КАФЕ ПАУЗА

Tag: Ролс Ројс

  • Историјата на најпознатите автомобилски логоа

    Историјата на најпознатите автомобилски логоа

    Голем дел од автомобилските логоа, кои биле создадени за време на подемот на автомобилската индустрија, претставуваат конкретни теми или идеи зад кои се кријат интересни приказни.rn
    rn

    Духот на екстазата, Ролс Ројс

    rnЛогото кое се наоѓа на хаубата на секој Ролс Ројс е исто толку екстравагантно како и самиот автомобил. Сепак, потеклото на „Духот на екстазата“, лого кое е познато и како „Сребрената дама“ или „Летечката дама“, е прилично скандалозно. Првото лого било дизајнирано за автомоблиот на Џон Волтер Едвард Монтагу, вториот барон Монтагу од Болие и уредник на списанието Car Illustrated во почетокот на 1900-тите години. Дизајнер на логото бил скулпторот Чарлс Робинсон Сајкс, кој идејата за женската фигура ја добил од Еленор Веласко Торнтон, секретарка и не толку тајна љубовница на баронот. Првичното лого претставувало женска фигура облечена во лесна облека која го држи прстот на усните што всушност ја означува тајната љубов на баронот и секретарката. Историјата на најпознатите автомобилски логоаrn

    Амблемот во венец, Кадилак

    rnКога Вилијам Марфи и Хенри Леланд во 1902 година ја основале компанијата Кадилак, тие сакале да му изразат благодарност на основачот на Мотор Сити, Антоан де Кадилак. Марфи и Леланд не го искористиле само неговото име, туку и грбот кој го регистрирале како трговска марка во 1906 година. И додека модерното лого вклучува венец и чист дизајн, првичната верзија опфаќала две групи од по три патки кои го симболизирале Светото Тројство и круна со девет врвови кои ги означувале античките точки на Франција. Историјата на најпознатите автомобилски логоаrn

    Црниот пастув, Ферари

    rnЦрниот пастув на златна позадина за првпат се појавил во 1932 година на Гран При трката во Белгија, но на автомобилите од компанијата Алфа Ромео. Истиот амблем се појавил и многу порано, за време на Првата светска војна, кога ги красел борбените авиони управувани од италијанскиот гроф Франческо Барака, познат како „кавалер на небото“. По смртта на пилотот, неговата мајка му го претставила амблемот на Енцо Ферари кој ја направил позадината жолта и ги додал боите на италијанското знаме. Историјата на најпознатите автомобилски логоаrn

    Змијата на Алфа Ромео

    rnЛогото на Алфа Ромео е креирано од страна на еден италијански сликар во 1910 година и претставува комбинација на два симбола од раниот период на Италија. Од десната страна се наоѓа „biscione“, односно змија која јаде луѓе, која се наоѓала и на грбот на средновековниот благороднички ред Висконти. Од левата страна, пак, има црвен крст на бела позадина кој истовремено е и амблем на Милано. Логото било редизајнирано во 1918 година, кога бил додаден темносин прстен околу него на кој биле напишани зборовите „Алфа“, „Ромео“ и „Милано“. Конечниот изглед логото го добило во 1970 година. Историјата на најпознатите автомобилски логоаrn

    Ѕвездата со три крака, Мерцедес Бенц

    rnОткако „Мерцедес“ станало официјално трговско име за автомобилската групација „Дајмлер-Мерцедес“, компанијата побарала дефинирање на логото. Во 1909 година, Пол и Адолф Дајмлер, синови на основачот на компанијата Готлиб Дајмлер, ја презентирале идејата за користење на ѕвездата како симбол за амблем на автомобили. Готлиб Дајмлер, кој прво работел како технички директор во Келн, ја нацртал ѕвездата на една разгледница која ѝ ја испратил на сопругата. Во разгледницата пишувало дека ѕвездата означува напредок и дека еден ден ќе сјае на неговата фабрика. Историјата на најпознатите автомобилски логоаrn

    Рондото на БМВ

    rnМонгумина ја знаат приказната за логото на БМВ на кое белиот пропелер се врти кон синото небо. Но, ова објаснување е чиста заблуда. Рондото всушност е комбинација од црн круг на кој е напишано името на компанијата и слики кои личат на сините и белите дијаманти од знамето на слободната Баварска држава. Сепак, шемата на боите на дијамантите е обратна од онаа на знамето затоа што во тоа време било забрането националните симболи да се користат како трговски марки. Историјата на најпознатите автомобилски логоаrn

    Панделката на Шевролет

    rnПрепознатливата панделка на Шевролетот е креација на Вилијам Дурант, ко-основачот на Џенерал Моторс и Шевролет. Но, постојат различни приказни за настанувањето на логото. Најприфатена е верзијата според која Дурант бил инспириран од шарата на тапетот во еден хотел во Париз. Сепак, неговата ќерка во книгата „Мојот татко“ ќе напише дека Дурант ја добил идејата за логото за време на една вечера кога ги погледнал супата и пилешкото месо. За разлика од неговата ќерка, сопругата на Дурант во едно интервју изјавила дека тој го забележал логото додека читал весник во хотелска соба во Вирџинија. Историјата на најпознатите автомобилски логоаrn

