Новинската агенција Ројтерс склопила дел од своите најдобри фотографии за оваа година, во видео кое вреди да се погледне. Од големите светски случки, политичките превирања, спортските случувања и нередите, па сè до ситуациите уловени низ уличните ќошиња, Ројтерс го објави своето видео со најдоброто нешто фатено на фотоапаратите во 2013, од бројните фотографи ширум светот кои работат за оваа агенција. Еве што ја обележа 2013 во светот, низ фотографии.rnrnrnrn
На крајот од секоја година, новинската агенција Ројтерс прави селекција на најдобрите фотографии кои ги направиле нејзините вработени. Така и оваа 2011, тие направиле селекција на 100 моќни фотографии. Секоја од нив е посебна на свој начин и се одделува од останатите. Иако на повеќето од нив се прикажани катастрофални несреќи, војни, глад, сиромаштија и слично, сепак овие слики навистина вредат по 1.000 зборови. Од целосната листа ние направивме една наша мала селекција.rnrnМаж се самозапалува пред банка во Солун, Грција, 16 септемвриrnrnЖена плаче на улица во градот Натори уништен од земјотресот и цунамито, Јапонија, 13 Март rnrnЧовек се држи за стап, додека поставува пумпа за извлекување кал во примитивен рудник за злато, Панама, 17 февруариrnrnВојници на САД во Авганистан, 12 јуниrnrnПретседателот на САД, Барак Обама (втор од лево) и потпретседателот Џо Бајден (лево), заедно со членовите од националниот безбедносен тим, добиваат информации за мисијата за апсење на Осама Бин Ладен, 1 мајrnrnЖена бунтовник пука во воздух со калашников AK-47 како реакција на веста за повлекувањето на силите на либискиот лидер Муамар Гадафи од градот Бенгхази, 19 мартrnrnМолњи околу облакот од вулканска пепел во близина на Интерлагос, Чиле, 5 јуни rnrnАвион лета низ светлина во Њујорк, 10 септемвриrnrnЗдравствен работник со Ајпад снима трупови од крави во близина на границата помеѓу Кенија и Сомалија, 23 јулиrnrnЕнтериерот во една зграда во напуштениот град Припјат во близина на нуклеарната централа Чернобил, Украина, 24 февруари rnrnРудар се качува по карпи, откако бушилицата го пробила и последниот сектор за тунелот под швајцарските Алпи, 23 мартrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.