КАФЕ ПАУЗА

Tag: сервис

  • Што се случува додека чекате да ви се вчита видеото на Јутјуб?

    Што се случува додека чекате да ви се вчита видеото на Јутјуб?

    Кусото анимирано видео, насловено како „Progressbar“ е дело на Винсент Брокваир и ни прикажува што всушност се случува додека чекаме целосно да ни се вчита видеото на Јутјуб или на некој друг сличен сервис.Што се случува додека чекате да ви се вчита видеото на Јутјуб?rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Онлајн-водич: Патување со кола по светот

    Онлајн-водич: Патување со кола по светот

    Како што патувањето со кола по светот станува сè попопуларен облик на авантура, на интернет се појавуваат сè поголем број веб-сајтови кои можат да ви бидат од голема помош совршено да го организирате вашето патување.rnrnОнлајн водич: патување со кола по светотrnrnПокрај задолжителниот технички преглед на автомобилот, спремањето одлична музика за по пат, силната волја и начелниот план за патувањето, треба да се потковате и со бројни информации пред да излезете на отворен пат. Покрај познатите сервиси како „Tripadvisor“ „Booking“ и „Airbnb“, кои ќе ви помогнат да најдете пристапно сместување и да прочитате нешто повеќе за сместувачкиот објект и за местото, ова се неколку сервиси кои ќе ви го направат патувањето полесно.rn

    Theaa

    rnОвој сервис има интересни општи совети за тоа кои документи ви се потребни за патувањето, како и конкретни совети и препораки за секоја земја. Исто така, нуди и преглед на сообраќајните знаци на кои можете да наидете на патот, информации колку промили алкохол е дозволено, дали морате да возите со светла преку ден и слично. Тука ќе ги најдете и цените на патарините на најважните европски патишта.rn

    Viamichelin

    rnОва е најдобриот веб-сајт за патување според оценките од корисниците, бидејќи овозможува да ја одберете рутата која според вас е најдобра, најекономична и најкратка. Тука ќе најдете и препораки за хотели, ресторани и знаменитости за разгледување. Покрај тоа сајтот ви нуди и приказ на бензински станици и паркиралишта и пристап до одлични карти со упатства за возачите.rn

    Driverabroad

    rnОвој веб-сајт нуди необични информации како листи со најопасните патишта во светот (најмногу ги има во Еритреја), најпрометните патишта (најмногу во Мароко), необични закони и слични податоци. Исто така, сајтот нуди детален преглед на патиштата во преку 200 земји.rn

    Angloinfo

    rnОвој сајт првенствено е наменет за луѓе кои се селат од една во друга земја. Покрива 38 земји, повеќето од Европа, а голем дел од информациите се посветени на законите и прописите, но има и совети што да направите во случај на сообраќајна несреќа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Би платиле ли 1.300 долари за да ве киднапираат?

    Би платиле ли 1.300 долари за да ве киднапираат?

    Ви недостига ли малку адреналин во вашето здодевно секојдневие? Доколку џебот ви е длабок и сакате да ја уништите монотонијата, имате ексклузивна можност да ѝ платите на француската компанија „Ultime Realite“ да ве киднапира, чисто онака за разонода. Кој го гледал филмот „The Game” (1997) со Мајкл Даглас, веднаш ќе се сети за што станува збор.rnrnБи платиле ли 1.300 долари за да ве киднапираат?rnrn30-годишниот Жорж Зиксус од Франција ја основаше оваа компанија уште пред 3 години, која зa 1.300 американски долари нуди основен пакет: сосема неочекувано ве киднапираат непознати луѓе, ве сместуваат во багажник, а потоа неколку часа ве држат на непозната локација.rnrnОние со подлабок џеб, кои сакаат да се почувствуваат како во вистински крими- филм од Холивуд, можат да си нарачаат и поекстремно искуство, кое предвидува подолго сценарио со пострашно искуство, вклучуваjќи бркотници со хеликоптери и бродови.rnrnКлиентите можат сами да си одберат сценарио, а при нарачката потпишуваат договор дека киднапирањето може да се случи кога било. „Киднаперите“ ќе ве следат неколку дена и кога најмалку ќе претпоставувате, во погоден момент за нив, ќе ве начекаат на улица или на друго место и ќе ве киднапираат.rnrnБи платиле ли 1.300 долари за да ве киднапираат?rnrnНа сајтот на компанијата пишува: „Ќе поминете низ вистинска сензација од насилство, терор и страв, кои се јавуваат во реалното киднапирање. Тоа е психолошки шок кој нема лесно да го заборавите.“rnrnИскуството го споредуваат со некои други екстремни спортови како што се скокање со банџи и слободно паѓање од авион со падобран.rn
    rn

