КАФЕ ПАУЗА

Tag: шанса

  • Зошто треба да престанеме да чекаме некаков знак и да се обидеме да го создадеме самите?

    Зошто треба да престанеме да чекаме некаков знак и да се обидеме да го создадеме самите?

    Колку често чекаме знак или некој апстрактен сигнал да одлучиме дали нешто ќе направиме или не? Зошто секогаш фрламе паричка или избираме бројка за да донесеме одлука? Сите ја имаме моќта да направиме избори кои потоа ќе се претворат во моменти што ќе го одбележат нашиот живот и нашата приказна.rnrnЗошто треба да престанеме да чекаме некаков знак и да се обидеме да го создадеме сами?rnrnПонекогаш нема силен ветер, нема зрак од сонце, го нема знакот кој го чекаме и принудени сме да се соочиме со реалноста дека можеби и никогаш нема да го добиеме. Сепак, ќе се запрашаме зошто воопшто чекаме некаков знак. Ние имаме сѐ што ни е потребно за да го направиме моментот значаен за нас.rnrnЗнаците и идеите за судбината можеби навистина постојат, но немаат никакво концептуално значење доколку самите ние не преземеме иницијатива. Сѐ се случува со причина. Но, никој не смее да дозволи тоа верување, таа филозофија да се користи како изговор да се чека работите да се случат сами по себе, отколку самите ние да направиме да се случат.rnrnМожете да се откажете и да бидете разочарани, лути и безнадежни. Но откажувањето, дури и кога сите знаци ви покажуваат да го направите тоа, ќе ве спречи да ја направите потребната конекција со себе и светот околу вас.rnrnНие ги создаваме нашите знаци – нашите моменти. Лесно е да се носат одлуки врз основа на шанса, но е потребна голема храброст да се продолжи напред кон тој момент дури и ако не чувствувате дека универзумот е на ваша страна. Настаните кои се случајни се несомнено посебни, но постои нешто многу поубаво кога самите ги создаваме.

  • Не плашете се од одразот во огледалото, вие заслужувате да се сакате себеси

    Не плашете се од одразот во огледалото, вие заслужувате да се сакате себеси

    За да бидете „некој“ ви се потребни многу работи. Треба да патувате на најегзотичните места. Треба да ја имате најдобрата кариера. Треба најмногу да заработувате. Треба да го имате најатрактивниот партнер. Треба да имате најмногу следачи и пријатели на социјалните мрежи. Треба да бидете убави. Само тогаш ќе бидете среќни. Само тогаш ќе бидете популарни. Само тогаш ќе имате вредност…rnrnНе плашете се од одразот во огледалото, вие заслужувате да се сакате себесиrnrnЖивееме во свет каде можеме да погледнеме во екран и да ги видиме сите луѓе кои се „подобри“ од нас. Можеме, само со движењето на прстите, да ги видиме сите луѓе кои се поубави, попаметни и кои постигнале многу повеќе од нас. Нашата пренатрупана и наметната неспособност ни е испратена во совршени мали кутии наречени профили кои нѐ чекаат да ги истражиме, квантитативно распоредени за нас во бројки на следачи, пријатели, лајкови.rnrnЖивееме во свет во кој ги избегнуваме сите огледала, бидејќи не сакаме да го погледнеме нашиот одраз. Во кој ја избегнуваме поврзаноста со луѓето, бидејќи сметаме дека сѐ уште не сме најдобрата верзија од себе – утре ќе имаме повеќе пари, подобра облека, подобар живот. Ја избегнуваме љубовта, бидејќи сме убедени дека не сме доволно добри. Чекориме со главата спуштена надолу, бидејќи секоја порака околу нас вели дека сме неадекватни. Бидејќи секогаш изгледа како да има некој поубав, попаметен, подобар, некој… друг.rnrnВака се сакаме. Но, тоа не е љубовта што ја заслужуваме.rnrnНие сме една уникатна колекција од клетки и енергија која веројатно никогаш повторно нема да биде создадена на оваа планета. Во таа смисла, ние сме едни, единствени, сами, вредни. За себе, ние сме најоригиналната личност која некогаш се создала. Како и сите други. Ние заслужуваме да го цениме својот труд, своите достигнувања, она што сме. Не треба да ги игнорираме работите кои ги имаме, заради работите кои ги немаме. Ние имаме посебни таленти, дарби, способности, вештини кои ги делиме со сите, а сепак се само наши и имаме посебна приказна која никој друг нема да може да ја искуси.rnrnЗаслужуваме да запреме да се споредуваме со другите. Сите сме исти во тоа што сме бесконечно различни. Една риба не би се сметала за паметна ако ги оценува своите способности во искачување дрва. Напредокот кој го правиме во својот живот, својата приказна, нема никаква поврзаност со приказните и животните авантури на другите луѓе. Заслужуваме да си простиме себеси. За сѐ.rnrnЗаслужуваме да го живееме секој ден како да е последен. Не треба да се вртиме наназад, бидејќи ќе се сопнеме преку шансите кои се наоѓаат пред нас. Ја заслужуваме самодовербата во нашиот од, насмевката на нашето лице, пролетта која ја оставаме зад секој наш чекор. Заслужуваме да бидеме ние, бидејќи само ние го можеме тоа.rnrnЗаслужуваме уште едно парче торта за десерт, луѓе кои ќе нѐ сакаат и шанса да ги оствариме и најлудите соништа. Тоа не значи дека тие ќе дојдат лесно или дека сѐ ќе биде совршено на крајот, но барем имаме можност да го земеме светот кој што ни е понуден. Ние сме вредни за сѐ она што го имаме и за сѐ она што посакуваме да го имаме. Не дозволувајте ниедна друга личност, реклама или песимистичка мисла да ве убеди поинаку.rnrnКога животот изгледа супер, кога работите не се одбиваат од цилиндари, кога се чувствувате како да го доживувате секој момент, а не само да го живеете – тогаш можеби конечно ќе поверувате во својата уникатна убавина. Вие заслужувате да се сакате без услови и без резервации. Вашата способност не се мери со унапредувањето на работното место или со бројот на пријатели во вашиот социјален круг. Додека вашето срце чука, вие сте вредни.rnrnИ што треба да направиме во деновите кога не можеме да се натераме да поверуваме во ова? Кога сте на крајот од јажето, заврзете го во јазол и држете се. Заслужувате да го дочекате новото утро, и тоа ќе биде подобро. Светот е место од кое сте интегрален, непроценлив и незаменлив дел – и така треба да се третирате. Така треба да се сакате себеси.

  • Отровни мисли кои ви ја трујат визијата за подобар живот

    Отровни мисли кои ви ја трујат визијата за подобар живот

    Свесно или не, луѓето тежнеат да се демотивираат дури и кога тоа е сосема спротивно на она кое сакаат да го постигнат. Сакајќи да се заштитат, тие се спречуваат себеси во искусување нови нешта. Плашејќи се да излезат од својата сигурна зона, си ја одземаат себеси можноста да научат нешто, да запознаат некого, да доживеат многу повеќе од тоа за кое знаат. Веројатноста е дека кај тие луѓе, некои од следниве мисли се токму оние кои, потсвесно, постојано ги враќаат назад колку и тие да се обидуваат да одат напред.rnrn(4)-otrovni-misli-koi-vi-ja-trujat-vizijata-za-podobar-zhivot-kafepauza.mkrn

    „Веќе е доцна…“

    rnНикогаш не е предоцна за да направите нешто, да го преземете првиот чекор или, пак, да свртите нов лист. Треба само навистина да го сакате тоа, што нема да се случи доколку си кажувате себеси дека е премногу доцна. Ова е само изговор за оние кои се плашат од исходот на нивните реакции, па наместо да се мотивираат себеси, се кријат зад зборови како овие.rn

