КАФЕ ПАУЗА

Tag: секс поза

  • Полетајте со секс позата пеперутка

    Полетајте со секс позата пеперутка

    Желни сте за ново сексуално искуство со вашиот партнер? Наш предлог – пробајте ја позата пеперутка. Подгответе се да полетате заедно.rn

    Еротски инструкции

    rnКлучот за доведување во оваа позиција е точно да се наместат партнерите еден кон друг. Најпрво најдете место каде што девојката може да легне, а машкото да стои пред неа. Битно е карлицата на девојката да доаѓа подолу од неговата за околу 30 см. Ако имате висок кревет, може да го направите тоа таму или пак да најдете маса, шанк, па дури и да ја употребите хаубата од вашиот автомобил. Потоа девојката треба да ги подигне нозете и да ги потпре на неговите рамена. Таа треба да ја навали карлицата кон него и да остане прилепена со грбот за подлогата, формирајќи прав агол со неговото исправено тело. Тој треба да ги постави рацете на нејзините колкови за да ја држи под вистинскиот агол додека се придвижува.rnrn(1) Poletajte so seks pozata peperutka-kafepauza.mkrn

    Зошто ќе уживате во оваа поза?

    rnСекс позата пеперутка овозможува екстазно задоволство за двата партнери без вложување на премногу енергија. Аголот на навалување на карлицата овозможува потполна пенетрација и триење кое создава треперливо чувство за двајцата. Кога се прави многу бавно, чувството е уште подобро. А резултатот? Ќе доживеете оргазам од кој ќе мислите дека летате.rn

    Бонус совет за девојките

    rnОва е одлична поза која ви дава добар пристап и за малку соло акција. Масирајте го вашиот клиторис за да си помогнете во стимулацијата. Кога вашиот партнер ќе види дека сами работите на вашето блажено чувство, ќе го возбудите до степен што ќе се чувствува како да лета.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрата секс-поза за под туш

    Најдобрата секс-поза за под туш

    Сексот под туш е неверојатен, но доколку никогаш не сте го пробале, можеби немате ни храброст да го сторите тоа. Пробајте ја оваа палава секс-поза која веднаш ќе ви ја покрене самодовербата и ќе станете толку зависни од неа, што ќе посакате да ја правите одново и одново… Поради уникатниот агол на водење љубов, постојат многу големи шанси девојката да доживее оргазам.rnrnНајдобрата секс-поза за под тушrn

    Упатство:

    rnrnТаа: застанете со грб свртени кон вашиот партнер и потоа пополека наведнете се нанапред и ставете ги дланките на подот. Доколку флексибилноста не е вашата јака страна, едноставно поднаведнете ги колената малку за да се наместите правилно.rnrnТој: пенетрирајте во својата партнерка одзади, притоа држејќи ја цврсто за половината со рацете, за ниеден од вас да не изгуби рамнотежа.rnrnБонус: за да биде атмосферата уште „пожешка“ добро би било да влезете под туш со облека. Девојката може да облече само фустанче, а момчето маица и куси памучни шорцеви. Забавата може да започне така што ќе почнете да се бакнувате облечени, под млазот вода. Со среќа!  :)rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Секс-пози кои треба да ги пробате на новогодишната вечер

    Секс-пози кои треба да ги пробате на новогодишната вечер

    Сите едвај чекаме да дојде Нова година. 31 декември е ден кога цел свет празнува, се дотерува и се забавува. Откако забавата ќе пројде, останува уште едно човечко задоволство – сексот. За да допре новогодишниот дух во вашиот сексуален живот, зачинете го испробувајќи ги овие несекојдневни секс-пози со вашиот партнер.rnrn

