КАФЕ ПАУЗА

Tag: режим

  • За потопол дом: Како вашите ПВЦ прозорци и врати да ги наместите на зимски режим?

    За потопол дом: Како вашите ПВЦ прозорци и врати да ги наместите на зимски режим?

    За да ви биде потопло во зима треба да го нагодите механизмот на вашите ПВЦ прозорци и врати во зимски режим.rnrnЗа потопол дом: Како вашите ПВЦ прозорци и врати да ги наместите на зимски режим?rnrnПВЦ столаријата, особено прозорците и вратите се сè почест избор во нашите домови затоа што лесно се подесуваат и подолго ја задржуваат температурата во домот. Она што е особено корисно е тоа што ваквата столарија има опции за подесување кои во зимскиот период се особено значајни.rn

    Прозорците треба да се подмачкуваат

    rnМеталните делови како шарките, бравите, системите за заклучување и кваките се одржуваат така што повремено се бришат и се подмачкуваат. Најмалку еднаш годишно е потребно да ги подмачкате сите подвижни делови од прозорецот.rnrnПодмачкувањето се прави со посебно масло за подмачкување, но ако немате, тоа може да го направите и со обично сончогледово масло. Вашите прозорци ќе ви се оддолжат преку долгогодишното лесно ракување со нив и нивното беспрекорно функционирање.rn

    Вашите прозорци треба да ги подесувате според годишното време

    rnНа есен прозорците и балконската врата треба да ги подесите на „зимски“ режим на овој начин:rnrnОтворете го прозорецот и пронајдете го механизмот за затворање. Шрафот на страната каде што се наоѓа рачката, близу металниот дел наречен шарка, треба да го завртите навнатре со „инбус-клуч“. При вртењето со клучот шрафот се врти околу својата оска и на тој начин се регулира потисната сила на рамот на прозорецот и притисокот.rnrnПри местењето на овој тип прозорци најчесто режимот кој се остава за користење е стандарден. За да откриете во кој режим се наместени вашите прозорци вметнете лист хартија меѓу прозорецот и рамот и повлечете. Ако листот излезе без проблем тогаш вашите прозорци се наместени во „летен режим“, а ако при вадењето на листот хартијата се скине, тогаш се во „зимски режим“.rn

    Зошто не е препорачливо да ги оставите прозорците само во „зимски режим“ во текот на целата година?

    rnВие може и така да ги оставите, но набрзо ќе мора да ги промените деловите на прозорецот. Кај „зимскиот режим“ притисокот на гумите за заштита на прозорците е значително поголем. Ако постојано го отворате и затворате прозорецот, како што правиме летно време, гумата целосно ќе се потроши, а за да ја замените ќе треба да повикате мајстор.rnrnСе спремате за ладната зима? Направете ја и оваа декоративна зимска свеќа што ќе го стопли вашиот дом.

  • Исчистете го организмот за само ПЕТ дена!

    Исчистете го организмот за само ПЕТ дена!

    Празниците се време кога сакаме да си дадеме малку слобода после напорната година полна со стрес и обврски. Излегувањата, алкохолот, неспиењето, како и брзата храна во неограничени количини, верувале или не, може да се стават на иста мера со минатогодишниот стрес од кој се одмарате. На крај, најверојатно и самите чувствувате дека на таквиот „одмор“ му е доста. Затоа, време е да го исчистите вашиот организам после празниците, и тоа можете да го направите за само пет дена. Звучи едноставно, нели?rnrn1-ischistete-go-organizmot-za-samo-pet-dena-www.kafepauza.mk_rnrnНајнапред, за да го разработите варењето, започнете го денот со чаша топла вода во која ќе нарендате малку лимон и ќе додадете малку бибер. Пијте доста течности и зелен чај, а кога ќе се туширате можете да користите и ракавица за пилинг за да ја подобрете циркулацијата.rnrnА сега менито. Време е на самиот организам да му пружите малку вистински одмор и да заборавите на мезињата, печењата, салатите и слатките. Нутриционистите го предложуваат следниов план за детоксикација:rn

    Прв ден

    rnПојадок: Омлет од 3 белки или 2 цели јајца, во комбинација со марула или друг зелен зеленчук по сопствен избор, авокадо и 2 колачиња од интегрален ориз.rnrnУжина: Малку ореви и неколку боровинки.rnrnРучек: Салата со печено пилешко бело месо и зеленчук (измешајте исечкана зелка, морков, брокула, кромид, марула, неколку ореви, авокадо и круша).rnrnУжина: Протеински шејк (направете го од протеини во прав кои ќе ги измешате со малку цимет, ванила, 75 грама замрзнато овошје, 75 грама замрзната банана, 75 грама бадеми или 120 милилитри кокосово млеко, малку мраз и 120 милилитри филтрирана вода)rnrnВечера: Риба со зеленчук по желба.rnrn

    Втор ден

    rnПојадок: Грчки јогурт и половина папаја.rnrnУжина: Варено јајце и салата од морков, целер и краставица.rnrnРучек:Салата со печено пилешко бело месо и зеленчук (измешајте исечкана зелка, морков, брокула, кромид, марула, неколку ореви, авокадо и круша).rnУжина: Малку хумус и зеленчук по сопствен избор.rnrnВечера: Пилешко бело месо со обарена брокула, аспарагус и марула.rnrn2-ischistete-go-organizmot-za-samo-pet-dena-www.kafepauza.mk_rn

    Трет ден:

    rnПојадок: Протеински шејк (направете го од протеини во прав кои ќе ги измешате со малку цимет, ванила, 75 грама замрзнато овошје, 75 грама замрзната банана, 75 грама бадеми или 120 милилитри кокосово млеко, малку мраз и 120 милилитри филтрирана вода).rnrnУжина: Малку хумус и зеленчук по сопствен избор.rnrnРучек: Лосос со салата од аспарагус, сладок компир и спанаќ.rnrnУжина: Грчки јогурт.rnrnВечера: Говедско месо со марула и карфиол.rn

    Четврти ден:

    rnПојадок: Едно или две варени јајца со колачиња од интегрален ориз и половина авокадо.rnrnУжина: Половина грејпфрут и неколку бадеми.rnrnРучек: Салата со печено пилешко бело месо и зеленчук (измешајте исечкана зелка, морков, брокула, кромид, марула, неколку ореви, авокадо и круша).rnrnУжина: Протеински шејк. (направете го од протеини во прав кои ќе ги измешате со малку цимет, ванила, 75 грама замрзнато овошје, 75 грама замрзната банана, 75 грама бадеми или 120 милилитри кокосово млеко, малку мраз и 120 милилитри филтрирана вода).rnrnВечера: Лосос со салата од печурки и брокула.rnrn3-ischistete-go-organizmot-za-samo-pet-dena-www.kafepauza.mk_rnrn

    Петти ден

    rnПојадок: Овесна каша со боровинки и ленено семе.rnrnУжина: 1 варено јајце и зеленчук по желба.rnrnРучек: Салата од лосос подготвен на скара и брокула.rnrnУжина: Грчки јогурт со бадеми.rnrnВечера: Пилешко или риба со зелена салата.rnrnВо текот на целата програма за детоксикација пијте чај од камилица и најмалку две-три литри вода дневно. После петтиот дена, вашиот организам ќе биде прочистен, оправен, а вие спремни за нови работни победи!

  • Диета која ја применуваат јапонските монаси: Изгубете 10 килограми за 10 дена

    Диета која ја применуваат јапонските монаси: Изгубете 10 килограми за 10 дена

    Ако имате проблеми со прекумерната тежина и многу тешко ви оди губењето килограми, а го посакувате тоа, тогаш можеби го имаме совршеното решение за вас. Станува збор за режим на исхрана кој го применуваат јапонските монаси со цел да ја регулираат својата телесна тежина. Во основата на оваа диета се наоѓаат 3 клучни намирници: ориз, кисели краставици и лук. Оваа диета се применува само 10 дена.rnrnДиета која ја применуваат јапонските монаси: Изгубете 10 килограми за 10 денаrnrnСекој ден подготвувајте по 500 грама ориз и додајте му една исечкана кисела краставица. Ова е единственото нешто кое се консумира во текот на диетата, а може да се јаде секој пат кога ќе огладнете. Распоредете ја оваа количина во неколку оброци, колку вие сметате дека ви се потребни и почитувајте го најважниот детаљ – јадете полека и секој залак џвакајте го барем 20 пати. Токму тука лежи тајната на ефикасноста на оваа диета.rnrnДоколку сте љубители на лук, покрај оризот и краставицата можете да изедете и најмногу две чешниња лук на ден. Да можете полесно да ја издржите монотоноста на оваа исхрана, можете да јадете и салата од свеж зеленчук, зачинета со маслиново масло, лимонов сок или јаболков оцет, како и многу малку сол.rnrnОваа диета не се препорачува повеќе од еднаш во рок од 6 месеци, а додека ја применувате, би требало за 10 дена да изгубите неверојатни 10 килограми. Сепак доколку имате какви било здравствени потешкотии, најдобро е пред примената на овој режим на исхрана да се советувате со својот лекар.

  • Ова се 4-те најздрави диети: Променете ги навиките во исхраната и ќе ослабете!

    Ова се 4-те најздрави диети: Променете ги навиките во исхраната и ќе ослабете!

    Во денешно време сите се опседнати со слабеење, диети и разни начини да ја доведат својата фигура до совршенство. Но, колку од тие начини се природни, здрави и безбедни? Ова се најздравите диети кои постојат. Па така, медитеранската диета ја нарекуваат кралица на диетите, ДАШ и ТЛЦ диетите се темелат на намалување на заситените масти, а диетата на клиниката Мајо ги промовира промените во прехранбените навики.rnrn1-ova-se-4-te-najzdravi-dieti-promenete-gi-navikite-vo-ishranata-i-kje-oslabete-www.kafepauza.mk_rn

    1. Медитеранска диета

    rnТаа е една од најздравите облици на исхрана која освен што влијае на зачувување на здравјето, помага и здраво и ефикасно да се изгубат вишокот килограми. Медитеранската исхрана обилува со свежо, сезонско овошје и зеленчук, кои според препораките се консумираат по 5 порции на ден. Производи специфични за медитеранската диета се: риба и морски плодови, маслиново масло како замена за заситените масти, зелен лиснат зеленчук, како на пример блитва и спанаќ, овошје (грозје, диња, калинка).rnrnGrilled sea breamrnrnВо медитеранската диета битен е и начинот на подготовка на храната. Рибата најчесто кратко се пече на скара, се готват рибни чорби, а најретко се пржи. Зеленчукот се јаде зготвен со додаток на маслиново масло. Рибата би требало да се најде на менито најмалку три пати во неделата.rn

    2. ДАШ диета

    rnОва диета од нутриоционистички поглед е многу квалитетна и ги осигурува сите потребни нутриенти. Првобитно е смислена како диета за оние кои патат од висок крвен притисок, но се покажала како успешна и во симнувањето на големиот број килограми. Основната идеја на оваа диета е да се ограничи внесувањето на заситени масни киселини и сол.rnrnОд менито се исфрла масното месо и масните производи (како што се млекото и млечните производи со висок процент на масти), а внесувањето на морски плодови и месо од живина се ограничува на 3 порции неделно. Менито се сведува на житарки и мешунки, а се нагласува и свежото овошје и зеленчук кое би требало да се внесува од 8 до 10 порции.rnrn3-ova-se-4-te-najzdravi-dieti-promenete-gi-navikite-vo-ishranata-i-kje-oslabete-www.kafepauza.mk_rnrnДозволени се слатки како компот, пудинг и овошен јогурт од помалку масно млеко. Имате три главни оброци, а меѓуоброците се препорачуваат доколку се појави јако чувство на глад. Тогаш може да се земе овошје, јаткасти плодови или интегрална бисквита. Внесувањето на сол би требало да го ограничите на максимално пола до една лажичка на ден.rnrn

  • Книга: „Неподносливата леснотија на постоењето“ – Милан Кундера

    Книга: „Неподносливата леснотија на постоењето“ – Милан Кундера

    Кога ќе почнете да читате некоја книга се чувствувате обврзани и да ја прочитате докрај. Англискиот филозоф, државник, и есeист Френсис Бекон има изјавено „Некои книги се пробуваат, некои се проголтуваат, а многу малку се џвакаат и се варат, односно некои книги треба да се читаат само делумно, но не со љубопитност, а многу малку треба да се прочитаат целосно, со трудољубивост и внимание“. Секое дело треба да оствари лична релација со читателот, размена на енергија, да предизвика возбуда, глад за повеќе страници, и тоа е нешто што секој индивидуално треба да го доживее.rnrnkniga-nepodnosliva-lesnotija-na-postoenjeto-milan-kundera-kafepauza.mkrnrnА токму делото „Неподносливата леснотија на постоењето“ од култниот чешки писател Милан Кундера, кај авторот на овој текст предизвика возбуда, желба да се напише нешто за оваа книга.rnrn„Неподносливата леснотија на постоењето“ се случува во 1968 година, периодот кога Црвената армија ќе влезе во Чешка. Оваа книга го опишува животот на интелектуалците кои ќе се осмелат да му се спротивстават на режимот кој го наметнува Советскиот сојуз. Тоа е книга и за љубовта, болката и страста.rnrnПриказната е раскажана преку неколку ликови: Томаш, Тереза, Сабина и Франц. Нивните животни приказни се меѓусебно поврзани, секој раскажувајќи го својот аспект, на тој начин редејќи ги камчињата во мозаикот од случки со цел да се добие целиот контекст на периодот во кој живеат.rnrnПреку главниот лик Томаш најсурово е прикажан односот на режимските послушници кон интелектуалците. Тој е лекар, врвен специјалист, кој поради јавно искажан став, ќе биде отпуштен од работа.rnrnКундера уште на почетокот на книгата се осврнува на идејата на Ниче за вечното враќање како најтежок товар:rn

    „Апсолутното отсуство на товар го прави човека полесен од воздух, го воздигнува високо, го оддалечува од земјата и од овоземското постоење, го прави дури половина реален, а неговите движења безначајни толку колку што се слободни.“

    rnПоставувајќи ја дилемата за општествената одговорност тој прашува: „Што да избереме, тежина или леснотија?“rnrnЛикот на Сабина отвора друг аспект, а тоа е владеењето на кичот како естетски идеал на сите политичари и на сите политички партии и движења. Таа е згрозена од кичот што постои во уметноста особено во наивните филмски приказни кои го прикажуваат комунистичкиот идеал.rn

    „Таму каде што едно единствено политичко движење ја има сета моќ, веднаш ќе се најдеме во царството на тоталниот кич“, ќе забележи таа.

    rn„Неподносливата леснотија на постоењето“, можеби не е најдоброто дело на Кундера, но сигурно е најпознатото. Брилијантно дело кое го препорачуваме за секој љубител на добрата книга.

  • Што вели вашиот карактер за вашите навики во исхраната?

    Што вели вашиот карактер за вашите навики во исхраната?

    Сте се запрашале ли некогаш зошто вашиот пријател или пријателка толку лесно можат да издржат на одреден режим на исхрана, додека пак вие секојдневно се борите со себе за да не се вратите на старите навики? Едно ново истражување ни покажува дека тоа се случува поради разликите во карактерите на луѓето.rnrnШто вели вашиот карактер за вашите навики во исхраната?rnrnВо оваа студија, истражувачи од Федералниот институт за технологија во Швајцарија откриле дека нашите навики во исхраната се под влијание на длабоки црти на личноста. Истражувачите спровеле 3 прашалника на случајно избрани испитаници, првиот за личноста, вториот за навиките на исхраната и третиот за изборот на храна. Откако биле отфрлени оние кои прескокнале повеќе од 10% од прашањата, тие ги анализирани одговорите на скоро 1.000 учесници чија просечна возраст била 55 години.rnrnПрашалникот кој се однесувал на карактерот бил дизајниран да ги мери оние нешта кои психолозите веруваат дека се 5-те базични димензии на личноста: отвореност, свесност, екстраверзија, прифатливост и невротизам.rn

    „Ние откривме дека личноста на една индивидуа детерминира што и како тој или таа јаде,“ вели водечкиот автор на студијата, Кармен Келер. „На пример, недостатокот на свесност ги води луѓето кон импулсивно јадење и губење контрола во оние ситуации кога се соочени со храна која ги примамува. Од друга страна пак, невротичните луѓе имаат тенденција да јадат високо калорична храна со цел да се справат со своите емоции.“

    rnПогледнете ги следниве навики во исхраната кои истражувачите ги поврзале со карактерните црти на луѓето…rnrnОтвореност: Големи се шансите дека вие ќе успеете да одржите здрав и балансиран режим на исхрана, а најмногу ви одговара Медитеранската диета. Вие не сте голем љубител на месо, особено на црвеното месо и многу повеќе уживате во зеленчуци и овошја во комбинација со малку риба.rnrnСвесност: Вие постојано барате информации, ги контролирате факторите кои доведуваат до стрес и вклучувате однесувања кои влијаат врв вашето здравје, додека пак ги избегнувате сите оние нешта кои можат да ве одвлечат од оваа цел. Токму затоа вие ретко јадете месо и многу лесно можете да се воздржите кога станува збор за храна. Немате тенденции да јадете импулсивно под дејство на силни емоции. Повеќе би сакале да јадете овошје и зеленчук отколку благи десерти.rnrnЕкстраверзија: Вие уживате да бидете социјални и сте многу добри во комуникацијата со луѓето. Но, социјалните настани доаѓаат и со социјално јадење, па токму затоа вие ја одбирате онаа храна која во моментот ви изгледа привлечна според некои надворешни фактори, како на пример, вкусен изглед или пак добар мирис. Ова значи дека консумирате многу месо, блага храна и пијалаци со шеќери.rnrnПрифатливост: Изгледа дека не постои статистички значајна поврзаност помеѓу оваа карактерна црта со повеќето избори за храна. Но, има големи шанси да избегнувате да јадете месо.rnrnНевротизам: Вие сте на диета само кога тоа ви одговара вам, бидејќи најчесто го користите јадењето како начин на справување со вашите емоции. Овој вид на емоционални јадачи се поврзани со храната која носи „утеха“ како сладоледот. Вие ретко јадете зеленчук и продукти од зрнеста храна.rnrnСпоред ова истражување можеме слободно да заклучиме дека одредени личности карактеристики можат да бидат фактор за ризик и да водат кон нездрав живот, додека пак други карактеристики можат да водат кон здрав живот. Нашата способност да издржиме одреден начин на исхрана во текот на подолг временски период не е поврзан со тоа колку сме добри во броењето калории, туку со тоа колку е комплексен нашиот карактер. Со други зборови, колку подобро се познавате себе толку подобро ќе можете да се водите кон здравиот пат.

  • 5 причини зошто не треба да бидете на диета заедно со вашиот партнер

    5 причини зошто не треба да бидете на диета заедно со вашиот партнер

    Сте решиле со вашето момче да започнете со поздрав режим на исхрана и да вежбате со цел да го подобрите вашето здравје, но и да ослабите? Да ве предупредиме уште во старт, оваа идеја ќе се претвори во натпревар во кој вие сигурно ќе изгубите. Прочитајте за што станува збор…rnrn5 причини зошто не треба да бидете на истата диета со вашиот партнерrn

    1. Тој ќе изгуби килограми побрзо од вас

    rnДоколку ни двајцата не мамите и ја следите програма на диетата во чекор, тогаш големи се шансите дека тој ќе ве победи и разочара со своето постигнување во областа на намалувањето на телесната тежина.rn

    2. Тој може да внесува повеќе калории од вас и повторно да губи од тежината

    rnВие ќе почнете да се нервирате затоа што вашите оброци се помали од неговите, но сепак тој интензивно губи килограми, а вие или стоите во место или имате многу побавно слабеење.rn

    3. Тој може да си дозволи и брза храна неколку пати во неделата и пак да слабее

    rnПеток е, а тој сака пица. Ова би можело да биде во ред за него, но вам пицата може да ви го избрише трудот од целата недела претходно.rn

    4. Вие ќе бидете навистина среќни за него, но многу тажни за себе

    rnЌе почнете да се чувствувате слабо, а него ќе го доживувате помоќно. Ова ќе ве одведе на емоционална луда железница која ќе ве натера да изедете цел тон сладолед, вклучувајќи ја и самата кутија во која се наоѓал.rn

    5. Ќе се обвинувате себеси бидејќи не можете да го следите (но, не е ваша вина!)

    rnШто не е во ред со мене? Како е можно двајцата да сме на истата диета, а тој да слабее толку побрзо од мене? Одговорот е едноставен. Вашето тело се обидува да задржи дел од тежината со цел да може да носи друг човечки живот.rnrnСекое тело има свои уникатни граници, па токму затоа почитувајте ги вашите и фокусирајте се на сите оние нешта кои влијаат позитивно врз вас од вашиот нов и здрав начин на живот. Не заборавајте, диетата не е натпревар!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 знаци дека сте премногу опседнати со слабеењето

    5 знаци дека сте премногу опседнати со слабеењето

    Откривте нов режим на исхрана кој интересно, но можете да го следите и некако успеавте да се мотивирате да започнете со вежбање. Но, забележувате дека овој нов начин на живот почнува да влијае врз вашето секојдневно функционирање, па се прашувате дали можеби сте станале опседнати со губењето телесна тежина? Погледнете ги наредниве 5 знаци кои ќе ви откријат дали можеби претерувате со обидот да ослабете…rnrn5 знаци дека сте премногу опседнати со слабеењетоrn

    1. Водите повеќе од еден запис

    rnПостојат многу нешта кои треба да се следат кога планирате да ослабете некое кило, како на пример, храната која ја јадете, водата која ја пиете, колку вежбате, што вели вагата за вашата тежина, кои мисли и емоции ви се појавуваат за храната, како и дали внесувате доволно хранливи материи како калциум, витамини…rnrnНо, една тетратка ви е сосема доволна за сите овие нешта. И доколку целосно ја исполните, фрлете ја и почнете со нова. Информациите кои се запишани во неа се веќе застарени и нема потреба да се опседнувате со нив.rn

    2. Ја проверувате вашата тежина пред и по сè

    rnБез разлика дали станува збор за напорен тренинг или обилен оброк, вие се мерите на вага „пред и потоа“ со цел да видите дали сте изгубиле/качиле тежина. Но, зарем може да има големи варијации на тежината за само еден час? Размислете малку. Дури и да сте изгубиле неколку грама со вежбање, сигурно ќе ги надоместите со следниот оброк и обратно.rnrnОва укажува на очај и токму затоа имате потреба да видите намалена бројка со цел на момент да се излажете себеси и да се утешите. Но, кога таа бројка ќе се врати назад, што е сосема нормално за краток временски период, вие многу повеќе се разочарувате. Постои едно непишано правило кое вели дека доколку сакате да ослабете треба целосно да ја оттргнете вагата од вашата секојдневна рутина. Дајте си време и наместо секој ден, по неколку пати, мерете ја вашата тежина максимум еднаш во месецот.rn

    3. Ја носите диетата со вас во кревет

    rnШто размислувате кога ќе легнете да спиете? Дали вашите мисли патуваат назад низ денот, анализирајќи што сте јаделе, колку сте вежбале и што ќе правите следниот ден? Вие заспивате со оваа помисла и се будите со истата. Но, токму на овој начин се запаѓа во еден опсесивен круг од кој подоцна многу тешко се излегува.rnrnСоздадете си едно правило и обидувајте се да се придржувате до него. Без разлика на ситуацијата, секогаш кога ќе легнете во вашиот кревет фокусирајте се на одмарање и спиење (2 нешта кои исто така се многу важни за губење тежина). Стресот за тоа што сте го јаделе или што треба да го јадете следниот ден го зголемува кортизолот и другите хормони поврзани со анксиозноста и токму тоа може да доведе до дополнително зголемување на телесната тежина.rn

    4. Го поминувате вашето слободно време читајќи за диети и други начини за слабеење

    rnОпсесивното трагање по тајната на слабеењето може да ве одведе во сосема друга насока. Време е да научите да си верувате себеси и на вашите одлуки доколку сакате да го искористите максимумот од вашиот нов режим на исхрана и живеење. Дозволете си слободно време во кое ќе ги одморите вашите мисли, а со тоа и ќе се опуштите доволно и ќе му овозможите на вашето тело оптимално да функционира.rn

    5. Споредување на вашата телесна тежина со тежината на другите луѓе

    rnКолку повеќе размислувате за вашата тежина, толку повеќе се споредувате со другите. При ова споредување низ вашата глава поминуваат мисли како, „Тој/таа мора да се изгладнува. Не е ни здраво да се биде толку слаб!“ или пак, „Барем не сум толку дебел/а!“ Овие лоши мисли за луѓе кои можеби не ги ни познавате полека почнуваат да ви ги освојуваат вашите мисли и доколку не ги сопрете, несвесно ќе продолжите да анализирате дури и кога нема да сакате тоа да го правите.rnrnКоренот на овој проблем лежи во прифаќањето на самите себе. Вие мора да научите како да се прифатите и потоа од таму да почнете да работите на изградбата на телото кое би сакале да го имате. Но, имајте на ум дека совршенството не постои, па треба да бидете малку флексибилни при оваа цел. Научете да го сакате вашето тело, да ги препознавате вашите недостатоци, но и да ги нагласувате вашите позитивни страни. Тоа е единствен начин на кој ќе научите да се почитувате доволно и да се поддржувате при изградбата на телото кое би сакале да го имате.rn

    Трик за справување со опсесивните мисли за слабеење

    rnЗа да се справите со оваа опседнатост со вашата тежина, потребно е да научите како да ја идентификувате кога ќе се појави и да станете свесни за неа. Откако ќе сфатите дека имате одредена опсесивна навика, без разлика дали станува збор за мисла или активност, дозволете си целосно да ја разберете. Гледајте се себеси додека тоа се случува и откријте ги вашите мисли, откријте зошто го правите тоа. Откако ќе добиете одговор на овие прашања, веќе сте еден чекор поблизу до разбирањето на опсесивните мисли и причината поради која тие се појавуваат. За ова е потребно храброст, но ние знаеме дека ја имате!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Неколку придобивки од здравиот режим на исхрана

    Неколку придобивки од здравиот режим на исхрана

    Придобивките од здравиот режим на исхрана се многубројни, но за жал за многумина тоа не е главниот приоритет. Во продолжение погледнете зошто е препорачливо да почнете да се храните здраво уште во дваесеттите години од животот.rnrnНеколку придобивки од здравиот режим на исхранаrn

    1. Вита линија

    rnЕдна од најчестите причини да почнете да се храните здраво е постигнувањето на убава и вита линија. Тоа значи внесување помалку калории, односно консумирање на високо хранливи материи како овошје, зеленчук, житарици, јаткасти плодови итн. Доколку тоа ви се чини тешко и немате мотивација, замислете си само колку поубаво ќе изгледате летово во бикини, само ако решите да внимавате на исхраната и да бидете здрави.rn

    2. Почиста кожа

    rnКожата е еден од индикаторите на севкупната состојба на организмот. Прекумерното внесување на брза храна се огледува во мрсната кожа на лицето. Сувата кожа пак, е резултат на недоволно внесување на здрави масти и минерали. За да го спречите тоа и да имате нормална, сјајна и блескава кожа потребно е да консумирате овошје и зеленчук секој ден, што навистина не е тешко.rn

    3. Поздрава коса

    rnМечтаете за поздрава коса? Многумина се потпираат на скапи шампони, кондиционери и други третмани за коса, без да размислат дека она што го јадат има огромен удел врз изгледот на косата. Па така, доколку имате сува и тенка куса треба да го зголемите внесувањето на овошје, зеленчук и здрави масти како јаткасти плодови и семиња. Ако пак имате масна коса, можеби внесувате премногу шеќер, заситени масти и брза храна. За да го спречите тоа, треба да практикувате здрав режим на исхрана.rn

    4. Поцврсти коски

    rnВо младоста, последно нешто кое ви паѓа на памет се болестите на коските. Но, дали знаевте дека кршењето на коските во подоцнежните години е резултат на лошата исхрана во дваесеттите и триесеттите години од животот? Затоа, гледајте да внесувате доволно количество на калциум во секојдневната исхрана, кој е основен минерал за правилното развивање на коските.rn

    5. Хормонална рамнотежа

    rnСтрадате од нередовен месечен циклус и промени во апетитот? Хормоните се во прашање. Доколку внесувате огромни количини брза храна, тогаш нивото на инсулин несомнено веднаш расне. За да не дојде до такви непожелни промени, почитувајте го режимот на здрава исхрана. Тоа ќе доведе до хормонална рамнотежа и ќе направи да се чувствувате убаво. Развијте ги здравите навики уште во младоста, за да немате проблеми во староста.rn

    6. Добар сон

    rnГолемите количини на кофеин и шеќери може сериозно да го нарушат квалитетот на сонот. Заборавете на енергетските пијалаци и потрудете се да си легнувате порано од вообичаеното. Овошјето, зеленчукот, здравите масти и јаткастите плодови со сигурност позитивно ќе влијаат врз одморот и спиењето.rn

    7. Подобри резултати на работа и училиште

    rnНиза студии покажале дека оние што се хранат здраво живеат подолго, посреќно и постигнуваат подобри резултати на работа и во училиште. Замислете, една чинија со овесни снегулки наутро, значително може да го зголеми помнењето и фокусираноста. Ќе можете полесно и поефективно да учите и работите, а со тоа и да станувате поуспешни. Зарем ова не е доволна причина за да се храните здраво?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Њујоршка диета: Уживај во секаква храна и топи килограми

    Њујоршка диета: Уживај во секаква храна и топи килограми

    За разлика од сите други диети, Њујоршката само го содржи овој збор во неа, бидејќи по ништо не е слична со кој било друг режим на исхрана. Со оваа диета се ужива во храната и животот. Ова е моментално најздравата и најпопуларната диета, која ја држат голем број девојки, бидејќи во неа нема забрани и што е најважно, нема гладување.rnrnЊујоршка диета: уживај во секаква храна и топи килограмиrnrnДо овие правила морате да се придржувате:rnrn1. Јадете што сакате.rnrn2. Јадете само и единствено кога сте навистина гладни.rnrn3. Не прејадувајте се, туку кога ќе осетите дека ви е доволно престанете. Вашата шака нека биде мерило за количината која ви е потребна.rnrn4. Ужините се неопходни. Купете крекери, костени или суво грозје. Секогаш имајте при себе некоја ужина за да го спречите брзото огладнување.rnrn5. Слушајте го своето тело и јадете во кое било време што ви одговара. Ако ви се пријаде нешто, дури и да е 22 часот слободно јадете. Истото важи и за десерти, како пудинг и чоколади. Најважно е тоа да го правите умерено и во мали количини.rnrn6. Поедноставете ги оброците. Докажано е дека што поголем е изборот на храна, толку повеќе ќе изедете. Задржете се на едноставни комбинации на храна или на иста вечера додека не ви се досади.rnrn7. Не бегајте од протеините и целосните житарки. Лебот, оризот и тестенините не ви се непријатели. Тие се идеални за смислување и комбинирање на оброците. Единствено избегнувајте ги сите бели намирници.rnrn8. Уживајте во зеленчукот, колку што сакате.rnrn9. Најголем непријател ви е брзата храна.rnrn10. Во животот воведете малку физичка активност. Каква било активност е добредојдена.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.