сезона од „Озборувачка“ во август, 2010. Во февруари 2012 година, Вествик и Шор официјално ја обновија нивната љубовна врска.Ед Вествик - миленикот на женските срцаНа Ед му се допаѓа гламурозниот инди рок изглед. Тој на моменти има детско однесување, страстен е и помалку луд. Горд е на тоа што е романтичар и смета дека можеби е и еден од последните.rn
    rn

    „Слаба точка ми е вратот – кога девојките се премногу блиску до мојот врат, луди работи почнуваат да се случуваат.“

    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.