Зарем постои жена која не се радува на букет прекрасни ружи? Ние ги чуваме, им менуваме вода, па дури и им ставаме шеќер за подолго да „траат“, но животот на секоја ружа секогаш завршува исто – во корпата за отпадоци. Имајќи го тоа на ум, што ако ви кажеме дека вие би можеле со помош на овенатите ливчиња да направите миризлива купка за бањање?rnrn
rnrnПроцесот е многу едноставен. Скинете ги лисјата од ружата, ставете ги во тегла и додајте 200 грама крупна морска сол. Добро затворете ја теглата и протресете со цел рамномерно да се распространат и оставете ја да отстои на топло место околу 20-тина денови. Во текот на тоа време, солта ќе ја извлече сета ароматична материја од лисјата и подоцна можете да ја користите како купка. Вашата кожа не само што ќе мириса прекрасно, туку ќе стане и толку нежна што нема да можете да си поверувате.
Tag: ружи
-

Не фрлајте ги овенатите ружи: Направете домашна купка за врвно задоволство
-

Ружи од јаболка кои се вкусни како што изгледаат
Не мора да бидете врвен готвач за да го направите овој колач кој навистина е вкусен како што изгледа
rn
rnПотребни состојки:
rn
- rn011
- едно пакетче смрзнато лиснато тесто
- 2 црвени јаболка
- сок од половина лимон
- една лажица брашно за попрскување на површината
- 3 лажици мармалад од кајсија
- цимет и шеќер во прав по желба
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnИсчистете ги јаболката, исечете ги на тенки парченца и ставете ги во сад во кој претходно сте го раствориле лимоновиот сок со вода. Потоа садот со јаболката ставете го во микробранова околу 3 минути за да омекнат.rnrn
rnrnПопрскајте ја површината за работа со брашно и врз неа поставете го лиснатото тесто. Исечете го на 6 долгнавести парчиња, намачкајте го со мармаладот од кајсии и наредете го со тенко исечените парчиња јаболка како на сликата. Јаболката треба претходно да ги исцедите од течноста.rnrn
rnrnПопрскајте ги со цимет и замотајте го тестото во форма на мали ружички. Секоја од ружичките ставете ја во калап за печење.rnrn


rnrnПечете на 200 степени околу 40-45 минути додека убаво не се испечат. На крај попрскајте ги со шеќер во прав.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Милион ружи за лутата сопруга
Дека луѓето можат да изнајдат безброј начини само да го решат недоразбирањето со својот партнер, говори и овој пример во кој мажот во знак на извинување на својата сопруга ѝ подарил 1 милион ружи. Човекот доаѓа од Казахстан, па откако се скарал со својата сопруга решил да ја изненади на сосема неочекуван и досега невиден начин.
Тој навистина се намачил за да го направи ова изненадување. Бидејќи тие живеат на југот од Казахстан, за да најде соодветна цвеќарница која ќе ги набави цвеќињата, морал да појде во најголемиот град во државата, Алмати.rnrn„Веќе ги нарачавме ружите од Холандија. Сите ќе бидат црвени и со иста големина. На сите купувачи кои нарачуваат поголема бројка на цветови им даваме голем попуст, ама досега никогаш не се случило некој да купи олку многу цветови“, – изјавил продавачот од цвеќарницата.
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.