    „Ех да бев попаметен/попаметна, посилен/посилна, поубав/а…“

    rnПовторно празни изговори кои само ве спречуваат навистина да успеете во она што сте го намислиле. Веројатноста е дека веќе сте го слушнале ова, но факт е дека откако еднаш ќе се решите на нешто, тогаш ништо освен самите вие не може да ве спречи во правење на сè што можете и знаете за да го постигнете тоа. Вие сте попаметни, поубави и посилни многу повеќе од што мислите. Направете чекор напред.rn

    „Тоа што имам да го кажам не е важно.“

    rnВажно е, вашиот глас е важен. Кој и да ви кажува поинаку е човек која не ви е потребен во животот. Особено кога станува збор за вашиот живот, не смеете да дозволите некој друг да ви диктира како да го живеете. Вашиот глас е ваше право и треба да се борите за она што го сакате, мислите и сметате дека е во ред. Во спротивно, сета таа тишина ќе ве изеде однатре.rn

    „Колку помалку преземам ризици, толку помалку ќе се каам.“

    rnВелат дека единствено се чувствуваме живи кога преземаме ризици чиј исход не го знаеме. Иако можеби не би се согласиле 100% со оваа изјава, дали би си дозволиле себеси да пропуштите некоја животна прилика само бидејќи постои веројатност да жалите подоцна? Верувајте, каењето е многу поголемо кога стравот од истото ве спречува да преземете ризик кој може да ви го промени животот.rn

    „Ми треба дозвола.“

    rnОд кого? Дали другите бараат дозвола од вас? Дали некој ве прашува вас пред да направи нешто? Епа зошто тогаш вие би требало да барате нечија дозвола? Кога нешто навистина сакате да направите, направете го тоа. Сè што преголемото двоумење ќе направи е тоа што ќе ја храни несигурноста во вас додека истата не е толку голема што веќе нема да сакате ни да се обидете.rnrn(3)-otrovni-misli-koi-vi-ja-trujat-vizijata-za-podobar-zhivot-kafepauza.mkrn

    „Ќе почнам од утре.“

    rnВеројатноста е дека нема, а објаснувањето е толку едноставно – утре ќе имате друга причина повторно да го одложите тоа за што станува збор. А после некое време веќе и ќе заборавите на него. Затоа започнете денес. Не губете повеќе од вашето драгоцено време и почнете веднаш. Подобар момент од сега нема да постои.rn

    „Само сакам да ми биде удобно.“

    rnВистински убавиот живот е надвор од удобноста на границите кои сте си ги поставиле пред себе. Запознавање нови луѓе, учење нови работи, доживување нови авантури. Сигурно посакувате да ѕирнете што сè се наоѓа таму преку границите, нели? Бидејќи удобното е убаво некое време, но размислете што сè можеби пропуштате додека удобно и на сигурно чекате и гледате како вашиот живот поминува покрај вас. Ризикувајте.rn

    „Болката треба да се одбегнува по секоја цена.“

    rnКако што се среќата и убавите моменти дел од вас, така и болката и тагата играат неверојатно важен дел во градењето на вашата личност, став, мислење, желби и аспирации. Живеењето без болка е невозможно и нелогично и е исто како да се обидувате да откинете дел од себе кој има многу важна улога во вашиот живот. Дозволете си да ја почувствувате болката со цел интензитет, распаднете се на милион парчиња ако е тоа потребно, а потоа почнете да се составувате одново. Само така ќе се чувствувате целосни и само така ќе можете да научите уште некоја животна лекција.rn

    „За сè се тие виновни!“

    rnТој, таа, тие… Сите се виновни освен вас, така? Не грижете се, не сте единствени кои бараат кривица во сите останати освен во себе. Првиот инстинкт ни е секогаш да најдеме каде е грешката на другите, често заборавајќи дека за секоја караница, секој проблем требаат минимум двајца. Но што побрзо согледате што вие грешите и како вие можете да ја подобрите ситуацијата и што помалку се концентрирате на тоа да ги обвинувате другите, толку подобро. Најтешко е да признаете и прифатите дека грешите, но само тогаш кога ќе го направите тоа, ќе можете да бидете подобра личност.rn

    „Во ред е ако прекршиш по некое ветување…“

    rnНо, не е. Ветувањето си е ветување и тоа значи дека треба да си го исполните до крај. Во спротивно која е поентата да ветите некому нешто? Уште повеќе, веројатноста е дека едното прекршено ветување ќе стане 2, па 3, па 4 и така натаму, сè додека не се најдете себеси како си го давате овој изговор за секое ветување. Ова им кажува на луѓето дека сте личност на која не можат да се потпрат, дека сте личност на која не ѝ е важно за нив, што порано или подоцна ќе ве доведе во ситуација во која нема да имате ни вие на кого да се потпрете кога тоа ќе ви биде најпотребно.rnrn(1)-otrovni-misli-koi-vi-ja-trujat-vizijata-za-podobar-zhivot-kafepauza.mkrn

    „И верзија на вистината е прифатлива…“

    rnЛесно е да се убедите себеси дека верзии на вистината се прифатливи, но тешко е да прифатите дека сепак постои само една верзија, онаа вистинската, без додатоци и без одземени делови. Уште потешко е да ја кажете таа вистина, од разни причини, меѓу кои најчестата е дека не сакате да повредите некого. Но верувајте, колку е да е болна, вистината е секогаш подобра кога е во својата вистинска форма. Верувајте дека личноста спроти вас е доволна силна да ја чуе и почитувајте како што и вие би сакале да ве почитуваат вас со целата вистина.rn

    „Ако ја игнорирам својата лоша страна, таа ќе исчезне.“

    rnБаш напротив – ќе ве удри со неверојатна сила токму тогаш кога најмалку очекувате. Никој не сака да биде игнориран, па така ни вашата лоша страна. Сите оние лоши навики, мисли, однесувања кои мислите дека е подобро да ги тргнете на страна ќе се вратат само посилни од кога било, решени да ве обземат. Затоа, наместо да ги потиснувате, соочете се со нив и работете на себе. Прифатете ги дека постојат бидејќи само така ќе можете да ги менаџирате во сопствена корист, да ги свртите на подобро и вешто да ги контролирате.rn

    „Едноставно има премногу препреки на патот.“

    rnПрепреките можат да ве сопрат или да ве забрзаат, а сè зависи само од вас. Ако решите да ги гледате како знак за стоп, тогаш никогаш нема да отидете подалеку од идејата која ја имате во глава, но ако ги погледнете како предизвик, тогаш ќе излезете како победник дури и ако не успеете во тоа што сте го замислиле. Ако се прашувате зошто, тогаш одговорот ќе го најдете во следните два збора: Се обидовте. Кој знае, следниот пат можеби ќе успеете.rn

    „Премногу изгубив за да продолжам да се обидувам.“

    rnСекој крај е нов почеток и секој пораз е само нова шанса за победа. Сè во животот е искуство кое или може да ве изгради во подобра личност или да ве кутне на земја, одземајќи ви ја силата повторно да се исправите на нозе. Изборот е ваш, но имајте на ум дека многу повеќе губите кога воопшто не се ни обидувате бидејќи така не си ни давате шанса за нешто повеќе.rn

    „Само сакам денов да заврши што побрзо.“

    rnИскористете го секој ден до максимум, извлечете од него сè што можете и легнете во кревет секоја вечер знаејќи дека тој ден бил сè што можел да биде. Не трошете минути, часови, денови залудно бидејќи тоа време нема никогаш да можете да го вратите назад. Бидете сè што можете да бидете, бидете и повеќе, искусете ги сите авантури и згазете ги сите препреки, доживејте ја целата радост и почувствувајте ја целата болка, живејте го секој ден како да ви е последен.

  • Смелост, сочувство, хумор: Кој е вашиот бренд?

    Смелост, сочувство, хумор: Кој е вашиот бренд?