    Никој во текот на киднапирањето не е повреден, бидејќи тоа не е дел од планот. Ние заеднички размислуваме за физичките и психолошките ограничувања. Она што јас го нудам е тотално контролирано искуство, кое овозможува да ја проширите вашата лична визија. Сѐ е возможно. Јас го идентификувам она што мојот клиент го сака и потоа се трудам истото да го претворам во акција. Се разбира, доколку клиентот во одреден момент почувствува дека ги надминал границите на неговата издржливост, може да ја прекине играта, служејќи се со претходно договорената лозинка. Може да се каже дека целта на оваа компанија е да се допре до најголемиот страв на клиентот, она што се прикрадува од крајот од неговиот ум, она за коешто никогаш не се осудил да зборува гласно.“ – вели Рожер

    rnКомпанијата нуди и други специфични услуги како што се: да бидете преводници во потера по бегалец, да бидете следени од ловци на награди, да присуствувате на сопствениот погреб, да поминете една ноќ во мртовечница или да си го испробате талентот за некои „сиви“ бизниси, како на пример шверц на дрога.rnrnОваа компанија нуди пакет од искуства, кои звучат освежувачки. Нешто што секојдневните луѓе можеби нема никогаш да го искусат. Но, нивната работа не е толку воодушевувачка за сведоците или луѓето кои поминуваат во близина во текот на „киднапирањето“ и немаат поим дека станува збор за лажен настан. Сервисот не е стриктно илегален, но портпарол од француската полиција изјавил дека компанијата ќе мора да ги предупредува локалните надлежни органи, за да нема вознемирувачки повици од сведоците.rn
    rn

    Според француската полиција и кривичниот закон, не постои причина да го забраниме сервисот, бидејќи жртвата го одобрува настанот, што значи дека не се случува криминал. Но да, работите можат да се искомплицираат доколку некој пријави киднапирање и полицијата се вмеша.“ – објаснува портпаролот

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лесен начин за наоѓање работа од дома

    Лесен начин за наоѓање работа од дома

    Доколку повторно почнеме да зборуваме за тоа колку е тешко во Македонија да се најде работа, како нема перспектива за младите во сопствената земја, муабетот ќе се сведе на тоа дека секој разумен граѓанин не сака да биде сведок на уште едно излевање на способни кадри надвор од нашата земја.Лесен начин за наоѓање работа од домаНо, во воздухот сѐ уште стои прашањето како да се извлече нешто позитивно од ваквата ситуација? Па многу лесно: Постои проблем, потребно е решение!rnrnТака е родена идејата за „Elancer“. Тоа е веб-сајт кој служи како механизам за регулирање на понудата и побарувачката на работа. Многу едноставно, секое правно или физичко лице може да креира свој профил, како понудувач или како некој кој бара работа. Карактерот на работата може да е од каков било профил.rnrnНајновите трендови само уште повеќе го потврдуваат фактот дека работењето од дома станува сè подоминантно како принцип на функционирање на голем број работни односи. Секако дека на „Elancer“ може да се доставуваат услуги од секаков вид, не само компјутерски туку и физички.Лесен начин за наоѓање работа од домаДенес сме сведоци како пред наши очи настануваат значајни трансформации на традиционалните работни места. Работните задачи во сѐ поголем волумен можат да бидат извршени од дома и да се доставуваат до работодавачот преку интернет-конекција.rnrnДоста интересна информација е тоа што од младите луѓе денес се очекува во текот на својата кариера да променат ни помалку ни повеќе туку од 10 до 14 работни места. Овие бројки доволно кажуваат за настанатите промени на пазарот на труд. До израз доаѓа флексибилната природа на работата која нуди голем број предизвици за луѓето. Ваквото движење било невозможно да се предвиди пред 20 години, а денес сме соочени со турбулентни промени кои работат на олеснување на сите аспекти од секојдневието.rnrnДали се вредни времето и непотребните напори при користење на застарениот модел за ангажирање луѓе? Дали се потребни сите тие часови минати во бесцелно листање огласи и долгите постапки на аплицирање?rnrnВеб-сајтот www.еlancer.mk е одлична можност за секоја амбициозна, способна личност или пак модерна компанија да бира од низа можности. Со Elancer веќе не е важно формалното образование, мама и тато и нивните пријатели, тука доаѓаат до израз вистинските способности. CV-то е композиција од лични достигнувања и способности кои треба да се покажат на дело во наредниот работен однос.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдете евтино сместување насекаде во светот

    Најдете евтино сместување насекаде во светот

    Автор: Александар НиневскиrnrnAirBNB е стартап компанија која што им овозможува на корисниците да најдат сместување од други корисници. Оваа компанија започнала со работа на почетокот на 2008 година со прикажување на места за одредени настани и конференции кога цените на хотелите се особено високи, но набрзо сфатиле дека може лесно да се прошири и за секакви други пригоди. Иако на почетокот се нуделе огласи само во САД, во јули 2011 го прошируваат својот сервис на глобално ниво. За популарноста на овој сервис говори и фактот што Ештон Кучер инвестирал во него.Најдете евтино сместување насекаде во светотДоколку сакате да патувате негде, само ја внесувате вашата дестинација, ги избирате соодветните датуми и останува да го изберете местото што најмногу ви одговара. Може да разгледувате слики, како и да прочитате коментари од други корисници што претходно престојувале таму.rnrnИсто така можете бесплатно да го огласите вашиот стан, па можете и да заработите нешто. Меѓу огласите може да се најде само кревет во стан заедно со домаќини, како и цели станови, па и куќи.rnrnПогледнете го следното промотивно видео за тоа како функционира AirBNB.rn

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #25

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #25

    Совршена уметност во шолја полна со штотуку сварено кафе. Има ли подобар начин за започнување на денот? Оваа позадина е за луѓето кои ги сакаат едноставните нешта, кои умеат да уживаат во нив, кои умеат да го видат и доживеат очигледното на поинаков начин. Одличен сервис за кафе, пеперутка во филџан, сосема доволно пена и многу кафен простор за вашите икони.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #25
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

  • Елегантен сервис за чај

    Елегантен сервис за чај

    Овој елегантен, носталгичен и декадентен сервис за чај е дизајниран од  Tina Tsang и е наречен Blaue Blume. Погледот веднаш паѓа на нозете кои се главна атракција на секој дел од керамичкиот сервис за чај. Тие имаат функција на рачки или лажички. Особено привлечни се нозете на држачот за колачи. Сервисот содржи: шолја за чај, чајник, бокалче за млеко, држач за колачи, чинии и сад за шеќер во форма на када за бањање.Елегантен сервис за чајЕлегантен сервис за чајЕлегантен сервис за чајЕлегантен сервис за чајЕлегантен сервис за чајЕлегантен сервис за чајЕлегантен сервис за чајЕлегантен сервис за чајЕлегантен сервис за чајЕлегантен сервис за чајЕлегантен сервис за чај