Се прашувате дали можете да остварите големи резултати за кратко време? Одговорот е да. Сè додека го следите вистинскиот метод и го правите тоа на вистински начин, можете да постигнете извонреден успех за краток период. Во продолжение прочитајте кои 3 методи ќе ви помогнат да ги остварите посакуваните резултати и да го постигнете посакуваниот успех во најкус можен рок.rnrn
rn
1. Самосвест и визија
rnОва е еден од најважните клучеви за успех. Ако не сте свесни што сакате или што сте згрешиле, никогаш нема да го постигнете успехот што го посакувате. Размислете, ако сте кошаркар и сакате да станете најдобар во вашиот тим, но не сте свесни дека треба да подобрите одредени вештини, нема да можете да ја постигнете вашата цел. Затоа, мора да бидете свесни за тоа што сакате, како да го добиете тоа и како да се подобрите. Повеќето луѓе немаат поим што сакаат од животот. Тие го повторуваат она што го прават секој ден и секој ден, чувствувајќи се обесхрабрени, под стрес и затоа не постигнуваат ништо. Ова е причината зошто треба да имате визија, да поставувате цели, да ги анализирате секојдневно, а потоа да се придржувате до нив додека не го постигнете успехот што го посакувате.rn
2. Применете го правилото 90-90-1
rnПрименете го правилото 90-90-1 во вашиот секојдневен живот. Со други зборови, во следните 90 дена, посветувајте ги првите 90 минути секое утро работејќи на вашиот приоритет број еден. Истражувањата покажале дека за да формирате нова навика, треба да ја повторувате најмалку 66 дена. И ако можете да работите на вашите цели во следните 90 дена, ќе можете да ги трансформирате вашите постапки во навики.rnДоколку го следите ова правило ќе бидете сигурни дека вложувате напори за да создадете вистински резултати. Следно, фокусирајте се само на една цел или еден проект. Доколку си поставите повеќе цели лесно ќе го изгубите фокусот.rn
3. Постојана работа и надоградување
rnТретиот метод кој може да ве донесе до успехот е постојано да работите и да се надоградувате. Ако продолжите да го правите она што го правите, ќе продолжите да ги добивате истите стари резултати. Освен ако не го промените начинот на кој ги правите работите, ништо нема да се промени. Работете напорно, но во исто време и осигурете се дека вашата напорна работа ќе се исплати. Сигурно не сакате да работите на нешто што нема да ви го донесе посакуваниот резултат.rnrnОткако прочитавте за овие 3 методи, можеби ќе сакате да прочитате и која е тајната „состојка“ за постигнувањето цели во животот.rnrnИзвор: themindsjournal.com




rnrnКозите се познати како паметни животни, а едно истражување од 2018-та година покажало дека имаат уште една особина – можат да ги разликуваат изразите на лицата на луѓето. Во првата фаза од експериментот козите биле тренирани да изодат на другиот крај од трлото каде што добивале храна. Во втората фаза биле додадени и две фотографии од мажи и жени кои козите ги немале видено претходно. На едната фотографија имало среќна, а на другата намуртена личност. Се покажало дека козите секогаш се доближувале кон фотографијата со среќното лице, без разлика дали на неа имало маж или жена.rn
rnrnВо 2018-та година една компанија од Нов Зеланд направила голема промена – цели два месеца им овозможила на работниците да работат само 4 денови во неделата без да им ја намалат платата. Повеќето бизниси би го гледале ова како ризик, но резултатите биле неверојатни. Стресот на вработените се намалил од 45% на 38%, а рамнотежата помеѓу професионалниот и приватниот живот се зголемила од 54% на 78%. Најдоброто нешто било што се зголемила целокупната продуктивност и покрај помалиот број работни денови. Исто така се забележало дека врските помеѓу вработените се подобриле и луѓето навистина уживале во нивната работа.rn
rnrnМинатата година имало навистина чуден експеримент во кој учествувале 2 октопода, две акциони фигури од „Војна на ѕвездите“ и неколку екстази, односно МДМА. За оваа дрога е познато дека го преплавува мозокот со серотонин и прави луѓето да бидат посоцијални.rnrnКога се трезни, октоподите се самотници. Во експериментот се избегнувале еден со друг, вклучувајќи ги и играчките. Но кога им дале екстази, тие се однесувале исто како и луѓето и почнале да се „дружат“ и да си играат со играчките. Интересно е што нашите и нивните мозоци ги немаат истите региони, но еден единствен ген од човечкиот геном и од октоподите совршено се совпаднал. Никој не очекувал социјално поврзаните генетски и нервни патишта да постојат и кај други суштества.rn
rnrnДенес научниците можат да „одгледаат“ минијатурни верзии од човечките органи. Во 2018-та година во една лабораторија го направиле ова со мали бубрези од матични клетки. По 4 недели бубрезите биле подготвени. Експериментот бил направен така што од матичните клетки ќе растат само клетки за бубрези, но она што се случило ги изненадило сите. Поради некоја причина, малите бубрези станале самостојни и почнале да растат мозочни и мускулни клетки, кои зафаќале 20% од целиот орган. Друго неочекувано откритие било тоа што бубрезите одгледани во лабораторија одбивале да созреат, без разлика како ги одгледувале.rn
rnrnВо истражување од минатата година на околу 43 деца на возраст од 7 до 9 години им било кажано да најдат две еднакво долги линии на екран. Одговорот бил очигледен и кога биле сами, децата дале точен одговор 87% од времето. Подоцна во истражувањето биле вклучени и роботи – секогаш кога детето требало да ги најде линиите, роботот му давал погрешен одговор. Иако одговорот бил лесен, децата се сомневале во себе и барале помош од машините. Го правеле ова толку често што точноста се намалила на 75%. Тие само ги следеле инструкциите на роботите, понекогаш и целосно.rnrnКога бил повторен експериментот со возрасни, тие ги игнорирале роботите. Децата најверојатно се соочиле со моќното верување дека роботите се поспособни од нив.rnrnПродолжува на 

rnrnТоа не значи дека женетите мажи и разведените луѓе се изложени на ризикот да претераат со пиење. Треба да се спомене дека претераното пиење не е предзнак за распад на бракот. Според едно истражување од 2013 година, кај брачните парови во кои едниот од сопружниците пие многу постои поголема веројатност за развод отколку кај паровите во кои и двајцата партнери претерувале со пиење. Изворот на конфликтот лежи во разликите кај консумацијата на алкохол, а не во самата консумација.rnrnМеѓутоа, голем број истражувања покажале дека луѓето во брак пијат помалку од сингл луѓето. Истражувачите од Универзитетот во Вирџинија овие резултати ги припишуваат на ефектот што се јавува како последица од постојаното надгледување на брачниот партнер. Наводно, љубовните врски можат да имаат позитивно влијание кога станува збор за пиењето алкохол.rnrnЗаклучокот е дека ако сте сингл, немате кој да внимава на вашето пиење како што тоа е случајот со луѓето во сериозна врска. Без разлика дали ова ќе делува ослободувачки или депресивно на вас, станува збор за откритие кое оди одлично со чаша добро вино. На здравје!