    1. Снежен ангел

    rnСекс пози кои треба да ги пробате на новогодишната вечерrnrnПридобивки: Жената има поглед кон задникот на нејзиниот партнер.rnrnОва е доста предизвикувачка поза, но и доста несекојдневна што ја прави идеална за новогодишната вечер. Таа лежи на грб, а тој свртен на стомак и со главата насочен на спротивна страна од неа, се потпира на нејзината карлица за да може да пенетрира. Голема е улогата и на жената во оваа поза, бидејќи таа треба да го држи партнерот за задникот за да му помогне полесно да се движи напред-назад. За задоволството да биде уште поголемо, таа може паралелно и да му го масира задникот.rnrn

    2. Лулање на топка за пилатес

    rnСекс пози кои треба да ги пробате на новогодишната вечерrnrnПридобивки: Машкото ќе ужива да биде во улога на стол на неговата дама, а топката за пилатес ќе му овозможи флексибилно пенетрирање и обострано задоволство.rnrnДоколку после новогодишната прослава партнерите завршат кај девојката и имаат топка за пилатес „на лагер“, сè што треба да направат е следново: машкото да седне на топката, потпирајќи ги стапалата на подот, а девојката да седне свртена со грб врз неговиот пенис и со расчекорени нозе. Така наместени, треба да почнат да прават кружни движења, а девојката да потскокнува.rnrn

    3. Придружба во тоалет

    rnСекс пози кои треба да ги пробате на новогодишната вечерrnrnПридобивки: Оваа поза ќе ви овозможи брз секс, одличен за време на новогодишната забава.rnrnОва е секс-поза за оние кои имаат авантуристички дух. Двајцата треба да се прикрадете во тоалетот (кога никој не ве гледа) и свртени кон огледалото да се соблечете голи. Девојката е потпрена со рацете на лавабото и поднавалена, а машкото пенетрира во нејзината вагина одзади. Оваа поза овозможува контакт со очи помеѓу партнерите, како и стимулација на Г-точката кај жената.rnrn

    4. Сурфер на кауч

    rnСекс пози кои треба да ги пробате на новогодишната вечерrnrnПридобивки: Оваа поза е погодна за секс на екс и го зачинува сексуалниот живот на партнерите.rnrnДевојката треба да се навали на потпирачот од каучот на стомак, а тој да пенетрира во неа одзади, исправен и со расчекорени нозе. Девојката може да помогне во фиксирање на телата, држејќи се за цврстото сунѓересто перниче од каучот. За додатно уживање, девојката треба да ги прекрсти стапалата, при што ќе се стегнат нејзините вагинални мускули, околу неговиот пенис.rnrn

    5. Водопад

    rnСекс пози кои треба да ги пробате на новогодишната вечерrnrnПридобивки: Поради положбата на телото на машкото, неговиот пенис длабински влегува во вагината.rnrnМашкото треба да легне на грб на работ од креветот, потпирајќи се со главата и рамениците на подот, а таа го контролира движењето, седната одозгора и потпрена со врвот од стапалата на бочната страна од креветот. Крвта динамично ќе циркулира низ неговиот пенис, што ќе му предизвика неверојатно задоволство додека доживува оргазам.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врска

    10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врска

    Долгите љубовни врски можат да станат рутински и по малку досадни, а партнерите не смеат да си дозволат тоа да им се случи, доколку сакаат нивната љубов да трае. Што ја одржува една врска да биде свежа после неколку години? – Добриот сексуален живот и слатките секси работи кои нема да ви го одземаат времето, а ќе ја „зачинат“ вашата врска.rnrnНавидум мали и неважни секси постапки можат значително да ви ја подигнат самодовербата, да ги разгорат искрите во кревет, да внесат авантуристички дух во вашата врска, да ја зголемат емоционалната поврзаност со партнерот и да ви го направат секој ден возбудлив и вреден за живеење.rn
    rn

    1. Флертувајте безопасно

    rnДоколку забележите убаво/а момче/девојка додека го пиете попладневното кафе во некој бар, не плашете се шармантно да му/ѝ се насмевнете, само затоа што сте во сериозна врска и мислите дека тоа би било погрешно. Напротив, доколку сте во искрена и стабилна врска, краткиот, спонтан и безопасен флерт ќе ви ја подигне вашата самодоверба, ќе ви ја зголеми сексуалноста, а потоа тие искри ќе ги пренесете во креветот на вашиот партнер.rn10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врскаrn