    Стрелата на Понтијак

    rnЏенерал Моторс за првпат го пуштил Понтијак во употреба во 1926 година, како придружна марка на својата автомобилска линија во Оукленд. Зборот „Понтијак“ потекнува од американско–индијанскиот главатар Понтијак кој кренал неуспешен бунт против Британците. Оваа референца посебно се однесувала на оригиналното лого кое личело на американско–индијанска капа. Ова лого било во употреба сè до 1956 година, кога било заменето со препознатливата и стилизирана црвена стрела со сребрена ѕвезда во средината. Историјата на најпознатите автомобилски логоа
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најбрзото купе на Ролс Ројс „Ghost“

    Најбрзото купе на Ролс Ројс „Ghost“

    Новото купе на Ролс Ројс „Ghost“ ќе има над 600 коњски сили, со што ќе стане најбрзото возило кое некогаш го има направено овој производител. Неодамна на интернет беа објавени шпиунски слики направени за време на тестирањето на новото купе кое најверојатно ќе го носи името „Ghost“ или можеби „Corniche“.Најбрзото купе на Ролс Ројс „Ghost“Новото купе ќе има 6,6 литарски V12 мотор и ќе има 8-брзински автоматски менувач. Автомобилот ќе биде претставен наредната година во Женева, а неговата цена ќе биде повисока во однос на стандардниот „Ghost“ седан.Најбрзото купе на Ролс Ројс „Ghost“
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Супер луксузниот Ролс-Ројс Фантом

    Супер луксузниот Ролс-Ројс Фантом

    Неверојатниот луксуз со којшто се одликува најновиот модел на Ролс-Ројс е уште една потврда дека овој бренд е број еден кога станува збор за ваков тип автомобили. Новиот Фантом е перфектен за оние кои сакаат својот социјален статус да го потврдат преку својот автомобил.Супер луксузниот Ролс-Ројс ФантомСупер луксузниот Ролс-Ројс ФантомСупер луксузниот Ролс-Ројс ФантомОној што ќе ја плати цената која што се движи од 400.000 до 500.000 американски долари ќе добие автомобил опремен со најлуксузните материјали ставени во кое било возило до сега. Користени се најфините кожни материјали добиени од специјално одгледани бикови, на подот има тенок слој од најмека јагнешка волна, а користени се дури шест видови дрво меѓу кои и махагон. Покрај класичниот внатрешен изглед, тука се некои од најсовремените електронски уреди кои даваат дополнителна безбедност во возењето.Супер луксузниот Ролс-Ројс ФантомСупер луксузниот Ролс-Ројс ФантомСупер луксузниот Ролс-Ројс ФантомСупер луксузниот Ролс-Ројс ФантомСупер луксузниот Ролс-Ројс ФантомЗадните врати се отвораат обратно од предните, а за комплетирање на луксузното уживање инсталирани се и звучници со моќност од 420 вати.Супер луксузниот Ролс-Ројс ФантомСупер луксузниот Ролс-Ројс ФантомСупер луксузниот Ролс-Ројс ФантомСупер луксузниот Ролс-Ројс ФантомИмпресивни се и можностите на овој фантом на Ролс-Ројс. За само 5,7 секунди достигнува брзина од 100 км/ч благодарение на В-12 6,8-литарскиот мотор со 453 коњски сили.Супер луксузниот Ролс-Ројс ФантомСупер луксузниот Ролс-Ројс ФантомСупер луксузниот Ролс-Ројс Фантом
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мини Купер дизајниран во соработка со Ролс Ројс

    Мини Купер дизајниран во соработка со Ролс Ројс

    Автомобилската компанија „Мини“ ќе пушти во продажба ограничена количина од својот модел „Cooper S“, чиј дизајн е изработен во соработка со тимот на „Ролс Ројс“. Моделот е наречен „Mini Cooper Goodwood“, а неговиот внатрешен дизајн ќе ги задоволува стандардите на еден „Ролс Ројс“ бидејќи ќе содржи кожни и дрвени декорации, но притоа ќе ги задржи стандардните елементи на автомобилот. Мини Купер дизајниран во соработка со Ролс РојсНадворешноста ќе биде надополнета со бандажи од 17 инчи, направени од легура на метали, како и уште неколку минимални подобрувања на шасијата. Ќе бидат произведени само 1.000 автомобили, а ќе бидат достапни ексклузивно само за однапред одбрани застапништва на „Мини“ низ светот.Мини Купер дизајниран во соработка со Ролс РојсМини Купер дизајниран во соработка со Ролс РојсМини Купер дизајниран во соработка со Ролс РојсМини Купер дизајниран во соработка со Ролс РојсМини Купер дизајниран во соработка со Ролс РојсМини Купер дизајниран во соработка со Ролс РојсМини Купер дизајниран во соработка со Ролс РојсМини Купер дизајниран во соработка со Ролс РојсМини Купер дизајниран во соработка со Ролс РојсМини Купер дизајниран во соработка со Ролс РојсМини Купер дизајниран во соработка со Ролс Ројсrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.