    Која е сликата што ја даваме за себеси и дали таа соодветствува со тоа што го перципираме како ефективност во работата и импактот кој сакаме да го постигнеме врз една целна публика? Постојат повеќе концепти во брендирањето. Еден е карактерот на брендот и неговите 5 димензии: Искреноста, возбудата, компетентноста, софистикацијата и јачината. Видот на карактерот кој нѐ привлекува кај другите се одредува од тоа што мислиме дека таа личност може да постигне за нас или што можеме да постигнеме заедно со неа. Тогаш веќе развиваме модел по кој постојано се водиме и ги бараме тие одредени карактерни црти.rnrnСмелост, сочувство, хумор: Кој е вашиот бренд?rnrnДруг концепт е употребувањето на бојата. Постојат истражувања кои покажуваат дека бојата може, но и не мора да предизвика конкретни емоции и тој избор за нашиот бренд функционира многу подобро кога е во согласност со карактерот. На пример, црната боја нема да изгледа толку возбудливо како што би изгледала црвената.rnrnНо, да се вратиме назад на оние нешта што го сочинуваат вашиот бренд. Издвојуваме 5 од карактеристиките што се сметаат за најклучни во изградбата на една здрава и силна индивидуа:rn

      rn011

    • Смелост: Бидете смели во именувањето и карактеризирањето на ситуацијата и не дозволувајте тешките разговори да ве обесхрабрат.
    • rn011

    • Можност: Не пропуштајте ја можноста да го зграпчите моментот, да направите нешто поинтересно и да бидете дел од нешто поголемо.
    • rn011

    • Сочувство: Имајте сочувство, бидејќи треба да се грижите за другите и да сакате да им ја дадете вашата поддршка.
    • rn011

    • Образование: Учете, бидејќи има толку многу нешта што треба да се знаат, а растот и развитокот се дел од она што ве дефинира.
    • rn011

    • Хумор: Шегувајте се, бидејќи животот би бил многу тежок и досаден ако не постоеше хуморот.
    • rn

    rnСо цел да имате бренд со кој ќе ги поврзете своите вредности, однесување и комуникација, треба да бидете конзистентни и да се обидете да го „живеете брендот“. Кога сте конзистентни, тогаш ќе добиете поголема доверба и ќе изгледате посилни.rnrnВо светот на брендирањето, постои уште еден концепт кој се однесува на црвените и сините океани. Според Камерон и Холт, авторите на книгата „Културна стратегија“, црвените океани се однесуваат на оние пазари кои се исполнети со натпреварувачи и брендови кои прават клучни промени, а сините океани се оние брендови кои ги ценат футуристичките иновации и немаат директни натпреварувачи.rn

      rn011

    • Сега на вас е редот. Кој е вашиот бренд?
    • rn011

    • Размислете за зборовите кои ви доаѓаат на памет кога треба да се опишете себеси.
    • rn011

    • Идентификувајте го однесувањето кое го имате што го поддржува тој избор на зборови.
    • rn011

    • Предложете им на вашите клиенти и колеги да го направат истото.
    • rn011

    • Запрашајте се дали брендот кој го имате најдобро ѝ служи на кариерата која сакате да ја имате.
    • rn011

    • Како можете да бидете син океан?
    • rn

  • 8 знаци кои покажуваат дека имате силен карактер

    8 знаци кои покажуваат дека имате силен карактер

    Луѓето со силен карактер немаат никаква потреба да се докажуваат или да победуваат, тие едноставно не дозволуваат никој да ги смета за нешто помалку од тоа што се и не се грижат за работите кои другите личности ги мислат за нив. Некои може да ги сметаат за арогантни, доминантни или непристојни, но вистината е далеку од тоа. Оние личности кои имаат силен карактер всушност имаат една многу нежна внатрешна страна. Во продолжение прочитајте ги 8-те особини на луѓето кои се одликуваат со карактерна сила.rnrn8 знаци кои покажуваат дека имате силен карактерrn

    1. Не им се допаѓаат изговорите

    rnЛуѓето со силен карактер не сакаат да го трошат своето време слушајќи ги критиките и оправдувањата на другите луѓе за тоа што тие би можеле да направат. Тие повеќе се концентрираат на тоа што самите можат да направат во врска со пречките кои им стојат на патот кон успехот и да пронајдат соодветно решение.rn

    2. Внимателно ги избираат луѓето кои ги пуштаат во нивниот живот

    rnЛуѓето со силен карактер не чекаат другите да им кажат кои се, што се и што можат да постигнат. Тие се свесни дека на некои луѓе можеби тоа им е потребно за да се чувствуваат подобро, повредно и поцелосно, но знаат дека за нив никогаш нема да има потреба од туѓите оценки за нивниот изглед или однесување.rn

    3. Не се љубители на ситни муабети

    rnЛуѓето со силен карактер имаат многу идеи и наместо да прават ситни муабети со другите, тие сакаат нешто со кое ќе можат да си го олеснат секојдневието и да направат разлика. Но, тоа не значи дека ги одбиваат луѓето околу себе, напротив, тие го ценат доброто друштво, но сметаат дека секој разговор би требало да има некаква поента.rn

    4. Не ја поднесуваат нечувствителноста

    rnСилниот карактер се јавува како резултат на внимателноста и добрата информираност.rn

    5. Знаат како да слушаат

    rnЛуѓето со силен карактер знаат дека во еден комуникациски однос, слушањето е многу поважно од соодветното реагирање и разговарање.rn

    6. Не им е потребно внимание

    rnЛуѓето со силен карактер никогаш немаат потреба да бидат во центарот на вниманието. Тие често ги привлекуваат луѓето со својата харизма и покрај себе сакаат да имаат личности кои знаат да ја ценат нивната карактерна сила, но целта во животот не им е да бидат лидери во социјалните кругови.rn

    7. Тие се бестрашни

    rnСе разбира, тоа не е целосно точно, бидејќи секој човек има барем една работа од која се плаши и која го тера да се сомнева во себе и своите способности. Но, разликата помеѓу луѓето со силен карактер и оние кои тоа го немаат се состои во фактот што првите не дозволуваат стравот да го диктира начинот на кој го водат својот живот.rn

    8. На несигурноста гледаат како на нова шанса

    rnЗа луѓето со силен карактер, несигурноста е шанса да се направи нешто повеќе за да се стане подобра личност. Тие знаат дека не се совршени. Според нив, ако не се обидете да учите и да се развивате, и покрај ризикот дека можеби нема да успеете, тогаш вие воопшто не живеете, туку само постоите.

  • Опра Винфри: 10 едноставни правила за успех

    Опра Винфри: 10 едноставни правила за успех

    Опра Винфри е успешна водителка, актерка, продуцент, медиумски сопственик и голем филантроп. Родена е во сиромашно селско семејство во Мисисипи. Била одгледана од самохрана мајка и доживеала значајни потешкотии во животот, бидејќи, според нејзините изјави, таа била силувана на 9 години, останала бремена на 14, а нејзиниот син починал во раното детство. Како „кралица на медиумите“ и една од највлијателните жени на светот, таа била прогласена за најбогатата афроамериканка во 20-тиот век и нејзиното богатство се проценува на 3 милијарди долари. Според неа, таа го должи својот успех во кариерата и животот на овие 10 едноставни правила.rnrnОпра Винфри: 10 правила за успехrnrn1. Увидете кој е следниот правилен потег.rnrn2. Искористете ја својата шанса.rnrn3. Бидете свесни дека секој прави грешки.rnrn4. Работете на себе.rnrn5. Трчајте во трката до крајот, најбрзо што можете.rnrn6. Верувајте.rnrn7. Знајте дека сите ја бараме истата работа.rnrn8. Пронајдете ја смислата.rnrn9. Останете со нозете цврсто на земја.rnrn10. Опуштете се, сѐ ќе биде во ред.

  • 7 бисери на мудроста кои ќе ве водат кон подобар живот

    7 бисери на мудроста кои ќе ве водат кон подобар живот

    Одвреме-навреме, секому е потребен совет и рамо за плачење. Добриот збор и силната прегратка можат да направат многу за некој кому тие се најпотребни. Колку и да се силни пред сите, понекогаш дури и тие најсилните имаат потреба од разговор со најблиските кои ќе ги посоветуваат и смират со некој мудар збор. Некогаш, доволни се само два-три збора да допрат до некого за тој некој да си го смени животот од корен.rnrn(1)-7-biseri-na-mudrosta-koi-kje-ve-vodat-kon-podobar-zhivot-kafepauza.mkrnrnВелат дека постарите знаат најдобро, а следниве мудри зборови, кои не за џабе со децении наназад се пренесуваат од колено на колено, го докажуваат токму тоа.rn

    1. Немојте премногу цврсто да се држите за сѐ во животот

    rnНишто не е вечно. Сѐ доаѓа и поминува додека да трепнете. Затоа немојте да се држите за нештата како да ќе ви се слизнат низ раце бидејќи токму тоа ќе се случи. Уживајте во нив додека можете и научете да ги пуштите кога е време за тоа.rn

    2. Не плашете се

    rnСтравот е најголемиот непријател на човекот и единственото нешто кое го сопира да направи нешто повеќе од себе и тоа што го може. Стравот е ништо повеќе од губење драгоцено време за кое може да направите многу. Затоа најдете начин да се изборите со своите стравови бидејќи само така ќе можете со полно срце да уживате во животот.rn

    3. Прифатете ги вашите сакани такви какви што се и сакајте ги во секој случај

    rnВо животот често губиме повеќе време концентрирајќи се на тоа што не чини отколку на убавите работи, па така и кај луѓето тежнееме да го бараме лошото и ретко или воопшто не забележувајќи го доброто кај нив. Секој има право да биде свој човек и никој не е без маани, како ни вие. Прифатете ги луѓето такви какви што се и сакајте ги без разлика на сè поради тоа кои се тие за вас и што ви значат.rn

    4. Бидете свои и сакајте се такви какви што сте

    rnЖивотот ви дава милион шанси да бидете подобри луѓе. Доволно е да искористите само една и оттаму да почнете да се градите како личност со која ќе бидете задоволни, која ќе ја почитувате и надградувате секојдневно. Земете ја таа шанса, искористете ја најдобро што можете и станете личноста која сакате да бидете и која ќе ја сакате и почитувате.rn

    5. Прифаќајте и не бидете премногу строги

    rnПрифаќањето работи со кои не се согласувате и луѓе чии ставови и мислења се различни од вашите, е една од најтешките работи кои се бараат од вас за да живеете подобар живот. Не секогаш ќе ви се допаѓа сѐ што ќе видите и чуете, но сепак прифатете го како такво и продолжете понатаму. Немојте да очекувате премногу бидејќи тоа може само да ве разочара. Омекнете кон себе и другите и уживајте повеќе.rn

    6. Бидете скромни

    rnСкромноста е особина на големите луѓе. Бидете меѓу нив. Не сте подобри од другите само бидејќи така мислите. Бидете скромни и прифатете ги луѓето. Препознајте кога е потребно да се истакнете и кога е потребно да се повлечете. Ако е потребно да се извините некому, направете го тоа. Изборете се за она во кое верувате и за вашите соништа.rn

    7. Живејте страсно

    rnЖивотот е краток и еден. Живејте го најдобро што можете и сѐ што правите правете го со страст и желба. Смејте се. Уживајте. Исполнете ги деновите со убави спомени и не губете време на нервирање за работи кои не можете да ги смените. Целете кон исполнување на вашите соништа и остварување на вашите желби. Простете кога е потребно. Сакајте со цело срце и душа и немојте да се каете за ништо.

  • Ова е искористување на втората шанса: Учесник на Икс фактор ќе ве доведе до солзи

    Ова е искористување на втората шанса: Учесник на Икс фактор ќе ве доведе до солзи

    Џејк Квикенден е учесник на овогодишното издание на Икс фактор во Велика Британија. Неговиот прв избор е песната „All of Me“ од Џон Леџенд, која ја почнува добро, но малиот пресврт кој одлучува да го направи после првата строфа го разочарува жирито. Сепак, тие решаваат да му дадат втора шанса и го замолуваат да ги искористи чувствата од некој тежок емотивен момент од неговиот живот и да ги внесе во песната „Say Something“. Тогаш тој ја искористува најдобрата втора шанса во животот. Слушнете го.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 26 животни лекции кои треба да ги научите до 26 години

    26 животни лекции кои треба да ги научите до 26 години

    Дваесет и шестата година од животот е преодна за голем број луѓе. Од деца, треба полека да стануваме возрасни. На оваа возраст треба да почнеме да размислуваме самостојно и да го градиме патот по кој ќе се движи нашиот живот. Ова е сложен период за човекот, бидејќи до неодамна сме биле во студентските клупи и родителите ни пуштале некој денар за џепарлак, а сега наеднаш треба да размислуваме за кариера, за стабилна работа, за вистинската љубов, па и за формирање брак и создавање семејство. Сите овие прашања го оптоваруваат мозокот, но паралелно и нè учат на многу животни лекции кои ќе ни користат во подоцнежните години. rnrnПрочитајте ги овие 26 лекции и сумирајте го вашето досегашно искуство. Потсетувањето за она што сте го научиле досега, понекогаш е важно колку и прифаќањето на следниот предизвик.rnrn26 животни лекции кои треба да ги научите до 26 годиниrnrn1. Да се биде возрасен човек може да биде забавно, само доколку никогаш не заборавите како се однесувавте кога бевте дете.rnrn2. Физичкиот изглед нема никаква врска со љубовта. Врските се градат врз основа на доверба, истрајност, почит и внимание.rnrn3. Насмевките, солзите, задоволството и гневот се фундаментални состојби во нашиот живот. Тие нè прават она што сме – луѓе.rnrn4. Најголемите вистини во животот ќе ги откриете ако сте непрекинато свесни за светот околу вас.rnrn5. Алчноста и користољубието ги уништува и најголемите среќници.rnrn6. Лоши работи им се случуваат и на добрите луѓе.rnrn7. Градењето на вашиот сопствен пат е интелигентна одлука, само доколку никој до сега не стигнал токму онаму каде што сте упатени вие.rnrn8. Скептицизмот е предизвикан од недостаток на знаење. Двоумењето е резултат на страв.rnrn9. Времето ги лекува сите рани… без разлика како се чувствувате во моментов.rnrn10. Во поголемиот дел од времето, она што го барате, се наоѓа точно пред вашите очи.rnrn11. Здравјето е најбитната работа во вашиот живот.rnrn12. Шансите во животот се дар од Бога. Прифаќајте ги шансите, секогаш кога ви се пружа прилика.rnrn13. Љубезноста и напорното работење ќе ве однесат многу подалеку во животот отколку интелигенцијата.rnrn14. Луѓето заслужуваат да им дадете втора шанса, но не и трета.rnrn15. Стапете во брак со вашиот најдобар пријател.rnrn16. Правете многу фотографии од вас и вашите блиски. Еден ден ќе ви биде многу мило за тоа.rnrn17. Парите го олеснуваат животот, само ако тие се ваши и се „чисти“.rnrn18. Неодговорноста е коренот на неуспехот.rnrn19. Вашите постапки во сегашноста креираат спомени на кои ќе се присетувате во подоцнежните години од вашиот живот.rnrn20. Излегувањето надвор од вашата „комфорна зона“ ќе им даде поинаква перспектива на работите, која не можете да ја увидите во моментов.rnrn21. Мотивацијата надоаѓа во куси интервали. Реагирајте додека работата е „жешка“.rnrn22. Намерното игнорирање на очигледното, е исто како да чекорите назад кон вашиот непријател.rnrn23. Преку признавањето на вашиот неуспех, ќе ја изградите основата за вашиот следен успех.rnrn24. Во 50% од случаите, првиот впечаток не игра никаква улога во натамошното креирање на односите.rnrn25. Личното достоинство ќе ве грее цел живот.rnrn26. Ако никогаш не реагирате, никогаш нема ни да ја дознаете вистината.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.