    2. Спијте голи

    rnПонекогаш, на секој од нас навистина ни е потребно да си го посветиме денот на себеси. Запалете свеќи во вашата бања, почестете се со долго капење во топла пенлива када. Потоа, тргнете ги пижамите настрана и не дозволувајте ништо да застане помеѓу вас и вашиот чаршав. Допирот на вашата кожа со памучниот или уште подобро со сатенскиот чаршав, ќе направи да бидете подобро запознаени со вашето тело и сексуалност.rn10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врскаrn

    3. Изберете ја долната облека на вашиот партнер

    rnДевојката може да му понуди на своето момче да ги избере нејзиниот градник и гаќички во кои таа му изгледа најсекси. Потоа, таа може да му предложи на момчето да облече тесни и кратки боксерици. За да биде уште повозбудливо, изненадете го вашиот партнер со тоа што ќе му купите нова „жешка“ долна облека без тој да знае.rn10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врскаrn

    4. Направете заеднички секси фотки

    rnПозирајте со вашиот партнер и фотографирајте ги тие секси моменти кои ќе ви бидат визуелен потсетник на вашата сензуалност. Покријте ги интимните делови со неговите боксерици или соблечете се целосно како од мајка родени. Изборот е ваш!rn10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врскаrn

    5. Напишете ваша лична еротска приказна

    rnСо веб-сајтот hoochymail.com, на вашиот партнер можете да му испратите секси приказна во која вие двајца ќе бидете во главните улоги. Сé што треба да направите е да ги пополните омилените работи на вашиот партнер, како и најубавиот дел од неговото тело и еротичната приказна ќе се напише сама. Сето тоа е бесплатно, а мејлот ќе стигне до двајцата. Звучи примамливо нели?rn10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врскаrn

    6. Потрошете повеќе време на предиграта

    rnВодете љубов како тинејџери. Бакнувајте се страсно и долго и дозволете му на партнерот полека да ве соблекува. Обидете се да го одложувате нагонот што е можно подолго бидејќи предиграта ќе го направи вашиот секс поенергичен, а на крајот и двајцата ќе бидете задоволни.rn10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врскаrn

    7. Споделете сексуална фантазија и пробајте нова секс поза

    rnСподелете некаква сексуална фантазија со вашиот партнер и во детали објаснете му што ќе се случи ако се оствари. Потоа експериментирајте со пробувањето нови секс пози, кои ќе ви помогнат да откриете во која максимално уживате. Отворањето кон вашиот партнер ќе ја зајакне вашата интимност и ќе ја подобри меѓусебната доверба.10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врскаrn

    8. Нацртајте ги ерогените зони на партнерот

    rnНацртајте две човечки фигури на хартија кои ве претставуваат вас и вашиот партнер. Без да гледате во цртежот на вашиот партнер, обележете ги деловите од телото кои мислите дека вашиот партнер сака да му ги допирате. На крајот заменете ги цртежите.10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врскаrn

    9. Имајте секс на необични места

    rnСексот во спалната може да стане монотон и да наликува на секој претходен. Затоа, променете ја просторијата. Правењето на „таа работа“ во другите соби од вашиот дом каде што готвите, перете или ги пресметувате сметките, ќе направи да се чувствувате „валкано“.rn10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врскаrn

    10. Разбудете го животното во вас

    rnМногу жени велат дека ги „пали“ мирисот на машкото тело, особено делот околу вратот. Во тој контекст, носењето на неговата маица или капењето со неговиот гел за туширање додека е тој на пат, може да направи да се чувствувате поблиску до него и да ви биде попривлечен. За да не се чувствува тој осамен додека е далеку од дома, подарете му еден пар гаќички. Верувајте дека едвај ќе чека да ви се фрли во прегратки.rn10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врска
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn