Новата модна сезона е во тек и конечно можеме да ги испробаме сите трендови кои ги видовме во февруари и март оваа година на модните писти на познатите модни куќи и кои со нетрпение чекавме да ги испробаме. Ако сѐ уште не сте го пронашле вашиот совршен стил или пак сакате да го освежите вашиот изглед, погледнете кои фризури се актуелни за сезоната есен/зима 2015. И да, слободно експериментирајте!rnrn
rnrnФризурата која и оваа зима ќе биде актуелна е коњското опавче. Неуредно, благо поткренато опавче, предлагаат Алберта Ферети и Мајкл Корс. Додека пак, Диор, Никол Милер и Бос избираат строга, класична варијанта која модната куќа Каролина Херера ја освежи со металик украс, а Дерек Лам со кожна шнола во јапонски стил. Ако сакате гламурозен изглед, комбинирајте пунџа и опавче како што тоа го претставија Херви Леџер и Ерин Фидерстон на своите ревии.rnrn
rnrnВеќе се навикнавме ревиите на Долче & Габана да бидат запомнети не само по гардеробата, туку и по деталите за коса. После свилените марами, круни и банкноти вплетени во косата, за сезоната есен/зима 2015, тие предлагаат цвеќе за коса. Освен нив, Прада исто така нуди интересни аксесоари за коса во вид на раскошни шноли поставени од страна, веднаш над увото, кој ќе го претворат секој изглед во елеганција.rnrn
rnrnЕфектот на мокра коса или таканаречениот „wet look“ е идеален за врелите летни денови, а додека за ладните доаѓа во вид на пола-пола. Односно, само горниот дел од косата е зачешлан во овој стил, додека долните краеви слободно паѓаат. Со малку труд можете да имате фризура каква што видовме на ревиите на Дона Каран, Зек Посен, Кушни Ит Окс, Прабал Гурунг, Емилио Пучи и Дакон.rnrn
rnrnПунџата е тренд кој никогаш не излегува од мода, туку само се модификува со текот на годините. А оваа сезона пунџата доаѓа право од модните писти во најразлични облици. Незадолжителни пунџи какви што видовме на ревиите на Диана Вон Фурстенберг, Ј.Џ. Андерсон, Мариса Веб и Изабела Марант ќе ја направат вашата дневна кежул комбинација интересна. Притоа, на вас останува да одлучите колку вашата пунџа ќе биде неуредна т.е. колку прамени наизглед случајно ќе излегуваат од собраната коса.rnrn
rnrnВикторија Бекам и Вероника Лирои претставија тренди пунџа во вид на опавче заврзано во јазол, додека Марк Џејкобс ја подигна на повисоко ниво поставувајќи ја на врвот на главата, а наменета е за девојки кои сакаат екстравагантен стил.rnrn
rnrnАко не можете да се одлучите помеѓу пунџа и плетенка, изберете ја нивната комбинација – Том Форд овие две фризури ги спои во една, додека пак поромантичните дами инспирација може да пронајдат во ревиите на Хермес, Вера Ванг и Џорџо Армани. Иако за нивните фризури треба да бидете доста вешти, тие ќе ве претворат во кралица на стилот и ќе привлечете погледи без разлика каде ќе се појавите.rnrn
rnrnФранцускиот шик кој привлече најголемо внимание доаѓа токму од Шанел – благо натапирана коса, обвиткана со едноставна црна лента. Фризурата е инспирирана од стилот на Брижид Бардо, односно фризурата која оваа актерка ја носеше во 60-тите години на минатиот век. Освен Шанел, лентите за коса ги претставија и Фенди, Проенза Шоулер и Хонор.rnrn
Tag: ревија
-

Нова сезона – нови трендови за коса!
-

Најсмешните падови на модните писти
Незгоди можат да му се случат секому. Сите сме имале лош ден, сме се соочиле со незгодни ситуации и моменти кога сме посакале да се отвори земјата под нас и да нѐ голтне. Замислете дека сте успешен модел, носите облека од најновите модни колекции од познатите брендови, совршено ве средиле сите шминкери и фризери зад сцената, излегувате на модната писта гордо чекорејќи и бум, се сопнувате, се наоѓате на земја, се исправате барајќи рамнотежа и соочувајќи се со срамот кој ви се случил.rnrn
rnrnДали за овие засрамувачки ситуации се виновни високите потпетици, неудобната облека, очилата за сонце, лошата осветленост или тремата која преовладала во моментот, не е ни важно. Она што е важно е дека овие девојки се храбри, некои се ослободуваат од џиновските потпетици, други пак, ги облекуваат повторно, но сите со насмевка знаат да ја исправат главата и да продолжат да чекорат. Сепак, тие се само луѓе.rnrnПогледнете некои од најлошите и најзасрамувачки падови, незгоди, сопки и непосакувани испади на модните писти…rnrn
rnrnИ токму кога помисливте дека незгодите завршиле, тие се случуваат повторно. А во случај да се прашувате што се случува со девојката во 2.47. Таа е дел од модна ревија која тргнала навистина лошо поради револт кај дел од моделите.rnrnrnrnНели е ова најдолгиот пад во модната историја?rnrnrnrnВо позадина оди „Clumsy“, а која би била посоодветна песна за целава ситуација? И секако, дел од ова видео се одлично подготвени модни ревии, пропратени со ненадејни протести против природното крзно.rnrnrnrnНаоми е позната по својата темпераментност, а во неколку наврати и по нервозните испади врз нејзините асистентки. Што мислите, што се случило после оваа нејзина модна ревија? Не знам за вас, но јас би се обложила дека некој настрадал.rnrnrnrnМожеби малку постари снимки, но сигурна сум дека тоа што облеката на моделите не е по најнова мода нема да ве спречи да се насмеете… а да, и машките модели можеле да изгубат рамнотежа. А кој е нивниот изговор, високите потпетици?rnrnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.