КАФЕ ПАУЗА

Tag: розе

  • Колку долго трае едно шише вино откако ќе го отворите?

    Колку долго трае едно шише вино откако ќе го отворите?

    Дали можете да пиете црвено вино кое една недела стоело во фрижидер? Или пак, колку долго трае еден шампањ? И покрај тоа што постојат добро затворени вина кои можат да траат и до еден месец, постојат и некои кои не можат да се пијат ни по само 3 дена. Според инфографикот направен од страна на „WineFolly“, секое вино си има свој различен рок на траење откако ќе биде отворено.rnrnКолку долго трае едно шише вино откако ќе го отворите?rnrnИ покрај тоа што шампањот може многу брзо да го изгуби својот сјај откако ќе биде отворен, тој сепак може да се пие и до три дена подоцна, но само ако шишето е со тапа. Кога станува збор за белите и розе вина, отворените шишињата, кога се чуваат во фрижидер, можат да се пијат и до една недела, ако се затворени со тапа. Според Маделин Пукет, одредени италијански и француски бели или розе вина имаат дури и подобар вкус откако неколку дена ќе стојат отворени.rn

    „Повеќето бели и розе вина можат да се пијат и до една недела откако ќе ги отворите ако ги чувате во фрижидер. Но, ќе забележите како вкусот суптилно се менува откако виното ќе почне да оксидира. Некои вина дури и ќе ви имаат подобар вкус отколку првиот ден, вклучувајќи ги и оние вина кои доаѓаат од постудена клима“, вели таа.

    rnВината со помала киселост имаат тенденција да траат пократко од посветлите вина, па токму затоа тие можат да се пијат од 3 до 5 дена откако ќе се отворат и чуваат во фрижидер. Повторно, тие мора да бидат затворени со тапа или нивното времетраење ќе се намали за половина.rnrnЦрвените вина можат да издржат од 3 до 5 дена на ладно и темно место. Вие можете да ги сместите и во фрижидер со цел тие да траат подолго. Но, не сите црвени вина ја имаат истата моќ на траење. Оние кои имаат многу мало количество танин, ќе се расипат побрзо од оние со повеќе. Од друга страна пак, оние вина кои содржат бренди во нив ќе траат многу подолго од сите останати.rnrnЕдно правило кое треба да го имате на ум е тоа дека колку е послатко виното, толку подолго ќе трае, но мора да се погрижите да го чувате добро затворено, на ладно и темно место. Исто така имајте на ум дека оние вина кои се во кутија или картон, можат да траат и до 28 дена во фрижидер.

  • Заштитни бои на познатите

    Заштитни бои на познатите

    Сите имаме омилена боја која преовладува во нашиот гардеробер. Кои им се омилени бои на славните личности?rnrn

    Која е заштитна боја на познатите?
    Сара Џесика Паркер – жешка розе
    rnrn
    Која е заштитна боја на познатите?
    Ријана – црвена
    rnrn
    Која е заштитна боја на познатите?
    Селена Гомез – виолетова
    rnrn
    Која е заштитна боја на познатите?
    Малин Акермен – жолта
    rnrn
    Која е заштитна боја на познатите?
    Кејт Босворт – портокалова
    rnrn
    Која е заштитна боја на познатите?
    Џулиен Мур – зелена
    rnrn
    Која е заштитна боја на познатите?
    Деми Мур – кралско сина
    rnrnКоја е вашата заштитна боја по која ве препознаваат?